ste pravele kokoska ili bataci so maggi socno od rerna... Jas imam probano i Mnooooguuu e povkusna kokoskata so toa Mesavina so zacinski bilki za socno pilesko meso.. Vie? [mod-kirilica:32yxl4px][/mod-kirilica:32yxl4px]
Maggi Socno iz rerne Правев , навистина е многу вкусно и брзо и лесно се подготвува. Еднаш ставив само копанчиња и батачиња во ќесата и испаднаа супер сочни, а наредниот пат не знам кој ѓавол ме натера додадов и малку компири во целата мешавина. Вкусно беше, ама не толку сочно како првиот пат. Убав изум, иако цената за една обична ќеса со малку зачини е реално скапичка. Едно коковче чини околу 150 ден, а ќесава - третина од пиленцево што се вика. Ама убаво. Ммммм, ми се пријаде сега.
Maggi Socno iz rerne Има исти такви кеси од FINO (само кеси, без зачини) чинат дупло помалку од Maggi кесите, мислам дека се околу 10 кеси и чинат 50 тина денари (мајка ми ги купува, ама знам дека се поефтини, со сигурност). Јас правев со нив неколку пати и пред да ја ставам кокошката во кесата за печење, измешав во еден сад зачини и мн малку зејтин (за да се залепат зачините за кокошката) и ја намачкав цела. Мнооооогу вкусно и многу поефтино од Магги
Маги Сочно од рерна Од коа испаднаа кесите со зачини Маги секогаш ги правам и јадам кокошките и копаните со нив, многу повкусни се отколку без нив
Маги Сочно од рерна И ние си правевме, ама мајка ми ми рече дека не било баш здраво, не излегувала нечистотијата од пилето, а и имало премногу зачини, па се подразмислив малку. Ама стварно е повкусно и посочно.
Маги Сочно од рерна Правев и јас пред една недела, не е лошо мене ми се допадна. Но дечко ми најде триста маани, многу било зачиното, па не било толку сочно како што очекувал, всушност незнам ни што е очекувал. Па за нареден пат незнам, ќе оставам на него да приготви нешто.
Маги Сочно од рерна И ние дома редовно си правиме,мнооогу повкусно и посочно е месото,само она што е со лук не ми се допаѓа баш многу,а со другите зачини месото е..мммммм
Маги Сочно од рерна Навистина е вкусно и сочно. Прв пат го пробав кај мајка ми и мажулето го фалеше дома на свекрва ми. И таа сакајќи да се покаже, земала да го прави, ама го печела во фурна на дрвено шпоре (на повеќе од 200 степени). Ќесето изгорело и се ронеше кога сакав да го одврзам, пилето исто така поцрнело Ама на неа и беше слатко Затоа, внимателно прочитајте упатство пред користење!
Маги Сочно од рерна Мајка ми прави, но првиот пат не ја растресила убаво ќесичката и тоа на едно копанче пола зачин. Но веќе вториот пат поубаво беше. Значи стварно е моќно, поточно сочно.
Маги Сочно од рерна Мајка ми правеше денес,и мене ме разочара на нив многу им се допадна ама јас може дека не сакам зачини.,сол воопшто не ставам па и не сум воодушевена нешто...инаку интересно е тоа печењето во ќесичка
Маги Сочно од рерна Сочно Да ама Моќно ? ! Фујј ужаснооо некако ептен јаки тоа зачините јас си ја сакам кожата крцкава печена а не варена некако скрос и се имаше изгубено вкусот на пилешко да не знаеш што јадеш own: own: own: не ми прави мерак се знае стандарт печено пилешко се знае
Маги Сочно од рерна Мама денес упропасти една кокошка со овие кесичкиве На кучињата ептен им беше сочно и мочно
Маги Сочно од рерна јас имам пробано и ми се допадна. Навистина е за оние кој сакаат малку повеќе зачинето, но има нели и нешто повеќе врсти така да може да си го изберете она што ви одговара. Навистина се мислам дали јас да го направам или да си седам мирна. Сакав еден ден да им спремам ручек на свекрва ми и мажулето но што ако не ми излезе хехехе или навистина им е прејако. ајде ке пробам може би денови ве и ќе ве известам за мојот експеримент
Маги Сочно од рерна Јас зачинот на двапати го користам, многу ми е јак. Си купувам Фино за рерна, повеќе собира ќесичката, оваа од Маги мала е.
Маги Сочно од рерна Ништо посебно, џабе копанчињата ми заминаа.Ќе си направев сос и ќе ги јадев со сосот
Маги Сочно од рерна Јас од друг аспект да ве просветлам...не било воопшто здраво...емулгатори, колку ти душа сака.... ама добро е за понекогаш, поретко.....
Маги Сочно од рерна Неколку пати имам приготвено од причина затоа што сум немала време, брзо се спрема, ми се допадна вкусот ама сепак не е тоа тоа, класично печена кокошка е повкусна (јас прво ја варам и ја исфлам пената), маж ми ич не ја сака...многу му е зачинето...