По долго размилување решив оваа година да одам на одмор во Маврово. Прв пат одам на одмор на планина и баш сум заинтригирана како се ке се одвива. Одам со претпазливо одбрано друштво и се надевам ќе имаме убаво искуство... Едвај чекам
Не знам по кој пат пишувам во темава, ама знам дека не ми е прв пат... Прекрасно место, прекрасна природа, прекрасни доживувања, прекрасни спомени... Го обожавам ова место, Бистра, поточињата, дрвјата кои шумолат... Колку само слики сум испосликала тамуу..
Скоро бев во Маврово немав можност да го видам убаво, сепка чист воздух, гостопримливи луѓе, а она што ми беше посебно интересно беа куќите со ости кровови. )
Сакам да се одморам од градов, не ми се иде на плажа, сакам така негде на планина, мирно и тивко. Сакаме да идеме со дечко ми на 4-5 дена, дали некој знае каде можеме да престојуваме? Така ќеф ми се прави да изнајмиме некоја викендица ако воопшто некој издава, да си бидеме сами скрос. Ве молам доколку некој знае, нека ми кажи. Ми се брза.
Женски имам викендица во Маврово цело време сум таму Пролет е преубаво пошто се е зелено Лето е најмерачки пошто во Скопје е 38 а во Маврово 28 степени и им се ситиш на сите во Скопје хихи Есен обично идам за 23 октомври и преубаво е сите бои ги има (црвена, портокалова, жолта) лисјата паѓаат и езерото е зелено... Зима е НАЈУБАВО, ски терените се прекрасни и преубава е зимската идила, има 2 метри снег и воздухот е најчист, нема поубаво чувство од двочасовно скијање и после тоа топло чајче ммм... <3
Оф леле, навистина одамна бев, пред неколку години. За жал, немам ништо од тоа место, ние немавме ни резервација, таму го најдовме, единствено што знам дека се наоѓаше блиску до еден огромен хотел. Тоа е се’, жал ми е.
Маврово е преубаво место без разлика во кое годишно време се посети. Често одам а престојот таму ми е вистински одмор. Чист воздух, прекрасна природа, мирно... милина.
За Маврово само убави зборови... Со години одам барем десет дена во годината... Точно дека нема некои „дешавки“ и „ноќен живот“, но за одмор, шетање и релаксирање ми е прекрасно!!! А, да секогаш од Маврово се враќам со 1-2 килца + , убавиот воздух ми отвара апетит ...
Дозволено ли е да се користи ли базенот во Радика ако не си нивен гостин? Мислам дневна, неделна карта да не има?
Во Маврово има а издавање, ама ако одите со друштво се исплати (3 пара). Собите имаат заеднико ВЦ и кујна. Зошто ако одите не разгледате на Пониква ? Има Мотел Мице понуда со вклучена храна..