Сама си направив и сама си ги изедов Следниот пат ветувам - ќе ги направам и ќе излезам за да можат другите да пробаат зошто ако сум во близина не гарантирам за моите постапки
Мене кесите на маги ми се ново откритие. Ги пробав на одмор, по иницијатива на друштвото - тие си правеле дома редовно. Многу пријатно се изненадив, иако многу повеќе ми се допаѓаат пилињата на цекин (мислам дека така се викаа), цело пиле исто во кеса во оние црните садови што се фрлаат. Се извинувам за „прецизниот“ опис, и благодарам за разбирањето Какои да е, на мојата среќа и немаше крај кога видов дека не само за пилешко, туку и за свинско имаат кеси! Јас сум видела за свински врат - овие се печат заедно со компири и се мнооогу вкусни - и многу зачинети, а има и едно друго за кременадли и ребра кое го купив, ама уште не сум го пробала. Вкусни се, иако мене повеќе ми се допаѓаат и пилешкото и свинското со помалку и со поинакви зачини. Сепак многу лесно се подготвуваат (спас за современи домаќинки ), и се многу добра промена од секојдневиот начин на подготовка на месото.
Мама има направено ама само 2-3 пати...со лук или како и да беше...и мене ми беше многу вкусно,не се осеќа лукот ама има некоја многу убава миризба те тера да јадеш и е сочно
ЈАС купив еднаш , па уште еднаш и после си мислев дека е многу скапо и вистина е така од 40-45 денари плус пилето 200 до 230 денари просек плус за рерната струја и одлучив МАГИ да го скокнав ! ВИДЕТЕ ВАКА КУПЕТ СИ СПЕЦИЈАЛНИ НАЈЛОНИ ЗА ПЕЧЕЊЕ ВО РЕРНА ИМАТ 12 ВО ПАКОВАЊЕ А ЦЕНАТА Е ОКОЛУ 60 ДЕН. ПОТОА КУПЕТ СИ ЗАЧИНИ ОД ВЕЃЕТА ИМАТ ЕДЕН ПИКАНТ МНОГУ Е ДОБАР ИЛИ ОНИЕ МАЛИТЕ ОД ВЕЃЕТА ЗА СЕКОЈА НАМЕНА ПОСЕБНИ ГИ ИМАТ И ТАКА КЕ ЗАШТЕДИТЕ МИСЛАМ И ДО 70% НА ПОДЛОГ ПЕРИОД МИСЛАМ ДУРИ ГИ ПОТРОШИТЕ ТИЕ 12 НАЈЛОНИ ЗА ПЕЧЕЊЕ ВО РЕРНА ! ЕФЕКТОТ Е ИСТ ДУРИ И ПОДОБРО СТВАТЕ ОНОЛКУ ЗАЧИН КОЛКУ ШТО САКАТА АКО НЕ САКАТЕ МОЖЕТЕ САМО СОЛ ДА СТАВИТЕ ИМА ЛУЃЕ КОИ НЕ САКААТ ЗАЧИНИ А САКААТ ДА ПРОБААТ СОЧНО ОД РЕРНА . П.С. најлоните ги има во сите поголеми маркети проверете пробајте и кажете свое мислење !
Јас обичните кеси за печење одамна ги користам, па затоа и немав купено од овие на маги претходно, зошто ми се гледаше исто, плус зачините во обични кеси сама си ги бирам. Во нив печам секакво месо, а врв ми е риба Сепак вкусот на тое од маги мислам дека е малку поразличен, или можеби така ми се чини бидејќи зачините кои ги користам редовно се поинакви. Не мислам дека на маги се повкусни, туку различни, а мене тоа ми е многу важно бидејќи ми се здосадуваат стандардните, па нон стоп сум во потрага по нови.
soco и јас правам во обични најлони за печење, мислам дека се од Фино. Повеќе собираат, ај кога правам за мене и дечко ми е ок, ама дома сме петмина, треба три Маги да наравам за се најадеме. Ми се допаѓа и Маги ама премногу е зачинато за мој вкус, пола зачини ги ставам.
Сум јадела, прекрасно е Плус обожавам пилешко Во маги, месото е многу сочно, а и сосот многу ме се допаѓа! њам, њам, њам
Баба правеше минатата недела. За свинско месо. Месото како месо си беше вкусно. Сочно, мерак! Но, таму е ограничено колку да ставиш. Тато вика ова само за мене! Ама вкусно е, сепак..
Сериозно ви се допаѓа? Прв пат пред 5 минути пробав, го изедов ради реда и последен пат. Слободно дојдете на пиле и копанчиња/батачиња на ручек кај мене, да видите што е убаво крцкаво соленко зачинето пилешко месо. Ич не задоволна, ама ич, ич не ме бендиса. И мене ме чуди што толку го фалат, разбирам вкус во прашање, ама ова мене ми беше набрзина зготвен ручек ради реда. Не фала, ќе си правам по мое како што си и правам.
Пробав еднаш, не беше лошо со оглед на тоа што сакам зачинети работи, ама не ми се допадна што месото некако само надворешно прима од зачините, а внатре останува суво и без вкус.
Пробав еднаш и веќе никогаш. Ај што е пресолено за таа доза (се водев од рецептот, нели), туку и копаните ми беа како варени и полиени со јак зачин. Затоа смислив друга варијанта. Зачинот го мешам со вода и го истурам врз копаните, така наредни во тепсија, без кеси и слични салтанати, да пробам како е. Месото си се испече и искрцка, а сосот убаво го фати од сите страни и беше поубаво.
Ајде и јас да го споделам моето искуство. Ние сакаме многу зачинета храна ама не ги купувам ќесите на Маги туку тие на фино. Пилешко не јадеме ама затоа обожаваме ребра. Последно вчера направив телешки ребра во кеса и беа како од фурна, прекрасни, месото се двоеше и беше многу сочно. За да не ви излезе како варено не смеете освен месото да ставите и било каков зеленчук затоа што тој пушта вода и потоа добивате компир манџа од рерна. Значи само ребрата, свински или телешки какви сакате, може и јагнешки и јас ги ставам следниве зачини: лук во прав, црвен пипер, рузмарин, кари, мелен ким(кој на месото му дава вкус како да е правено на скара, како на задимено), мешан бибер(црвен, бел, зелен, црн). За зачините убаво да се прилепат до месото ребрата пред да ги ставам ги мачкам со сенф. И тоа е тоа. Јас имам рерна со отворени греачи која што е многу јака и е одлична за пици па затоа ова го печам на 160 еден час и излегува секогаш фантастично. Ребрата се убаво поцрвенети и крцкави. За да ви излезат така никако не смеете да ставите зеленчук или вода заедно со месото во ќесата. И ќесата мора да биде врзана колку што е можно покртатко за да не се надува премногу и да дојде блиску до изворот на топлина и да се дупне. Ужувајте, се надевам дека некому му помогнав.
Мене ми се допаѓа. Секогаш правиме во тие кесињата и не само мене, туку на сите ни се допаѓа. Па уште и компирчиња внатре...мх мх мх, мераци... Еве и сега се прави едно пиленце...
Не ми се допаѓа. Месото е како варено, зачините ги прима надворешно а внатре е суво и без вкус. Меко е вкусно е, но не ми се допаѓа. Зачините се прејаки.
Ова чудо сега го пробав и никогаш повеќе! Месото е сочно и меко,ама како спурено или варено (што е и логично кога ќе размислам, чим се готви во затворена кеса)...Освен тоа, премногу зачинето.Ме утепа желудников Ах, пуст маркетинг што прави со светов! Се знае како се пече месо, ама ај...за друг пат си знам
Дечки па не го ставајте целиот зачин, јас никогаш го немам ставено цел зашто се гледа дека е многу...а баш е вкусно месото, просто ме чуди како не ви се свиѓало.