Добро е и црквата да го скине тарифникот а не само да кажува....јас сум христијан ама сепак јогата на тиe што ја практикуваат им е бесплатна
МПЦ се тие што треба да се откажат од мешање во државните и општествените работи, а и личните животи на луѓето. Па и анатеми... срамота! Покрај богатствата што ги поседуваат, па и поддршката што ја даваа во завиена форма за политичари - тешки криминалци, баш дошло до јогата која многу луѓе ја практикуваат како активност за подобрување на здравствената состојба, дека е грев... Не ја активирајте темата, не се за актуелизирање брукиве
Сум одел на јога, па не сум станал хиндуист, сум одел и на аикидо, па не сум станал будист. Сум влегувал во различни верски објекти и сум присуствувал на многу религиозни церемонии и манифестации, па сепак не припаѓам ниту на една религија. Премногу значење се придава на банални ствари. Јогата е најобична физичка активност - со вежби за дишење, за телото и за мускулите - и тоа е, во суштина, тоа. Познавам луѓе кои припаѓаат и на христијанството и на исламот и кои долги години вежбаат јога, па тоа на ниеден начин не им влијаело негативно на нивната вера. Иницијативава на МПЦ поише ми изгледаше на апел од типот „не давајте пари за јога и слични ствари, поубаво дајте ги кај нас“.
Не е заради Црквата и свештениците. Тие се последни на листа причини да се биде атеист. Нашле овци и ги стрижат. Јас немам ништо против организираната религија, дури им се восхитувам по малку.
Лечење болести, подобар вид? Абе ајде Можеш само да оќореш од тоа. Прочита? Ако да, тогаш нели виде дека пишав соларна јога што у превод би значело sungazing. Не е ли тоа едно исто за што зборуваш и ти дека нешто споредувам, а уствари ништо не споредувам. Убаво си пишав за соларна јога.
Мислам дека МПЦ ја дадоа изјавата кога почна владата да дава бесплатна јога за трудници едно време. Изгледа се исплашија за парите Вежбам јога редовно, секој ден. Порано мислев дека јогата е најголема глупост, не сметав дека има нешто што би ме привлекло да вежбам јога. Сум вежбала и во теретана, и инсенити, и други програми. Никогаш ништо не ми легнало при срце колку јогата. Работата е што го тренираш и телото и мозокот, се концентрираш да доведеш рамнотежа и свесност за положбата на секое мускулче и плус сето тоа да го поврзеш со дишењето. Нема тука ни демони ни никакви поклонувања на хинду божества. Единствениот битен кога вежбаш јога си ти, никој и ништо друго. Ни работата, ни семејството, ни љубовта, ни политиката. Тоа е твоето време во денот. Во погрешна тема си чедо божјо. Во темата за сангејзинг пишаше, што бараш во оваа?
Јас зборувам од религиска гледна точка. А од таа гледана точка, медитацијата, јогата и соларната јога не треба да се практикуваат. И кој тоа сеа си нема појма? Ја или ти?
Мн раб се судираат. Добро викаат ако сакаш да аи богат биди поп биди папа....имаше една паралела дека баш тие на еден начин се поштени мафијаши. Верувам во тоа дека кога ке влезам во црква..џамија ило друг верски објект за чувството одвантре што ме прави да се осеќам добар...ама не верувам во тие што ја спроведуваат таа раб(поголемиот број). Иде празник од куќа на куќа пд стан во стан мн знае црквата он колки семејства испеал....тука доаѓа она...пола џеб пола за црквата од тие што пеат....да не се спомнува полн багаж со масло...па директ во маркет..... Епа и јас би возел после тоа Е класа
Зошто? Пошто се мешаат во приватниот живот на верниците, со кое право смеат да стават забрана за вакви работи? Не знам во кој век мислат дека живееме па сите како да сме без памет, мислат дека ќе не лажат и ќе кажуваат измислени закони. Можат само лесни луѓе да манипулираат. А најубаво е наудрен да си прави човек.
Си била некоја Американка, иструктор по јога. И текнала бизнис идеја, речи дека верниците не треба да вежбаат јога и предавај јога, само прекрсти ја во име кое ќе им одговара на тие што појма немаат, за лесно перење мозок. Така настанала PraiseMoves, Christian Alternative to Yoga. Прејсмувес ти е уствари, еј, замисли... Јога, само под друго име Да кажам дека секој ден вежбам прејсмувс поарно ќе биде? A @LegallyBlonde13 ?
Исповед, пост, молитва Можеме да трчаме и да вежбаме многу нормално. Меѓутоа јогата се коси со нашите правила.