Мислам дека насловот на темата е јасна, тоа е за оние кои сме православни да си го искажеме мислењето и револтот од односот на нашата црква кон нас верниците, темата не е како и секоја друга тема во религијата да не убедува некој дека не треба да бидеме православни, да си ја менуваме верата. Тој што сметал дека треба да си ја смени, ја сменил, веќе ми се здосади во секоја тема било да има врска некаква или како во случајот да нема да се агитира агресивно за друга вероисповед, да се напаѓа само нашето а да се велича туѓото. Колку и да сум незадоволна од свештенството повторно ќе бидам православна, никој и ништо нема да ми ја промени таа константа. Не е, мислам дека е протестант.
Бог не им даде власт, Светиот дух се симна и ги благослови апостолите со знаење, односно им даде благослов - сите јазици на земјата да ги зборуваат за да можат да го проповедаат и да го шират христијансвото. Не им даде ниту коли, ниту џипови, а најмалце им зададе задача да собираат донации за да позлатуваат икони. Како верници (не се однесува ова на тебе) треба да се разликуваат евангелисти и апостоли, како што се разликува поп и црква. Македонската Православна Црква не е корпорација, поединци како Стефан и останата багра се оние кои возат џипови во вредност од еден убав стан. Македонската православна црква треба да се испочитува и да се негува историски бидејќи Охридската и Кипарската архиепископија се единствените архиепископии кои се легитимно признаени од страна на Константинопол (Цариград). Веројатно не знаете дека со историски факти и документи со престанокот на Печката патријаршија (СПЦ) во време на Отоманското владеење, само дијацезата (територијата) на Охридската архиепископија функционирала и го покривала целиот Балкан, вклучувајќи ги Влахија и Молдавија (денешна Романија) затоа и се` уште се интензивни контактите со тамошната православна заедница. Црквите биле нарачувани, сликани од ктитори (владетели) што вложувале златници за да може да опстојува една црква, а за замена нивните историски портрети биле вметнувани покрај Христос или Богородица. Современата црква треба да е финансирана од државата, бидејќи секој граѓанин одвојува даноци што влегуваат во државната каса и се распределуваат за државни потреби. Црквата е државна потреба бидејќи мнозинството граѓани се православни и оттаму треба да се преземат драстични мерки од граѓаните и да се расчисти “кражбата“ што се случува. Секој граѓанин доколку сака и колку сака може да остави денари или друга натура меѓутоа не смее да се обврзува со ценовници бидејќи Црквата треба да е финансирана исклучиво од државата.
Читајќи ја темава, ми текна на една случка од минатата година. Имено, за Велигден, доаѓа поп заедно со помошник, да ни го осветуваат домот. По завршување на молитвата, адет е да се даде неколку јајца и паричка. Јас, за несреќа бев сама дома, и единствено имав 50 денари во новчаник. И им подавам неколку јајца, и од новчаникот ги вадам париве, значи пред нивните очи, и сами видеа дека тоа ми беа последните пари и ги подавам, и тој помошникот ми вели, цитирам :'Ама обично даваат по 100 денари'. Ми дојде во земја да пропаднам.. И така господава ме почекаа, додека бев до комшии да позајмам уште 50. Така да, во милоста на МПЦ јас не верувам..
Рама не именуваш никого ама бољи да именуваше. Како од кои пари донираме? Не биле од науката, од што се од црквата да не се? Науката не ја мешајте со црквата и бог, немаат никаква допирна точка. Да не била науката, сеуште ќе сме мислеле дека земјата е рамна, ја држат слонови, дека сите орбитарат околу неа а не обратно. Коперник познато, нешто? Да не била науката сеуште ќе се умирало од треска, дифтерија и ред други болести. Од трудот наш се парите,од тоа што трчаме работиме и се мачиме од 7до 5. Од молење на бога не се полни сметката во банка. За црквите на секој чекор не се бунам само јас, двеста пати поголеми верници од мене реагираат. Затоа што нема потреба да има повеќе цркви него училишта и градинки и болници.
@EvAngelos , не случајно те прашав на која религија припаѓаш? Не ги читав твоите претходни постови, но сега те прочитав и чудно ми е тоа што за црквата во која не припаѓаш коментираш идаваш мислења, а за протенстантската тврдиш дека функционира на доброволни прилози?! Искрено малку ми е чудно тоа зашто пред 20-ина години додека студирав имав цимерка од едно струмичко село (Муртино??) мислам дека беше, која двапати неделно одеше во ,,црква“. И уште незапознаени шо се вика почна да ме убедува да одам со неа во црква. Јас на почеток не и обрнував внимание што и како само ми беше малку чудно што во црква одеше попладне, предвечер. И така после неколку месеци нејзино убедување да и праам друштво иако воопшто во ништо не се соглсувавме освен што делевме стан со уште две девојки, ја седнав и ја прашав да ми објасни што сака од мене и кајќе ме води. Е тогаш девојката ми кажа дека е протестант, дека во ,,црквата“кај што оди сите се добри, дека нивната религија е вистинска, се друго е секта, дека ако отидам со неа и ја примам ннејзината вера и таа и јас ќе имаме корист од тоа. Ја слушав и не можев да поверувам, девојката и покрај тоа што знаеше дека сум православна христијанка се дрзна да ме убедува да ја променам верата. И она што сакав да го напомнам во контекст на муабетот за ,,доброволните“ прилози, таа иста девојка плаќаше чланарина 100 денари кога одеше преку недела, и 200 денари за викенд. @EvAngelos ти се извинувам што те споменувам на овој начин (ти започна) и ќе те замолам да ја почитуваш мојата МПЦ и да не коментираш за нешто што не те засега.
Зинаја за пари како волови,од Божјите храмови почнаја бизнис да си прават резил да му е страм да му е ...
Македонија, за жал или за среќа, е секуларна земја и со уставот државата е одвоена од верските заедници (меѓу кои спаѓа и МПЦ). Понатаму во Македонија има закон за верска рамноправност, што значи дека сите верски заедници (МПЦ, Католичката црква, протестантските цркви, ИВЗ, Еврејската заедница итн.) се еднакви пред законот и државата не смее да фаворизира или да приоретизира ниту една верска заедница. @zvecarka јас не сум православен, туку протестантски христијанин, но одлично ја познавам тематикава и затоа ја користам слободата на говор за да го искажам своето мислење на овој јавен медиум. Инаку јас станав христијанин (се разбира протестант) на 21 година, но пред тоа не бев православен, туку атеист. Така што мојата промена на вера беше од атеист во (протестантски) христијанин. А потоа во моето истражување и едукација солидно се информирав за православието и други религии.
Јас нескромно ќе се пофалам дека ги познавам скоро сите протестантски цркви во Македонија (а без исклучок тие во Скопје) и до сега не сум сретнал таква што наплатува чланарина, па уште 100ден преку недела, а 200ден за викенд Дај ти се молам, веројатно несакајќи си се дезинформирала. Како и да е, моја должност како познавач на Светото Писмо е на темава да информирам дека Светото Писмо е против ценовници во христијанските објекти што се нарекуваат цркви и дека таква пракса немале Исус и апостолите. Протестантските цркви ги спомнав само како пример дека црквите можат да опстојуваат без никаков проблем и без ценовници, туку само на основа на доброволни прилози.
@EvAngelos колку за твоја информација, минатата недела вас и на сите ваши протестантски заедници анатема и проклетство ви фрлија сите православни епископи, вклучувајќи го и дедо Стефан кој го клеветите кога и да имате можност, но и дедо Јован и тоа заедно со митрополитот Светопетроградски Варсануфиј. За твоја жал и за жал на сите ѓаволи и еретици, а за радост на Бога - Пресвета и секогаш поклонувана Троица Отца и Сина и Светиот Дух, на Пресвета Богородица и на сите светители и христијани, дедовците Стефан и Јован ќе се измират и ќе служат заедно, а по службата ќе ја потврдат анатемата фрлена врз еретиците. Протестантските заедници се финансираат од десеток, а во време на мисионерење се финансираат од странство. (За што начесто враќаат со шпиунирање.) Дека Православната Црква е душата на овој народ доказ е тоа што никогаш клирот не јго напуштил ова парче земја, ни во турското ропство, ни во атеистичкото. А секташите бегаат.
Уставот може да се смени како што се смени во делот за брак. Стојам на ставот дека преку даноци и други обврски граѓаните го исполниле своето право дури и премногу за да се прават дополнителни трошоци со одредена тарифа повторно врз грб на граѓанинот. Протестанството нема клучно историско значење на територија на Македонија како што има исламот и православието. Сите цркви што имаат историско значење мора да влезат во делот на културно наследство и да бида спонзорирани и одржувани од страна на државата.
@EvAngelos , Воопшто не сум се дезинформирала, такви работи не се забораваат(јас не заборавам), а може ќе ми кажеш и дека не ме убедувала да преминам во протестанти?!
Не знам во што те убедувала, од каде би знаел кога не знам за кого станува збор? Обично знам дека протестантите ги канат своите пријатели на богослужба со цел да слушнат некоја порака од Библијата затоа што ние веруваме во оваа изјава на апостол Павле: „Затоа што верата доаѓа од слушање на пораката, а пораката од Божјото Слово“ (Римјаните 10:17, Библијата) А за тоа со чланарината сум 100% сигурен дека е дезинформација. Еве кажи за која точно црква станува збор и ќе ти дадам и мобилен телефон од пасторот да се јавиш да прашаш колку чини чланарината па да видиш како ќе го насмееш на телефон
@EvAngelos , немам намера веќе да дискутирам со тебе зашто темава воопшто не се однесува на тоа за кое ние почнавме да полемизираме. Немам намера да се јавувам никаде за да ми потврди или негира нешто на кое сум била сведок. Секој од нас припаѓа на некоја религија и фер и човечки е да ја критикува или фали само својата сопствената, се останато е нечовечки и нехристијански. Јас уште еднаш им се извинувам на сите протестанти што дозволив да ме испровоцираш. Среќно.
Уште кога бев дете имав одбивност кон поповите, сега знам зошто! Затоа што се корпорација.. и не се посветени на својата работа, а тоа е љубов кон Бог и истата љубов да ја шират на народот, а не љубов кон парите... Чао пријатно!
Тоа што така жестока дискусија се развила овде, е показател за состојбата во која се наоѓаат нашите души, така што кога ни пречат цените нека барем си знаеме дека сме скржави.
Овој текст е токму за денешницата, а авторот на овој текст е наш современик. Така што, ни тој самиот не би знаел да говори за друга реалност од таа која ја опишува. Значи, не се работи за никаква теорија туку за живо сведоштво кое воцрковените го практикуваат секојдневно. Тие верници коишто имаат духовници знаат како функционираат работите - а тоа е токму како што е опишано во горните реченици. Ако вашиот духовник, повторувам - духовник, а не друг свештеник којшто повремено согласно распоредот за богослужби служи во црквата, ви наплаќа Бог знае колкави суми, тогаш веројатно станува збор за аномалија, односно за исклучок од правилото за ненаплаќање. Врската меѓу духовникот и духовното чедо не се купува со никои пари. Во секој случај, низ целата тема преовладува моментот на ставање акцент врз аномалиите и грешките во постапките на свештенството, како ние да сме експерти коишто точно знаеме што таму недостига и е погрешно. Некои од членовите многу добро споменаа, никој не говори за добрите дела на свештениците. Впрочем, таква е природата на човекот, се задржува само на лошите нешта. Затоа и немаме тема каде што се дискутира и се кити со епитети личноста на свештениците или клирот воопшто- коишто направиле добри дела. Знаете, тоа не е скандалозно ниту е интересно за читање. Новинарите, чијашто задача е да ги подгреваат страстите, ги актуелизираат токму ваквите теми за да собираат лични поени, а не за да допринесат позитивно во медиумскиот простор. Ретко кои медиуми се огласија после веста дека не сите епархии ќе ги зголемуваат цените. Цените нема да бидат зголемени во епархијата каде што живеам и јас. Што значи, мноштвото свештеници што служат најчесто по рурални средини ќе трчаат безглаво да го заработуваат лебот, додека другите ќе служат „од хоби“. И, за да не избегате од вистинскиот суд за оваа тема, задржете се на тоа дека верникот којшто ја сака својата Света црковна заедница со задоволство остава доброволен прилог во пари или друга материјална донација за да го обезбеди нејзиното функционирање. И не галами за тоа. Обично ваквите теми прават разлика меѓу номиналните и вистинските верници. Тука паѓаат маските, тука се откриваат лицата.
Темава е многу јасна на што се однесува и ве замолувам да се задржите на неа. За се' друго што сакате да дискутирате сторете го тоа во соодветната тема.