МПЦ и се е можно. Бизнис со марихуана https://grid.mk/c/4YbCq2kBmGY-kCSoM...znis-partneri-vo-proizvodstvoto-na-marihuana?
Бизнисот МПЦ влегува и во производство на енергија. За греота немале пари. https://kanal5.com.mk/videos/453924/mpc-vleguva-vo-biznisot-so-elektrichna-energija
А зошто да не влезе? Редно време е да си инвестира во бизнис, а не да чека само милостињи, па уште и кабает да биде заради тоа. Поддршка за потегот! Кога видов со свои очи каков бизнис тера Ватикан со украдени светски културни споменици за кои не мрднала со прст за да ги заслужи и има, ми се слоши од цифрите. И после Католичката црква била богата, ги помагала своите, а нашиве не чинеле, дрн дрн. Па на тие миљарди евра годишна заработка само од влезници, чудно е како не нацуцулија своја парохија и на месечината.
Не ми е грижа. Мојата верба во Бог нема некоја врска со свештениците и нивните тарифници, ниту со црковните храмови.
Сите цркви земаат пари бидејќи во денешно време не е реално човек да опстане без парични средства. Проблемот е што некои претеруваат, како што е случај со МПЦ. За среќа во нашава држава постои и ПОА која не е расколничка како МПЦ.
Девојче за без пари немаш ништо. Ти кога ќе работиш можеш џабе да вршиш услуги ако ти одговара така. Незнам како не сфаќате дека не е возможно денес да се преживее без парични средства.
Абе супер, нека си наплаќаат не викам не. Штом има луѓе што сакаат такви услуги, нека постои бизнисот. Ама нека плаќаат данок како сите други фирми што нудат услуги, фер плеј.
Зошто да плаќаат данок и кому? Што нашата држава прави за нив и како ги подржува за тие да плаќаат данок? И не е тоа бизнис бидејќи ПОА не е МПЦ. За МПЦ е јасно дека е мафија, видно е и по самиот поглавар кој излгеда да не речам како што. МПЦ има подршка од државата и мислам дека плаќа данок. За ПОА нема потреба како што кажа членот погоре финансирана е од друга држава.
Истото што државата го прави за мене го прави и за нив. Зошто сопственици на мали бизниси што одвај врзуваат крај со крај да плаќаат данок, а попот да не плаќа? Попот е привилегиран, на основа на тоа што бизнисот му е со религиска основа. Како што кажав, не ми е гајле што продава, сè додека го третираат исто како секој друг сопственик на бизнис. МПЦ, ПОА, ИВЗ небитно, ист булшит, во различно пакување.
Па поради тоа и го критикував. Како што стојат работите и како што сум запознаена мислам дека државата ја подржува МПЦ со изградба на цркви и слично. За данок малце е глупаво бидејќи црквата не треба да е бизнис. Треба да се регулира нејзината дејност и ценовници. Данок нема логика да плаќа бидејќи во црква одат одреден број луѓе по своја желба. Не гледам причина за данок. Црквата не е бизнис. И нема причина за данок. Баш за вакви како тебе не треба да плаќа данок. Припази на речникот бидејќи еден куп верници има на форумов од различни религии и тоа не е булшит. Булшит ти е културата и речникот кој го користиш.
Не е бизнис црквата бидејќи по своја желба оделе луѓе. А во локална пекара на пример со пиштол на чело ли одат? Немаше да е бизнис ако ве венчаваа без пари. Во моментот кога им давате пари за некаква услуга станува бизнис. На црно во случајов.
Заклучок значи грешката е во системот, а не во црквата. Грешка е што се зема данок од мали бизниси, а не тоа ако ми зема мене нека зема и на другите. Ама македонче бе, да му умре козата на комшијата. И црква не е бизнис, тоест не треба да биде, освен ако не е расколничка како МПЦ. ИВЗ и ПОА се финансирани од странски држави, така да нема причина данок да плаќаат за политичари да се богатат.
Popovite ne se vo red jas si idam vo crkva za mene.A za cenocnikot da ne zborime i kolite sto gi vozat
Сите се корумпирани, со многу мали исклучоци. Даноци треба да се плаќаат. Ценовниците треба да им се со цени достапни за сечиј џеб. Да има построга регулација за сите цркви. На памет научив што глупости тропаат кога ќе закопаат некого, врска немаат и они што кажуваат. Не се само колите проблем. Многу работи има за испитување.