1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МПЦ бара верниците да се откажат од практикување јога

Дискусија во 'Религија' започната од Lady Phoenix, 26 јуни 2015.

  1. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    555
    Да, се сложувам во врска со мислењата што ги цитираме од интернет, ама пошто луѓето се фалат од јогата, (впрочем повеќето реплицираат на темава за протестантски да го негираат православието, а не да ја поддржат јогата) ај да избалансираме и да пласираме и негативни искуства од јогата коишто фактички постојат. Кога човек ќе слушне дека нешто може да му помогне и ако на тоа гледа ко на единствено решение оди па убеди го дека е во заблуда.

    Јогата се поистоветува и е дел од хинду религиите, мнозинството приврзаници на јога практиките од самата јога прават религија, така да, ако не ни е потребна религијата, јогата уште помалку, нели?

    Сега ајде да бидеме реални и да признаеме дека ние не знаеме, ниту сме виделе дека Владиката на некого фрлил анатема. Неговите зборови беа пренесени во медиумите така како што беа пренесени, а всушност само оние верници што присуствувале на службата знаат како точно гласела пораката (ако навистина била пренесена во склоп на беседата после Литургија).

    Друго, сигурно Владиката и свештенството сите овие години Причестувале и ќе Причестуваат луѓе со бројни недостатоци и неправилности, било да се работи за верници што пушеле цигари, вежбале јога или карате, неправилно постеле, не се исповедале итн итн. Во секој случај реакцијата на јавноста нема да изостане. Ако ги Причестиле јогините, зошто го направиле тоа, ако не ги Причестеле повторно се виновни. Во Црквата имате снисходење и трпение, кое треба да е упатено од секого кон секого, исто како што Христос е долготрпелив. Од ова заклучете дека анатемата не е некаква трајна и ригорозна забрана или проклетство, како што произволно се толкува. Некој друг Владика можеби ќе се изразеше на поинаков начин, гледате и по социјалните мрежи кој меѓу нив е полиберален а кој е поконзервативен и кој каков метод на подучување има.

    Ако знаете како изгледа пристапувањето кон Светата Чаша тогаш знаете дека тоа се случува во тајност, единствено Бог ги знае вашите гревови. И духовникот, ако го имате. Ако пак, сакате да заедничарите во таа и таа црковна заедница и да се соединувате со телото и крвта на Спасителот Христос, должни сте да го имате на ум она што еден од пастирите на Црквата го кажал, а што не е измислување топла вода.
    Веста за јогата претпоставувам дека на повеќето воцрковени верници им е добредојдена, па како таква, им е уште една полезна информација.

    Мислам, дајте луѓе, не постои човек што толку жестоко ги напаѓа Владиците и православието воопшто и што се застапува за практикувањето на јога, на којшто му значи пристапувањето кон Светата Чаша.
    Ако вашиот гуру, јога инструктор, или whatever ви рече да се прекрстувате додека вежбате, ќе го правите тоа? Е, и мене ми е неосновано додека се крстам и ја исповедам мојата вера да практикувам јога вежби.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Машки
    Какви глупости секој си има право да си го кажи своето мислење така и јас ако не се сложуваш кажи дека не се сложуваш не мораш со лични навреди
     
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @agios, мило ми е што се разбираме и донекаде сложуваме.

    Да оставиме се друго настрана - одговори ми на ова прашање (од што мислам дека и потекна целава оваа дискусија) - дали може човек кој себе се смета за православен христијанин и припадник на МПЦ, кој верува во Христа и се труди да го живее животот според неговото слово - во исто време и да практикува јога?

    Повторно, под јога не подразбирам ништо друго освен физичкиот аспект на вежбите кои ги содржи јогата.

    Ако не - зошто е тоа така? Затоа што МПЦ вчера (условно речено) излегла со таков став? Како тоа не претставувало проблем порано, кога ете, тие луѓе си верувале во Бога и оделе на јога?

    И дали одењето на јога може некој кој себеси се смета за вистински верник да го девалвира во очите на верата и Бога или уште полошо, да го направи заслужен за анатема?
     
  4. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    555
    Еве, штом апелот на Владиката е објавен во склоп на беседата после Литургијата, јасно е на која целна група се однесува (се разбира не само на тие што биле присутни во моментот, туку малку пошироко, не бидете буквалисти). И не дека Владиката свикал прес за да и се обрати на целата македонска јавност а особено не на оние самопрогласени влијателни фејсбукаши и твитераши ничим изазвани коишо први имаат шо да да кажат и не дај Боже да се случи за нешто да немаат мислење.

    Мене не ме интересира што проповедаат јога инструкторите или гуруата на часовите по јога.


    Брегалничкиот Владика својот став за јогата го обелодени во својата проповед пред верниците на неделната Света Божествена Литургија во Лесновскиот манастир, ден кон ООН го прогласи за светски де на јогата. За Канал 5, брегалничкиот Владика акцентира дека апелот не значи и своевидна анатема за оние кои по лична определба и понатаму ќе продолжат да ги практикуваат јога вежбите.
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.337
    Допаѓања:
    51.761
    Пол:
    Женски
    Зборувам за период пред едно 10-тина години. Почнав да одам, среќа во рацете ми падна едно списание за јогата и ми се разјаснија некои работи. Дознав дека јогата не е само лежење, истегнување и правилно дишење. Тогаш престанав. Знаеш, јас многу ги почитувам народните поговорки, а една вели: "Не се седи на два стола".
    Еве одговор има дадено Ортофил. Поубав здравје.

     
    На agios, Orthophill и macedonec15 им се допаѓа ова.
  6. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    555
    дали може човек кој себе се смета за православен христијанин и припадник на МПЦ, кој верува во Христа и се труди да го живее животот според неговото слово - во исто време и да практикува јога?

    Мое мислење - може но не е исправно. За тоа дека не е исправно, знаат луѓе кои тоа го востановиле којзнае колку време претходно - јогата никогаш не била едноставен склоп на физички вежби туку секогаш нешто повеќе, што навлегува во сферата на духовното.
    МПЦ, со ставот околу јогата се надоврзува на мислењето изнесено од страна на Синодот на Грчката православна црква, после која и Бугарската и Српската излегоа со свои мислења. Патем, како што се кажува и во вестите на Канал 5, пораката за јогата од страна на Владиката доаѓа по повод светскиот ден на јогата.
    Напротив, сите мислат дека на Црквата „сега и текнало да актуелизира некои непотребни прашања“.

    За анатемата нема да се повторувам, мислам дека бев јасна во врска со начинот на нејзино толкување и значење. Христос Бог е многумилостив и сака сите луѓе да се спасат.
     
    Последна измена: 28 јуни 2015
    На Rama, Orthophill, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  7. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    А народот бара поповите да се отакжат од скапите џипови и да престанат да крадат!
    Ете така :)
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Дечки темата е јасна како ден, мпц и јогата.

    Нема потреба да си ги кажувате вашите определби во врска со поимањето на Бог и патот кон него. Или пак да дискутираме дали православието е патот до него. Некој си го избрал православието и сака да се придружува кон него.

    Повеќето македонци се православни ради традиција или оти ете сите од неговото опкружување се. Ако на вам молитвите и метаниите од православието ви се само зборови тогаш и јогата од хиндуизмот ќе ви биде само вежби. Владиката се обрати на верниците кои се причестуваат а не на оние кои се декларираат како православни само ради традиција. Така да на повеќето од овде забраната за јога не ве ни засегана.
     
    На daylight и faye им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @agios, мислам дека во твоето претходно мислење (поткрепено и со интервјуто со владиката) доста добар одговор даде на темава - прво, тука се работи за негов личен став и мислење во однос на практикантите на јогата и второ, оние што ќе продолжат со својата верба во Бога, но нема да се откажат од практикувањето јога, сепак, нема да бидат анатемисани, екскомуницирани и сл.

    Мислам дека со тоа може и да се затвори дискусијава на темава.

    Ти имаш свој став за јогата и христијанството и тоа го почитувам (бидејќи си одмерена во своите мислења, за разлика од многу други на темава).


    Сепак, сметам дека ова “цепидлачење“ кое се прави (сега со јогата, а за понатаму ќе видиме) околу тоа какви корени влечела некоја активност или пракса и забранување на истата бидејќи нема христијанско потекло, не води кон ништо добро.

    Што е со моите атлетичарски амбиции, да трчам на 200 и 400 m на следната олимпијада во 2016? :^) Изгледа ќе мора да се откажам, зашто несвесно со нискиот старт сум му се поклонувал на Зевс-громовникот. А што станува со моето утринско кафе и цигара - не, не, нема више цигари за тебе Bender, доста твојот чад носи молитви на вечните ловишта на Навахо индијанците.:x

    Да се уозбилам малце. Веќе еднаш кажав, речиси се со што се среќаваме влече свои корени од некоја постоечка или денес непостоечка религија - целосно непотребно, па дури и невоможно е да се исфрли се од нашиот секојдневен живот што потекнува од нешто надвор од христијанството.

    Сакајте се луѓе, верувајте во Бог (или не верувајте), не ширете омраза и почитувајте ги туѓите ставови и религии!
     
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Мене ме засега. Постам и се причестувам, ја кажувам Исусовата молитва, ама практикувам и јога и медитација. Може да ми одговориш на прашањата кои ги поставив погоре?
     
    На Bender Rodriguez, tessie и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  11. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    За жал јас не можам да ти одговорам, веројатно треба да разговараш со духовник.

    Јас не се причествувам нити сум компетентна да ти дадам таков одговор. Само ми е јасно како ден дека дел од туѓи верски ритуали немаат место во православието и не ми е јасна целата фама околу ова.
     
    На daylight и friendy им се допаѓа ова.
  12. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Машки
    Во времиња кога над црквата и православието и вредностите кои тие ги бранат имаат наезда од закани протнати помеѓу народот на различни начини (почнувајќи од турските и индиските серии кои помеѓу редови пропагираат и дел од тамошните верувања, вредности, култури, големиот замав на ЛГБТ, па се до разните верзии на слончиња по гифт шоповите), ваквата реакција од страна на одредени свештени лица е оправдана. Просто кажано, си го штитат својот ресор.

    Твитерџиине пред некој ден се потепаа кој поголема глупост ќе тресне, а лично знам два-тројца од таквите кои врска немаат од религија, а од јога па ич. Пензионерине и тие пред некој ден на утринска тв емисија се изглупираа на темава, а бетер се од твитерашите по таа тема. И овде. Демек сите се изгазија масовно и редовно одејќи и по цркви и по јога, па сега Иларион им напраи луфта во агендата и сите почнаа да хистеришат.

    Зар постои подобро полнење енергија, пронаоѓање на самиот себеси, наоѓање сили и смисла за битисување, прочистување на душата клекнат со колено допрено на малото чисто килимче во манастирче или седејќи на старите, потемнети и вешто изрезбани столчиња покрај црковниот ѕид. И не ти е битно и не мариш за иконата која од нечија глупавост стои прекриена со прљави пари и флеки од куп усти, за пешкирите и зејтините поредени насекаде, за иконите и сликите од светци исечени од списание или стар календар со кои ктиторот од немаштија го пополнил празниот простор на ѕидовите, за семејно платениот портрет на светец за кој знаеш дека е само декорација на црковниот ѕид ама ти прави мерак, за иконата која ја донел кандидат за градоначалник на која напишал дека бара победа на избори, а по зло може да му е професор на Луцифер, за глупоќите на кои им фали малку па голи да влезат во црква,... Исклучен од се правиш невидлива плацента околу тебе, со врвца поврзана таму некаде кон изворот, кон полначот, кон она што ти ја дава смислата за се. Мразењето и презирот кон свештениците, неприфаќањето на постапките, правилата и учењето на црквата и тоа како функционираат работите во нашата религија, не ви ги заклучуваат вратите од нашите храмови. Реков, тоа се места многу повеќе од насликани ѕидови, изрезбани дрва, скапи лустери, фалсификувани слики од светци, раководени од ситни и ефтини души. Тоа се местата за практикување на „нашата јога“. Без членарина, без термини, без опасност да се биде изманипулиран. Таму била „јогата“ на нашите предци, чии страданија и искушенија (неспоредливо неподносливи од денешниве поради кои денес поединци како „последна сламка за спас“ прибегуваат кон туѓи нешта), биле успешно пребродувани и една од заслугите поради која денес сме тука такви какви што сме биле и пред векови наназад.

    За крај, овој став на црковните лица кон јогата не е од сега. Од кај сега толку галама?
    Текстови од 2008 година:
    Улогата на јогата и трансцеденталната медитација
    Арх. Лазар Витаниски- ИСТОЧНИ КУЛТОВИ
    Кој има време нека чита. Многу работи стануваат појасни.
     
    На friendy, faye, loreddie и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Chemical

    Chemical Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Како да ти објаснам, ама Груевски е лично одговорен за големиот број на донаторски конференции за градење на цркви, каде се собираат бизнисмените во мкд и даваат пари за цркви, побарај на гоогле.
    Бидејќи имаш на ти го, дај ми го релација меѓу црквата и Груевски, плус ако се додаде дека државата плаќа за јога, треба да ти биде јасно од каде дува ветерот.
    Знам дека ова ти изгледа нереално и премногу политички, но преслушај ги снимките, посебно деловите каде се разговара за буџетот (што како да се скрати) и ќе ти биде јасно. Многу е едноставно Груевски и црквата имаат релација на ти го - дај ми го, не се работи за верниците или слично само бизнис.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Kaко ова е поврзано? Како државата плаќа за цркви и плаќа за јога и тоа е поврзано?! Дај објасни попросто, за нас, неписмените. Како демек, Груевски сега решил да вежба јога, а црквата му се скарала, па сеа го нервираат?

    И погоре членката која кажа како редовно се причестува и пости, а притоа практикува јога, би сакала да ми каже кој и е духовниот водач кој ја исповедува, дали тој знае за нејзината јога и кое е неговото име, во случај да знае,а сепак и дава причесна. Како и да е, тоа е негов грев, не нејзин, а дедото треба да знае за ова.

    ПС За секој ваш грев, викате, ами види го оној каков грешник е, јас не се покајувам, се додека некој друг греши? До кога ќе ги оправдувате вашите гревови, нема да се покаете и да се причестите оти поповите имале џипови? Ваш живот е тоа, џипот на попот не ви ги простува гревовите.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    @Cka, можеш да ме цитираш или да ме споменеш, некултурно е малце вака. Остави луѓето да бараат, па и да грешат сами во потрагата. Мој грев е, остави да го носам, не е твое да судиш, нели?
     
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Не се сеќавав на која страна прочитав за ова, а и не се сеќавав кој. Таблет, тоа е. Секако стигнува нотификација ако си пишала во темава. Сори.

    Не судам, ме интересира за да не случајно јас одам кај истиот. Не сакам таков отец да ме причести, на крајот, јас бирам. Ако е истиот, нормално, ќе одам кај друг. Не е твој грев ако си кажала, а те причестил, негов е. Ако си го излажала, твој е. На крај, Бог ќе суди. Твое е ако сакаш да кажеш кој е лошиот духовник, ако е до него. Според мене, јас да сум на местото на неговиот владика, би го распопила.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.084
    Допаѓања:
    56.315
    Пол:
    Женски
    Мој е гревот, не грижи се. Немам духовник се' уште. Колку што сфатив од твојот пост - немаш ни ти?
     
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.816
    Кај што се преселив сега, не. Затоа прашувам. И доста е надвор од темата, иако ми е чудно што се причестуваш без исповед. Како и да е, јас не се грижам за твојот грев, тоа е твоја работа.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.136
    Допаѓања:
    4.106
    Можеби попрецизна ќе беше темата ако се насловеше како „Јога и христијаните„ или „Христијанство и источните спиритуални учења и практики„. Но и вака темата е интересна и всушност упатува на многу конкретен аспект.

    За ова мислам дека би било подобро да се отворат засебни теми, например „Наука и Религија„ или „Спортот и духовноста„.
    Од точка на гледиштето на православните теолози не било ни досега во ред. Вакви информации и предупредувања имаше од СПЦ и РусПЦ уште пред 20 години, па и порано (Владика Николај Велимировиќ уште пред 50 години пишуваше за разликите).

    Работата е што многумина од тие верници биле во незнаење (не ги читале тие книги на таа тема а во издание на црквата) и дури деновиве целата работа се актуелизира па многумина се збунети. Ова не е изолиран став на МПЦ туку е случај во целиот православен свет, а на иницијатива на Грчката православна црква повод прогласувањето на светскиот ден на јогата од страна на ООН. Погодете која држава во ООН пак го иницираше овој проглас - Индија!

    Јас не сум со православни убедувања а ниту практикувам јога па нема што да ме тангира ова.
    Но за волја на вистината фер е да се каже дека сето ова не е од вчера.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    @Valerin по повод твојот напис http://forum.femina.mk/threads/МПЦ-...д-практикување-јога.24161/page-2#post-2448415
    Ние сме повикани од Господ наш Иисус Христос да бидеме совршени, како што е совршен нашиот Отец Небесен. За власта која што ја имаат епископите и свештениците пишував и претходно, но само ќе додадам:
    - Оној кој служи во олатарот, од олтарот треба да живее.
    - Брачното полово општење не е нечисто. Свети Павле се жали дека само тој и уште еден-двајца од апостолите не биле женети. Но, дури и свети ап. Павле во посланија препорачува да се женат и мажат христијаните.
    - Сите имаме по некои грешни мисли, но и јазикот наш мнгоу често греши говорејќи што не е за говорење. Уште светиот цар Давид се молел: Положи Господи стража на устата моја и затвори ги дверите на усните мои. А помислите не можеме ни сами да ги контролираме. Затоа да се молиме и да си гледаме ние да не грешиме. Пишав и пак ќе пишам попот ќе одговара и за своите гревови и за гревовите на своето стадо. Затоа свети Јован Златоуст рекол од 1000 попови еден ќе оди во рајот. Свети Сава рекол: Ако попот е грешен, молитвата му е права. Блажени спомени вл. Данило Будимски пак кажал: И низ р`ѓави жици течи струја.

    Ако некој те удри по едниот образ заврти му го и другиот се однесува на нашиот образ, а не на образот Христов! Ние сме должни да им проштеваме на оние кои нам лично ни грешат, но не смееме да дозволиме пред нас некој да Му удира шлаканици на Христа. Оние кои практикуваат јога, одат по бајачи и гатачи, медитираат и слично, се откажуваат од Христа за приврена благосостојба (иако најчесто ни тоа не го добиваат) и Му удираат шлаканици на Христа и хулат на Духот Свети. Наше е да им укажеме, а потоа да се молиме за нив. Евангелието вели ако братот твој ти згреши искарај го на само, ако пак не се промени искарај го пред 2-3 сведоци, ако пак не те послуша кажи го на Црквата. После тоа нека ти биде како митар и незнабожец. Ете така и владиката ги повикува оние кои Му згрешиле на Бога да се покајат.
    Кажете ми, од што треба да живеат свештениците? Дајте предлог план за нивна издршка.
    Христос ни го кажа кој е патот до совршенството: 10. Божји заповеди, 2. заповеди Христови за љубовта, постот, молитвата, каењето и исповедањето на гревовите, доброволната сиромаштија и соединувањето со Господа преку светата тајна причестна - литургија. Каде овде гледате јога? Самиот повик на владиката не е осуда, туку повик на покајание.

    Ако признавам дека и духовите кои ги почитуваат индусите, будистите, таоистите и тн. се вистински, а не лажни богови тогаш јас станувам многубожец. А како тие нивни духови не Го признаваат за свој врховен Бог и судија Троединиот Бог - Отецот, Синот и Светиот Дух, и јас станувам поклоник на лажните божества и станувам поклоник на овие духови. Се` што не е со Бога е против Него, па така и овие духови ако не се во служба на Бога, тогаш се дел од легионот на паднатите ангели, односно на демоните.
     
    На friendy, faye, Rama и 4 други им се допаѓа ова.