Бог е еден и истиот е за сите! Ние не знаеме повеќе од луѓето што ги наведов и копирав нивни толкувања, затоа некогаш би било подобро да се воздржиме од било какви приговори.
Повторно да не се повторувам. Да, знаеме, ова дека некои знаат повеќе и имаат право и авторитет да не носат до Бог е човечка измислица.
Не е измислица, доколку никогаш не си се соочила со некој од нив нормално е дека нема да знаеш, тие можат да ти помогнат да се приближиш до Исус Христос, со совети, исповед и молитви. Доколку се исповедаш, ти помагаат мислите, чувствата и делата да ги насочиш кон вистината, односно кон Исус Христос, а знаеме сите колку е тоа тешко. Како верници треба да ги почитуваме, тие се оние кои целиот живот го посветиле на Христа, и живеат целосно според неговите заповеди. Најважното е што секогаш се тука за да помогнат, можеш да сметаш на нив.
Toa e твое право како христијанка, поентата е за генерализирање. Jудео-христијанството и превише си има земано за слобода да демонизира и негира било каков поинаков пат до Бога освен јудео-христијанскиот. Јудео-христијани и христијани не мораат ако не сакаат, ама генерализирање и тврдење дека ова е така за сите и со тоа негирање други религии НЕ, тоа е поставување себеси над сите, демандирање монопол над вистината и Бог(што е на сите) и религиска дискриминација. НЕ, никој го нема тоа право.
Јован 8 31Затоа Исус им рече на Јудејците, кои Му поверуваа: „Ако пребивате во Моето слово, навистина сте Мои ученици; 32и ќе ја познаете вистината, и вистината ќе ве ослободи.” 33Му одговорија: „Ние сме Авраамово потомство и никогаш никому не сме му робувале; како велиш Ти: ‘Ќе бидете слободни?’ 34Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам, дека секој кој прави грев, роб му е на гревот. 35А робот не останува дома довека; Синот останува довека. 36И така, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни. 37Знам дека сте Авраамово потомство; но пак барате да Ме убиете, зашто Моето слово нема место во вас. 38Јас го зборувам тоа што сум го видел кај Татко Ми. Исто и вие правите што сте чуле од вашиот татко.” 39Му одговорија и рекоа: „Наш татко е Авраам.” Исус им рече: „Ако бевте Авраамови чеда, ќе ги вршевте Авраамовите дела. 40А сега сакате да Ме убиете Мене, Човекот, Кој ви ја кажа вистината, што ја чув од Бога. Авраам не направи така. 41Вие ги вршите делата на татка си.” Ние не сме родени од блудство; имаме еден Татко - Бог.”
Ок и поентата треба да е (претпоставувам, пошто не добив аргумент и објаснување )дека јудео-христијанството е единствениот пат до Бог и вистината (според јудео-христијанството)? И мене тоа ми е зборот, само што зборот и поентата уште ми е и; не, не е.
Sto se potresuvate ako ne ste hristijani? Za hristijanite se odnesuva zabranata za praktikuvanje joga, ne za paganite.
Јудаизмот не го признава Исус Христос како Бог, и пак ќе пишам тоа што го пишав најгоре дека Бог е еден и истиот е за сите! Нема разлика од која религија си, тој е истиот. Тоа што не го одобруваат тие е нивна работа, нивна слобода. Наскоро кога ќе дојде Исус на Земјата ќе се вразумат сите.
Затоа што ова е генерализирање, не само за христијани, а и религијска дискриминација е , затоа, хaха.
Прво, не пишав не за фанатизам и второ, не сум дете, ќе морам да те замолам да внимаваш што пишуваш. Сите сме фанатици кон своето верување. Секој човек има свој капацитет на разбирање. Толку од мене, најди друг за навредување.
Не ми е намерата да се вреѓаме, баш напротив, но за вакво размислување си постојат термини. И не, не сме сите, постои и поинаков начин.