Едноставно го обожавам овој град и имам голема желба еден ден да го посетам. Дали вие сте биле некогаш во Мадрид? Какви импресии имате од него? Ако не сте биле дали би сакале да отидете? Еве некои слики од главниот град на Шпанија.Навистина прекрасен град.
Мојата животна желба е да го посетам овој град и се надевам дека еден ден ќе ми се оствари, Еве и од мене неколку слики од прекрасниот Мадрид.
Животна желба ми е да живеам таму. Многу го сакам,ме воодушевува и ако не живеам барем да отидам еднаш,да го доживеам градот бидејки поинако е да гледаш слики и да се шеташ низ него со Google maps - street view,друго е да го посетиш. Видете како цел град слави кога победува Реал Мадрид на Plaza de Cibeles,цел град е на нозе Мислам дека имаме сличен менталитет со шпанците,затоа имаат и уште едно плусче од мене,не сакам ладни луѓе како оние горе,на север. Плус нагласокот во зборувањето,акцентот на Мадриѓаните(?) ми е Сликата е во спојлер,затоа што е многу голема,но морав да ја ставам,преубава е Spoiler Spoiler И јаготка на шлагот Се извинувам поради предолгиот пост,ама морав Па ако некој бил,нека пише доживувања
Во декември бев во мадрид и еве ги моите импресии Натаму одев со авион од белград. Релацијата е белград-рим-мадрид. Таму од аеродромот до центарот на градот може да одите со метро. Бевме сместени во хотел и бидејки почеток на декември не е некоја сезона а резервиравме на време со попуст, соба за три лица не кошташе полипансион околу 35-40 евра од вечер во дел од градот што не е многу оддалечен од центарот. Повеќе бевме заинтересирани за ноќниот живот бидејки од музеи и замоци посетување веке ни е здосадено сегде. Сепак ги посетивме кралската палата и стадионот сантиаго . Палатата секако вреди да се посети а за стадионот, не сум некој фудбалски фан па затоа ми беше онака, ко во музеј да одам, не уживав воопшто. За шетање низ град бевме едниот ден и една вечер на Пуерта дел Сол ми се допадна многу, но некако многу гужва дали дека пред католичкиот Божиќ беше и не можев вистински да уживам во местото. Кога би дошла летно време сигурно поубаво е на летните тераси на кафетериите. Тоа што мене најмногу ми се допадна е Плаза Мајор каде го поминав поголемиот дел од времето. Според мене ова е еден од поубавите плоштади во Европа (баш плоштад како што треба да биде) простран и убаво распоредено се. Околу плоштадот имаш се што ти душа сака за јадење, пиење, коктели и забава и според убавината на местото цените се прифатливи (ако се спореди со плоштадите во другите европски метрополи). Ноќно време во баровите е далеку повесело отколку во европските барови и дискотеки. Од дискотеки ги посетив Опиум и Велвет. Оваа опиум ја има и во барселона таму е каде каде поубава и на поубава локација но не е лоша и тука. Цените во баровите се попристапни на пример убав коктел е 8 евра додека цените во дискотеките за влез и пијачки се изгор. Сепак си вреди за забавата што се нуди. Мадрид како град- убава архитектура, иако бев во зима се чуствува топлината на градот иако не е така шарен и весел како Барселона. Не очекував многу од мадрид и можеби затоа ме изненади, после посетата на мадрид ми се смени поимот за шпанија што цело време ја замислував во поцигански стил како што го има во каталонија.
Не можам се уште да си ги средам впечатоците и да доловам како се чувствував. Сум ја шетала јужна Шпанија, Барселона, ама Мадрид... Мадрид се издвојува. Цела недела таму беше едно неверојатно и ипресионирачко искуство. Не очекував дека градот има толку прекрасна и волшебна архитектура од 19ти век, зачувана и одржана. И буквално освен некои од главните улици, центарот е цел со тесни, шарени и преслатки улички, кои се едносмерни и преполни со мали, слатки барови, со интересни продавнички, со местенца каде има оригинален, домашен сладолед, или благи работи. Плоштадите се исполнети со зеленило, фонтани, ресторани и магична архитектура. Ноќниот живот е исполнет, има за сечиј вкус, различни места, како и до полноќ, така и дискотеки. Паркот Ретиро е едно прекрасно место за рекреација, одмор, спорт и уживање, огроооомен парк со премногу зеленило, со езерце и можност за пловење со чамчиња, со многу фонтани и историски остатоци, како остатоци од црква, споменици и сл. Паркот Мадрид Рио кој ја опкружува реката е исто така едно огромно место за трчање, шетање, возење велосипед и ролерки, огромен зелен простор за секој. Секој од музејите има време кога може бесплатно да се посети, а некои од музеите и се цело време бесплатни. Прадо музејот е волшебен, а посебно околината околу него. Има преубава црква, парк и зеленило. Музејот Реина Софија исто така е прекрасен, има и парк во него за одмор, со многу зеленило, клупи. Музејот Навал е музејот кој најмногу ме фасцинираше. Се работи за историски музеј, најмногу е обрнато внимание на бродската индустрија и развивањето на Шпанската бродска индустрија низ вековите, воодушевувачки макети на бродовите, на оружјето, како и портрети на многу големи морепловци, кралеви и кралици. Да можев ќе останев цел ден таму... Ќе ставам повеќе слики. Spoiler: Архитектура Spoiler: МалаСања Spoiler: МадридРио Реката е малку исушена, не врне доволно...
Дава само 10 па еве и од останатите места. Имам еден куп слики, ама еве дел од поубавите за да доловам она што ме фасцинираше. Spoiler: Парк Ретиро Spoiler: Музеи
Неверојатен град, се што е пишано горе потпишувам, само што јас не бев во Реина Софија пошо морав да го посетам стадионот на Реал Мадрид. Пред точно 10 дена бев, у недела премногу луѓе од многу држави. Се сликаме со трофејот од ЛШ и таа шо не слика ни дава некоја картичка да ја покажеме на излезот. Наредно фотомонтажа, ти вика со кој играч сака да се сликаш и ти дава пак картичка. Идам на излез ги гледам овие плаќаат пред мене, си викам ако е 5-6 евра ќе платам. Го прашувам тој пред мене ми вика 28евра Бегај подалеку си викам, 28евра не давам за две слики. И со цел ум барав карти за Барселона-Алавес финалето на купот на стадионот на Атлетико. Останале неколку близу до вип ложа, 650евра И толку бев импресиониран шо кога стигнав на аеродром, забораив да чекирам багаж, па за малку ќе го пропуштев авионот Ова беше прво мое летање со авион и прво излегување од Балканскиве држави и уживав дури и кога со жениве идевме на шопинг. Причина: ко без пари да беше облекава, буквално ко на подарок да ти ги дава некој. Примарк е врвот за ефтини работи какви кошули сум купил што во Сити Мол се барем 5 пати поскапи и Масимо Дути исто беа преефтини, разбирливо нивни брендови се. Излеговме една вечер не памтам ни како се викаше дискотекава, 20 евра влез. Си излеговме и најдовме една за 11 и супер си поминавме т.е поминаа луѓево, кај знам латино салси или како и да се викаа ја да играм. Али културни луѓе овие од Мадрид игра еден танц со рандом девојка и и вика грасијас, да беа у Македонија цела вечер ќе замараше ваљда. Не ми се свиѓаше смештајот и исхраната, али коа е бесплатно нема зашо да се буниш. Мислам дека ослабев 5 кила, затоа последниов ден надокнадив, едно 50евра фрлив на храна. Слики имам милион, го прегорев фб, ќе поставаж деновиве. Следно, Барселона се надевам, март 2018
Број 1, град МАДРИД- кралскиот град. 2.Валенција ( ако Мадрид е кралски град тогаш Валенција е градот на кралицата) 3.Севилја 4.Барцелона. Мадрид за мене е најубавиот град во Шпанија ( па може да речам и во Европа).Широки улици, разновидна архитектура, знаменитости и.т.н. Општинската зграда . Портата Алкала Споменикот на Алфонсо 7 Познатата шопинг улица Гран виа. Кралскиот дворец Катедралата Алмудена И ред други знаменитости за кои не можам да прикачувам повеќе слики ( 10 макс).После се овоа ви велам дека Барселона нема шанси со Мадрид. Барселона е популарна поради олимпијадата, Ф.К.Барселона и заради морето.Би сакал и некој друг да сподели мислење за Мадрид, можеби премногу сум импресиониран од Мадрид.
Би сакал да споделам со вас уште некоја слика од Мадрид. Сантијаго Бернабеу Капијата Конкордија и Кулата Монклоа Фонтаната на Нептун Црквата на св.Мануел и св. Бенито Хотел Едифицио Еспана 26 спрата=117м