На сите што не им се допаѓа премногу зачинето, нека не го ставаат целиот зачин, а за да биде крцкаво јас 10 минути пред да го извадам,ја дупчам со нож ќесата и после е одлично. Сега за младенци правев стек, супер излезе ептен ми го пофалија
Направивме дома. Глупости. 100 пати подобро е стандард кокошка што на која исто може да и се стават зачини. Ем крцка, ем е месото поубаво така. Вкусот од кокошката со маги ми беше како варено да е. Не ми се допадна. Единствено убав беше сосот.
Бидејќи буквално лиги ми течат на зачинета храна што да е со зачин да е мене ептем ми се свиѓа и тоа не само ради зачините, бидејќи секогаш и во се додавам нешто плус, иначе не би било тоа тоа за мене туку и фактот што тавата каде што се печело месото нема ама баш ништо, не морам да ја попарам после готвење, за се што се закоравело на дното да го рибам, бидејќи нема никакви маснотии, а месото е меко и прекрасно... мене ми се свиѓа, две раце за и само за
Уф моето омилено јадење. Копанчиња со Маги и компирчиња. Многу е убаво и баш ми се допага што има повеќе зачини. Никогаш не сме зеле од лук или пиперка, она со зачински билки е најубаво! Во месецот барем еднаш мора да се јаде, и на цела фамилија ни се допаѓа! Ме настрвивте
Премногу ми се допаѓаше, највеќе тоа со лук, но одкако изедов 7 мали копанчиња несакам да видам веќе Маги сочно од рерна, ете ми се превртуваат цревата
Мене не ми е нешто посебно. Ма не ми се свиѓа бре Ама стварно. Јас сакам да биде крцкаво, убаво запеченко, а ова нема врска.
Баш многу ми се бендисва,ко излезе првиот пат..мајка ми секој викенд ја терав да прајј..јас го обожавам.
Исто! Абе мислиш варено коковче јадеш, цело со зачини. Ма да има зачини и да крцка, и месото има поубав вкус 100 пати коа е приготвено нормално, без вакви чуда.
Мама правеше,целата презадоволна колку било убаво ... Мене не ми беше нешто посебно..Мислам убаво е,да... Ама и без маги-то си е исто убаво.И покрцкаво..А јас такво си го сакам
Не сум љубител на месо,но пилешко направено во кесичките на Маги не одивам,многу ми е вкусно бидејки сум огормен љубител на зачинета храна. Спојлер -Толку мочно -Сочно -Тоа и го реков
Доаѓаат гости и јас тогаш за прв пат направив пиле во Маги кесе. Прво - кесата пукна (во електричен шпорет) и се запече. Второ - прееемногу зачинето, и тоа бљак зачин. Трето - гостите не ми го бендисаа (ич не чепнаа по тањирите ) Четврто - дотуфкав што не го зготвив на мој испробан начин, туку баш пред гостите ме засрами.