Мммм обожавам Обично не сум љубител на зачини и се да е измешано внатре, ама Маги сочно од рерна обожавам. И плус е многу поздраво
Мајка ми понекогаш прави од она зелено пакетче шо е , но бидејки не јадам а и не сум љубител на зачинета храна- Маги сочно од рерна не ми се допаѓа
Освен што не се печат на зејтин што не е здраво друго не гледам ништо. Има адитиви, конзерванси и остали чуда. Зачин си е зачин ајде ама дехидриран зеленчук и преработен индустриски Кога ќе размислиш поубаво има ли пак нешто навистина задраво ама ете мора да се храниме. Го имам пробано и не ме воопшто одушеви и повеќе не купувам
Да точно не е здраво, ама па не се дозволува ова секој ден. Го имам пробано предходно и превкусно ми е. Омилено ми е од лук. (второто)
Јао јас тоа од лук ич неможам да го поднесам Мајка ми еднаш купила такво,ама не се седеше дома.Цела куќа на лук мирисаше.. Бљаак
Ништо посебно не сум воодушевена од кесиве. Можеби е здраво без масло готвење, ама што се друго има внатре... Башка што ми е крајно неинвентивно. Обожавам да готвам и се давам во зачини. Сто пати поубаво си ги комбинирам сама и точно знам како да си ги дозирам. Ние дома ги купуваме обичните празни кеси, па си го дотеруваме по наш вкус. Сочно и меко, за мерак. Ама сепак ги користиме поретко кога нема време да му висиш на јадењето врз рингла. Незаменливи ми се рецептите од баба ми и мајка ми. Го маринираш, па си крчка, па се динста....мх мх
Маги (пре)сочно Печев кокошка еднаш поодамна и до распад го доведов месото, од зачинот ништо не поприми, вкусот нула, месото каша преварено... Многу долго го печев мислејќи дека ќе фати крцкава кора ама откако сфатив дека тоа нема да се случи, ја искинав кесата да се допече за да биде покрцкаво и ништо си остана блуткаво.
Зеленото ми е омилено, кога немам време за готвење, а со 2 мали деца знаете како е, стави во ќеса, тајмер и собирај играчки од под, цртај октоподи или медузи, играј криенка... Ми се допаѓа и тоа за свински врат, компир и се внатре, само супа и салата да доправиш.... За млади мајки се измислени
Омилено ми е и почесто го прави мајка ми,така да едвај чекам пак да го јадам.Вкусот е незаменлив,а собено со печени компири...мммм
и јас го сакав ама едаш морав да излезам и викам ај ке го оставам пилето скоро готово во топла рерна да си покрчка и кога по 2 саата се вратив беше оладено и толку безвезе тоа течнноста направена како пудинг викам јас уше еднаш не праам у вакво на цревата да ми се испозалепи. Ако сакате да видите на што мислам не ја фрлајте кесата. Оставете да се олади еден час.
Imam probano ednas i ne mi se dopadna.Zacinite se zalepija za kopanite,kesata stana crna,izgore,morav da go izvadam od rerna.Mesoto vnatre zivo...
Дали некој го има пробано Маги пилешко со 4 вида сирење? Треба ли стекот претходно малку да се подинствува или запржи или директно се става во рерна заедно со преливот?