Некако страшно изгледаат направите плус на некоо видеа изгледа ок на некои како да претеруваат со стискање. Имам многу целолит што ки се направи во бременоста па сакав да знам дали да одам после тоа или ако е многу болно ич да не се занесувам...
Абе додека не пробаш, не можеш да знаеш. А и зависи каде правиш. Има некои навистина што претеруваат со стискање. Јас никако да се наканам да одам после бременост, а претходно си терав и супер ми беше, а треба.
Во Охрид вакво чудо кај се прави? Јас иако намалив 14кг на килажа нормално имам целулит, имам уште барем 5 кг за спуштање, добро тоа не е толку битно ќе ги спуштам секако на диета сум, туку дали ќе се ефикасни или џабе парите? Ми е страв од болка многу да не боли искрено.
Без благо,без бел леб и многу вода - за две недели симнав јас 5кг и плус јадам сѐ по малку, и не се осеќам гладна. Повеќе се осеќам жедна.
Дали има некој правено бразилска мадеро? Гледам актуелна е по салониве.. Дали стварно се подига задник и слично?
Извини сега ја видов случајно поракава, инаку со УН диета, уште ја држам само не толку многу строго бидејќи се држи само 3 месеци а јас ќе ја држам дупло па ќе одам на одржување. Инаку за 3 месеци.
Има една жена на фб пиши алатки за мадеротерапија и ќе и пишеш и ќе ри каже. Една алатка е 700 ден ми рече, денес и пишав и ми одговори....
Се изначитав страници назад и видов дека многу од вас правеле мадеро, но не најдов конкретна препорака за навистина добро студио со професионалци во Скопје за мадеро? Ве молам за одговор, немам од каде да добијам препорака, само на форумов би можела Многу пари се а ако веќе се решам да ги дадам сакам да сум сигурна дека тој што ја прави си ја знае работата и не е залудно.