1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МПЦ бара верниците да се откажат од практикување јога

Дискусија во 'Религија' започната од Lady Phoenix, 26 јуни 2015.

  1. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Поради должината на претходното мислење, ги молам модераторите да ми простат за дупло мислење.

    Ако оди некој в црква треба да биде смотан и загулен и секој да си игра со него како сака? Е мало утре! Бог ни дал памет за да се бориме. Не ја знам ситуацијата во твоето семејство, ама не верувам дека ако во него имаш вистински верници без причина прават “сплетки“, ако воопшто и прават. Знам за една случка во која внукот на баба си (верничка) и` го превзеде станот и сакаше да ја прати в дом, па таа преку интриги со помош на ќерка си си го врати. Дали требаше само затоа што е верничка да остане на улица?
    Фино би било да пишете кој Ви ја пиша пораката. За да не бидеме обвинети сите што пишуваме на оваа тема.

    Пак ќе пишам, Бог тој суд им го остави на апостолите. За се` што ќе врзат на земјата да биде врзано на небесата и се` што ќе одврзат да биде одврзано. Квалификациите за глупи, прости, необразовани итн. верници да си ги чувате за кога ќе се вратат комунистите на власт.

    Боречките спортови се друга прикаска. Нивната цел е да не` научат како да се одбраниме. Ниту се занимаваат со нашата душа, ниту се занимаваат со нашиот дух. Телото е единствениот нивни интерес. И главно не можат да му наштетат на човекот. Олимписките игри се укинати уште во времето на светиот цар Теодосиј. Модерните олимписки игри, немаат врска со античките.
    Кога сме кај музиката нормално дека нема да слушаме музика која е спротивна со она во кое веруваме, или пак музика која проповеда разврат и неморал...
    Науката и верата ги имаме обработувано во посебна тема. Но,не постои наука која може да го докаже (не)постоењето на Бога. И законите кои ги проучуваат научниците и самите се Божји закони, кои Бог допушта да бидат откриени. Самиот термин е сосема конкрет и говори откривање, зашто научниците само откриваат, а не пронбајдуваат закони. Проучувајќи ги природните закони, не можеме а да не дојдеме до восхитување спрема Оној кој ги создал тие закони. Зарем може да верува дека си шетале 2 молекули и рекле ајде да живееме заедно и така настанал животот? Како тие 2 молекули почнале да размислуваат...
    Како што дискутираме за законите на природата, слично е и со лековите. Лековите Бог ни ги дава за да живееме подолго и да бидеме здрави попродуктивни.

    Проблемот со оние кои не го спознале Бога е одамна решен, зашто според нелажливите зборови Христови многу живеалишта има во домот на нашиот Отец. А според св. ап. Павле Бог ќе суди според следните закони: законот Христов кој важи за сите оние кои макар и чуле за Христа Бога, законот Мојсијев кој важел за избраниот народ (и сите кои го знаеле тој закон) до доаѓањето на Христа и природниот морален закон кој е всаден во секој од нас. Така да не грижете се, во рајот ќе има место за сите оние кои во животот не чуле за Христа за време на својот живот. Патем Христос не е неправеден, па ако можеше еднаш да слезе во Адот и на умрените до Неговото распнување да им го проповеда светото Евангелие и оние кои ќе поверуваат да ги поведе со себе во привремениот рај, зарем нема да го направи истото и со оние кои после овој миг умреле без да слушнат за Него?
    Точно е тоа што пишувате дека секој човек има своја духовност(па дури и најзакоравените атеисти). Но, не секоја духовност води кон Бога. Ете и сатанистите се духовни, но тоа не значи дека нивната духовност ќе ги однесе во рајот. Исто е и со делата, и многу комунисти правеле добри дела на браќата свои и од тие дела нивни ние можеме да се поучуваме, но не значи дека ќе одат во рајот, бидејќи свесно го отфрлаат Бога.
    Нашиот Бог е љубовна заедница на Отецот Кој Го раѓа Синот, и од Кого (Отецот) преку Синот исходи Светиот Дух. Во ниеден случај не можеме и не смееме да кажеме дека некои од овие пагански т.н. богови се лица на Пресвета Троица. Дури не можеме да речеме ни дека се нивна икона.

    Црквата не е полиција, ниту пак е инквизиција. Секој има слобода да си прави што сака и во тоа нема што да му се меша било кој (освен државата и можеби родителите, сопругот/сопругата и децата), но исто така оној кој прави што сака не смее да протестира и да се чувствува онеправден ако утре свештеникот не го крсти, не го причести, не го венча, не го погреба или пак го избрка од Црквата. Ако некому ништо не му значат светите тајни и не живее во согласност со нив нема што да се чувствува повикан од било кој проглас од Црквата.
     
    На friendy, Rama, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски

    Што зборуваш жити се’? Каква врска има одговорот со мислењето што го цитира?

    Знаеш ли зошто црквата не може да допре до народот? Еве поради вакви неконретни одговори на конкретни прашања. Во православието има одговори, Библијата е тука, во медиумот е грешката. Светогорските отци и руските старци на едноставен јазик, конкретно одговарале (веројатно и сега ја следат истата едноставност на духот, не знам). Нивната пракса овде ја нема. Црквата како институција е фокусирана на зборови, филозофирање и забрани. Не знае да се приближи до обичен човек што може да се интересира за проповеди, житја и примери, но сака и поедноставен пристап. Нема потреба од филозофирање и заобиколување.

    Во врска со моето прашање, повторно одговорот не е конкретен. Секој човек има потреба за духовност и е роден во простор кој му нуди различен метод. Зошто праведниот Господ би преферирал едни верници пред други? Би одбирал едни души да испрати во православие, а други во будизам - вториве не го слават правилно според вас.

    Инаку, основата на скоро сите боречки вештини е духовност и смирување. Зад секоја источна физичка практика стои дисциплина на духот. Еве и линк - http://jka.or.jp/en/karate/philosophy.html па може да се заинтересирате повеќе за ова, може и тука треба некаква забрана.

    Не ми одговори за основните принципи на јога - дали мислиш дека тие правила доаѓаат од нечестивиот?
     
    На anakonda88, sanja.burgundy, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    За двојното мислење беше поради политиката на форумот да не се дозволени мислења едно под друго од ист член.

    Значи секој може да вели дека верниците се смотани, загулени, дека прават сплетки, ама да се напише дека тие не се такви не смее!

    Не е проблемот што Црквата не кажува или како кажува, туку проблемот е што нема кој да слуша. И ајде Ве молам пишете еден светец кој благословувал вежбање јога. Само еден напишете.

    Дали Господ треба да престане да им дава деца на оние кои сакаат? Пишано е во коментарот и за проповедта и за судот Христов. Не планирам да се повторувам. Ве сметам за разумна. Ако нешто сепак не Ви е јасно прашајте конкретно.

    Каратето е пред се телесна техника, а потоа можеби и душевна (да се контролираш самиот себе си), но тоа не значи дека е и духовна. Има попаметни од мене кои можеби ќе се занимаваат и со каратето и со џудото и со слични боречки техники и ќе откријат дека тоа е идолопоклонство. За сега тоа не е откриено.

    Јогата таква каква што е идолопоклонска практика, за која не верувам дека е од Бога. Техника (?) која моментално нема потреба да биде охристијанизирана (нормално со друга форма и содржина, како што се охристијанизирани и голем број на други обичаи) бидејќи Индијците не преминуваат во Христијнаството, туку за жал е обратно.
     
    Последна измена: 29 јуни 2015
    На baba Rada, friendy и Rama им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    @Orthophill, прво Ви се извинувам што Ви се обраќав на ти, без никаква иронија ова.

    Друго, упорно одбивате барем да ги прочитате тие основни принципи на кои се заснова јога. Тие се добри во својата основа, имаат цел да го облагородат човекот.

    Не можам да Ви наведам некој светец кој благословува јога, не верувам дека има. Ама можам да зборувам за слободна волја на која се заснова христијанското учење. Не верувам дека Господ сака верник кој учи напамет нешто што му го кажале од Црквата. Што е со оние што веруваат со цело срце и душа и ете вежбаат јога затоа што тоа не ги оддалечува од верата? Не јога како што Ви рекле дека се практикува. Воопшто не знаете што е тоа што го осудувате затоа што не сакате да го истражите.

    Коментарот што го цитирав е генерализирање. @Luna91 ви напиша изолиран случај, Вие го сфативте како навреда за сите верници и побрзавте да одговорите со случај кој не дава никаква аргументација. Плус, велите Бог ни дал памет да се бориме. Точно. Ама со сплетки и интриги како во случајот што го оправдувате? Не верувам дека тоа е правилно.
     
    На anakonda88, Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @Orthophill, oва е главниот проблем кој постојано го посочувам - благо речено, немислење со сопствена глава. Ќе се обратам со Вие, затоа што гледам дека и покрај Вашите екстремистички ставови сте пред се, коректен, а тоа е нешто што особено го почитувам, посебно по форуми.

    Кои се тие луѓе (нека се и свештени лица) кои ги “откриваат“ ваквите работи, и врз основа на што го прават тоа? Не сакам да покажам непочитување кон свештените лица, меѓутоа праксата на слепо верување на свештениците мислам дека треба да остане во минатото, бидејќи многу зла произлегле од слепата послушност на народот кон свештенството. Но, да не застранувам од темата.

    Значи, каратето е, според Вас во ред, се додека некој свештеник не открие дека е тоа идолопоклонство? Еве ви линк во прилог (се надевам не смета што е на англиски), на кој за сите боречки вештини е објаснето во каква врска се со источните религии http://www.equip.org/article/should-a-christian-practice-the-martial-arts/

    (Karate. Karate involves meditation, which usually includes the emptying of one’s mind from all outer distractions. It is at this point that Karate becomes spiritually dangerous. Nevertheless, since Karate is primarily a physical martial art, the meditation aspect can be divorced from it.)

    Подвлечениов дел е од мене - како ли тој некој што го донел заклучоков “открил“ дека може спиритуалниот дел на каратето да се оддели од физичкиот? Одел ли на часови, па се уверил дека не му се намалила вербата во Бога? И како одлучиле и откриле дека во јогата не може да се направи на истото?

    Размислувањата како Вашите и безусловната (до)верба во секој збор кој ќе излезе од устата на свештено лице не се добри, во најмала рака. Ставовите дека верниците се “овци“, а свештенството “пастир“ кој треба да удира по нивните глави со жезлото (парафразирам, но мислам дека суштината ја задржав) се назадни и не им е местото во современиот свет. Денешните верници се интелигентни, образовани луѓе, кои треба самите да расудуваат, а не да чекаат некое свештено лице да им сервира соџвакано дали нешто е исправно или не. Ако православната црква повика на света војна против другите “неверници“, дали ќе стапите во првите борбени редови или ќе размислите и ќе одлучите дека тоа не е во ред? Примеров е можеби екстремен, но мислам дека ме разбирате што сакам да кажам. Дали ако МПЦ ги покачи тарифите за верски обреди (како што и направи, неоправдано според мене) треба верниците да го дигнат својот глас бидејќи тие посиромашните ќе бидат ускратени од овие услуги - или треба да молчат, па дури и да застанат во нивна одбрана, бидејќи сепак, се свештеници, претставници на Бога на земјата, па се што ќе кажат тие мора да биде исправно?

    И самите претходно се изјаснивте дека голем дел од свештенството наше е, благо кажано, грешно, па оттука Ве повикувам и Вас и вашите истомисленици да мислат малку со своја глава и во вашата верба да Ве води Бог, а не било кој друг. Ова го кажувам и затоа што гледам дека имате одлични познавања од нашата религија (што за жал, е реткост меѓу денешниве верници).

    Таквите луѓе како Вас кои се посветени верници со големи познавања треба објективно да ги разгледуваат работите и трезвено да расудуваат, па дури и ако самата црква скршне од патот, да им укажете на тоа.
     
    На LUCI 99 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Како што гледам, тука се поставени некои линкови во врска со источните боречки вештини кои се практикуваат веќе долго време и кај нас, а ги спомнав во мојот првичен текст бидејќи и јас се заинтересирав и истражував, при што дојдов до слични заклучоци како и LivingGlam и Bender Rodriguez, со тоа што не ставив линк, бидејќи во СДК ми беше тоа мислење.

    Во секој случај, мило ми е што дискусииве се одвиваат на ниво, со култура и без намера да се повреди било кој од членовите. Инаку, мислам дека знам на што сум по првото мислење на @LivingGlam во кое многу се пронајдов, како и по мислењето на Lilit. Како и да е, продолжувам да ја следам темава во надеж дека ќе дознаам некои нови работи и ќе замолам да продолжи дебатава на исто ниво како и до сега.

    А во врска со науката, да, отпосле забележав дека постои засебна тема на која нема поента да се дискутира бидејќи религијата и науката секогаш биле некомпатибилни. За науката исто така се фатив тука, бидејќи не е само еден фактор кој е дискутабилен и ако тргнеме со забрани и слично, навистина добар дел од таа наука ќе треба да се забрани (пример, медицината). Зошто го кажувам ова? За пример ќе ги земам оние луѓе кои долго се мачат да имаат дете, но не успеваат по природен пат и мораат на ин витро. Во тој случај, лекарот на некој начин се меша во волјата на Бог, кој можеби не сака на парот да му подари дете сега или воопшто. Тоа е само еден многу прост пример, а постојат уште многу други такви. Поентата ми е, иако е за добра цел, сепак е мешање во волјата на Бога, па не гледам причина да се забрани или проколне, а има основа за тоа.
     
  7. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    А што ако јас од утре престанам да јадам свинско? Дали тоа значи дека практикувам муслимански обичаи и свињата ја сметам за свето животно? Не. Така и со јогата. Таа само потекнува од друга религија но нема никаква врска со молење на други богови.

    Медитацијата е само концетрација на дишење и ништо повеќе. Може да седнете покрај река и да се концетрирате на жуборот...и тоа е медитација. Каде има тука грев? А тие луѓе што се ослободуваат од стресот со трчање на кеј? Или и тие прават грев пошто нели треба само со молитва да се прави тоа. Глупости што немаат никаква логика.

    Религијата донела само војни, поделби, омраза и осудување кај луѓето. Па сега ќе судат и на тие што вежбаат јога.

    Се додека си добар човек, имаш чисти мисли, не наштетуваш на себе си и на другите не е битно дали вежбаш јога или переш во недела.

    Битно сите постат и ќе оди во кафич ќе нарача кафе без млеко а ќе се убие од оговарање пиејќи го. Тоа не е верник.
     
    На LUCI 99, Црвче, 2036 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Chemical

    Chemical Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    13
    Не, туку дека во буџетот нема пари за јога, па некој начин да ја скратат, а притоа да не биде дека од владата немаат пари, им се обраќаат на црквата, со фразата, дедо попе ми текна фрли им некоја анатема. И голем број на луѓе ќе се откажат како големи верници, а со тоа ќе се намалат трошоците.
    Знам дека ти звучи глупо, ама што да правиме такви луѓе ја водат државата. Земи ислушај ја снимката каде Гоца и Ставре се расправаат за кратењето на буџетот.
     
  9. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Многупати имам споменато, но ајде уште еднаш. Совршенството како категорија не постои. Начелата пак, односно идејата за совршенство влече корен уште од раната доба на Платонизмот, меѓутоа неговото остварување во својот апсолутен домен овде и сега, во рамките на овој материјален свет, не опстојуваат. Можеби во Рајот, можеби во светот на идеите, астралот, но во телото како храм тешка работа.

    Апсолутно не се согласувам. Од причина што кога било воведено ваквото правило, поповите не правеле бизнис со парите дадени за црквата. За период во кој не се купувале џипови и куќи на три спрата, туку чувство за усул било мошне присутно, силно и одмерно. Па, како резултат на тоа скромно се удостојувале. Тоа во минатото претставувало приоритетна вредност за едно свештено лице, чија позиција во најмала рака е привилегирана. А не денес, само со пешкири и храна ќе те покрадат на гробишта, воведувајќи обичаи кои се косат со сите христијански почести.

    Иако, не можам да генерализирам, и не би било чесно од моја страна да кажам дека сите егзистираат на овој начин. Секоја чест на исклучоците, имам запознаено и такви. Но, кога станува збор за остварување максимална праведност не се прават исклучоци, а парите во случајов и те како се исклучок. Зошто? Бидејќи нивната злоупотреба денес е се` почеста, и намерата за користени како средство за комуникација добива едно нечестиво руво кое тера на чинење злодела, чиј креатор со сигурност не е Господ. Затоа и споменав дека можеби треба да се воведат некои нови правила, чисто да се види колку свештените лица се посветени на својата функција кога парите не би им биле врачени. Кога би биле приморани да работат како секој еден обичен човек, со единствената разлика - вршењето на божјата служба.


    Каде се тие списи, како е пренесена таа негова реч, и колку ние имаме увид во оригиналните извори, од Библијата, и житијата, од кои оваа првата е главно составена од луѓе чија позиција била високо вреднувана, но не и веродостојноста на податоци. Корпусот на токму таквите информации е можно да е невалиден. Исто како и моите погоре, кога го посочив Платон, со таа разлика што овие првиве датираат од рана доба. Додека кај овие другите, во редовите на состав во игра биле пагани и филозофи чиј обид да конституираат правила резултирал низа контрадикторности, и омаловажувања на полов аспект гледано од сегашен аспект. Како тогаш тој сплот со навидум архетипна содржина смее да биде земен во обзир, и евалуиран?

    Сфаќам кон што целиш. Мноштвото сведоштва за појава на ваквите, и други бројни ново настанати правци за пркосење на шаблонот, е многу нормално да остави простор за скептицизам. Меѓутоа внимавај! Бидејќи кога станува збор за категоријата гатачи, бајачи и биоенергетичари, имај на ум дека ние немаме комплетен увид врз моќта на секој oд нив поединечно, како ниту на енергетскиот пренос и извор.
    Освен тоа, ако се земе предвид дека универзумот изобилува мноштво ентитети, кои не се поделени само на добро и зло, хаос и хармонија, туку нивното циркулирање е директно поврзано со сфаќањето на овие поими (доброто и злото). Сепак, сето ова забегува во поинаков правец - духовност. Правец кој нема некоја особена релацијасо религијата, но е вреден за истражувања во поглед на енергетска вредност и стадиуми. Впрочем и во човековата природа е да задира во непознатото, окултизмот, и да ја истажува Божјата волја. Мора да се има почетна точка. Од друга страна Бог не верувам да суди за тоа, бидејќи како кажува религијата, тој е љубов и простува кога си пред прагот на искрено покајание.

    Но, не можеш и да ги негираш, само затоа што не доволно си ги истражил нивните принципи, кои ако читаш извори ќе забележиш дека освен во праксата не се разликуваат по ништо друго, и не имплицираат зло. Иако, да, за жал мечот со две острици е силен, и многу е јасно дека постојат божества кои се маскираат во светлина во демонско обличје. Оттука не можам строго да негирам дека при изведувањето на медитацијата, тие 20-30 минути или час додека остуствуваат мислите во телото имаат дозвола да навлегуваат секакви сили, кои и не се така чисти. Но, предноста е во тоа што со редовно практицирање на ваков тип медитација учиме да ги контролираме и манипулираме. Во христијанстово пак, околностите ни се олеснети и даден ни е прав пат. Молитва, причест, покајание и близу си до Царството.
    Како и да е, се зависи како ќе се усмериш, колку ќе бидеш свесен и воспоставиш контрола.

    Патем, постојат многу видови медитација и јога. Не се само оние класичните за кои се прават курсеви во Македонија сведени на типично перење на мозокот. Ако те интересира би постирала. Не за да те наведам да веруваш во нив, апсолутно. Чисто да имаш увид за што станува збор, ако не си.

    За крај Орто, мое мислење е дека Бог многу повеќе е заинтересиран за твојата душа, отколку за обредните ритуали кои ги извршуваш, или храмовите кои ги посетуваш. Мислам дека акцентот го става на самосвесноста за грешките, начинот преку кој се изнаоѓа успехот, и желбата за чинење на добри дела и помош. Батали молење, причести и сл. заврзланти ако во себе ги немаш оние инертни квалитети кои го задоволуваат општото добро.
     
    Последна измена: 29 јуни 2015
    На ennaz му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.222
    Допаѓања:
    124.258

    А кога од буџетот се дале пари за јогата?
     
  11. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    17.203
    Не можеш ти да ја знаеш подобро ситуацијата во мојата фамилија, нели? Зборам за луѓе за кој што и птиците на гранките знаат дека а зинат излажат. Љубоморат зошто другиот да се образува, се вработил и сл. Оди во црква а истовремено и по вештерки за да фрла магии. (што мене ми е смешно)
    И немој да мешаш баби и жаби, секоја ситуација си е засебна и нема врска со некоја си друга.
    Не можеш ниту да тврдиш дека сите што често одат во црква се со чисти души. Некогаш одат со цел да се прикажат пред другите дека се верници, а се далеку од тоа. Всушност прават грев со таквото одење во црква.
    А за тоа кој ми пишал немам намера да кажам затоа што е во спротивност со правилата на форумов и сакам да му/и заштитам приватност. И нема потреба никој да биде обвинет затоа што тој/таа нема ни едно мислење во темава.
     
    На Lady Phoenix, tessie и macedonec15 им се допаѓа ова.
  12. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Еве сега ја ќе се вклучам во вашата дискусија. Мојата приказна е едноставна. Пробав се во животот од јога, медитација, разно разни духовни и незнам какви семинари САМО И САМО за да си го пронајдам сопствениот мир во душава.
    Никогаш проблем не сум имала со ниту еден порок. Образована сум и работам. Се што сум посакала сум имала. Но секогаш нешто ми фалеше што ме правеше да се чуствувам празна, истрошена и несреќна. Навистина мирот што човек може да го најде во црквата и во таквиот начин на живот е бесценет. Со духовник сум и се исповедам. Не се правам голем верник и нити глумам лудило дека јас сум таа што треба да каже кој и каде да го бара својот сопствен мир и дисциплина. Пред се ДИСЦИПЛИНА. Сфатив дека всушност тоа е нештото што те држи во номала.

    Е СЕГА ДОАЃА ГЛАВНИОТ МОМЕНТ:
    Како што јас сум запознала ЛОШИ, ИСКВАРЕНИ И СО ИСКРИВЕНИ МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ луѓе кои редовно одат во црква и се причестуваат, нема никаде на овој свет такво зло собрано во тие ситни души. Господ нека ми прости за ова што го кажувам, но исто сум запознала прекрасни луѓе "НЕ ВЕРНИЦИ" кои не проповедаат на секој чекор како сите се грешни а они се светци и ке се спасат.
    Бог за мене е се... Верата е се.... Живеам колку можам според правилата кои се морални и етички за еден човек. Не грешам на никому, не посакувам туѓо, помагам кога можам. Затоа секој по својот пат. ГОСПОД ГЛЕДА НА СРЦЕТО А НЕ ОНА ШТО САКАМЕ ДА ГО ПРИКАЖЕМЕ ДЕКА СМЕ а длабоко во себе си тонеме во сопствените лаги и измами.
    Секое добро и верувајте нема поголем мир од тоа да почнете да се осврнувате на сопственото спасение односно да се менуваме себе. Само така никогаш нема да ни биде важно кој што и како рекол направил. :bow:
     
    На friendy и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    412
    Какво поклонување, што зборуваш ти човеку? Јога очиглено не си видел. Тоа се вежби за размрдување за опуштање. Никој никому не се поклонува, никакви божества не се спомнуваат и не се обожуваат.
    Јас од хронични болки се ослободив со јогата. На милиони луѓе им помага. Ако бог не ја сака јогата и ја смета за поклонување кон други божества, зошто на луѓето им е подобро од неа. Нели треба во присутство на лоши сили, лошо на човека да му стане?
    Еден е бог, имињата што луѓето му ги дале се различни, замислите за него што ги цртат по икони и ги вајаат во скулптури се различни. А бог е еден. Зошто да се нема разбирање, зошто анатеми веднаш. Само ги отуѓувате верниците.
    Штом почнала црквата со јога да се занимава и запослила луѓе портпароли да и бидат и по форуми да пишуваат и памет да солат, тешки времиња и дошле.

    А да ќе заборавев за малце. Соја сос може да се користи?
     
    Последна измена: 1 јули 2015
    На Gosh, anakonda88, Baby-bubu и 2 други им се допаѓа ова.
  14. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.015
    Допаѓања:
    34.201
    Пол:
    Женски
    Морав ова овде да го постирам...хахххахаха

    Драматично спречување на обид за практикување јога, од страна на една очигледно побожна мачка.
     
    На Victorian, tessie, Sunshine.Sunshine и 5 други им се допаѓа ова.
  15. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    mpc.png
     
    На Someonespecial, GirlLove, kim.k и 4 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Започнав вчера со јога заради болки во грбот, баш денес почнав една триесетдневна програма и барав тема да ја пофалам, ја најдов оваа :wasntme:
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    На вистинското место си, чедо Божјо :smoke:
     
    На Gosh, Bender Rodriguez, Indiegurl и 2 други им се допаѓа ова.
  18. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    МПЦ со право го бара ова.
    Во последно време ваквите работи зедоа голем зафат и во Македонија. Сеанси за јога, медитација, соларна јога и сл. Како и тоа дека луѓето одат на вакви сеанси од недоволна информираност. И многу нормално е дека јогата и медитацијата се коси со православието. Ќе ви кажам и зошто.
    Во темата соларна јога напишав за ова бидејќи сакав да ги предупредам членовите. Истото ќе го направам и тука затоа што гледам дека не секој знае и скоро сите се бунат зошто МПЦ бара од верниците такво нешто. Затоа што има причина. И тоа голема.

    Ќе го копирам истиот мој пост за соларна јога:

    Нека не ве лажат.
    Морам ова да го споделам со вас, кој сака и има време нека прочита ќе постирам некои линкови од бивши членови на соларната јога кои што се каат.
    И ќе ве молам останатите кои не сакаат да веруваат во ова, нека не веруваат и нека си продолжат со нивните дебати.

    Прво ви ветуваат лечење од болести, разни повремени бенефиции, ама затоа се добиваедна најтешка болест, а тоа е опседнатоста. Уствари лечењето не го добивате од сонцето, туку од д#монот,
    исто така сонцето не ви го овозможува тоа да живите, а да не јадете, туку таа моќност ви ја дава истиот.

    http://gledanjeusuncesangejzingmamaciprevara.com/tekstovi/76-hvala-bogu--jedini
    Не се откажувајте, прочитајте до крај.

    Еве за опседнатоста
    http://gledanjeusuncesangejzingmamaciprevara.com/posednutost

    И за борбите со д#моните

    http://gledanjeusuncesangejzingmamaciprevara.com/dnevnik-borbe-protiv-demona

    Вашата одлука е во вашите раце, па не можете утре да речете дека не сте знаеле.
     
    Последна измена: 26 септември 2017
    На LadyInTheDark, Rama, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    И после зошто многу луѓе од христијански семејства станувале атеисти.
     
    На ennaz, Nausicaa, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  20. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Зошто?
    Не гледам никаква причина.
     
    На LadyInTheDark, Rama, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.