Дали е признает надвор од државата? Ве молам сигурна информација.. Во дилема сум дали да се запишувам овде, би сакала психологија
Здраво, ја сум втора година на правни студии на државен факултет, но бидејќи веќе не сум во Македонија би сакала да се префрлам на Славјански за трета година, па доколку некој знае да ми каже колку кредити се потребни за упис на трета година на Славјански универзитет-правни студии?
Здраво, дали има некој што е запишан на последипломски студии на насока Менаџмент со човечки ресурси на мали и средни претпријатија?
Dali nekoj so bil zapisan na psihologija mozi da mi pusti skripta po eden predmet ,da vidam kolkav e obemot i tezinata?
Јас студирам психологија во Скопје на филозофски, а имам слушано многу негативни критики за славјанскиот факултет.
Во Македонија мислењето за приватните факултети воглавно не е позитивно. Но тоа не значи дека тоа мислење е точно. Може и на приватен факултет да се стекне знаење, се зависи од студентот колку се труди. Јас искуство со овој факултет немам, но имам слушано дека лесно се положува, но пак ќе кажам дека не значи дека тоа што го имам слушнато е точно. Вонредни студенти на филозофски на психологија нема.
Здраво сакам да ве прашам дали секој испит дополнително се плаќа или се е вклучено во тие 1030€ ( сакам да се запишам психологија вонредно, ако можете пишете ми ваши искуства)
Здраво на сите Сакам да прашам дали има некој што е на оддел Психологија да ми каже на кој принцип се испитите (писмено/усно, заокружување)? Благодарам однапред
Здраво. Сакам да ми кажете подетални информации за МСИ. Колку годишно се плаќа? Колку пати во неделата има предавање? Дали ви се пружи доволно предавање,објаснување,знаење или како што велат некои на МСИ нема знаење, овде само дипломата се купувала?
Го имам посетено универзитетот во Битола. Прекрасен е ентериерот, студентите опуштени. Сакав да се запишам поради големиот број на можности. Се изучува руски јазик, се оди на размена во Русија, имаше многу позитивни работи, ама баш тогаш излезе нешто на вести дека луѓе кои со години биле надвор од Македонија се стекнале со диплома и испитите сами од себе им се положувале, па од дома не ми дозволија таму да се запишам..