Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МПЦ- бизнис корпорација или верска институција за народот?

Дискусија во 'Религија' започната од Hipster, 5 март 2015.

?

Нов тарифник на МПЦ, ја оправдувате ли одлуката за поскапување на верските обреди?

  1. Да

    7,4%
  2. Не

    92,6%
  1. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    134.987
    Пол:
    Женски
    Де просветлиме подобро жити се. Како да верувам дека помага коа ке видам дека ги продава работите кои луѓето ги оставаат на олтар наместо да ги донираат на сиромашните? Ке ми речеш пари собираат. За шо собираат пари? За џипови? Како тоа имаат ценовници колку им се чорапите, колку зејтинот, колку крпите? Нели од народот за нарадот и кој колку може? Тогаш и кој колку може треба да ги плати. Срамота е дури јајцата за велигден шо се оставаат да ги делат и да ги продаваат. Дај им ги бре на бездомниците, нека бидат најадени и тие како и сите бар за празникот.
     
    На CameliaMiller, okcenzi и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Зошто темелиш цела црква и организација заради поединци?

    Ако не сакаш не се крсти, ако не сакаш не оди во црква, ако не сакаш да се мажиш таму во ред, твој избор, но ширење лаги и безмислици не е дозволено. Сега има многу млади свештени лица коишто воведуваат новости и позитивни промени во црковниот живот
     
    На stylishh му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    134.987
    Пол:
    Женски
    Баш ми се погоди за МПЦ нешто да измислам. Од сите институции неа ја најдов да ја плукам по случаен избор. :D :D :D Не се ова од рекла казала муабети па сум ги пренела колку да се најдам у муабет. И има уште еден куп вакви примери кај шо се гледа како поповите а и МПЦ профитираат, само искрено ме мрзе до толку да ги изнапишам сите.
     
    На CameliaMiller и Night Rider им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.069
    Пол:
    Женски
    Не можам да ве сватам , кога купувате скапи парфеми и шминки, не велите дека некој зема плата од 7 илјади , а кога се работи за давачки кон црквата , се вадите со тоа дека немаат сите пари да платат за некој верски обред, а вие не би дале дека ви се гледаат како многу пари, па добро никој не е присилен да плати ако не сака , ако има верски институции каде не се наплаќа Божјиот благослов одете таму , има синагоги , џамии и слично.
    И да си кажам за мене лично , и 20 000 да се плаќа за венчавка , би платила , сакам да се омажам во Црква со благослов, во црква ми биле направени 40 денови -молитва , и крштевка па ќе ми биде и венчавка.
    Знам дека до некаде , граѓаните се во право со револтот , не смее да скокаат тарифите, треба да се има една фиксна цена засекогаш, ама тоа е. Наше е само да си продолжиме со верување и практикување на верски обреди во Црква кога ќе биде потребно,не треба да се откажеме од нашата МПЦ-ОА, добро знаеме низ какви бури поминала , за да опстои и да биде она што е денес , иако е непризната од многу други архиепископии, таа си е наш темелник и столб на нашата вера Христијанска.
     
    На Abeja, faye, Mrs.Cuper и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Ако, на нас така ни треба да не одерат. Кога народот е неук и не чита Библија нека плаќа. Тие цело христијанство го изобличуваат, па ќе се секирале дали ставале скапи тарифи. Никаде ама баш никаде во Библија нема црковни обреди. Оставање масло и чорапи за здравје. Палење свеќи, бакнување икони. Големите облеки на владиката за време на церемонии. Лепче со вино, крстени води. Нека цитира некој од Библијата ако сретни вакво нешто. Просто и едноставно е, сите одговори за животот се наоѓаат во книгава. Па сега кој како си милува, секој за себе ;)
     
    На artemidis, Sky-butterfly и Sesil им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.974
    Допаѓања:
    134.987
    Пол:
    Женски
    Eве за тие шо се шибаат у гради колку големи (не)верници се

    Screenshot_2.png

    и оваа со иконите е само дел од пропагандата на црквата, каде на друго место (не)верник ке остаи пари ако не на икона
     
    На Mimi123, Sky-butterfly и DesertGirl им се допаѓа ова.
  7. Kala22

    Kala22 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2014
    Пораки:
    857
    Допаѓања:
    1.078
    Очигледно општо прифатено правило е ова со џиповите сите истото го мислат,не е лошо некогаш да се размислува поразлично од другите.
    Што се однесува до примерот погоре од една феминка за тоа дека парот требало да плати казна за да се венча за време на пости,тоа е така затоа што според Црквата и Бог за време на пости не се прават веселби,мислаМ ти можеш ако сакаш ама ете се смета за грев.
    Што се однесува за тоа зејтинот,чорапите,јајцата и јас од една страна сум повеќе да се даваат на оние што стварно немаат,меѓутоа и покрај тоа што се продаваат пак на народот за пониски цени од оние кога во продавница ќе отидеш да го земеш тој производ,тие пари не одат во џепот на попот,туку пак одат за црквата.А обично народот ги купува овие производи и за здравје,нели дека биле во црква и сл,секој со различно верување.
    Инаку околу тарифите на МПЦ од една страна вака се високи,меѓутоа и тие луѓе мора да егзистираат,а најголем дел од платата им е заснована само од тие венчавки,крштевки,погреби и сл.ритуали.
    Парите што се остваат во црква НЕ одат кај поповите.И не во секоја црква има милиони на ден такви ритуали,во некоја црква некој поп ќе има како добро да живее,во друга ќе нема може да има 2-3 во месецот,како што тргнало времево па и никој не се зима може и 0 да има.
    Толку сме стереотипни со тоа поповите со џиповите,мислам мене веќе ми е излитено да го слушам тоа.Распрашајте се поубаво околу тоа како стојат работите.Не значи дека ако еден вози џип,сите возат џипови.
    На крај краева кој не сака немора да оди во Црква,може и без тоа да си верува во Бог.
     
    На Mama25, Serafima, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dreams11

    Dreams11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    782
    Пол:
    Женски
    Е па сега некој е верник верува во Господ и сака венчавка , крштевка во црква меѓутоа е социјален случај и едноставно нема толку пари да плати за одреден обред,зошто тогаш црквата нема толеранција за такви случаи нели е хуманитирна организација?!
    Оди прашај па ке видиш што ке ти кажат т.е. ке ти ја затворат вратата во име на Господ!
    Еве ако некој знае нека каже има ли нашата црква некоја организација за хуманитарни цели ?

    Има цркви во светот каде што се одгледуваат и школуваат деца без родители им се помага на сиромашните и слично ! А за кај нас искрено немам слушнато! Ако јавноста е запознаена за некои такви хуманитарни работи што ги прави црквата самите ке одат и ке донираат пари и средстава , а за да го жалам јас попот дали имал пари да живее и да плакам огромни тарифи во име на Господ ..... ке ве молам нема логика да одобрувам такво поскапување!
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    1. За ценовникот, се сложувам дека за некого истиот е превисок и треба да се корегира. Без притоа сиромашните да треба да се “лигушат“ пред попот за да им ја намали таксата или да не им ја наплати. Особено за оние кои редовно во својот дом го примаат свештеникот. И преку требите: крштевање на вода (2-4 пати годишно), кревање леб и пеење помени за покојните на трите задушници си плаќаат годишен парохијал.
    2. Ценовникот - таксеник не е оправдување некои да почнат да проповедаат ереси и да шират секташко учење, особено кога се во прашање светите икони, на кои не ни треба да се оставаат пари. (Парите се оставаат во касите или корпињата, ама ако ги пикнеме парите в каса, како ќе не` видат комшиите дека сме оставиле 50 или 100 денари?) Ова што овде сте го поставиле, пропаганда на баптистичката секта „Радостна вест“, ако бевте во неделата на богослужба и внимателно слушавте што пее певница и што проповеда свештеникот ќе знаевте дека е ерес, осудена на 7. Вселенски Собор. Светото Православие го потврдило православното и христијанско почитување на светите икони во неделата на Православието, кога светата царица Теодора заедно со светиот патријарх Методија ги вратила во светите храмови светите икони. Тогаш таа ја извала својата икона од Мајка Богородица и го замолила патријархот и целиот свештенички собор, да ги проколнат и предадат на вечна анатема, сите оние кои не ги почитуваат иконите и на истите не им се поклонуваат. Оваа е точната изјава на светата царица Теодора: „Ако некој не ѝ се поклонува на оваа (икона) и со љубов не ја целива, не како служење, не како на богови, туку како на икони (образи), поради љубовта кон првообразите (архетиповите), да биде проколнат (анатема).“ Инаку првата икона е неракотворениот образ Христов. Царот Авгар (од некој персиски град) болувал од губа. И слушнал за Господа Иисуса Христа и за чудата кои се случувале. Бидејќи не можел сам да појде и да се поклони пред Богочовекот, пратил еден сликар да Го наслика на платно ликот Христов. Но, сликарот никако не успеал да го наслика, бидејќи немал благослов. Христос, знаел дека сликарот тајно Го слика, ама не успева. Па зел вода го измил својот пречист образ, зел крпа и се избришал. Тогаш на платното неракотворно се насликал Христовиот образ. И тоа е првата икона. Првиот пак кип, го направила света Вероника. Онаа која на патот на Страданијата Му ги избришала раните на Христа. Првите ракотворни икони ги насликал светиот апостол Лука, и тоа на Пресвета Богородица и на 12. свети апостоли. Сама Мајка Богородица ги благословила иконите кои ги сликал свети Лука.
    3. Секташите, кои ги воскреснаа сите ереси кои беа осудени на до сега одржаните свети седум вселенски собори, на почеток даваат и материјални средства. Арно ама, после земаат секој месец десеток од личните примања. Една венчавка чини 6.000 денари, ако младоженецот, невестата, кумот, старосватот и деверот земаат по 10.000 денари месечна плата, во сектите треба да даваат по 1.000 денари месечно. Што значи за еден месец само овие кои се директно инволвирани во венчавката ќе дадат 5.000 денари. Ами другите месеци?
     
    На tessie, SexiLy, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    На faye, Mama25, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    @Orthophill несакам на темава да се препирам, има и други теми за појаснување. Го почитувам еве и твоето мислење ти така си сфатил и така сакаш да си веруваш. Ок тоа е твое. Ама колку покажува дека си верник голем е начинот на кој ги обележуваш оние кои не веруваат во истото во што веруваш и ти и имаат различно мислење. И не го почитуваш нивното мислење и ги нарекуваш Секташи. На сите теми само во тоа ти се состои одбраната на верата. А и како што кажав секој за себе си верува. Патем сигурно секој втор дома има Библија па нека си прочита од неа.
    А ова со светциве, тие биле обични луѓе како нас ама биле големи верници во Бог и биле измачувани до степен на смрт за да се откажат од Него. Тие ни се пример на нас како да веруваме во Бог, а не да ги славиме и поклонуваме и да си правиме гозби. Се слави само името на Бог, секој ден не само одреден а не на луѓе. Ова исто ти иди како некои народи на предмети и животни се крстат, ние на починати луѓе.
     
    На Mishela, Sky-butterfly и Sesil им се допаѓа ова.
  12. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Rama,ke mi prostis draga ama malku ti se pomesani rabotite so ova sporeduvanje na parfemite i obredite vo crkvite.
    Koga velime deka nekoj nema pari za tie obredi da plati,ne mislime na onie sto davaat 5000den.za parfem da receme.
    Parfem e materijalno zadovolstvo a crkvata e duhovno.
    Obredite vo crkvata ne se luksuz,tie se duhovna potrba.Crkvata e Bozji hram,taka?
    Zarem Bog baral pari za da blagoslovi necij brak,raganje?
    Jas razbiram deka i tie luge tamu sto rabotat treba da ziveat,ama probuvam da razberam deka eden nevrabiten bracen par nemoze da plati za da se venca vo Bozjiot hram.Za da go krsti svoeto dete.
    Ne veruvam deka tie kupuvaat parfemi od 5000 denari.
    Vernik ne se stanuva na smetka na finansii pruzeni na crkvata.
    Vernikot se karakterizira sosema po nesto drugo.
    Nemozes ti da baras da odam vo sinagoga i djamija ako nemozam tuka da platam.
    Ja razbiram do nekade tvojata poenta no toa ne vazi za sekoj vernik.
    Toa vazi pretezno za onie sto odat za pomodarstvo po crkvite.
    Na civek da mu e strav da umre e rabotava.Ke gi zaglavi svoite za da bidat zaglaveni so godini.
    Crkvata treba da e sosema nesto drugo a ne biznis i kasa fiskale.
     
    На Mishela, Marossa, Sunshine.Sunshine и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Што имаат врска парфемите и шминките со цените на МПЦ?
    Разбирам ставови, не можеме сите да бидеме истомисленици, ама кога ќе прочитам некои безвезални оправдувања ми се крева косата.

    Океј, ако немаме пари и ни е скапо нема да се венчаваме у црква, нема да ги крстиме децата.
    Ас сипл ес дет.
    Ама и не е.

    Не разбирате дека не е за парите само за принципот е.
    Принципот на сакање да знаеме зашто своеволно на секои 7 години си покачуваат цени.
    Вас платите ви се покачиле од пред 7 години?
    Како па да не.
    Плус, секој има право да дава доброволни донации до црквата.
    Многу бизнисмени редовно даваат големи донации на црквата. На секое одење сите донираме барем по 100 денари. Милион пати имаме донирано за изградба на црквата Мала богородица иаку знам дека некој бизнисмен веќе го финансирал тоа.

    Знаете што гневен е народот, зашто црквата само зема, а не дава.
    Во католичка црква даваат ручек за сиромашните.
    Протестантските цркви во Америка имаат групи за помош на сиромашни, деца, млади мајки, имаат оние бајбл стади групс за полесно да ја разберат луѓето библијата. И никаде нема на секој чекор кутии за ставање пари, има во еден ќош само. Не возат џипови свештените лица туку одат во мисии низ светот каде треба помош на сиромашни.
    Нашите попови се аналитичари на економската состојба и креираат ценовници.
    Тоа е разликата.
    А прав верник која живее во тој христијански дух знае дека вербата не се купува со пари и донации.
    Налет нека се тие 6000 илјади, радо ќе ги дадам ако одат за некоја сиромашна мајка, болно дете, а не за нови гуми на некој џип.
    Кога дедо ми почина двајца попови трчаа по нас за да ги ангажираме. И лути како тоа не сакате поп.
    Не сакаме, дедо ми не беше верник и си има петокрака на гроб. Тоа му беше желбата. А они како божји лица треба да го прифатат тоа, а не да се мрштат кога ќе речеш дека починатиот не сакал такви обичаи.
    Не е секогаш се за парите, некои работи се многу поголеми од тие смрдливи пари, ама кој да го разбере тоа.
     
    Последна измена: 6 март 2015
    На CameliaMiller, okcenzi, Mishela и 15 други им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Знаеш, за нешто да е општо прифатено мора да има причина зошто е тоа така и како дошло до тоа да биде општо прифатено.
    http://star.vest.com.mk/default.asp?id=157881&idg=8&idb=2491&rubrika=Makedonija
    [​IMG]
    Речиси сите владици на МПЦ се возат во скапи џипови, кои чинат од 30.000 до 40.000 евра или во бесни модели на "ауди", "бе-ем-ве" и "фолксваген" вредни и по 25.000 евра, а возниот парк вкупно им чини над половина милион евра.
    Сите возила на највисоките свештени лица од МПЦ се стари најмногу четири-пет години и речиси сите чинат над 22.000 евра. Некои дури чинат и над 40.000 евра. Автомобилите и џиповите во кои се возат владиците вкупно чинат над половина милион евра.
    Во црковната ергела има џипови "чироки", "ленд крузер", "ленд ровер", "фолксваген туарег", како и луксузни автомобили од моделите на "ауди", "крајслер", "мерцедес", "тојота", БМВ и"фолксваген". Има и поевтини коли како "ситроен берлинго" во кои се возат монахињите и "шкода октавија", а и "лада нива" во каква што се вози епископот хераклејски, владиката Климент.
    Поглаварот на МПЦ Стефан се вози во "мерцедес" од висока класа, а Скопската епархија, за која е надлежен г.г. Стефан, има и џип "гранд чироки". Најевтиниот модел во салоните сега чини околу 40.000 евра. Најскапи и најубави џипови возат митрополитот повардарски Агатангел, митрополитот полошко-кумановски Кирил и поглаварот на Брегалничката епархија Иларион. Агатангел и Кирил се возат и во "тојота ленд крузер", чија цена е над 45.000 евра, а Иларион во "фолксваген туарег автоматик". Владиката Петар завчера дојде во Калишта со "ауди А4", кое чини околу 25.000 евра, а џипот го оставил во Битола.

    Ми се допаѓа тоа со манастирите што го прочитав погоре, барем има избор човек. Ова поповиве само ги одвраќаат верниците. Страшно лоша слика даваат. Поп за време на пост седнал во кафана и гнете колбас. И после кај таков да се оди причест да се земе? Знам дека не се сите такви, ама треба и самите да си го запазат редот и својот однос.
     
    На Mishela, ozbilnazena, Sky-butterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Еден мал милион на пати сум дискутирала на оваа тема, па затоа и сум малку резервирана. Но во однос на се’ мораме да бидеме малку пообјективни и да разграничиме некои нејасни нешта.

    Прво, парите во црквите што ги остава верникот, не се за свештеникот. Бидејќи од тие финансиски средства се одржува Цркавата, се плаќаат сметки за струја, вода... потоа тука се месечните финансиски примања на сите вработени во истата... И ред други пропратни нешта кои излегуваат, како што се појавуваат во сечиј дом.

    Второ, треба да се знае дека свештениците немаат фиксни месечни примања, туку живеат од она што ќе го заработат.
    За некои чудно или не, но еден отец живее од нечии 50 денари, потоа од нечии 100 денари или пак во случајов од нечии 6000 денари од една венчавка. Она што сакам поконкретно да го искажам е фактот дека не секој отец има финасии за џип и не секој отец има финасии за луксуз. Ќе ви кажам пример на отец, за еден од помногубројните, ставени зад завесата на заборавот за кои не се ни дискутира. Отец кој живее од нечии 500, 600 денари неделно, нагласувам неделно, и тоа само од еден парастос.Живее од две-три венчавки на годишно ниво и од 2-3 крштевки на годишно ниво. Па можете слободно да искалкулирате една добра месечна плата од тие финансии?!

    Суштината на она што сакам да ви го доловам како слика е не секој отец има џип и не сите имаат финасии. Поголемиот процент се исто просечни луѓе и личности како сите нас, кои потекнуваат од вистински скромни и сиромашни семејства. Па додека сме кај нив на збор, точно овој отец им кажува на луѓето навистина како е дадено од епископот тој тарифник, но никогаш не им ја земал душата на тие што немале. Па и понатаму оди кај тие семејства и им врши секакви свештенодејствија и тоа без пари. Додека кај сиромашните, не да зема, туку од својот скромен буџет и дава.
    Но, кога сме кај толку озборуваните отци со џипови, ако пореално се анализираат сите ситуации и нивното минато, ќе дојдете само до еден заклучок. Дека најголемиот број на тие отци потекнуваат од вистински ситуирани семејства и кои во животот ни ќе прават куќа, ни ќе прават и создаваат нешто друго, туку се’ имаат од родителите. Па така и на тој начин го добиваат посакуваното.

    Она што постојано го кажувам за сите севкупно, ако сакаме да отците ни бидат хуманитарци, зошто ние не се хуманитарци кон нив?!!!
    Да се запрашаме како еден отец би пристигнал пример да осветува вода во нечиј дом, кога парохијата му е во преголем распон во километри. ЗНачи нормално му треба возило, што не значи дека тоа би бил џип, туку просечно возило. Но, тоа возило нели се движи со гориво или на воздух (ова како бесплатен го рачунам)! И кога повторно би го земала за пример истиот отец од погоре, што да правиме во случајов? Неговата парохија и едно од неговите села каде е парохиски отец е оддалечено 60 км, па сега колку да му платиме?! Па како што рековме ајде човекот нека биде хуманитарен, нека не зема пари за тоа, ама возилото ќе го земе на раце и ќе оди или пак кој би му ставил гориво на тоа возило, кој би го одржувал бесплатно...? Или зошто ни еден механичар не е толку хуманитарен да му го направи за без пари, па да го однесе на регистрација за беа пари, или пак да му стават гориво на некоја бензиска пумпа за без пари?! Или се зпрашал ли некој зошо плаќаат данок на држава и колку плаќаат, а од неа не земаат ништо?! Се прашувам зошто остануваме неми на овие прашања, кога и тој е човек кој живее, дише како сите нас.
    Ајде ќе речеме би работел како сите останати кои се борат за живот, но дали некој знае во суштина што претставува свешентсвото како чин? Дека тоа не е професија, дека тоа е 24 часовен живот. Дека излегува погреб, парастос, маслосвет над болен човек, исповед на болен човек... или слични некои други нешта при кои отецот треба да ги изврши. Па дали ние како еден работодавец кој кај нас би бил тој отец на работа, би му дариле слободна да оди од своето работно место кога што сака и каде што сака, а на крај на месец би добил иста плата како и преостанатаите кои се труделе и работеле повеќе од него?! Искрено не знам дали постои таков човек.

    Секој има разум и слободна волја дадена од Бог. Самиот да расуди :). Ќе се надоврзам само на отецот кој го напишал текстот погоре, дека на отецот тие му се средства за да ги извршува тие чинодејствија. А луѓето кои немаат финасии, никој и никогаш не се оставени од страна на цркавата и сите Свети Тајни како венчавката, крштевка им се прават бесплатно. Но ете некако тоа не се гледа. Нажалост!

    И само едно прашање ќе дадам за крај. Освен овие нешта кои сите ги знаеме дека се наплаќаат, би побарала од некој да ми каже кои чинодејствија не се наплаќаат?! Ако некој ми каже и наброи, ќе процени дека ги има дури и во поголем број од оние што се наплаќаат.
    Но се прашувам каде се сите личности присутни во тие чинодејствија?!!!


    Никој не е присилен да верува во Бог. :!:
     
    На Sunshine.Sunshine, crimson, Mrs.Cuper и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    @Mimi123 изнеси ми го апостолското преемство на верските заедници кои ги нарекувам секти и ако е валидно ќе ги нарекувам цркви. Основно правило за една верска заедница да се нарекува црква е да има апостолско преемство од Педесетница па до денеска.
    И да во Светото Писмо си пишува се`. И затоа дека во храмот имало икони на херувими и дека во Египет луѓето се исцелувале преку моштите на свети пророк Еремија, дека се служела служба за убиените војници, дека свети Товит го учел сина си Товија, да дава задуша на гробовите на праведниците итн.
     
  17. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    @Serafima ne zborime ovde za isklucocoi,se znae za koi svestenici zborime.
    I da,tie ziveat od tie 6000 denari sobrani od mnogu luge.
    Velis odele svestenicite po doma,onie sto bile humani i vrsele obredi bez pari.
    Serafima jas sakam da se vencam tokmu vo toj bozji hram,ne doma.Tamu sakam dago krstam i deteto.
    Ne sakam da baram milostina i humanost od svestenoto lice,sakam da daruvam nesto za taa crkva,nesto da odi za hramot,ama nesto za siromasnite.
    Nema vernik sto odi vo crkva i sto ne ostava pari ili darce vo crkvata.Tie se dovolni za strujai komunalii,veruvaj.
    Ne sakam da vodam esap za Bozjiot hram,no zarem finansite treba da me ogranicatza dali ke dobija blagoslov za mojot brak i dali ke mi bide krsteno deteto.
    Ako odenjeto po doma e isto,zosto se togas bozjite hramovi?
    Zosto se uziva luksuz pri ukrasuvanje na eden Bozji hram.Toa Bog ne go nalaga.
    Hramot go cini smirenieto i humanosta koja blika od nego,ne skapata freska.
    I svestenite lice se luge,no tie se odlucile da bidat pratenici na boga da go usmeruvaat narodot.Toa treba da gi ispolnuva pred se.
    Moze gresam,ama svesteno lice po luksuzni koli mi ja rusat slikata skoroi za site svesteni lica,a svesna sum deka ima isklucoci.
     
    На Mishela, Sky-butterfly, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    @Serafima баш не треба да бидеш резервирана и треба најотворено да дебатираш на темава.

    Ние сфаќаме дека не се сите свештени лица алчни, ама ѕирни го постот на @RainBow само на кратко и ако си објективна ќе видиш зашто народот е разочаран.
    Како викаат само една капка нечиста е доволно да ја размати бистрата вода, ама според горенапишаното не е била една, 10тици се, ако не повеќе.
    Јасно ние на сите кој ги прибира на крај парите, не сме од вчера родени.
     
    На tessie, galapce и Nausicaa им се допаѓа ова.
  19. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Еве сигурно и првите негови ученици(направени светци) биле секташи ;)
    Исус на почетокот имаше седумдесет ученици кои со радост ги слушаа и се воодушевуваа на Неговите поуки. Тие Го следеа до моментот кога Исус почна да зборува дека треба да ја пијат Неговата крв и да го јадат Неговото тело. Јасно е дека не го разбраа духовното значење на Неговите зборови и затоа се повлекоа. Останаа дванаесетмината кои што ги знаеме како Негови апостоли, па им рече: „Да не сакате и вие да си отидете?” „Тогаш Петар Му рече: „Господи, при кого да отидеме? Ти имаш зборови на вечен живот. Ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог” - Јован 6:69. Никој во историјата не рекол ниту помислил да рече дека има моќ да даде вечен живот. Кога би се дрзнал да го каже тоа луѓето не би помислиле ништо друго освен дека е вон разумноста. Тие зборови можеше и ги кажа само Господ Исус Христос, Тој е вечниот Бог Кој се отелотвори и зеде човечко тело за нас и нашето спасение. Исус е Лебот на животот! Тој сака доброволно да Му служиш и да Го следиш. Ако си ја направил одлуката, одиш по патот на животот. Ако ти се чинат Неговите зборови невистинити и тешки, тогаш си во друштвото на оние ученици кои Го напуштија, бидејќи не беа спремни да закотват во длабочината на Неговото учење.

    Ама џабе ќе се објасуваме коги ти си имаш твое мислење, јас мое. И твоето нема да ми наметниш, нити пак обратно :) Да не ја полниме темата со офтопици.
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски
    Да зборуваме пријателски реално цената од 6000 ден за венчавање и 4000 за крштевка е премногу.Замислете просечна плата од 12000 месечно (секако има и со повисоки и пониски суми) да плеснеш 6000 ден за половина час?.А знаеме колку е мајсторска дневница со вртење лопата и малтер цел ден?Секако и на топло и на студено.Значи разлика и те како има во вложениот труд.
    Од друга страна Црквата сама си прави народот да ја губи вербата.Зошто им се тие силни автомобили?Јас лично никогаш не сум видела поп со југо или стар голф или мала куќа.Нека си внесат дека не смеат да возат такви автомобили да не бодат очи со ништо ,народот поинаку ќе се однесува.(секоја чест ако има исклучоци )
    Но,она што не чини е дека тие немаат плата па затоа си земаат за слобода да ги качуваат цените.Тоа мора МПЦ да си го реши на некој начин,односно да си го реши статусот на свештените лица.Јас се согласувам на пример на месечно или годишно ниво да издвојувам некоја сума на пари за Црквата но мразам кога свештеникот ќе ми побара 200 ден. за крстење вода или како кога умре свекрва ми 3000 ден и ништо помалку.Премногу е навистина.Разбирам јас дека немаат плата а имаат семејство ,ама еве сум имала моменти кога и јас сум немала па црквата како таква никогаш не ми помогнала.Пари на икони не оставам зашто за мене е глупост пред света слика да мафташ со банкнота туку во посебните сандачиња.
    Како во се ,така и во Црквата се потребни реформи да се дојде до некое заедничко решение кое ќе биде прифатливо барем за мнозинството ако не за сите.
    А знаете што е најлошо,што кога крстите деца или венчате се спремате однапред,кога имате смртен случај често пати ве фаќа неспремни.И тогаш сте оставени да си го барате чарето,да позајмувате ...
    Мислам дека допрва ќе има незадоволства од ценовникот.
     
    На Mishela, sanja.burgundy, RainBow и 6 други им се допаѓа ова.