Добри вести Вселенската Патријаршија конечно ја призна МПЦ-ОА за канонска црква и нема веќе да бидеме етикетирани како расколници Многу се оддолжи признавањето и беше целосно непотребно и неправедно што не третираа како отпадници, ама при сила, нема правдина
Мене како што ме дал Господ скептична и сомничава за се', нешто ми е чудно во целава оваа работа. Имам некое чувство на нелагода и многу прашалници. Има ли овој потег на Цариград некаква политичка заднина? Зошто баш сега, што се случи со преговорите меѓу СПЦ и МПЦ кои беа во тек? Беа ли тие запознати со ненадејнава одлука на Вселенскиот патријарх? Не сакам да бидам погрешно разбрана, ама на Гркот не му верувам ни подароци кога носи.
Ако внимателно ја прочитаме одлуката на Светиот и Свештен Синод на Мајката Црква - Вселенската Патријаршија ќе видиме, дека преговорите со СПЦ мора да продолжат. Но, сега сме рамноправни. Со ова одлука само се поништени крајно понижувачките одлуки со кои СПЦ 55 години не` понижуваше и омаловажуваше.
Bas sum radosna Sto Vselenskiot patrijarh ni ja prizna nasata kanonska crkva Kako I so site drugi.m Konecno nasata crkva vekovna moze da izleze na povrsina.v
Конечно радосната вест на која сите се надевавме! Српскиот патријарх Порфириј денес во храмот "Свети Климент Охридски" во Скопје, објави дека Соборот на СПЦ одобрува и признава автокефален статус на нашата МПЦ - ОА! Нека ни е за многу години денешниот празник, слава на Бога!
А што е всушност разликата меѓу таа вест пред десетина дена за признавање на Црквата како канонска и денешното признавање на автокефалност?
Тогаш Цариград ја тргна шизмата со која бевме обременети од 1967 г., (бевме тогаш прогласени за расколничка црква од Спц бидејќи сами си ја возобновивме автокефалноста), и не прими во канонско и литургиско единство со другите помесни православни цркви. Всушност, прв чекор кој требаше да се направи за да се пристапи кон вториот денес - признавање целосна независност, автокефалност на нашата црква.
Само да појасниме, вчера добивме усна потврда, дека МПЦ-ОА е автокефална. Конечната автокефалност ќе ја добиеме во моментот кога Мајката Црква - Вселенската Патријаршија ќе го издаде фамозниот Томос за автокефалија. Радостна е веста, дека и Московската Патријаршија нема ништо против нашата автокефалност.
Да доби автокефалност ама само на територијата на Северна Македонија, значи надвор од Мк секоја црква која била под надлежност на МПЦ нема веќе да се под јурисдикција на МПЦ, чии ќе бидат тек ќе дознаеме, со овој кукавички чин на синодот на МПЦ ефективно се откажаа од сите македонски православни цркви во дијаспората. Радувајте се на тоа дека над милион иселеници од Мк ако сакаат во црква да одат ќе имаат српски ( претпоставувам) попови, за крштевки, венчавки, погреби тие ќе се надлежни, браво на Стефан успеа да го разнебити македонскиот народ.
Игор Аврамовски “Алекандров“ Ве манипулира? Дијаспората останува под МПЦ-ОА. Во томосите на сите помесни Православни Цркви сегде е јасно нагласено, дека диоцезата им е само во татковината. Не и надвор, но никој до сега не им забранил да си формираат епархии и парохии надвор од татковината. Дури и да премине дијаспората под Вселенската Патријаршија, ќе си останат македонските епархии и парохии и никој не ќе може да ги погрчи, посрби или побугарчи... Иако Христос е ист за сите; и црквите, па дури и оние во странство не треба, и не смее да се претвораат во етнички клубови...
Мене лично никој не ме манипулира, не знам ни кој е тој што си го напишал, доволно сум писмена да ги прочитам сите информации кои се пласирани во јавност и ако во сите тие информации се пласираат истите работи тогаш си носам свој заклучок а заклучокот е тој, се откажуваат од дијаспорските цркви, веќе почнаа со отповикувањето на поповите по црквите во Австралија и во САД. Ако не се етнички клубови црквите тогаш чему потребата една друга да се признаваат, нели исти сме, еден е Христос за сите нас?
Кои попови се отповикуваат? Можеби има промена на кадар, но јас имам другар поп, кој треба да замине во Австралија. Запопен е баш скоро, во текот на преговорите. Од дијаспората ниту се откажал некој, ниту ќе се откаже. Ниту пак Вселенската Патријаршија ќе се нафати да ја раководи македонската дијаспора. Замислете што би било тоа? Нови кавги, тепачки, бескрајни судски спорови, расколи... Црквите имаат јуриздикција на територии, не на народи. Тоа што се случува во дијаспората е циркуз. Не може во ист град да постојат 2,3 па и повеќе Православни Цркви (не храмови, туку заедници, храмови дај Боже и 10.000 да има). Една е Православната Црква и еден треба да е епископот кој управува со локалната црква во градот. А, не во еден град па макар и во дијаспората да има македонски, грчки, српски, бугарски, руски, арапски владика... Нема македонски, грчки, српски, бугарски, руски, арапски Христос, не може ни да има македонски, грчки, српски, бугарски, руски, арапски владика. Во манастирот на свети Евтимиј, чинам беше, секој народ си имал своја црква, каде се молеле и ги служеле утрените и вечерните, како и часовит на свој јазик, но литургијата ја служеле заедно. Така и во дијаспората, треба секој народ да си има своја црква(храм), да си се молат на свој јазик, но да бидат под власта на еден владика, без разлика на неговата националност. Само за ова ќе ни требаат уште 30-50 години за да пораснеме. Оти и недораснати владици има, исто како што има и недораснат народ. До тогаш секое племе ќе си има своја Црква(заедница).
Имињата на сите помесни Цркви според одлуките на Цариградската Патријаршија се од следниов тип: - Белградска Патријаршија - Црква на Србија (но, не и Пеќска Патријаршија, како што е историското име, титулата на патријархот ЗА ВНАТРЕШНА УПОТРЕБА е митрополит Белградско-карловачки, архиепископ Пеќски и патријарх Српски) - Софиска Патријаршија - Црква на Бугарија (но, не и Трновска Патријаршија, како што е историското име, титулата на патријархот за внатрешна употреба е митрополит Софиски и Патријарх Бугарски) - Московска Патријаршија - Црква на Русија (титулата на патријархот за внатрешна употреба е патријарх Московски и на целата Рус (Рус значи Русија, Белорусија и Украина)) итн. Според оваа логика, МПЦ би требало да се именува Скопска Архиепископија - Црква на Северна Македонија. Но, Константинополската и Вселенска Патријаршија, ќе направи отстапка и нашата Црква ќе ја именува по древното име на славната Охридска Архиепископија.
Зошто се уште не сме ја документирале овде веста за признавањето на автокефалноста од Москва? РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ЈА ПРИЗНА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ЗА АВТОКЕФАЛНА ЦРКВА http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/rpc-mpc-2022/ Се надеваме и на заедничко богослужење на поглаварите - архиепископот Стефан и патријархот Кирил во блиска иднина.
Московската патријаршија прави напори за МПЦ - ОА да остане на руска линија со РПЦ и да не ја продолжува длабински соработката со Вселенската Патријаршија. Московската Патријаршија и Вселенската Патријаршија водат превласт за Цари Град откако Украина доби автокефалност. Руската Православна Црква прва ја призна МПЦ - ОА под нејзиното име "Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија" додека Вселенската патријаршија планира тоа да биде само под "Охридска Архиепископија" а пак ова е оспорено од Бугарите и највероватно ако МПЦ го добие томосот од Вартоломеј тоа ќе биде под името "Православна црква на Р. Северна Македонија". Се спрема раскол во православието за превласт. Москва под себе ги држи Белоруската, Казахстанската, Кинеската, Јапонската, Пакистанската и Украинската православна црква - Московска Патријаршија а исто така и Српската црква е на таа линија под Москва а сега сака и Македонија да остане на таа линија.