Сами со дечкото сакаме. Нема некоја приватна вила или слично? Ова со делење купатило ич не ми се допаѓа. Не сме ни размислиле за Пониква.Баш ќе ја видам понудата сега. Фала ти.
соби издаваат во гостилница кристијан , се наоѓа успат кога се оди накај село маврово, во гламур баш во село е под жичара, а издаваат соби и на др места пишува на табли по пат
@kjukli ние лани бевме за Валентајн и едвај најдовме сместување,се беше резервирано,само во еден хотел не ми текнува како се викаше имаше слободна соба ама катастрофална беше и мислам дека бара 25 евра за ноќевање со појадок за еден човек,на крај немавме избор се сместивме во гостилницава што е спомната погоре Кристијан (ако се сеќавам убаво) собата е убаво со средено купатило и се ама над неа е самата гостилница и се слуша се од горе ама една ноќ преживеавме.
Не ми е за Валентајн, не се брзам толку. За крај на месец ме интересира. Најдов неколку местенца, и Рефка ми даде некоја препорака, но сакав лично искуство да слушнам. Слабо слики има по приватниве сместувања, а хотелите се дефинитивно прескапи...
Хотелите се поскапи и од Банско ама ајво гостилницава плаќавме 600 денари,инаку мене ме заинтресира @referentka за Пониквате молам подетални инфо за мотелов
Бил некој скоро во St. Moritz? Јас сум била пред 6 години во апартман и беше супер смештај. Ако бил некој или сте слушнале ве молам да ми кажете дали и сега се убави апартманите и по која цена од ноќ се?
Може некој што познава луѓе што издаваат соби во маврово,или од негово искуство што бил да ми пише во лп
Маврово е прекрасно! Моите родители таму имааат викендичка и имам можност постојано да го посетувам. Кога бев помала уживав таму скоро цело лето. Сега тоа не ми го дозволуваат работните обврски но секогаш кога наоѓам барем малку време користам прилика да се изнауживам. Преубаво е како во зима така и на лето. Што се однесува до хотелите и картата за скијање, цените се доста високи но сепак вредат за таа убавина. Продавниците не се баш најснабдени но во секој случај може да се најде она што е потребно за неколкудневен престој. Топло го препорачувам на сите оние кои навистина сакаат да се изнауживаат опкружени со прекрасна природа.
Бил некој со автобус од Скопје до Маврово? Каде застанува автобусот, немам појма каде е станицата, ако ја има, и колку би било оддалечено од смештајот што го гледам (конкретно тој заокружениот на сликата). Фала однапред
Здраво девојки дали некој има контакт од некоја вила/викендица што е слободна за нова година од 6 до 8 лица имајте убав ден
Бројче/страна од некој мотел/хотел или приватно сместување во Маврово кои што издаваат соби за Нова година? Пожелно е и објектот да има ресторан за прослава
Многу е скапо. Поефтино е во Грција или Црна Гора. Ништо не е вложено во Маврово. Патот не чини, тесен е. А за превоз незнам.
Таков ден си погодила Има денови кога е убаво сончево топло таму Лепота. Јас последно погодив страашно невреме таму ,а кога се качивме на жичара добро беше времето.На пола пат страшно,дуваше,корнеше ветер,не знам дали врнеше снег или од тоа што вееше па разлетуваше снег.Измрзнавме. Му реков на дечко ми јас веќе никогаш таму не одам Ќе ме одвееше ахаха
Маврово ми е преубаво, во било кој период од годината, заради природата, воздухот, се’! Кафенце во Маврови Анови, ручек во некој од хотелите (Бистра, Радика, Макпетрол...), или најчесто продолжена шетња до Свети Јован Бигорски и ручек во Куќата на мијаците.
Дечки здраво, дали некој има контакт од некоја вила/соба или било што за издавање во Маврово за двајца? На booking цените се многу високи за хотелите, по 70 евра за една ноќ Доколку некој знае некој пристоен смештај да ми препорача би била благодарна
Zdravo, sakam da odam vo cetvrtok vo mavrovo no slusnav deka ne se skija. Dali znaete od koga bi gi pustile terenite?