1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МПЦ- бизнис корпорација или верска институција за народот?

Дискусија во 'Религија' започната од Hipster, 5 март 2015.

?

Нов тарифник на МПЦ, ја оправдувате ли одлуката за поскапување на верските обреди?

  1. Да

    7,4%
  2. Не

    92,6%
  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Од моја гледна точка цените се високи ако се земе во предвид најниската плата во државата .9600 денари не се којзнае е колку пари а и некои немаат ни толку.
    И што е најболно услугите од свештениците им се најпотребни на сиромашните.
    Мое мислење е дека треба да се има задолжителна тарифа која ќе биде напола од сегашната и другиот дел на доброволна основа.
    Сите не сме во можносат да плаќаме исто и тоа треба да се земе во предвид.
    Верувам дека секој верник,настојува да даде максимален прилог.
    Но овој пристап МПЦ е погрешен.На овој начин, тие зголемувајќи ѓи цените, ќе остават многу верници без најосновните услуги.
    Се е во зависносат од добрата волја на верниците и свештениците.Ќе земам еден пример
    Кај нас венчавка во манастир се плаќа на доброволна основа.
    Значи цената е колку имаш толку.
    Затоа пак и повеќето венчавќи се случуваат таму.
    Учествуваат сите од фамалијата, кој повеќе кој помалку и се доаѓа до прифатлива цена.
    А и манастирот е виден и посетен.Се разбира и секој од присутните остава свој прилог и при првата можност е посетител на истиот.
    Па свештениците од црквите , нека му ја мислат дали ќе ги покачат цените или верниците радо ќе се одлучат за манастирот.
    Значи и тука треба конкуренција.
     
    Последна измена: 8 март 2015
    На Tanjamm, Mama25, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  2. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Bitterce da ne me pomesa?Jas ne rekov deka sme clenovi,tuku reagirav na istoto kako i ti.
     
  3. anel

    anel Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    19.937
    Пол:
    Женски
    Не сум сигурна, дали плаќањето е задолжително или се е оставено на воља на свештеникот. Ако грешам исправете ме. Мислам дека утврдувањето на ценовникот од страна на МПЦ нема врска со карактерот, посветеноста, одрекувањето од својот " приход" на било кој свештеник. Да не се генерализираат работите. Јас ќе кажам само два примери.
    На мојот син кој е крстен во црква и притоа се платени сите потребни давачки, после 13 год.јас не можам да му извадам крштеница, затоа што не е запишан никаде. И свештеникот од истата црква кога има смртен случај вели " добро е, денес има работа".
    За разлика од него свештеникот кој е сега на нашиот реон кога го осветувавме станот отидов да го распрашам што се е потребно и нормално да прашам и колку кошта тоа. Ми ја кажа цената ама ми рече ако не сте во можност не треба ништо. И кога свети вода ако му дадам повеќе пари секогаш ми враќа и вели остатокот ако сакате дадете го во црква, не мене.
    Знаци ценовникот нема да го направи свештеникот човек или нечовек, се е до неговиот карактер.
     
    На Serafima, anina, Daydream и 4 други им се допаѓа ова.
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Oф леле.

    Jас го употребив зборот „член“. Во состав на една духовна заедница, со потенцирање дека се работи за истиот како индивидуа којашто чувствува припадност некаде, па ми изгледаше помалку соодветно да кажам само „дел“. Никаде не спомнав такси, членарини и списоци како во библиотека кога се зачленуваш.
     
    Последна измена: 8 март 2015
    На galapce, danichap, anel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Е баш сум сега за брзо на свадба и баш ќе го прашам братучет ми дали попот им побарал пари стрикно според ценовиник или им рекол деца божји ако имате да дадете за свадбава 100евра океј, или дадете колку имате, а ако немате здравје.
    Само се плашам дека однапред знам што ќе биде одговорот.



    Али сепак се тоа е сосема "небитно" дали ќе кошта 4000, 6000 или 10 000.
    Битното е, проблемот е во своеволното креирање на ценовникот и зголемување на цени под аспурдни изговори.
    Никој не се буни дека плаќа пари, само ни е нејасно како они си ги креираат тие цени.
    Знаете економски како се креираат цените? И зашто расатат цените на прозводите? Знаете верувам сите, или повеќето.

    Како верници должни сме да сме информирани за причината на новиот ценовник. А зголемен стандард на граѓаните не е.
    Ме иритира што мислат дека сме морони неписмени и небразовани па како сакаат ќе не фарбаат.
    Друго прашање се наметна и никој немаше одговор или пак не сакаше да одговори кој регулира работата на свештениците, колку тие заработуваат и дали имаат доволно за живот? Ако никој, како знаете дека тие навистина немаат приходи за нормален живот?

    Цените на парното и струјата пораснаа ние молчиме, цените на храната пораснаа исто молчиме, кафето го поскапија за 30 посто ништо, сега стигна на ред и ценовникот на црквата, а пак платите не пораснале со години и пак молчиме.
    Тоа за вас е бунтовништво?
    Различна дефиниција имаме очигледно.
     
    Последна измена: 8 март 2015
    На sadgirl21, Marossa, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Прво не го разбирам наплаќането за крштевање на дете, треба да им биде чест на невино новороденче родителите се решиле да ја прими Христијанската вероисповест. Може да биде верник тоа и без тој чин, ако го научиш на обредите. За погреб наплаќаат 2500 денари и на секое изнесување по 1000 денари што е голема пара за денешно време, каде се останатите трошоци. Во црква според мене не треба да се наплаќаат свеќите и онака сите кои влегуваме на иконите оставаме по некој денар, кој колку има. За кршење лепче за слава исто има тарифа, за венчање одредена сума кумот итн итн. Не ги оправдувам со тој нивни ценовник ама ИЧ! Бев болна и отидов во црква да ми прочита попот молитва за здравје и му подадов 100 денари ми рече ако сакам да оставам пари на иконата него нетреба да му давам, излегувам и ме сретнува клисарката и ми вика ти му даде на попот пари? Викам на иконата ги оставив. Запрепастена бев од тоа дека ме посочи да ги земам парите и да и ги донесам на нејзе за да запише во тетратка.... :@ Попот за сите работи сигурно нема да си отиде без скршен денар. Секој поп вози енормно скапи коли заработени од нивните ценовници. Може немам пари за да купам свеќа а сакам да запалам, нели бидејќи ја пишува цената ќе ми биде незгоднои срам да прашам да земам така бесплатно. Читам коментари дека тие свешетени лица (кои по мое мислење ретко кој од нив е во правилна смисла поп, зошто за мене лично МОНАСИТЕ се посвештени од поповите) како бе баба ми кажува на времето не наплатувале ништо, татко и бил клисар а не зимал пари за тоа што го работел во нивната селска црква. Премногу ме фрустрираат и вработените во црквата и поповите, тоа е.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    And He said to them:- "Go into all the world and preach the gospel to every creature"....

    Можеби некој ќе рече дека ги испревртувам работите но јас никаде во Библијата неможам да пронајдам збор кој вели продавај ја /наплати ја верата. Сметам дека како црква тие треба да ја шират верата. Не да ја наплатуваат. Затоа што тоа е нивната Господова заповед.
     
    На Mishela, Hipster, Hipica и 8 други им се допаѓа ова.
  8. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.238
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги сфатам тие кои го оправдуваат мешањето на парите и религијата. Не знам на што проповедаат Протестантите, не знам ништо за Муслиманите и Католиците, ама ова што го прави МПЦ нема оправдување. За куќна слава доаѓаат и пеат лепче со ценовник. Пред две години му дадов на попот 200 денари а тој ги „преброја„ и ми побара 300. Зарем не е срамота? Дај ми фискална кога одиш по ценовник. Ако немаш фискална дај ми сметкопотврда. Зарем не е срамота едно шишенце крстена вода да го платам 30 денари? Јас веќе сум влегла во црквата и сум оставила пари. Колку имам толку. Некогаш 100, некогаш 500, колку што ми се можностите. Ги оставам за оние кои имаат помалку од мене а не за здравје. Јас не планирам да го поткупувам Бог со 300 или 30 денари. Религијата е религија а парите се сосема друга работа. Ако немаат пари не мора да има икони од илјадници евра во црквите. Ако немаат пари не мора да ги средуваат црквите со луксузни дворови и паркчиња (зборувам за мојот град). Храмот божји не се проценува според материјалното во него. Ако немаат пари поповите нека го испотат газот и нека поработаат и друга работа.
    Еве на пример и за Водици кај нас, никој не се стреми кон капењето за здравје туку за финансиската надокнада која ќе ја земе оној кој го фаќа крстот. Тоа се цели групи кои договараат како да се фати крстот. Се тоа оди во договор со попот, кој крстот им го фрла во раце. Големи пари се вртат со таа работа. Зошто?
    Најгрда слика која сум ја видела во животот беше кога и дававме на задуша на баба ми. На гробиштава обично пеат 4 попови и имаат некаков ред. Ама баш тогаш имаше 6 попови кои за да се престигнат еден со друг го газеа гробот за да стигнат до другиот. Се со цел за да земат повеќе пари. Не можам да ви објаснам која страшна слика е тоа кога свештено лице гази на вечниот дом на некој твој близок.
    Едноставно самите свештени лица ти даваат повод да развиеш лоша претстава за нив. Со чест на исклучоци. Јас знам само двајца попови кои не чекаат пари кога ти влегуваат дома за да пеат. Мислам дека дури и им е незгодно да земат.
     
    На Mishela, zvecarka, Marossa и 3 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.150
    Ја следам темава активно и целосно ги сваќам аргументите во обостраната дискусија.

    Али не можам а да не приметам некаква пропаганда за протестанството под закрила на оваа дискусија...мене барем ми делуваше одбивно тој обид да се нападне православието со аргументи кои не се соодветни за оваа тема.
     
    На orevokrsacka, bittersweet, faye и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    @danichap и јас тоа го забележав. Некои мислат дека си најдоа место каде ќе можат да пишуваат што сакаат. Ако ние сме изнервирани за нешто тоа не значи и дека сме заслепени. Многу потценувачки.

    Јас можам да кажам што ми смета, можам да се лутам на МПЦ ама никогаш нема да дозволам некој да каже лош збор за мојата вера. Што и да биде, јас сум се родила и ќе умрам како Православна Христијанка.
     
    На Tanjamm, Rama, orevokrsacka и 7 други им се допаѓа ова.
  11. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    тогаш кога ќе имам дете здравје Боже ќе одам и ќе си го крстам во Бигорски таму не се плаќа ни за венчавка ни за крштевка и ќе си дадам пари од срце колку што милувам без некој да ми одредува тарифници.
     
    На Tanjamm, okcenzi, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
  13. martina4

    martina4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
  14. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Денеска во неврзан разговор другарка ми ми кажа дека секоја година пред велигден им доаѓал поп дома.
    Им доаѓал да ја испее куќата и оставал вода,таа светената.
    Не дека они го викале туку екоја година поминувал еден поп во цело маало,претходно им се најавувал дека ќе дојде да има некој дома. Се е тоа океј, само не е океј што има тарифник. 150 денари од куќа за 5 минути, и помалку. Кај неа во маало има барем 30 куќи, што тој за 2 часа секаде може да помине.
    Фискална нема,а има цена 150 или ништо, а порано им викал колку имате толку.
    Не знам што да кажам веќе.
     
    На okcenzi и galapce им се допаѓа ова.
  15. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Коштаплерај од невидени размери
     
  16. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Немаш што да кажеш. Како поинаку тој би купил добра кола? Како поинаку тој ке ждере прасиња?
    Тоа е. Јас на попот наш паричка му немам дадено и нема ни оваа год. Ако сака да пее нека пее, ако сакам да му дадам ке му дадам колку сакам, ако не тоа е.
    Проблемот ми е мајка ми, што одма за паричник се фаќа. Морам прво со неа да се распаравм.
    За време на Велигденски пости, нашиот поп јаде ребро во кафана. Па имај обзир човече бар скриј се дома да не те гледаме.
     
    Последна измена: 4 април 2015
  17. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Главен проблем кај православието не се џиповите на владиците туку ерозијата на верниците или поточно кажано верници од празник до празник. Како што одминуваат годините се помалку има вистински верници кои верата ја практикуваат на вистински мачин. Денес гледав на тв снимки од цркви како се празнува денешниот празник, видов многу девојчиња со фустани на прерамки што е непримерно однесување и недозволиво така облечена да одат во црква.
    Второ, половина од младите не знаат правилно да се прекрстат а камо ли да знаат и практикуваат молитва.
    Трето голем дел од нив во црква одат нечисти, нечисти во смисла на тоа што претходната вечер имале односи пиеле а утредента одат во црква, што исто така е грев.
    Верата не е само одење во црква туку со верата се живње 24/7. Кога лугето би имале верба во бога лесно би се справиле со цените, но проблемот е што како што некој рече 100 евра за вибратор е малку а 5 денари за свеќа многу.
    Според вашите дискусии што треба да направиме да бираме вера која е поефтина?
    Ако земеме во обзир дека Исус Христос го жртвувал својот живот за она во што верува, смешни се вашите тврдења дека неможат лугето да си дозволат крштевка венчавка... Колку ве кошта свадбата? Стотици евра така? А зошто ја правите, за да се испијанчат роднините да се угушите во пот и да фрлите парите во ветер.
    Погледнете ги само муслиманите колку си ја бранат верата и колку се единствени во тоа а ние очи ќе си исповадиме помеѓу себе и се натпреваруваме кој повеќе ќе ја наплука МПЦ.
     
    На Orthophill и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    И меѓу поповите има добри луѓе. Во мојот град почнаа да помагаат на сиромашни. Тоа ме мотивира почесто да одам во црква и да оставам некој денар повеќе. Во црквата Свети Никола во Крушево имаше кутија за помош на многудетни семејства и тој пример треба сите цркви да го следат.
     
    На Rama, Orthophill, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Да ти одговорам во соодветната тема.

    Се грижам и сакам да знам како ги распоредува црквата - бидејќи јас можеби сум ги дал за сиромашните, а тие ги пренамениле за 50 метарски крст или нов џип, на пример.

    Се грижам, затоа што, како што велиш - парите доаѓаат од народот, и би било фер народот да знае и за што се трошат.

    Се грижам, бидејќи не плаќаат никакви даноци - нешто што е одлика на криминални организации.

    Ме загрижуваат многу работи во врска со парите и со нашата црква.

    Едит:
    Не реков дека тоа што го прави е незаконски, ама мислам дека би требало да биде. Црквата треба да плаќа данок и да поднесува сметка за своето работење до релевантните институции, како и сите други регистрирани здруженија и организации.
     
    Последна измена: 24 март 2016
  20. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Ti mozebi si dal ama sepak ne si gi dal tuku si gi dal na crkvata.Toa se dva razlichni poima.


    Narodot nemoze da znae ako crkvata resila da dade za dobri celi,bidejki veke napomenav ne e odlika na vernicite javno da pokazuvaat kade pravat dobri dela.


    I po ekonomija si slab,dokolku drzavata ne utvrdi danok toa ne e kriminal.Nemaat danok zemjodelieto i pazarite isto taka.