Учам на славјанскиот институт во Битола. има психологија, менаџмент и финансии. Јас ја одбрав насока Психологија и не згрешив.
Немам високо мислење за овој факултет, иако брат ми веќе заврши таму! за секој предмет имаат по една малечка скрипта и на сите полагања препишуваат! Мислам дека студентите таму не можат да стекнат доволно знаење! Колку што е една моја книга по право, толку беа сите страници за сите предмети за 4та година на факсот(МСИ) кај брат ми!
сега има многу поголема фонд на книги и литература и се вложува се повеќе за тој што се интересира и сака да научи а најбитно од се е што професорите се на располагање на маил и на мобилен за секаков проблем
јас само можам да ти кажам дека не е како што беше порано.. сега сме редовни студенти а порано имаше само вондредни.... нема препишување... освен ако те бива ептен.... ама мн ретко.... и сепак се бара знаење..... ние сме 40 студенти и од тие сите само 13 души ја исчистија прва.....
Моето мислење за овој факултет е исклучително негативно.И не го ставам во рангот на државните факултети,ни по квалитет,ни по знаење ни по ништо. Факултет каде се учи од мали скриптички,каде не се проверуваат индекси,се полага со отворени книги И воопшто не ја ценам дипломата стекната на овој институт
не се полага со отворени книги..... а за скрипти нема врска дали ке учиш од скрипта или од книга од 1000 страни..... можи во 50 страни да се опфати најважното и то да си го научиш наместо да ја тупиш глата на книга од 1000 страни и на крај треба неколку пати да ја прочиташ за да научиш најглавното.... значи нема врска тоа. ... и сега се проверуваат индексите на секое полагање, на секој колоквиум... а некој не ги прегледва оти не знат професорите оти малце сме и кога некој нема да го познаваат му бараат индекс одма.... значи сакам да кажам дека е многу сменат од порано....
Како може да биде исто ако учиш од скрипти 50 странички и од книга од 1000 страни? Нема логика! И како може од 1000 страни битни да бидат само 50? Како прво, ако материјал од 1000 страни го скратиш на 50, ти треба да учиш напамет само дефиниции и да се чудиш кое од каде дошло. Значи ќе треба да го научиш без разбирање! За тоа ќе ти бидат потребни ни помалку, ни повеќе, само 2-3 дена. Значи за два три дена може да се спреми испит од 50 страни . Ама затоа кога ќе седнеш да си ги читкаш 1000 страни, една недела нема да ти стигне само да ги прочиташ и подвлечеш, а плус уште колку за да ги научиш. И како може на крајот исто знаење да се стекне? Ова е како да споредуваш ако ти раскажат некоја книга дека е исто како да си ја прочитал. Епа, за жал не е исто!
Јас сакам да се запишан на овој факултет за психологија.Слушам дека сега било многу подобро и само ме интересира дали предавањата се на македонски јазик?
Сите предавања се на македонски јазик, освен кога има визитинг професори од Русија предавањата се на руски јазик со преведувач.
Здраво, ќе сакаш ли да направиме размена на семинарски? Јас сум на истиот отсек, само на економски позз
Нема врска, исто е и на државен и на приватен факултет, пишувам бидејки имам искуство од двата вида, сега сум на МСИ 4 година менаџмент во Св. Николе, а пред тоа бев на економски во Ск, и на државниот професорите ни даваа да учиме од скрипти од по 50 страни каде што беше извадено само главното, со исклучок на оние кои бараа да се купи книга за да се положи или бараа и по 500е за една шугава 6. А имам и другарка која студира медицина и кажува дека и таму не е како што е било некогаш, да се утепаш од учење за да положиш, туку одиш кај професорот даваш 1000, за копија од 100ден, ти дава да научиш две прашања и така положуваш. ако ви треба семинарска по нешто пратете ми порака сите ги чувам, ке ви пратам смо не ме издавајте на професорите
Јас сакам да се запишам на последипломски студии на Славјански во Свети Николе, на отсек психологија во социјална заштита. Има некој некакво искуство со последипломските студии, какви се професорите, нешто за литературата, семинарските..... Чекам брз одговор оти ми е кратко времето
Воопшто немам убаво мислење за овој факултет. Имав прилика да видам некои работи... Другарка ми без да ми каже зошто, ме одвлечка во Свети Николе и кога стигнавме ми рече повели пенкалце ќе полагаш место мене. И, влегов, исплашена бев, не за мене туку за неа, што ќе биде со неа ако ме фатат?! Арно ама, професорот ниту побара индекс, ниту ме забележа, ниту пак некому нешто кажа. А сите бевме стуткани еден до друг како во конзерва! Се полагаше со отворени книги, кој под маса, кој на маса, кој на колена. Професорот си шеткаше во просторијата и само си викаше, "аааа децааа не сега, дома сте требале, не сега да читате!!!" И само на зборови и остана а ништо не направи. Така јас фино лепо си завршив, страв ми беше да го оставам јас тестот на маса па го дадов на еден дечко и мојот(т.е. на другарка ми) да го остави. Си излегов, си отидовме. После некое време другарка ми ми се јавува и ме зеза, "еееејјјј си положила" И како да го сфатам овој факултет озбилно?????? Нема шанси!
Истово ова мене ми се случи , додека студирав и верувале или не на државен факлтет. Да да на државен, едно што не ми побараа индекс, а друго па, што полагав за спротивниот пол. Значи јас бев Александар во тие 50 минути Ама тоа е тоа. Во Македонија, такво ни е образованието, па дали било на Славјански , ФОН, Европски или државен исто такво во два примероци
Јас најверојатно ќе се запишам на овај факултет ... мои другарки што се запишаа лани се многу задоволни и факултетот бил далеку подобар од овие гласини тука... Ме интересира овие што уцат таму дали им се случило некој професор да им побара мито. Тоа значи најмногу ме револтира, ако го нема тоа барем на овој факултет не се ни двоумам да се запишам.
И јас планирам да се запишам на овој факултет на насока Финансии и кредити...Другарками ми кажа дека на огласите за работа шо ги рекламирале на тв пишело само да немаш студирано на овој факултет...Не сум сигурна дали е ова вистина но дали вие имате видено нешто слично?
Такви случки како од Danilela има и по државните еве на пример моја другарка и тугашна цимерка отиде да полага за дечкото на другата цимерка пошто ако не го положеше тој ќе пишеше квадрта и што е најтрагично двајцата влегоа, седеа еден до друг и накрај си ги заменија тестовите и да е поголема иронијата му положи со 9 Туку јас сакав да прашам колку е пратиципацијата? Имам еден другар кој сака да се запише на економски во Св. Николе тој веќе работи и му треба каква таква диплома. Ваква случка имаше со ФОН пред едно 5,6 години баш кога јас бев матурантка и кога во моето училиште дојдоа професори од ФОН да држат презентација една соученичка баш ги праша шо правиме со огласите каде што е нагласено кандидатите да не се од ФОН и тие бугвално се збркаа едвај се извлекоа. Јас ќе кажам ако си имаш јаки врски и без диплома ќе те вработат, но во спротивно потешко Во мојот град имаше случај каде што девојче дипломира на Оксфорд, се врати во Македонија и година дена талкаше без работа и фини лепо си собра парталите и се запиша на последипломски на Окфорд и таму факултетот и најде работа.