1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

МТВ (MTV - Music Television)

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Phyramide, 2 август 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    [​IMG]

    Кој не би го знаел најпознатото лого на 80тите, 90тите години па еве и на денешницата?
    ЕмТиВи е музичка телевизија која почна прв пат да емитува на 1. август 1981. Токму овој 30ти роденден ме поттикна да отворам тема за телевизијава.
    Првата песна односно првиот спот кој беше пуштен симболично беше - "Video Killed The Radio Star" на „The Buggles“. Смешно колку само вистина со себе понесе овој наслов кој речиси сосема да ја предвиде иднината на музичката индустрија.
    Јас практично пораснав гледајќи МТВ. Ми текнува колку беа очајни спотовите, но искрено не ми пречеше тоа. Бев дури и хипнотизирана од целата концепција и ја голтав секоја песна која ќе се појавеше на оваа телевизија. Станав зависник од музиката а МТВ е виновна за тоа :)
    Тоа беше времето кога се попурализираше терминус техникус - VJ, виџеј, колку и да звучи сега тоа смешно.
    Ми се допаѓаше старата „банда“ околу Ray Cokes. Обожавав да ги следам. Yo MTV raps ми беше исто една од омилените емисии. Подоцна кога се појавија и првите MTV awards бев воодушевена.

    Со текот на времето оваа телевизија почна да го менува концептот на своето функционирање. Се појави нејзината ќерка - VH1, ред други локални телевизии носејќи го познатото лого и мислам дека самата телевизија изгуби многу.
    Порано да бидеш прикажан на МТВ беше знак на престиж. Денес - секоја будала е на МТВ, за жал.

    Колку сте вие деца на МТВ? Дали сте ја следеле и сеуште ја следите оваа телевизија? Какво е вашето мислење за истата?
    Дали сметате дека се она што некогаш било добро, полека но сигурно го губи својот квалитет, впрочем како скоро се што се твори во лудиве времиња во кои живееме?
     
    На Theodora, green.eyes, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Кога гледам тв тогаш дефинитивно е ЕмТиВи или vh1 а посебно го гледам jersey shore :rofl:
     
  3. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.099
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓаше многу порано, и јас пуштав музика само на МТВ, а не на радио.
    Сега е уништен целиот концепт.
    Не е веќе музичка телевизија, туку е телевизија со глупави реални шоуа, која измеѓу нив дава по некој музички спот.

    Сепак и денешниот музички вкус придонесува за мојата одбивност кон телевизијата. Порано колку и да беа лоши спотовите, целосниот впечаток ги надминуваше денешните добри спотови и лоша музика.
    Едно време се префрлив на VH1 затоа што повеќе даваа ретро музика, но и тоа престанав да следам откако почнаа да даваат репризи на реалните шоу-а од МТВ.
    Сега не следам ништо, не сум во тек со модерната музика ама ич, и не сметам дека губам многу.
     
    На angelche16, sesilija, Theodora и 6 други им се допаѓа ова.
  4. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    МТВ си гледам :) ABDC (America's best dance crew) најмногу сакам да гледам :)
     
    На angel4e121 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ете што ти е генерациски јаз, што по ѓаволите е Jersey Shore? :?: :D

    Ливинг го спомна сега токму она со што сакав да се надополнам. Телевизијава од музичка стана телевизија на реални шоуа како The Hills, The City и слични повраќаници кои даваат сосема поинаква слика за реалноста - а јас би рекла се само доказ за едно испревртено американско општество кое денешната младина се труди да го следи, но за жал не разбира дека нема средства бидејќи не живееме сите во Беверли Хилс :(

    И токму затоа сум многу тажна што една прекрасна телевизија, која првенствено беше мерило на добар вкус и квалитет, бидејќи не секој можеше да биде емитуван на МТВ, тоа да е јасно, сега станува полека но сигурно синоним на кич, шунд и збирштина на локални ѕвездулиња кои решаваат као демек „во живо“ реални проблеми, кои де факто не постојат.

    Ах!

    Инаку на VH1 нема reality shows, барем одамна немам начекано. Не е дека има нон стоп квалитет, тоа не, ама на сите им ја препорачувам особено во тивки ноќи, после полноќ кога едноставно ми го одземаат здивот со тоа каква музика пуштаат.
     
    На Hipica, zhap4e и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Морам да се согласам со Ливинг.
    Јас ретко гледам телевизија, па обично секогаш кога ми е пуштен телевизорот ми стои на МТВ.
    Ми се чини дека последниве две години толку многу се смени програмата што музика се на се во денот има пуштено само 2 часа. Останатите часови се во глупави американски реални шоуа, толку дебилни што мислам дека пола час да ги гледам ќе се затупам.
    Не разбирам кој сака да гледа неколку дебели американци затворени во куќа, како јадат и се е*ат едни меѓу други?! Или пак некое педерастично типче кое оди на состанок со три мајки(?!) и после треба да одбере една од нивните ќерки?!?! :fubar:
    Американизацијава не упропасти.
    Инаку од музика пуштаат само нови песни, нема повеќе ниту хип-хоп чарт, ниту рок чарт, ниту ретро...стриктно само нови спотови. Ми фали и онаа емисијата TRL што порано одеше секој ден на пладне.
    Затоа VH1 ми е подобра опција во секој случај.
     
    На green.eyes, LivingGlam, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.099
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Па едно време на VH1 одеа репризи од Dismissed, тоа со родендените на 16 годишните девојчиња ( :puke: ), едно друго кај што родителите бараа нов дечко или девојка за ќерката или синот затоа што не се задоволни од нивниот избор, Cribs и такви слични глупости, последното лето кога гледав VH1 цел ден само тоа беше на програмата, маратонски репризи.
    А сега го нема тоа? Се надевам се освестиле.
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не, го нема. Значи мене телевизијава ми е нон стоп пуштена (патем збориме за ќерка на МТВ, иста фирма се и поранешните водители на МТВ се сега во VH1) и имаат само рок чартс, и не знам какви чартс. Дури и често гледам дека имаат тематски посветени вечери.

    Често пуштаат музика од 80те и 90те или пак легенди на соул музиката итн.

    Во последно време знам да фатам добри дискусни емисии каде што врвни музичари дискутираат на некоја тема и даваат се разбира спотови поврзани со истата.

    Тука се и познатите Storytellers концерти.....навистина не знам што се случило, но јас одамна не сум фатила reality show - фала богу!
    Сега ти ме потсети дека уствари исчезнаа и се преместија на МТВ :D
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Amen to that Ливинг. Исто, потполно исто мислам за телевизијава. Кога почнав да ја гледам ми беше преубаво осмислена, имаше многу музика и малку реклами. Даваа квалитетни изведувачи, топ 10 листите беа секој ден различни, од различни изведувачи времиња и слично. Музиката беше квалитетна, си имаше период од денот кој ќе го задоволи секој, имаше време за рок, за хип хоп, музика за на подиум, за 80тите, 90тите... Па и реалните шоу-а не беа толку досадни, имаше интересни како Punkd со Ештон и многу други. МТV cribs ми беше исто интересно. А најдобро шоу што излезе е Americas Best Dance Crew дефинитивно!

    Но откако почнаа со емитување на се помалку и помалку музика, се повеќе и повеќе реклами и вакви шоу-а ја откажав. На секоја 2ра песна има блок реклами, а наместо да се дава нешто од кое ќе се извлече некоја поука тие почнаа да даваат емисии како 16 и трудна (Уште сметам дека подебилно "шоу" од ова нема да може да излезе), па даваа како еден маж живее со две жени, па која ќе се пресели кај него, па на момчиња му закажуваа состаноци со мајките од девојчињата...

    За жал живееме во такво доба, каде за телевизијата да може да преживее и требаат реклами, огромен број на реклами и мора да емитува музика која ја слуша поголемиот дел од населението, во случајов Бибер, Гага, Кеша, Рајна, Пит Бул и сличните им. Дури и тие делови што си беа за љубителите на поинаква музика ги снема. Мислев дека ќе се задржи некој баланс, ударните термини да одат за таква комерцијална музика, но дека ќе остане некој термин за љубителите на рокот, хип хопот...

    Во секој случај многу ми е мило што и јас пораснав со телевизијава, секогаш со насмевка се сеќавам како ѕенѕав кога имаше денсфлор музика, како сум чекала да дојдат mtv ema awards, како сум скокала кога Еминем им ги собра сите 5 награди една година ...

    Сега си гледам VH1 кога имам време, MTV не сум гледала повеќе од една година можеби.

    Дури да напишам јас, сите сте го кажале она што сакав јас да го кажам :D :D
     
    На green.eyes, zhap4e, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Како дел од онаа помлада генерација тврдам дека она што јас го затекнав на МТВ воопшто не ми се допадна, па ми се створи таква одбивност кон телевизијава, тоа чудо некое.
    Се‘ некои шоуа, некои глупости кои веќе ги набројавте, просто човек да се чуди дали навистина постојат толку глупави луѓе што се пријавуваат на такви работи или едноставно телевизијата плаќа глумци за да се сними сето тоа. Единствено Pimp My Ride со Егзибит ми се допаѓаше, ама и тоа веќе не го емитуваат.
    Ви-ејџ-1 ми имаат каде каде подобра програма, но со тоа веќе оф-топик ќе заминам.
    И можеби video killed the radio star, ама со телевизија како МТВ поарно радио ќе слушам.
     
    На zhap4e, crazylady, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Јас би била среќна да се врати Cribs, TRL, или било кое од тие малку покултурните емисии. Ова што се емитува денес е страшно!!! Ама страшно-страшно!!!

    За илустрација, еве ги глумците во Jersey shore. Концептот на емисијата не го разбирам, само знам дека има 4 набилдани дечки и 4 дебели, грдички амриканки што живеат во куќа. Или јадат, или се тепаат и кубат, или се плеткаат меѓу себе.
    [​IMG]
    [​IMG]

    Пирамида ги спомна и the Hills и the city. Толку нереални работи нема ни во приказните на Грим.
    Не знам што е целта на емисииве, ама младите добро си го перат мозокот.
     
    На Phyramide и crazylady им се допаѓа ова.
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Кабелска телевизија имаме дома околу 6 години. Пред тоа за мене MTV беше поим, именка. И тогаш на почетокот не можев да го сменам каналот (заедно во пакет со VH1)!
    Сега многу ретко ја пуштам поради глупавите реални шоуа, американско-канадски серии... Ако нешто ми се допаѓа е Alternative Music шо пушатаат касно навечер.
     
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Можеби постарите генерации ќе се сетат - а ви текнува кога во живо, кај Rаy Cokes во емисија се распаднаа официјално Tаke That?

    :D

    Кое хистерично плачење се пушти отпосле, ауау ау :D

    Старфиш, јас прв пат кога гледав Хилс останав со зината уста, ама сериозно. И после некој ми кажа дека личностиве како што настапуваат со сопствено име и презиме така и постојат - и некако се збунив ептен. Не ја сфатив логиката.
    А празните муабети?! Ау! Не можам - боли колку сакам да се врати стариот концепт.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Нема да се врати, а и тие шоу-а што се останати убави и нив ќе ги запустат.

    Не знам колку гледавте Americas best dance crew, но во последнава 6та сезона, предизвиците им беа никакви. Џастин Бибер најт, Ники Минаж најт (така ако се пишува, ако згрешам не ми се чудете :D ), Рајна и најдебилниот Lil Wayne challenge. Јакиот пејач, во 5 песни се појавил, побладал некое зборче од типот на леле колку сум јас само заебан сите женски по мене трчаат и тоа е тоа - пејач!

    А чекајте тоа Јersey Shore нешто како Велики Брат е ли?

    Уште шоуно од Кардашијаниеви да го купат и да го достигнат врвот на дебилната програма.
     
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Често телевизорот ми е пуштен на Mtv ;)
    И мене не ми се допаѓаат новите reality shows се некои глупости дават.

    Иначе често гледам: Date my mom и Paris Hilton dubai bff ;)
    Порано многу гледав: Mtv cribs, Punkd, Trl, Dissmised, Boiling Points . Сакам пак да ги дават.

    Дали се сеќавате Boiling Points ( скриена камера ) :lol: штета што не го дават повеќе.

    http://www.youtube.com/watch?v=Ri-KO34tpMU

    Инаку VH1 е далеку поквалитетна програма од MTV често некоја песна што сум ја заборавила си ја слушам на VH1 .

    Се согласувам со Спаркс се што мислев да кажам веќе сте пишале, па не е фер и јас сакав да кажам нешто. :lol: :lol:
     
  16. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Гледам МТВ скоро секој ден :D
    Ми се допаѓаат песните и топ листите а и шоута :)
    Моментално гледам The age of love,Date my mom,Moving in а порано имаше повеќе ама веќе нема :^)
    Гледав Made,Plain Jane,Pimp my ride и мн. други :)

    П.С.Знае некој кога ја дават The age of love?Јас ја гледам некаде во 2 ама незнам кога точно :?:
     
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Aх, MTV, старото добро MTV......
    Кога велам старото, мислам на ПРВОТО MTV кое се појави кога имавме по 4-5 години (барем јас имав толку :D ). И откако почна да се емитува, не можевме да се помрднеме од пред телевизор јас и сестра ми. Одлични емисии, прекрасни водители, Ray Cokes беше цар, имаше една плава Англичанка (никако не можам да се сетам како се вика) водеше неколку емисии беше топ, ама ја снема за некоја година......
    Убаво беше да се гледа (и слуша) во тоа време развојот на музиката, од секој жанр, од Madonna и Michael Jackson па се до хард-кор метал бендовите :D
    За жа, денешното MTV нема баш ништо заедничко со она што беше некогаш, освен името. И успеа истото максимално да го извалка. Преполно со неквалитетна музика, реклами на тони, милиони глупави реални шоуа за кои ни самите креатори не знааат која им е поентата, ама битно да се гледани, нели......Страшно. :x Тоа е одраз на она што се случува на светската музичка сцена, новите „стандарди„ за „добра и квалитетна музика и создавање на самопрогласени ѕвезди“......Со два збора кажано, многу ми недостига овој канал, и се она што ни го пружаше на нас што го гледавме. :'(
     
    На LivingGlam, Phyramide и crazylady им се допаѓа ова.
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.485
    Допаѓања:
    2.948
    Девојки, кога даваат „Date my mom?“ :?:
     
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    На green.eyes и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    Од понеделник до петок во 15:20, а репризи ид понеделник до петок во 8 :)
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.