Правам редовно. И сум задоволна. Со 10 третмани целосно го елиминирав целулитот. Ама не престанав од време на време одам. На почеток ме болеше малку, ама издржливо, после тоа е комплетно уживање. Има многу бенефити. Штета што не се објаснети, подоцна ако имам време ќе напишам.
Само немој да одиш во aestetik centar love yourself. масажата ќе ти ја прават со обично масло од стокомак, ќе ти кратат на минути и ќе имаш модрици
После 5тата ми изби. Највеќе треба вода да се пие. Инаку многу се мокри. Јас сега пак ќе правам се надевам нема да биде како првиот пат имав многу модринки.
Одам кај Ирена во Мадера, во Ново Лисиче и сум презадоволна. Веќе седум масажи ми поминаа, болка немам, ама кожата ми е видливо измазнета и затегната. Бев скептична, иако имам позитивно искуство со антицелулитна масажа, овојпат имав многу повеќе целулит заостанат од втората бременост и верував дека ќе оди многу потешко. Модринки немав на почеток, од вчерашната масажа имам две три на едната нога, ама се малечки. Имам уште третмани, но засега сум задоволна.
Некој има ли да препорача место во центар кај што добро работат мадеро и ги дезинфицираат оклагиите, а не цело време истите да ги користат на сите клиентки? На последното место кај што бев, масерката повеќе збори него што масира, и дур се свестиш поминал терминот.... Исто дали има неко искуство со криолиполиза да сподели, дали има ефект, дали вреди целиот третман?
Јас ги правам секој втор ден, оти така ми одговара поради локацијата, не можам секој ден да одам, иако може и така. Ама можеби е подобро да се секој втор ден, оти на почеток боли. Бар мене првите три третмани ми беа многу болни, особено третиот, бидејќи се погоди едно по друго со вториот (петок, па сабота). Но оттогаш немам веќе мака, не е толку болно (иако сѐуште боли), се издржува. А баш ме "малтретира" женава, не е ич нежна, самата си кажува.