Колку што барав не забележав дека на сајтов постои ваква тема па затоа јас сакам да ја отворам оваа тема. Ако и вие сте правеле вакви нокти ве молам споделете го вашето искуство. Еве како изгледаат магнетните нокти
Хммм...А ти профилот да не си го направи за да отвориш тема за магнетни нокти. Ама ок, ајде, него не си дала никакво појаснување за нас обичните смртници какви с овие магнетни нокти? со магнет?
Што има веза и да го направила тоа? ако ја интересира зашто да не, ниту рекламира нешто, ниту крши некои правила. Инаку ноктите се прават со магнет, таков е лакот, се лакираш па го држиш магнетот неколку секунди над ноктот и се прават шари. Најчесто магнечето го даваат со лакот комплет. Барем јас не сум сретнала да се купува посебно. Мене ми беа многу интересни, ама ми здосадија веќе. Само не ми текнало како на сликата секој нокт различен да го направам интересно е
Имам од овие магнетни лакови, задоволна сум. И баш се за итни слуаеви,кога немам време да си ги средам ноктите па набрзинка со него ги правам.
И јас имам таков лак, и прво мн темно испаѓаат и ме нервираат кога ќе помислам дека треба да ги бришам еден ден, и цела ќе се измачкам, како второ, немам живци јас за тоа. А да, убаво многу испаѓаат.
И мене ми се многу практични овие лакови, за неколку секунди имаш интересни нокти. Совршени за женски кои сакаат средени нокти, а сепак немаат време, или пак немаат талент за да ги исшараат.
Сакав да кажам дека кај нас има само мал избор на шарки кои се прават со овие дополнителни МАГнетЧиња кои имаме потреба да се користат за да може да има необичен изглед на лакот во супер својство.... ЈАс ги имам само овие 2 магнетчиња: Спојлер Ако сметате да ја затворите темава ке може мислам да префрлите се во темата со лакови...
Д Девојката у рок од еден саат направи 4 различни теми. Нејсе, техниката добра е, да Посебно кога се брзаш како шо кажа некој погоре. Интересно
Јас немам пробано да се лакирам на овој начин ама денес ветувам дека ќе одам да си купам ваков лак за да пробам па ќе ви се пофалам што сум направила