Сакам утре да одам сама до Маврово. Освен езерото и рестораните што се тука во близина, може ли да ми предложите што друго да посетам/видам во близина?
Референтка си има ли секоја соба посебно вц и кујна или заедничко е? И има ли за шетање околу вилата? Убаво ли е?
Не сум била,од пријатели ми е препорачано. Отвори на ФБ имало слики. Како ми пренесоа, тоа се студија со мини кујна , сопствено ве-це и балконче.
Другарка беше и кажа дека е преплатено, никому не би ја препорачала. Кебињата биле ужасни. Собите многу мали. Газдите за никаде.
Јас бев во вила Јана, културни се луѓето и услужливи. Стојат на располагање за се што ви треба. 2000ден. од ноќевање е- скапичко е, ама сепак со тоа добиваш неколку бенефити: кајак, велосипед, даска. Собите се средени и има се што сакате. Секоја соба си има свое WC и тераса. Многу мирна и убава локација. Препорачувам.
Здраво девојки,сакам да ве прашам искуство за Хотел Бистра Маврово? Сакаме да појдиме во Октомври,па сакам да знам како сте задоволни
Прекрасен хотел минатата година бевме и оваа година планираме повторно да го посетиме, храна прекрасна, чисто, љубезен персонал од мене чиста 10ка
Ај бидете срцки и хелпнете. Имам у план да одам во Маврово на викенд со уште една особа.На две или три ноќевања.Последно бев пред пандемијата во хотел Макпетрол,ама ту мач ми е некако. Да предложите добар смештај?Издаваат ли куќички, бунгалови нешто?И понакај жичара.Не знам дали ќе сме со кола. Ќе барам и на Airbnb, ама вие сте ми посигурни.Проверени местенца Или *знам дека е веќе оффтопик ова. Крушево или @Dust за во Беров нешто да предложиш? Не сме скијачки, ни се оди за воздух и снегче и да одмориме. Нешто што е со прифатливи цени
Маврово тешко дека ќе најдеш нешто по прифатлива цена, а и ако не сте скијачи не би ти препорачала зимно време, едно што е изгор скапо жичарата, па и горе на бачило… подобра опција ти е Крушево, гратчето е многу убаво, има каде да прошеташ, плоштад, спомен куќата на Тоше, Македониум, народот е гостопримлив, има и доста кафанчиња со многу убави и традиционални јадења по достапна цена
Богами изгор е, а од таа жичара иам трауми така што тешко да се качам.Ај ќе ѕирнам сеа во темана за Крушево, фала Елице. И онака таму не сум била сигурно 10 год. и повеќе
Која е разликава меѓу "ски карта до 13 ч" и "еднодневна ски карта".. Пример јас одам утре сабајле и плаќам 1250 или 1500? Цениве бетар од Банско кога бев за изнајмување опрема (од Ресорт Маврово) ама си викам најверојатно кај другиве на паркингон поефтино е
Таа првата е само до 13 часот и после тоа веќе не важи додека другата е за цел ден, не знам до колку точно е навечер. А колку ќе платиш зависи од возраста. Ако си до 23 год 1250 ако си над 24 1500. Тоа е тоа, скијањето е генерално скап спорт.