1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МПЦ бара верниците да се откажат од практикување јога

Дискусија во 'Религија' започната од Lady Phoenix, 26 јуни 2015.

  1. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    551
    Не знам од кога за подобрување на здравствената состојба е потребно да се практикува група на специфични вежби како што се вежбите систематизирани како „јога вежби“. Односно од кога другите вежби коишто не се јога вежби се помалку важни или делотворни од нив?
    А па овие нашиве доктори се ултра-кадарни па точно знаат дека токму јогата помага за подобрување на здравјето? Не, тие едноставно ја прифаќаат јогата како философија на живот којашто е малтене насилно наметната од обезбожениот запад и препорачуваат. Исто така препорачуваат купови таблети од кои нема никаков аир. Да тврдите дека нашите медицински лица имаат авторитет е исто како сами да си го копате гробот.

    Демек јогата е толку многу потребна што ако не ја практикуваме тогаш кога е од „навистина оправдани здравствени причини“ значи дека се ставаме себеси во живото-загрозувачка состојба?
    Напротив, преку истражувања е докажано дека јогата може да ви го однесе здравјето во обратна насока од онаа што сакате. Особено е опасно за трудниците кои најлесно веруваат на оваа заблуда.
    Заклучок: аргументот дека јогата е неопходна за лекување на одредени дијагнози е апсолутно неточен.

    Во однос на ова, секој може да одбере на кој начин ќе ги лечи телото и душата.
    Но човек да верува во Христос, а да прифаќа „начини за помош“ од Мамона, не чини.

    Вистински воцрковен православен христијанин, на кој поимите послушание и молитва му имаат минимум значење, нема потреба од практикување на јога вежби. Од причини јасни и објаснети во некои од постовите. Оттаму, јасно е и дека изјавата на отец Иларион е упатена кон луѓето коишто разбираат во што се содржи забраната за Причестување односно последиците од тоа верникот (вистинскиот, а не номиналниот) да биде исклучен од заедницата.
    Логично, на човек којшто не се Причестува односно којшто се Причестува исклучително ретко и не живее според каноните, оваа изјава на Владиката не треба да му претставува проблем и не треба да го засега.
    Така, во последнава реченица треба да се препознаат добри 90 % од македонското население.
    Можеби и повеќе.

    Начнувањето и душебрижниот интерес за ваквите теми се случува поради потенцијалот на ваквите теми добро да ги забавуваат оние што ги читаат. Па потоа се случува присуството на луѓе коишто воопшто не се тангирани од проблематиката и ја разгоруваат темата во сосем десетти правци со што се промашува поентата. Никогаш никој не крева врева кога се работи за нешто клучно и вредно за внимание. На социјалните мрежи своето мислење најмногу го изложуваа луѓе коишто не се приближиле до свештено лице на две метри, ама за две минути знаат да состават листа на сите негови гревови.
     
    На mrvlx, tessie, PaLaVa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    17.141
    Некогаш нивните гревови се толку очигледно што не ти треба некоја близина со нив. Скромноста треба да биде нивна главна одлика. Нормално е дека ќе се створи револт кај гладен народ кога гледа како скромните се развозуваат со луксузни аута. И не ги потценувајте верниците. Не можете вие да тврдите кој каков верник е. Не може да тврдите за некој дека не е таргетиран кога не чекаат венчавки, крштевања, погреби, причести, празници. Не мора да се водам според сите правила. Всушност и не постои таков, тргнувајќи од челниците. Меѓутоа сакам да поминам низ тие христијански обреди. Зошто некој тоа да ми го отежнува?
    Она што се случува со МПЦ и начинот на нивно функционирање се гледа од авион. Црква ли е бизнис ли ? Срамота.
     
    На Bender Rodriguez, Nausicaa, Lady Phoenix и 5 други им се допаѓа ова.
  3. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.499
    Пол:
    Женски
    потполно се согласувам со тебе за бизнисот , јас многу имам верба во Господ , но во овие бизнис попови не.! Јас сум верник во душа , а ако сум направила грев само Господ ке ми суди , не може некои бизнис попови да кажуваат што е во ред што не е , бидејки го одраа народот кој е мн сиромашен
     
    На Lady Phoenix и Luna91 им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    А зошто да не смее само како физичка вежба да се практикува? Да се екстрахира на некој начин само формата? Мислам, можно ли е такво нешто во дисциплинава? Задолжително ли е во некоја посебна духовна состојба да се влезе? Прашувам затоа што во многу случаи помогнала реално, а и затоа што реално поим немам како одат тие работи. Баш пред некој месец го гледав видеово со оваа сторија. На човеков сите доктори му рекле дека никад нема да прооди. А, сигурно јога не било првото нешто што го пробал. 15 години не можел да се движи без протези.



    @Luna91 , се согласувам со делот за осудувањето меѓу нас самите целосно. Не зборам за свештените лица, добро, тие сигурно повеќе од нас знаат, туку за онака меѓу нас обични луѓе шо си има такмичење „јас сум поголем од тебе“.
     
    Последна измена: 27 јуни 2015
    На Lady Phoenix, Abrakadabra и Luna91 им се допаѓа ова.
  5. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    17.141
    Може забегавме од темата ама ова морам да го искоментирам. Добивам Лп како ние не сме биле компетентни да коментираме затоа што не сме иделе во црква на сите миси како дотичниот/а. Па сакам да кажам вака јавно. Познавам многу луѓе што постојано се по цркви, на сите миси а покатил во душата ги нема. Љубоморат и прават сплетки на сопствената фамилија, браќа и сестри. Зборам за пример од моето семејство. Дали е тоа верба во Бога и дали тој е поголем верник од мене?
    Пишав и во ЛП ќе пишам и тука, мисла што ја прочитав некаде на форумов чинам. Седењето во црква не те прави верник, исто како што и седењето во гаража не те прави автомобил.
     
    На Victorian, daylight, Maceto123 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.499
    Пол:
    Женски
    почитувана луна91 не обрнувај внимание на личности што влегувањето во црква им е начин да излезат само од дома , и имаат заостанат мозок , е тек тие личности се тие што ги направиле најголемите гревови , одат постојано во црква само за да им покажат на луѓето дека се големи верници и дека се секогаш во право и можат да осудат некој што нема исто мислење со нив , на голема жалост познавам мн злобни лица кои направиле големи неправди одат вцрква , јас сум христијанка и одам вцрква кога имам време , ако јас сум направила грев или било кој само Бог ке ми суди , а не некои лакоми попови , ПРВО го истакнаја нивниот ценовник , ВТОРО ја забрануваат јогата (инаку никогаш не сум била на јога ), сега ТРЕТО што ке биде ??? ке ни забранат и в теретана да одиме ?? Луна91 на таа дотичната не и пбрнувај внимание таа е само една жална ископлексирана личност , ова ти го кажувам бидејки ја познавам ;)
     
    На ennaz, LUCERKA, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Chemical

    Chemical Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Замени ги Вишна, Кришна и Шива со Мерцедес, Ауди и Порше и самите попови се неверници и треба да си фрлат анатема дека се приклонувале кон лажни богови. Треба да одат како нивните претци со магариња и коњи
     
    На ennaz, Bender Rodriguez, anakonda88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Всушност темава потекна од анатемата за јогата, ама повлекува многу други прашања (во мојот првичен текст се набројани). Малку неблагодарно е кога на толку прашања ќе ставиш наслов кој ограничува.

    Јас ги спомнувам и боречките вештини, спортовите кои произлегле од Олимписките игри што биле во чест на Зевс и некои видови музика, на пример. А науката и религијата ми се најголемата дилема.

    Погоре некој спомна дека лекарства, лекари и слично може само да наштетат (патем, бактерија кога ќе фатам, освен со лекарства, јас не би знаела како да ја излечам). Ајде дискусија и за овие прашања.
     
    На daylight и tessie им се допаѓа ова.
  9. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Како тоа свештениците се поклонуваат кон лажни богови само свештениците се оргинал верници и веруваат во единствениот бог исус христос и светата троица. За тоа дека се возат со џипови а требало да одат со магариња како да одат сомагариња во денешно време технологијата е сега многу по напред од тогаш затоа што постојат џипови затоа се возат со нив .И за крај да кажам за тие што велат дека ценовникот на Мпц е голем како што растаттрошоците за живот така и цените растат на услугите од мпц и тие треба да живеат од нешто во случај да не сакате да одите кај поповите никој нема да ве влече за уши да одите таму.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски

    Браос! Така што вие, мирјани можете комотно да си пукнете од мака.
    [​IMG]
     
    Последна измена: 27 јуни 2015
    На ennaz, Chemical, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Што сакаш со ова да кажеш
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Па мислам дека е многу јасно, ама ај. Делењево на „оригинал“ и „фалц“ верници и ставање на толкава група на луѓе во ист кош малку ми е нелогично, а и навредливо за верниците. Јас немам ништо против свештените лица, напротив, ако читаш низ темиве ќе видиш дека јас сум прва кога се претерува со нетрпеливоста кон нив да коментирам. Но, не значи дека оние коишто не се свештени лица, меѓу кои сум и јас, не се добри и не се „оригинал“ верници и не веруваат во Светото Тројство.
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  13. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Јас сакав да кажам дека свештениците се оргинал верници бидејќи погоре имаше пост дека се поклонуваат на други богови со тоа не ги споменав верниците АКО НАВРЕДИВ НЕКОГО СЕ ИЗВИНУВАМ
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Абе овие, педофиливе ќе ги слушате а? Вежбајте си јога, да си бидете еластични :D:D:
     
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Болдираново „само“ беше малку симптоматично, но добро штом не си мислел така. Пишан јазик е сепак, некогаш и нема да се сфатиме од прва. Поздрав.
     
    На macedonec15 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    551
    Постои еден принцип што треба да се испочитува а којшто не е нужно дел од религиозна докторина: никој на никого не треба да му суди.
    На оваа вистина се учат православните верници во Црквата. Човек што гледа во себе и во своите гревови е презафатен за да ги гледа туѓите.

    Мноштвото од недоразбирањата коишто ги ваѓаат на површина номиналните верници имаат корен во нивото убедување дека свештеникот (конкретно ќе го земеме православниот) мора да е безгрешен. Што не е возможно, зашто Христос е единствено безгрешен.
    Луѓето го гледаат несовршенството кај другите зашто прво го виделе во себе.

    Таквите луѓе, и тогаш кога би сретнале најправеден свештеник, не би се исправиле. Значи, човек не треба да чека свештеникот да си ги поправи своите гревови, пред тој самиот да почне да се поправа. Воопшто, да се бара од другиот совршенство покажува тотална неспособност за сопственото поправање.

    И не знам што толку ве бунат „видовите верници“. Или сте православен или сте католик или сте сведок или сте хиндуист или сте муслиман. Ај ќе си правиме комбинации од едното, второто, третото...замислете православен верник што практикува јога, одвреме навреме решава здравствени проблеми со пиење вода од свет извор (шо му го кажал Иван Исцелител), по потреба оди кај оџа зашто слушнал дека најдобро така може да му помине реумата или да натера некој да се заљуби во него, уште вуду кукли да почнеме да правиме ко во афричко племе.
     
    На mrvlx, tessie, friendy и 3 други им се допаѓа ова.
  17. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    551
    Нели за педофили стануваше збор во редовите на католичките свештеници. Каква врска има тоа со православниот свештеник?! Или само да се напише нешто?
    Срамота!
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.721
    Пол:
    Женски
    Во јогата прва цел е да се избалансира односот меѓу телото и духот и на тој начин да се допре до Боженствената енергија.Значи чистење и вртење на чакрите нивно отварање за да дојдеме до повисоко здравствено ниво.Односно да се дојде до избалансирана енергија на сите 7 чакри.
    Во православието на телото не се дава многу значење туку на духовното.Телото се подложува на пост,свеста на покајание а духовното се настојува да се постигне само и само преку молитва.
    Кај јогата е најважна медитацијата да дојдете до некое несвесна состојба,кај молитвата се останува свесен за секој искажан збор.
    Зошто е паниката и фрлањето на анатема?Затоа што Црквата на овие простори од дамнина се сметала како основен водач на овој народ.Нивната улога во овој наплив на источна култура е загрозен и затоа чувствуваат потреба да реагираат.Зошто анатема?Немаат друго оружје за да си го приберат стадото.Кога некој е загрозен нормално е реагира,е сега друга е приказната што и Црквата -како институција а не како храм,не е тоа што треба да биде.
     
    На kjukli, De-lovely, Lilit и 5 други им се допаѓа ова.
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    А зошто престапите и криминалните дела се делат на професии воопшто? Бира ли престапот професија? И друго питање, зашто сме толку офтопик, лујџееи? Ниту католичките, ниту пак нашите православни свештеници треба да ги поистоветуваме со индивидуален престап кој зависи од многу други работи, освен од професија и убедување.

    Браво @lunicka , во сржта ја погоди темата. Објасни убаво што и како без ниту една од страните да ја навредиш. :bow:Да се угледаме... чат-пат.
     
    Последна измена: 27 јуни 2015
    На lunicka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    551
    Непотребно се валка православното свештенство. Им се допишуваат гревови, им се преувеличуваат веќе постојните. Никој не се осудува да зборува за позитивните примери коишто ги има меѓу нив, а ги има.
    Разбирам дека секој кукавички и удобно може да се сокрие позади екранот, но човек со образ ќе застане позади секој свој кажан збор.
    Патем, на интернет просторов зборот значително губи на смисла. Подолу во линк е оригиналната изјава од Грчкиот синод. Зошто за тие луѓе да се каже дека се педофили?! Се нема ронка срам, обзир?!

    http://makfax.com.mk/svet/region/grcka-pravoslavna-crkva-jogata-nema-mesto-vo-zivotot-na-hristijani
     
    На mrvlx, Orthophill, faye и 2 други им се допаѓа ова.