Јас прво се зачудив зошто овие земји се претежно атеистички или пак си одат по нивно таму, будизам, шинто итн.. Ама и двете се под јуриздикција на РПЦ и Русија е главниот играч за формирање на овие цркви, Кинеската настанала како резултат на ширењето на руската империја длабоко на исток. Меѓутоа со доаѓањето на комунистичката партија во Кина има период каде е под рестрикции што е очекувано но кратко време и повторно е разобновена, кинезите не можат да им мрдаат на русите, зошто СССР ја создаде Народна Република Кина т.е не ја создаде но најмногу поддршка добиваше Мао Це Тунг од Русија. А јапонската во деветнаести век кога РПЦ го испратила Николај Јапонски да го шири христијанството во Јапонија. И двете цркви се малку бројни но стратешки се клучни за Русите.