1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МПЦ- бизнис корпорација или верска институција за народот?

Дискусија во 'Религија' започната од Hipster, 5 март 2015.

?

Нов тарифник на МПЦ, ја оправдувате ли одлуката за поскапување на верските обреди?

  1. Да

    7,5%
  2. Не

    92,5%
  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Испровоцирана од последната вест која е доста актуелна деновиве, мислам дека сериозно треба да се размислиме за улогата на нашата православна црква.

    Веста поточно е следнава-
    http://faktor.mk/2015/03/04/sudbonosnoto-%DA-poskapuva-mpts-so-nov-tarifnik/

    Поскапуваат услугите на МПЦ за венчавање, крштевки и погреби.
    Истите услуги веќе претходно биле поскапени пред 7 години, и сега повторно се зголемуваат со објаснување заради економски причини во земјата.
    Граѓаните се видно разочарани и гневни на одлуката за поскапување на овие услуги, кое сега ќе чинат 6000 за младоженците и 4000 за крштевка.
    Се повеќе се замислувам дали црквата е од бога за народот за добро и зло или една бизнис корпорација која дебело ја наплатува вербата на граѓаните во бога.
     
    Последна измена: 5 март 2015
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    Поради економските причини ги качиле цените. Кои економски причини? Се' е поскапено, па они да покуси да не останат? 2000 плус за венчавка, 2000 илјади човече. Да не му се расипал на некој џипот, па му треба нов? Страшна работа. Треба да им го сврти народот грбот, па дали тогаш ќе вадат вака ценовници.
     
    На Lady Phoenix, okcenzi, anina и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Ова со џиповите изгледа преминува во општо-прифатено размислување кај народот, гледав баш вчера анкета на некоја од телевизииве и половина од граѓаните го искоментираа истото.

    Јас сум запрепастена искрено и имам едно прашање до некој поупатен во овие води, кој ја контролира работата на МПЦ? Дали таа смее самоволно да ги си ги почакува цените на обредиве и никој притоа да не смее да им сугирара на тоа?
    Знам дека се работи за врска институција не за државен орган, но тоа не значи дека треба сосема своеволно да донесуваат одлики за нешто што го тангира секој православен граѓанин кој ненаметно или наметно ги користи нивните услуги(ако можам да се изразам така).

    Да не се разбереме погрешно не ја отворив темава за да ја омаловажам црквата и се ивинувам однапред ако некој верник се најде погоден, но јас поинаку ја сфаќам работата на верските лица и не сметам дека ние едно опрадание е достојно за зголемување а цените на обредите.

    Што би се случило доколку некој нема 4000 денари да го крштева своето дете?
    Прима социјална помош од 4000 денари месечно и едноставно нема, дали нема тие го крштеваат?
    Сепак испаѓа дека се работи за бизнис а не за доближување кон бога и божјиот дом.
    Зашто со вакви постапки само не одбиваат а не доближуваат кон црквата.
    А јас во бог и понатаму ќе се верувам зашто тоа е нешто што ен се докажува со пари и редовно посетување на црквата.
     
    На Kaetana, okcenzi, anina и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    "Причината за зголемување на цените според МПЦ е зголемување на животниот стандард на граѓаните."- од репортажата на 24Вести


    Изгледа не живееме во иста држава граѓаните и челнициве на МПЦ.

    Шта речи коју поруку послати.
     
    На Lady Phoenix, tessie, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Four

    Four Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    39
    Пол:
    Машки
    Ја оправдувам. Црквата е ослободена од даноци. Другата недела има поскапување на горивата. Мора свештениците од нешто да живеат. Кога има верници кои се расфрлаат со пари, зашто да не уживаат?
    АД МПЦ-ОА (Стефанче и другарчињата)
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.364
    Допаѓања:
    5.310
    Prvo sto go pomislivme e dali dokolku imame vtoro dete bi go krstevale. Dali ke se izgubi bozjata verba ( adetite) koj se prekrasni I znacajni. Jas sega ne bi se venvavala vo crkva nitu bi krstevala. Namesto se da bide besplatno na covek da mu e merak da vencava krsteva zema mala golema molitva za deca oni za se imaat tarifnici. Strasno I sramno e ova sosto se slucuva
     
    На Kaetana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Сепак се работи за доброволна финансиска трансакција каде што верници заинтересирани за одреден ритуал го купуваат од свештениците по одредена цена. Ако на верниците не им одговараат цените - не мора да плаќаат и да најмуваат свештеник за ритуал. Или можат да се обратат кон конкуренцијата :)
    Не гледам некој проблем во тој однос.

    Проблемот е што не плаќаат данок и со тоа се привилегирани пред останатите граѓани, а испадите како овој на господин-господинот со изјави за висок стандард не се нешто изненадувачко, црквата скоро секогаш е продолжена рака на власта.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    ^
    Ме збуни само едно во твојов пост ноќен јавачу, која конкуренција?
    Една е МПЦ немаме друг избор.
    Тоа со данокот е друга тема на муабет.
    Колку е логично да не се даночни обрзници е, за мене,ама тоа не им доволува на ваков дрзок начин да накачуваат цени на услуги, за венчавка, погреб и крштевка па уште и изговоров бе:devil:

    Во светот се знае колку се богати свештените лица и каде се богати, нашиве некако погрешно го протумачиле зборот богатство.
     
    Последна измена: 5 март 2015
  9. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    715
    Пол:
    Машки
    Па има католичка црква, неколку протестантски - и тие се христијани, имам слушнато дека не наплаќале воопшто за ритуалите, не знам колку е точно ако знае некој нека пише околу тоа.

    Одамна раскрстиле :D поповите со светото писмо.
     
    На CameliaMiller, Lady Phoenix и okcenzi им се допаѓа ова.
  10. deckoto

    deckoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    138
    Лопови најголеми се ова, црква и вера поштувам ама поп никако најголем лопов и крадец што може да постои е затоа ке ни пропаѓа верата и никогаш нема да не биде. Православието како да е проколнато зарем ке се збогатат од грбот на граѓаните, зарем недај боже лошо или за арно да неможеш да завршиш некоја работа доколку не ги платиш овие енормно високи цени срамота за МПЦ, срамота за Македонскиот а пред се православниот свет кој живее тука не е тој крив туку овие кои пропагираат така нека се засрамат !!!
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Е како да се мажам утре во католичка црква кога нит јас нит пример мојот сопруг сме католици?
    Православна сум се родила и така ќе си умрам, не планирам да менувам религија.
     
  12. Vertigo TJ

    Vertigo TJ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Последната одлука на МПЦ е благо речено СРАМНА!
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Јaс прoчитaв и декa сaмo вo Скoпје и уште некoлку грaдoви се пoскaпени цените, a не вo целa Мaкедoнијa. Всушнoст и претхoднo цените не беa секaде исти.

    А штo тoa пoпoвиве "трoшaт" нa сaмиoт чин нa венчaвaње или крштевкa пa зa дa мoрa дa се пoкaчaт цените? Тoa штo кaжувaaт мoлитвa сегa спoред верaтa е пoскaпoценo oд претхoднo? Нa мoлитвaтa се oдредувa ценa? Мaлку им се тие пaри дo сегa штo ги земaa? Јaс дo сегa не сум виделa пoп штo е сирoмaшен. Oк, знaеме декa и тие требa oд нештo дa живеaт, нoрмaлнo, aмa не дa се бoгaтaт и луксузирaaт нa грбoт нa нaрoдoт.

    Срaмoтa е oвa штo гo прaвaт. Срaмoтa. Чест нa исклучoци.

    Мoрaм дa кaжaм декa имa мaнaстири вo Мaкедoнијa вo кoи мoнaсите немa ни денaр дa ви земaт зa билo кoј чин, дoкoлку немaте пaри.

    Јaс никoгaш не би си јa прoменилa верaтa зaрaди тaкви луѓе. Акo билo тaкa леснo, дoсегa немaлo ни дa имa христијaни и немaлo дa пoстoи нaшaтa верa. Низ кaкви мaки пoминaле нaшите предци зa дa јa зaчувaaт верaтa и јaс сегa зaрaди пaри дa се oткaжaм? Верувaм декa се' уште имa луѓе и меѓу нивните редoви кoи се вистински прaтеници oд Бoгa, кaкo штo дaдoв пример пo мaнaстирите. Акo немaм пaри дa плaтaм, вo билo кoј мaнaстир ќе им oбјaснaм и ќе ги зaмoлaм дa не' венчaaт без пaри, aкo ме oдбијaт, a не верувaм, нивни некa биде гревoт.
     
    На tessie, Elena69221, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
  15. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Оној кој навистина припаѓа на МПЦ-ОА не се буни, туку има разбирање, исто како што и за него/неа имаат разбирање ако нема да плати. Јас кога се венчав плативме, т.е. платија кумот и свекорот, мислам, не сум сигурна, така како по обичај се дели трошокот. А детето го крстивме во манастир и во манастир нема ценовник. И никој не ни побара пари.Но мислам дека кумот си остави нешто за манастирот. Значи монашкиот живот е таков, тие за ништо не се грижат, најважно им е да се во мир со сите и да се молат за сите, а Господ што им треба им дава, додека свештениците во градовите и селата имаат и жени и деца и навистина жално е ако не даваме прилози во црквата. Кога требаше да си го земам документот дека сме венчани, отидов во градската црква каде што бевме венчани и нормално прашав треба ли нешто? Ми рече свештеникот, што го искуца документот - 50 денари АКО ИМАШ. Мене тоа „ако имаш“ навистина ме трогна. Зборувајте што сакате. Јас пак ќе речам, нема потреба :) А во мансатир го крстивме детето затоа што маж ми сакаше да ни го крсти детето отец Методиј, и кога го прашавме ни рече дојдете во Хамзали. Ете така беше. Ако не може човек една плата за цел живот да даде на Црквата.... не знам што да кажам, кога знаеме од житијата на светиите дека имало луѓе кои заработувачката ја делеле на три дела, еден за црквата, еден за сиромасите, и еден за своето семејство. Господи помилуј.
     
    На Rama и Kala22 им се допаѓа ова.
  16. Kala22

    Kala22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    541
    Наплаќањето за свештенодејства е грев и канонски прекршок, се вика симонија. Но тоа што му го даваат верниците на свештеникот е доброволна награда. Тоа значи дека свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема ниту денар да плати.
    Ова е извадок од една статија,што значи дека свештеникот во секој случај е должен да го изврши ритуалот.
     
  17. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Никаде во светот верска институција не се одданочува, а религијата во Македонија е секуларна, т.е. на никого не му е задолжително да оди во црква, да се крштева, да слави празници или било што поврзано во врска со религијата, но ако сакате услуга од свештено лице ќе си платите што е и нормално.

    Црквата е регистрирана како хуманистичка организација, не плаќа данок, но не и се ни враќа данок, т.е. утре немаат пензиско и здравствено осигурување ( тука можеби грешам), а тие свештени лица се нормално луѓе како и нас кои имаат дома семејство, жена, деца, потреба за пари и нормален живот. Мора од некаде и со нешто да живеат, а со оглед на тоа дека кај нас повеќето цркви зјаат празни, нема донации, нема црковен живот, се помалку новороденчиња, се помалку крштевки, се помалку бракови, тогаш донекаде е и разумна оваа постапка.

    Црквата не е составена само од 12 владици на епархии, туку многу други луѓе коишто директно и индиректно се поврзани со црквата и егзистираат од истата.
     
    На Kala22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.113
    Допаѓања:
    1.559
    Се разбира дека и тие треба да живеат од нешто, но немора да возат џип, црквата пред се треба да помага на народот дека се видело црквата да направи некои донации. Но дедо Стефан и другите владици треба да си ги одржуваат џипагите
     
  19. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.846
    Допаѓања:
    133.050
    Пол:
    Женски
    Значи ако немаш пари ништо од венчавањето/крштевањето? А нели божји храм треба да има место за сите? И тоа они што ке го остават на црквата, ако сакаат нешто да остават, е нивна добра воља да дадат колку можат. 6000-7000 за венчавка? Па некој толку плата зима у земјата ни драга? Не треба да јаде цел месец за да се венча на крај? Како може црквата да те обврзува со тарифи и ценовници?
    Како минуваат годините црквата се повеке ке ја губи вербата од народот. Црковните закони би требало да се поставени еднаш за секогаш и да нема менување. Порано не мораше родителите да бидат венчани во црква за да може детето да се крсти. Сега мора родителите да се венчани во црква за детето да биде крстено. Ни еден поп порано немаше да речи коа влегуваш со дете внатре дали е крстено, ако не е излегувајте најдвор??? А сега упорно застануваат мајки со бебиња да им кажат дека детето не треба да го внесат бидејки не е крстено. И немаше да ми биде чудно сето тоа ако на истите тие бебиња не им беше правена молитва (или како и да се вика тоа шо се праи на 40 дена) и тоа во црква. Како тогаш смеело да влезат некрстени. Или тогаш даваат пари па не да влезат ако сакат и нека преспијат внатре :D
    Друго, ако нешто не треба и е грев да се прави, како тоа ти со плакање 1000+ можеш да го напраиш? Со 1000+ денари ке си го переш гревот, и тоа по совет на поп? Блиски пријатели им беше итно да закажат венчавка ради Х причини и прашаа поп дали може да се венчаат за време на велигденски пост. Он им рече дека у пости може ама ако си платат казна од 2000 денари.??? Кој е тука грешникот?
    Знам уште ред вакви киксови од свештените лица со кои се повеке се зголемува моето непочитување кон нив и црквата како верска институција. Што се однесува до мене јас ни би се венчала, ниту мое дете би крстила во црква, ниту би учествувала во било каков верски обред.
     
  20. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    385
    Црквата треба да има големи донации и пари за да може суштински да помага на народот, а немој да мислиш дека не помагаат. Помагаат и те како. Можам да те одведам на многу места, кај многу посиромашни луѓе и сама да се увериш дека никогаш свештено лице не ги оставило без огрев, топла храна, облека.

    Македонската православна црква е темел на овој наш народ, заедно сме славеле, заедно сме тагувале, заедно сме проживувале ропства, прогони, убиства и не може заради пар поединци ( коишто ги има во сите професии) да ја оцрнуваме нашата црква каква и да е кога во ова време сме ставени на најголемиот тест дали ќе успееме или не.
     
    На faye, Abeja, corto.maltese и 2 други им се допаѓа ова.