Оваа е една романтична комедија со 30 епизоди Содржина: Главни ликови се 4 пријателки од детството! Првата е Есра (Синем од Малиот ага) - Таа е полицајка која во првата епизода прави свадба Кога ќе се венчаат во нивната соба ги чека изненадување - Бадемантилот од неговата љубовница. Таа го остава, но кога дознава дека е бремена му се враќа. Тука е и полицаецот Мурат кој е заљубен во неа. Мајка и мистериозно исчезнала во минатото исто како и нејзиното досие во полиција(го снемало за време на пожар). Полицаецот Мурат ќе се погрижи за да ја најде мајка и. Втората е Дилек (дебелата) - Таа е мажена и има ќерка. Уште во првата епизода мажот и кажува дека сака да се разведат, но тој всуност ја изневерува. Таа е дебела и ќе тренира за да ослаби. Нејзин тренер е Тарик кој е заљубен во неа. Таа се ќе направи да си го сочува бракот, но кога ќе се разведат ќе почне да чувствува нешто спрема Тарик. Многу сака да готви. Третата е Мине (Берин од Бурни времиња) и е сестра на Дилек. Таа е гинеколок, но неможе да има дете, па затоа оди на лекување во Лондон. На пат за назад во Турција го запознава Докторот Џенк кој се вљубува во неа , а подоцна ќе се дознае дека работат во иста болница. Мажот и ја изневерува и таа ќе ја породи неговата љубовница, односно ќе го породи неговото дете. Четвртата е Серај (Глумица) со текот на времето таа се одвоила од останатите три, но Дилек ќе ја најде и ќе ја покани на свадбата на Есра. Таа за да не оди со мажот и на состанок оди на свадбата. Оттогаш таа пак легува во нивните животи. Мажот ја изневерува со актерката Гул. Таа ја има асистенката Дениз која во својата куќа има цела соба излепена со слики од Серај. Но нешто се крие зад тоа! (Изненадување) Значи четирите се изневерени! Многу е интересна ја сум до 10та епизода. Дали некој ја гледа и што мислите за неа?
Ја изгледав уште лани. Серијава ми е една од омилените. Најмногу Есра ја сакам. Дилек ми е многу отракана на моменти. Серај имаше моменти кога многу ме нервираше. Е Мине ми е срцка, со Џенк многу си одговараат. Гледај ја до крај, уште колку јаки случки има. Кажи до кај си да прокоментираме, да не ти спојлам нешто несакајќи.
Изгледа уште 2 епизоди значи треба да ја гледам 13 Јас дум до таму кај шо овај идиото наместо селфито прати 18+ слика на сите И да кажеш нешто што не сум го гледал нема врска ја така и така ќе ја гледам и да знам што ќе се случи Сал дали ќе ја најде ера мајка и Интересира ме
Спојлер Ќе ја најде, ќе и помогне Мурат. Ќе отиде да ја запознае таму каде што живее ама она е веќе мажена, дете има. После пак ќе се видат и последно мислам ќе биде. Многу ќе се повреди Есра и ќе не сака да ја види, затоа што мајка и ја оставила свесно, а татко и не бил ништо крив. И Есра ќе му прости на татко и оти нели мислеше дека он бил виновен што мајка и не била со неа.
А шо ќе биде со Ахмед, Дениз и Серај? Онај гад Ахмед интересира ме шо и направил на Серај па га она толку мразе? И онај тренеро Тарик зашо нејќе да каже дека е у врска со Чико Дилек, сраме ли се од неа или шо..?
Ja ja gledam na balkanje Ama ima mnogu drugi Pisi Udate i opasne epizoda 1 i ke vides kaj se ja ima Ama mene najveke mi odgovara na Balkanje A imas ja i na Movtex tamu sigurno ke otvore
Мене многу ме нервира Дилек. Запнала Енгин па Енгин толку наивна е што неможам да ја глеам ми ги корне живците жими се. Сите и отвараат очи она со глава у ѕид аман више колку е глупа -.-
Денеска ја изгледа последната епизода Интересно заврши Сал можеле са да снимат и уште една Сезона Има шо да се снима : 1. Венчавката на Есра и Мурат 2. Венчавката на Серај и Маџит(мислам дека беше) 3. Венчавката на Дениз и Џошку (без н) 4. Раѓањето на близнаците 5. И уште многу други случки...