Многу голем учебник, многу тешко е. Ништо, повели и друг пат. Она знај дека се со 10 ќе земи, само се срами пред време да кажи Симончето ни е: „Ништо не знам“, а добива највисоко.
Здраво... Дали може некоја од феминките што има студирано на овој универзитет да ми даде некоја поподробна информација.И најважно:дали овде стекнатото знаење е квалитетно и колку кај нас е признат овој универзитет? Однапред благодарам...
@SeaMermaid моментално студирам на факултетов и убаво би било да ти одговори и некој/а што завршила. Од лично искуство (уште од основно и средно) ми е она-колку ќе си вложиш во себе, толку и добиваш. Е сега, не мислам материјално, мислам на знаењето.Лично сум презадоволна, макар што има и недостатоци. Спојлер На пр.учам со некои што имаат фирма, а ко треба пријава да се пополни еден колега на име и презиме ми вели што да напишам овде.. и да, утре тој ќе има предност пред мене.Сега ти види си, ако сакаш сама, ќе си се помачиш малку. Доколку имаш некои прашања, слободно во порака пиши ми. Поздрав
Јас имав можност да студирам тука, ама сепак се запишав на државниов факултет. Со оглед на тоа дека приватно ја познавам деканката на психологија, знам прилично добро како стојат работите. Разлики од мојов до вашиот факултет мал милион има, и по малце каење чувствувам годинава посебно, што не се запишав, ќе поминев ептен полесно, а ќе научев многу поинтересни материи. Ми предложија да се префрлам, ама на пола пат од факс. не ми се мења се. Ви завидувам
Обично пола студенти не знаат таа пријава да ја пополнат, пишуваат два пати Славјански Универзитет, а треба Универзитетот и струката што ја студираш, пример Економија, Психологија, Правни науки и тн.
Како иден студент и личност што има некој од тој факултет можам да ти кажам дека ова е вистинскиот избор. Мојата сестра е веќе 3 година (на правен) и е доста задоволна од тоа како се реализира програмата наменета за таа насока. Сум го посетила овај институт и можам да кажам дека ентериерот е прекрасен, располагаат со богата библиотека и разновидни материјали кои можат да ти помогнат при учење. Сестра ми има само пофални зборови за професорите и предметите кои се изучуваат. Јас размислувам да се запишам на психологија. Факултетот е донесен на високо ниво и нема да направиш грешка доколку се запишеш.
Неможам да опишам колку ме нервира ова. Се што треба за точно да се пополни пријава, е барем да се отвори индекс, ама ете ... штом од студентски не враќаат пријавите, ќе си пишат како што им одговара. Има професори кои се интересираат, кои седат после предавања за да ти објаснат, кои се грижат, ти помагаат и има професори кои не им е гајле дали учиш, не им е гајле дур ти предаваат и слично. Средено е, како што кажа една феминка погоре - ентериерот. Библиотеката кога влегов да барам книги, имаше голем % на руски, што искрено не ми се допадна ама на сметка на тоа се оди брзо, ако сакаш да научиш имаш од каде. Во смисла, ако професорот не сака да соработува имаш книжара со избор на книги и можиш да си земиш и книги неповрзани со тоа што учиш ако нели, те интересира. Некои професори сакаат редовност, некои да асистираш дур предава, други стрикно класични семинарски, а некои повеќе ја вреднуваат презентацијата на семинарските. Индивидуално е. Пак ќе речам, зависи од професор до професор, се бара редовност, имаш задолжителна пракса, ама па имаш и слободни денови. Предавањата во просек се правени да бидат по 2 и пол часа, ама не секогаш се толку, има професори кои максимално го користат тоа време, ама има професори кои завршуваат и за еден час. И имаш онлајн библиотека каде професорите доставуваат дополнителна литература, скрипти и презентации од предвањата, ама и ова не е секаде пополнато зошто не сите професори сакаат да ставаат така материјали. Дали е прифатен факултетот - не знам, не сум завршена ама две личности кои ги познавам и кои имаат завршено, едната најде работа другата е надвор од МК, и е вработена по струка. МСУ. До 20ти Април има пријави за стипендии на факултетов, ако планираш за тука побрзај. Има и тестирање и такви работи, пиши се на линкот. Еве тука има и конкурс за средношколски есеи со краен рок на пријавување до 1 Мај. Друго и не ми текнува што би можела да кажам вака на право, ама разгледај ја страната ти оставив линк погоре, ако нешто те интересира пиши ми.
Дај превземи нешто од безбедност при работа и пожар и прикачи материјали тука, да видам што се учи. Дека може да се логираат само студенти. фала
Еве одбрав од безбедност од пожар ќе ти пуштам слики зошто не знам колку е исправно да ги поставувам цели, со име на професори и асистенти. Предметот кој случајно го одбрав е Електротехника. Презентација: Скрипта: Вежби: Патем, да не стани забуна, не се со ред примерите кои ги ставам. Забележав дека овој предмет е заеднички и за безбедност при работа, а и не сум сигурна уште колку слики ќе можам да прикачам во мислењево. Ако сакаш да ти сликнам уште нешто пиши ми, колку што можам ќе ти сликнам.
Сакам да се запишам на овој факултет во Св.Николе, веќе ме убедија дека факултетот вреди и дека нема да се покаам ако се запишам овде. Е сега имам друг проблем, неможам по нет да најдам некој што бара цимерка за под стан овде, а ниту пак некој кој издава стан? Има ли некој околу ова што може да ми помогне?
Добро дали знаете која е таа професорка шо треба потпис по неврофизиологија да дај? Деканката не дава потпис,некоја друга професорка требало. Која е таа,кај да ја најме,2 години без потпис си останавме во индекс хахахаха Арно шо пријавите ни се во папките иначе уште овој предмет да не ни го признаеја ќе ги отепав хахахах Сериозно,ако знајте кај да најме таа професорка,кажете.
Јас сакав тука да се запишам, ептен ме убедија, но кога излезе скандалот на ТВ, од дома ми кажаа во никој случај не смеам иднината и образованието да ги ставам на коцка.. Исто така мој близок роднина е запишан во Свети Николе а ниту еднаш не се појавил, еве го 3та година е и се му било положено, а гледам секој ден е на работа не знам како успеал да положи.. Тој едвај средно заврши..
zdravo jas imam 30 god i 3 deca .sega sum prva godima na ekonomskiot mendzment vonreden student sekoja informacija ili materijal plus dobro bi mi dosla blagodaram