Го обожавам, сакам зачинета храна а плус и едноставно се приготвува...Не морам копаните претходно да ги варам, и после јадење да рибам на тавата...Ги ставам во кесата, додавам и компири и воала-ручек...
Што би правела ако нема маги сочно од рерна ? - би јадела мрснотии и би се здебелила . А со маги од рерна си правам месо,копани... и многу си ја сакам
Мене месото не ми беше воопшто зачинето, само надворешно кожичката зачинета внатре без вкус, спурено, варено, неубаво едноставно. Ко месо без вкус. Немаше ништо од зачинот попримено кокошката. Јас се давам во пилешко посебно бело месо, а ова со маги ми беше најнеубавото бело месо јадено до сега. Се е вкус, но јас се чудам како на толку многу им се свиѓа, веројатно не сте пробале од мајка ми пилешко месо, тоа е вајда причината
Имам пробано само копани, не и кокошка на ваков начин. Преубави беа. Сочни, вкусни, зачинети и со прекрасен мирис. За кокошка мислам дека потешко ќе прима од зачините и по нема да е убава, ама кога ќе пробам тогаш ќе зборам.
Онака..сум го јадела.Најчесто татко ми го користи а и мајка ми.Ама таа кога прави обично без ништо,не става многу работи Добро е,ама ништо посебно..што знам..
Леле го обожавам Магиво, ем убаво, ем лесно се прави месото со ова Имам пробано и копани, но и од кокошка и можам да кажам дека поубави беа копаните бидејќи поише попримија од зачините
Незнам што ви е толку поесбнен и убав овој зачин. Мене ич не ми се допадна. Поубави ми се обични копаните, него ли вакви.
Еднаш мајка ми го правеше и вопшто не ми се допадна. Имаше многу јак мирис и само го расипа вкусот на место и оттогаш маја ми не е правела.
Јас си правам домашно Маги Вегета,црн бибер,чили зачин малку кари,оригано,индиско оревче,лукче,кромид и бело вино...за мерак.И повеќе ми се допаѓа од купечкото.
Одамна имаше направено мајка ми, ама уште се сеќавам на вкусот. Ми се свиѓаше ептен, некако му дава посебен шмек на јадењето, ама дека е малце поскапо, поскапо е. Не вреди толку пари да се даваат, па и дома можам зачин да си направам.