1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МПЦ бара верниците да се откажат од практикување јога

Дискусија во 'Религија' започната од Lady Phoenix, 26 јуни 2015.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Сакам да ви поставам едно прашање. Што треба да прави Црквата за да бидете задоволни?

    Дали некоја од вас што искоментиравте, некогаш прочитала житие на маченичка или маченик? Ако сте прочитале, а очиглендо не сте, ќе знаевте дека во времето на прогоните на многу маченици во рацете им ставале жар и темјан и ги носеле по идолиштата на лажните богови т.е. демони. Единствено што требало да направат мачениците е да го фрлат жарот пред идолите и со тоа да им принесат жртва. Но, светите маченици чии имиња до денес стојат запишани во календарот и во минеите не се плашеле, па порадо сакале да дозволат да им изгорат рацете отколку да го фрлат жарот и да принесат жртва. Е сега модерните т.н. верници сами без никој да ги тера, одат и им се клањаат на демоните Вишна, Кришна и Шива.
    Ќе дополна по ова прашање само уште и тоа дека Црквата во тоа време до смртна постела не ги враќала во своето крило, т.е. не им давала да се причестат на оние кои поради страв од гонење се откажале од Христа. А, оние кои се откажале свесно и без страв од гонење, како сега некои, тие не смееле да се причестат дури ни кога умирале. Ете митрополитот Иларион дури е и благ, и бара само исповед и покајание.

    Јогата вчера ја измислија? Или модерно е поклонувањето на лажните и гнасни индиски божества, а поклонувањето на Христа е немодерно и е од Средниот век? Владиката е пастир и кога ќе го поставуваат за владика, му даваат жезло. Со тоа жезло владиката е должен да го напасува своето стадо, кога ќе види духовен волк да удри со жезлото по волкот, ама па и кога некоја “овца“ е ги поведе другите кон провалија, должен е да удри и по неа, за да не ги изгуби и останатите.

    Значи секој може да се декларира дека е верник, ама тоа не значи дека верува во Господа Иисуса Христа. Оној кој верува во Господа Христа ги прави делата што и Христос ги правеше. А што правеше Христос? Не медитираше и не вежбаше јога, туку коленоприклоно се молеше иако за тоа немаше потреба. Иако во тоа време фарисеите и садукеите го имаа завземено храмот и отстапија дури и од верата, до последно одеше редовно и во храмот и во синагогите. Постеше и беше послушен. Таа практика ја продолжија и апостолите и мачениците и светителите до денешно време. Ама не, ние не сакаме да веруваме во Троичниот Бог - Отецот, Синот и Светиот Дух, ние сакаме да си веруваме во некој наш замислен Бог.
    Според светите канони на црквата оној кој 3 недели нема да појде в црква сам си се предал на анатема. Оној кој еден ден во годината се омрсил во посен ден една година е надвор од Црквата. Ама нас Црква не ни треба.
    За крај, оваа препорака на владиката Иларион е за верниците и за оние кои припаѓаат на Црквата. Оние кои не го слушаат Христос, светите отци, своите парохиски свештеници и епископот, за нив не важи ова оти само на збор се Христијани и верници. Па макар не свеќи ами и факли палеле в црква.

    ПС: Оние кои што се декларираат за верници, палат свеќи, се расправаат со муслиманите и слично, сигурно имаат време од неколку часа да одвојат и да си научат некои основни работи за својата вера. Па затоа им ја препорачувам оваа книга - катехизис на Православната вера. https://www.dropbox.com/s/bnt5jaebmcb0k6t/KatihizisElektronskaKOE.pdf?dl=0
     
    На golemiotmalisan, ❤ Lollipop90 ❤, mrvlx и 12 други им се допаѓа ова.
  2. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со МПЦ тие сигурно не кажуваат нешто што не е вистина. Затоа што фрилил анатема тој си знае тој е заменик на господ не сме ние да го осудуваме. Наместо јога може да се вежба пилатес
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Оној којшто е богобојазлив, нема потреба да се плаши од луѓето и од нивните зборови.
     
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Господ наш Иисус Христос им дал власт на апостолите да врзуваат и разврзуваат на земјата и тоа да остане врзано и разврзано и на Небото. Па така владиците и поповите имаат власт да вклучуваат и исклучуваат од црковната заедница. Анатемата не е ништо друго освен исклучување од секоја молитвена заедница со оној кому му се фрла анатема. Несреќите кои следат се само последица од исклучувањето од заедницата со Бога и Црквата, а не како последици на лошите желби на владиката.
    Јогата не е единствен проблем, но од негде мора да се почне.
     
    На Oscar Lady, friendy, faye и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Треба да се огранизира групно вежбање на Јога во центарот на градот . да видиме дали нешто ќе се промени "негативно" на духовен план .. :lol:
     
    На Sunflowers му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Зарем не се владиците и поповите пониски хиерархиски од апостолите? Извини Ортофил, не ме сфаќај грешно, искрено ме интересира, знаеш стално си прашувам. И би сакала во Библијата да прочитам од истото, во која од книгите има за ова?
     
    На Mama25, Lady Phoenix и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    А кросфит смееме? Пошто крос... :?:
    И Мерцедесот се произведува во земја каде преовладуваат католици, па не ги гледаме нив да се откажуваат од џиповите.
     
    На bertold, CameliaMiller, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Владиците и поповите се наследници на апостолите, што значи имаат иста власт со нив. Поточно епископот(владиката) во една епархија е “главна“ икона Христова (иако сите луѓе сме икони Христови), а свештениците се икона на апостолите. Тоа особено се доживува на светата литургија. Но, да не забегуваме од темата.
    Дури некои од апостолите биле поставувани за епископи. На пример, свети Јаков брат Господов кој бил поставен за епископ Ерусалимски, свети апостол Марко - епископ Александриски итн.
     
    На Oscar Lady, Mama25, kuc и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Токму така и медитацијата е отстапување од Православната вера. Иако во Православната Црква постои слична(ако може да се нарече) практика на медитацијата, а тоа е умносрдечната молитва. Кога, бивајќи свесни за нашата грешност и недостојност Го молиме Христа Бога го молитвата:
    „Господи Иисус Христе, Сине и Слове Божји, помилуј ме грешниот(грешната)!“
    Ама ова е од Средниот век, ние сме модерни па ќе си омкаме.
    Анатемата, односно исклучувањето од Црквата е Христијанска практика, Уште светиот апостол Павле, фрлал анатеми. Не може Црквата да стане ѓупска торба (малку ќе веруваме во Христа, малку ќе се причестуваме, малку ќе мантраме, малку ќе медитираме, малку ќе вежбаме јога), само затоа што некој глуми дека е подобар и од Бога и од апостолите...
    Колку што знам ни овие разни источни култови и курсеви не се бесплатни и си имаат ценовници. Ама ако, не е проблем ако некој јога учител собира пари од оние кои ги вежба, проблем е ако попот не оди пешки и има што да јаде.
     
    На tessie, korisnichka, faye и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.185
    Претпоставувам дека оние кои добро ја знаат јогата знаат зошто е неспојлива со христијанството, а добрите христијани и верници, пак знаат зошто христијанството е неспојливо со јогата.

    Ако отворите Википедија, можете да видите за историјата помеѓу јогата и христијанството.
    „Некои христијани ја интегрираат јогата и други аспекти од источната духовност со христијанската молитва и медитација. Ова се должи на желбата да се доживее Бог во поцелосен начин. Римокатоличката црква, и некои други христијански организации изразија загриженост и негодување во поглед на некои источни и нови практики кои вклучуваат јога и медитација.

    Во 1989 и 2003 година, Ватикан издал два документи: Аспекти на христијанската медитација и "Одразот на еден христијанин кон Новата ера", што во најголем дел биле критични за источните и нови практики. Во 2003 бил објавен документ, како прирачник од деведесет страни, со детали за позицијата на Ватикан по тоа прашање. Ватикан предупредил дека концентрацијата на физичкиот аспект на медитација “може да се деформира во култ кон телото“ и дека телесното едначење со мистицизмот “може исто така да доведе до физичко пореметување, и повремено и морално пореметување.“ Ваква загриженост може да се забележи од почетокот нa христијанството, кога црквата се противела на верувањето дека спасот не доаѓа преку верата туку преку внатрешно мистично знаење. Во писмото, исто така стои “човек може да види дали и како (молителот) може да биде збогатен со методите на медитација во други религии и култури“, но ја задржува идејата дека “мора да постои некаков вид на борба помеѓу природата (друг се приближува до) на молителот и христијанското верување за крајната реалност. Некои фундаменталистички христијански организации го сметаат практикувањето на јога за несогласно со нивната религиозна позадина и според тоа, за не-христијанска практика. Исто така се смета како дел од новото движење, и според тоа, како неспојлив со христијанството.“

    Значи, не само нашата црква, туку и Ватикан има заземено став во однос на јогата.

    Ако сте го читавте внимателно она што го изјавил Владиката, ќе видете дека тој кажува дека оној што практикува јога нема да може да се причести, односно да се приближи до Чашата. Секој верник кој пости за секој пост и оди во црква, односно пости повевеќе од шест месеци во една година и со молитвите е со Бог, нему не ми треба медитација, тој својата сила, мир и спасение ги наоѓа во молитвата, не во јогата. Ова е она што го изјавил Владиката


    Во врска со ова, Православната Црква во контекст на почитувањето на слободата на вероисповедание, за да се избегне создавање на атмосфера на религиозен синкретизам, ја потсетува православната паства дека „јогата претставува фундаментално учење на Хинду религијата, има различни школи, индустрија, трендови и тенденции, и не претставува само еден вид на фитнес“.
    Од таа причина јогата е апсолутно некомпатибилна со нашата Православна Христијанска Вера и нема место во животот на христијаните.
    Ова го соопшти Митрополитот Брегалнички Иларион, завчера на проповедта после Светата Божествена Литургија која се одржа во Лесновскиот Манастир, на која тој чиноначалствуваше. Меѓу другото, тој додаде дека сите, навидум наивни јога вежби за опуштање, кои се наметнуваат на луѓето како ,,модерен” начин за смирување по стресниот ден или на бремените жени за лесен пораѓај и слично, всушност претставуваат одрекување од Светата Православна вера и одрекување од Христа.
    И како надлежен Митрополит на Брегалничката Епархија, на сите членови на Едната Света Православна Црква, кои практикувале или практикуваат јога вежби (можеби и од незнаење), да прекинат , да се покајат и исповедаат , а во спротивно, на сите кои несакаат, тој им даде анатема, да не пристапуваат до Чашата се до денот на нивно покајание. А на сите присутни верници на Богослужбата , Митрополитот им зададе послушание да бидата еден вид апостоли и да го пренесат ова на оние кои не биле присутни на Богослужбата тој ден.

    Да го споделеме ова, браќа и сестри, за да прочитаат што повеќе луѓе и да не си нанесуваат штета на душите од незнаење.!

    Ова е повик до христијаните, не до инстант верниците од Велигден на Велигден. Тие верници ниту постат, ниту се причестуваат. Затоа, нема што да ги засегне ова, кога тие секако нема да се приближат до причесната. Замислете, да сака да се причести муслиман, да сака да се причести некој кој еднаш годишно оди во црква, се смета за христијанин, а во останатото време, постојано да се поклонува на друг Бог, на друго божество, на друго сфаќање за животот и човекот, а да бара причесна. И дедото рекол дека ќе им прости ако се покајат. На владиката работа му е да поучи кога има незнаење помеѓу луѓето, и тој ги поучил.

    Затоа, оние кои не се големи верници, кој веруваат само еднаш годишно, а се декларираат како верници, сето ова го сметаат за глупост, а голем дел се од оние кои веруваат во се напишано, особено на порталите со куп неписмени новинари кои прават статии од типот - владиката ви фрли анатема, сите ќе умрете. Изгуглајте, видете кој е ставт на останатите религии во однос на јогата, па после кажете дека само МПЦ се несалам. Или битно е само да се тропа, без да се знае основата, оти така било модерно. Дел од „модерните“ кои ги гледав на Твитер се атеисти, но од типот на атеисти кој не знаат основи на религиите, не па да знаат детално за разликите помеѓу христијанството и јогата.

    Баш ме интересира дали некој од оние кои се поклоненици на јогата, се верници кои редовно постат и се причестуваат, или нема такви.

    Иначе, дедото може да излезе и да каже дека никогаш нема да и прости грев на мајката чедоморец која извршила абортус, оти реално, скоро никогаш тој грев не се простува, па дури и на покајание на смртна постела. Тоа е факт, кој постоел од време, ама не го кажале вака јавно, па хејтерките да фанат и за тоа да зборуваат. Оти за жал, не слушнале литургија повеќе од еднаш годишно, со јајцето у рака.

    На крајот, ако во црквата плаќате свеќа 5 денари, како тоа не е проблем 1000ка да му дадете на некој јога учител, кој вози мерцедес?
     
    На PaLaVa, Kala22, faye и 5 други им се допаѓа ова.
  11. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Темава нит е за прашањето на транспорт на свештените лица, ниту пак за мерење и судење кој колкав верник е. Темава е за одлукава конкретна. Мене зборот „анатема“ ме збуни затоа што во не-религиозен контекст, е збор користен најчесто од постариве генерации баш со значење на проколнување, клетва, додека пак потесно значење има во овој контекст. Како и „ифтира“ што го користеле за клевета, со разликата што второво е израз со потекло од Исламот.
     
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Не си во право. ;)
    Еве ти корпус деликти.
    https://tomevi.wordpress.com/2012/03/24/150774/
    Само тогаш, како и сега разни “верници“, од типот поголеми католици од папата, а не знаат ни да се прекрстат, пак фрлаа дрва и камења против владиката...
     
    На Oscar Lady, Mama25, Abrakadabra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    17.203
    Челниците на МПЦ вртоглаво ја губат довербата и почитта од народот. Можеби се во право дека јогата не е компактибилна со нашата вера, меѓутоа на народот тоа толку им е смешно и неотребно. Зошто? Затоа што во денешно време се соочуваат со толкави проблеми, а ја немаат духовната поддршка од нив. Тие треба да бидат духовни водачи и помагатели на народот. А што станаа? Гледаат што повеќе да си пикнат во џебот. Пиани попови доаѓале кај нас да ни кршат колач за слава, земаат пари за погреби од луѓе на кои немаат ништо освен нивната душа, поп отвора кафана (да да и тоа го има) и како да го почитувам нивниот збор и проповедание?
    Верник сум од коренот на моето срце, одам во црква палам свеќа и се молам на Бога. Постам кога можам. Меѓутоа барам прошка и од Господ што ова ќе го пишам и сум го кажала, во поп не верувам. И криво ми е што вакви луѓе зад превезот на религијата ја направија црквата доброисплатлив бизнис. Прости им Господе не знаат што прават.
     
    Последна измена: 26 јуни 2015
    На Victorian, Bender Rodriguez, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.214
    Допаѓања:
    124.185
    Јас го читав Прота Стојко, кој пишуваше дека на смртна постела скоро никогаш не проштевале чедоморство, абортус. Понекогаш можеле да простат убиство на човек, но не на дете, уште неродено.
    Добро е да се знае дека може со покајание да се добие прошка за тоа.

    Теси, Агатангел фрли анатема до седмо колено за оној кој ќе ја пушти да работи Топлиницата во Велес, од кој многу деца умреа или се родија болни. Не е непозната анатемата во нашите цркви.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Ееее, тоа е точно !! 90% од "верниците"кои ги познавам се баш такви !
     
    На Cka и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Се извинувам за офтопикот.
    Жена или маж кои извршиле абортус, можат да се причестат по долги години каење (според каноните исто колку и за убиство односно од 14-20), но до крајот на животот мора да прават по 100-200 метании дневно, да постат и во понеделник, да се молат поусрдно и за себе и за душата на своето неродено дете, да помагаат колку се во можност на сиромашни и сираци дечиња.
     
    На Mama25, Cka и tessie им се допаѓа ова.
  17. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    @Orthophill , а какво е твоето мислење околу тоа што сѐ поголем број Македонци ја губат довербата во црковните лица поради нивната лакомост и правењето бизнис на сметка на верниците ?
     
    На bertold, anakonda88, Valerin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Знаев дека мојов пост кој беше од темата СДК, ако се стави како посебна тема ќе зафати други правци. Ама бидна.

    Како и да е, според погоре кажаново, можам само да заклучам дека оние кои строго живеат според тоа што го проповеда православната црква - вистинските верници може да се избројат на прсти и секоја чест за нив, јас до сега не сум сретнала (иако имам во блиска средина свештени лица).

    Во иднина, на темава нема да навлегувам во дискусии ако се вадат од контекст моите изјави во првичниот текст (тие што не сфатиле зошто го спомнувам Среден век нека се навратат назад, убаво имам објаснето).

    Во секој случај, ќе повторам уште еднаш: Јогата мене ми беше препорачана од здравствен аспект, исто како што кога ќе отидеш на лекар ти препишуваат лекови, ти препорачуваат физикална терапија или психо-терапија, сеедно. И според тоа не гледам во тоа ништо што се коси со христијанството.

    И уште еднаш ќе нагласам, бидејќи народот е прв тука да се суди, а тие владици, свештеници и претставници на Бог на земјата некако уживаат имунитет: Кога овие луѓе ќе почнат да живеат во согласност со она што го проповедаат и ќе станат пример за тоа што го бараат од народот, тогаш (во моите очи) ќе го добијат правото да бараат било што од народот и да го критикуваат. Бидејќи, на крајот на краиштата и самите тие се пред се' луѓе, а потоа тоа што се.

    И уште нешто, бидејќи се цитираат тука работи, а и најлесно е, нели, на Википедија да се отвори, па сакам и јас да пренесам цитат:

    Some Christians integrate yoga and other aspects of Eastern spirituality with prayer and meditation. This has been attributed to a desire to experience God in a more complete way.[252] In 2013, Monsignor Raffaello Martinelli, servicing Congregation for the Doctrine of the Faith, having worked for over 23 years with Cardinal Joseph Ratzinger (Pope Benedict XVI),[253] said that for his Meditation, a Christian can learn from other religious traditions (zen, yoga, controlled respiration, Mantra), quoting Aspects of Christian meditation: "Just as "the Catholic Church rejects nothing of what is true and holy in these religions," neither should these ways be rejected out of hand simply because they are not Christian. On the contrary, one can take from them what is useful so long as the Christian conception of prayer, its logic and requirements are never obscured. It is within the context of all of this that these bits and pieces should be taken up and expressed anew."
     
    На Bender Rodriguez, kjukli, Luna91 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.396
    Пол:
    Машки
    Ова што сте го напишале за жал е вистина и го потврдувам. Но, онаа или оној, кој(а) е повикан(а) од Бога Отца ќе бара и ќе најде добар свештеник да и`(му) биде духовник. Вистина има многу лоши свештеници, но исто така има и многу добри.
    Во секој случај, верникот ќе си одговора за своите гревови, а попот и за своите, но и за гревовите на децата кои му ги дал Бог.
     
    На Bender Rodriguez, faye, shushu и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271

    Поентата е во тоа што не сме сите Апостолот Павле, а ниту пак Богови, Ортофил. Анатемата, пред се, доаѓа од луѓе со смртна природа, кои не се во директно посредство со Божјите енергии, бидејќи да беа немаше повеќето од нивните редови да наплаќаат за ритуалните обреди, пцујат, омаловажуваат, имаат нечисти мисли, и секс. Пред да ми реплицираш, размисли. Исус немал жена, а забременувањето со дева Марија не бил акт на полово општење. Тогаш, од каде правото да слугите кои треба да бидат чисти следбеници, ги прават сите тие ствари. Особено ова последното, кое ја буди страста, полнотата во човека и го намамува во прегратките на хедонизмот.

    Воедно, вистинските Божји слуги меѓудругото не смеат да осудуваат, туку имаат обврска да укажуваат и прифаќаат. Самиот Исус впрочем рекол ''Ако ти го удрат едниот образ, ти заврти им го и другиот'' И ако обичниот човек не е во состојба да се носи со таа Божја волја, слугите и те како имаат обврска.
    Воедно тука ќе си дадам за право да го критикува и наплаќањето на услугите. И ако некој треба тоа да не го прави, се токму свештените лица. Впрочем, еве, си се запрашал ли некогаш, доколку не се наплаќаа погребите, крштевките, славите, колку од нив на Бога би останале верни во својата позиција? Оттука ќе го добиеш и одговорот на прашањето колку од нив се достојни да го бранат она исконското, светото, и да го осудуваат стадото кое наводно скренало од патот.

    Имено точно е. Исус не медитирал, ниту практицирал јога од причина што самиот тој бил чудотворец и ја имал таа моќ да посредува, првенствено со Бог и да се служи со неговите енергии. Па, токму поради оваа причина, што конекцијата му бива силно овозможена од старт, немал и потреба. Што не е случај со обичниот човек, кој по себе е грешен и страдален, па скоро и ништожен. Тој е ставен сред илјада тешки искушенија патокази, зла и неправди, па оттука потребата да на некој начин го изнаоѓа својот пат. Нему е потребно да му се укаже, но не и да му се заканува и суди, бидејќи правдољубието во принцип е на некој начин хипокајменон на христијанската религија.

    Хиндуизмот, Будизмот, Таоизмот, и останатите религии, учења, како и Богови по кој основ ги категоризираш како зли и демонски? Според тебе кој е тој демноски елемент, или ритуал кој по себе е зол и упатува на задоволување на нечесните пориви? Еве конкретно за Будизмот ме интересира.
     
    Последна измена: 26 јуни 2015
    На Victorian, imelda, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.