Маги Сочно од рерна Маги сочно од рерна еднаш и никогаш повеке. Пилешко си печам или со фолија или претходно сварено па печено на сол мммммм префкусно е и крцкаво.
Маги Сочно од рерна Навистина е многу вкусно, но ако ви е премногу зачинето, едноставно, не го ставајте целиот зачин. Јас на 4 копани ставам половина од зачинот. Инаку откако пробав прв пат, ова ми стана највкусен начин за подготовка на пилешко. Браво за маги
Маги Сочно од рерна Мене ми е многу убава кокошкава со маги, на секому не му се допаѓа на пример кај нас само јас ја бендисав некако ми беше како гиро да јадам, на гиро ми мирисаше
Маги Сочно од рерна редовно си ги користам сите, месото мие преубаво сега си купив такви кеси се продаваат посебно, без зачини и наредниот пат ке си направам со она што јас си сакам
Маги Сочно од рерна И обичните кеси за печење се мн поефтини од Маги. Јс имам печено месо, многу пати во кесите на Фино, ставам зачин каков што сакам и мевцето е прекрасно. Ставам и компири во кесата понекогш, заедно со месото, преубаво ми испаднало
Маги Сочно од рерна Маги, тоолку моќно, сочно па тоа и го реков Имам пробано и вкусно ми беше не беше лошо и дефинитивно на копаните/ бутичињата ми беше повкусно одколку на кокошка. Ама одамна немаме направено .
Маги Сочно од рерна Мене ми е баш вкусно и сочно. Искрено не очекував дека ќе излезе толку добро, бидејќи рекламите често даваат претеран впечаток, ама морам да признаам дека ова беше над моите очекувања. Само не сакам да претерувам со вакви премногу зачинети работи
Маги Сочно од рерна Просечно. Не е да паднеш на газ, ама не е ниту за фрлање. За нездраво... па нездраво е... ама па за во момент кога немаш време, супер е. Го имам пробано, си го зготвувам, ама баш онака кога немам време. Не ми е кој знае колку вкусно, му фали сол (морам тоа јавно да го споделам) и јас сум ти баш за онака покрцкави нешта... повкусно ми е пилето испечено така во релна и цело крцкаво со компирчиња. Ама наредниот пат во ќесата ќе ставам и исецкан компир и морков, и после одреденото време во ќесата, ќе го ставам во тавче да се потпечи уште 15/20 мин. Сигурна сум дека е така повкусно. Па и со салата од марула... мераци.
Маги Сочно од рерна јас секогаш го оставам повеке време од колку сто пишува, а исто така последниот пат го извадив од кесата и неколку минути го оставив така во рерната, да се потпече малку
Маги Сочно од рерна ^^ Па и јас го оставам 10тина мин повеќе од потребното, ама никогаш не сум го извадила од ќесата да се потпече, ама наредниот пат ќе го направам тоа. Па и компирчињата и морковите, мх мх...
Маги Сочно од рерна Мене ептен ми е вкусно пилешко приготвено во Маги кесичка. Најубаво ми е со копанчиња и дополнително внатре свежи печурки. мх мх мх
Маги Сочно од рерна Го имам пробано неколку пати и никогаш не ме изневерило, искрено никогаш порано немав подготвено толку вкусни копанчиња
Маги Сочно од рерна Пред една недела мајка ми ни направи и искрено мене воопшто не ми се допадна. Сето си беше сочно, пресочно, за останативе мои домашни милина беше, ама за мене јок. Има премногу зачини што не сум ги имала до тогаш на моето мени така да...друг пат за мене не
Маги Сочно од рерна Мајка ми еднаш има направено и мене многу ми се допадна. Направи пилешко, ептен беше вкусно. И јас се вртакав во кујната и ептен е интересно и лесно за подготвување. А тавата воопшто не се маца. Како да не е употребена!
Маги Сочно од рерна Исто! Имам пробано ама не Маги, него друга кокошка целата во кеса, така купена. Со зачини со се. И ништо посебно, дури не го ни памтам детално вкусот од што не ми остави впечаток. Моите зачини врз пилешкото поубави се, плус ја не сум обожавател многу на зачини а и не сакам многу сол. А и мене не ми се допаѓаше тоа што не беше крцкаво, тоа додуше е причината што не планирав друг пат да земам. Ама убава идеја за друг пат да се извади кесата и да се потпече, видиш не ми текна. Ај може ќе пробам и Маги на овој начин да го зготвам.
Маги Сочно од рерна Мајка ми често го приготвува пилешкото со Маги кесичките. Мене многу ми се допаѓа вкусот бидејќи сакам зачинета храна, ама па моиве не сакаат толку зачинето. Така да, мајка ми става по половина кесичка кога готви
Да сочно е ама па и не ми е толку вкусно. Денес за прв пат го пробав и можам да кажам дека очекував повеке. Многу ми се поубави копаните како што ги прави мајка ми со вегета и путер
Ништо посебно не е, премногу зачинето,а она со лук е таква глупост....цело маало смрдеше на лукови,а за кујната не коментирам. Македонската кујна не содржи толку многу зачини, ова повише би одговарало за мексиканската хехехе
Правеше мајка ми за ручек пред некој ден. И, онака, ок ми е, не дека каснав многу. Не сум некој љубител на печената кокошка, ниту пак на месото. Ама сосот ми се допадна, онака не е лош.
Аууу сега само што јадев! Мх Мх Мх Многу ми беше убаво! Мајка ми стави и компирчиња по ситно сечени, па со сосот...! Прсти да излижеш