1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Магичниот Мајк (Мagic Mike) [2012]

Дискусија во 'Филмови' започната од hristin4e, 9 февруари 2013.

  1. hristin4e

    hristin4e Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    Мајк (Ченинг Тејтум) е бизнисмен. Тој е човек со многу таленти и огромен шарм кој ги минува деновите следејќи го „американскиот сон“ од сите можни агли: од поставување кровови на куќи и миење автомобили, па сѐ до дизајнирање на мебел од неговиот луксузен апартман на плажа во Тампа. Но ноќе тој едноставно е магичен. Главната ѕвезда од машките списанија, магичниот Мајк со години владее на сцената во клубот „Ексквизит“ со својот оригинален стил и со незаборавните танчерски движења. Колку повеќе го посакуваат жените, толку повеќе ќе потрошат и толку посреќен ќе биде сопственикот на клубот Далас (Метју Меконахи). Далај ќе забележи потенцијал во момчето кое го нарекува Кид (Алекс Петифер), а Мајк ќе го земе под своја закрила 19-годишното момче и ќе го учи за уметноста на танцувањето, забавите, прибирањето жени и лесната заработка на пари. За кусо време, штом летото го најавува светот на забавата, пријателствата и добрата журка, најновото момче во клубот веќе стекнува сопствени обожаватели. Во меѓувреме Мајк ја запознава прекрасната сестра на Кид, Брук (Коди Хорн). Таа е дефинитивно личност која би сакал подобро да ја запознае и изгледа дека има шанса за тоа, сѐ додека патот не му го попречи неговиот животен стил.
    http://www.cinedays.com.mk/selectedarti ... 5&scID=387

    Можно е и да има продолжение на филмов.
    http://www.mtv.com/news/articles/168942 ... quel.jhtml

    Хм.... Го има гледано некој филмот ??? Ако не го имате мислам дека вреди да се гледа :$ :$ :*
     

    Прикачени фајлови:

  2. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    просечен филм со приказна и глума 0. Се имам изјаснето за него во дрѕга тема, добар е само за плакнење очи :!:
     
    На hristin4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Верувам дека сите што го гледале филмов не очекувале ниту приказна ниту глума. :)
    Ова сме го очекувале, а и не сме останале разочарани. :rofl:
    18+
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Мене само Метју Меконахи ми беше малку морничав, дека така остарен, ептен вештачки ми делуваше.
    [​IMG]
     
    На hristin4e и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  4. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Го гледав филмот и тоа на кино,никогаш немав видено толку многу жени на едно место :rofl: А имаше и по некој "Маж" :lol: и сега се мислам што беше приказната хм... :D
     
  5. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Го имам гледано, исто и еден сличен, Chocolate City, интересно филмче.
     
    На hristin4e му/ѝ се допаѓа ова.