Ја направив темата со цел да се споделат различните искуства околу овој вид на терапија, бидејќи голем дел од жените имаме проблем со целулит без разлика колку се пази на исхрана и физичка подготвеност на телото. Инаку, Мадеротерапија е посебен вид на антицелулитна масажа која се прави со специјално дизајнирано дрвено сукало, конусни форми и ролери. Во основа, оваа антицелулитна техника подразбира стимулација и лимфна дренажа кои се прв чекор во борба против упорниот целулит на нозете и бедрата. Овој тип на терапија се препорачува кај оние кои сакаат да се ослободат од целулитот, и се споделува дека има многу подобри и побрзи резултати од обичните антицелулитни масажи. Се препорачуваат најмалку две серии од по 10 третмани. Третманот трае 45 минути. Истиот се прави преку два или три дена. Со истиот се опфаќаат цели нозе, стомак и струк. Во врска со интензитетот на терпијата, се поставува и прашањето дали се чувстува одредена болка додека трае третманот? Болна осетливост во текот на првите неколку третмани е можна, како и кај класичните антицелулитни масажи. Некои личности на третманот само уживаат, а некои чувствуваат непријатност додека се поминува на деловите зафатени со целулит. Дали имате искуство со ваков тип на терапија? Дали била ефикасна и дали ефектите траат подолго време? Дали финансиски се исплати третманот? Дали сте имале некои негативни искуства заради нестручност на оној кој ја спроведува терпијата, бидејќи видов дека некаде се појавуваат огромни модринки на местото кое се третирало. Од кои салони или индивидуални терапевти сте задоволни?
@didisi Најверојатно може некаде од интернет да се купи нешто за домашен третман, но сепак мислам дека нема да биде тој ефект како од салон. Мислам дека во салон трае третманот цел час и се менуваат различни алатки. Барем од тоа што се распрашував
Јас денес за прв пат бев на мадеро.Многу болно...ми се појавија и модринки на некои места.Не знам дали би ја издржала втората...
Јас имам правено 2 пати минатата година и бев презадоволна бидејќи намалив и килажа и во обем за да има подолготрајни резултати треба да се придржаваш да внесуваш многу вода,да не се прејадуваш ако јадеш на пример 3 р.леб да јадеш 2, да не пиеш алкохол и сл.
правев во Велес тогаш цена беше 300 ден сега мислам дека може се поскапени и по 2 пакета имав добри резултати. Ако си од Велес можам да ти пратам лп
Да, веќе после петиот третман имав резултати,искрено сум задоволна и после тоа ако внимаваш на храната по долготрајни се резултатите
Па, некого да, некого не. Мене ме боли на првите третмани, после не. Пред/ после циклус може да боли, поосетливо е телото