Разлика меѓу мажите во странство и мажите во Македонија има. Различни се, ама не по дифолт и подобри. Вистина е дека многу се грижат за физичкиот изглед, спортуваат и си го посветуваат времето на правење корисни работи. Го прават тоа за себе, а не за да постираат слики на фејсбук со крената маица за да им се гледаат плочките, како речиси секој пријател мкд што го имам на фејсбук. После има голема разлика во менталитетот и културата. Кај нив се прават муабети од општа култура, историја, астрономија итн, така се воспитувани уште од деца, родителите ги вклучуваат активно во секој ,,возрасен,, разговор и се оставени самите на себе да размислуваат со сопствена глава и да бидат независни од мали нозе. После муабетот за почитување жени, вистина е, многу почитуваат жени, директни се, искрени и слободни да ти кажат слушај јас и ти не си одговараме ради тоа, тоа и тоа. Нема да те мота и си тепа време со тебе, пошо нели времето им е пари овде. Не им е целта, ај бе ќе ја легнам па после ќе ја откачам ме боли таквото, сега ќе и се замарам. Моето искуство е некаде од Европа, и што многу ме изненадува, барем од тие што сум ги упознала, не тежнеат за авантури, врски на кратки стази. Сакаат да си бидат во нормална, здрава врска, и не се сметаат фраери според тоа со колку жени ќе легнат. Извинете, ама тие што викате дека нема разлика мкд странство, не сте во право. Разликата лежи во самиот менталитет на луѓето, сакам жена што ќе ми пере, пегла меси, ќе ми чува деца и ќе оди на работа, додека јас сум кој знае во која кафана, се знае жена е за дома, а во меѓувреме ќе и правам љубоморни сцени и никој не смее да ја погледне, зашто тешко нејзе после. 500 години турско, шта ќеш ?! Иако во главниот град наш според мои сознанија ова полека и се надевам се искоренува, во внатрешноста е така. Сепак кој е растен во мкд тешко може да се навикне во странство, зашто тука е се различно...различно ама не мора да значи и подобро. Кој ке си се снајде убаво ќе му биде, зависи и од карактерот колку можеш да се претопиш, да го прифатиш начинот на живот, ама секогаш ќе остане нешто неискажано, нешто да си го речеш на твој јазик, да се разбереш па и скараш како со свој што можеш.
Ма дааај. Мажите си се мажи и овде и таму. Ама не, не генерализирам. Колку луѓе има на светов, толку и карактери. Демек поопуштени се, не се конзервативни и озборувачи ко нашите? Да, можеби, али само ќе те гледаат како забава и ништо повеќе. И да, не да те почитуваат ако те легнат одма, или да сакаат со тебе нешто сериозно, иако се така многу оупен мајденд. Ладни се, бесчувствителни, не можеш да му веруваш. Тие сопствените деца од коа ќе пораснат не ги фермаат, не па тебе, некој си. Но, има и луѓе.. Скраја да е ако се е така црно.
Кога правиме муабет за менталитет,мое мислење е дека не игра некоја улога менталитетот во врската. Секаде има папучари,секаде има мачо мушкарци,секаде има романтичари,клошари и што уште не. Единствената разлика е тоа што кај нас романтичар ќе те однесе у Томче Софка на вечера,а у Италија ќе те седне у некој ресторан у Милано. Тука клошар ќе ти пишуе со 6 и 4 и ќе ти расприкажуе како си ти бомба,најубавата и се остало,а таму ќе ти го каже истото на друг јазик. У пристапот нема разлика,има само нијанси што се неприметливи зошто сепак и вие момите сте дел од македонскиот менталитет и сте навикнале на ова.
лелее луѓеее! ДЕЧКИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА СЕ КАТАСТРОФА..ПРОСТИ БЕЗ СТИЛ,ФКУС СЕЛЈАЦИ А ДЕЧКИТЕ ОД СТРАНСТВО СЕ СТВАРНО КУЛ ! ЈАС ПРВА ПРИЛИКА СЕ СЕЛАМ ОД ТУКА!
Лелееее, лелеееее, лелеееее, јас да сум на твое место уште сега ќе се селам. Јас се имам веќе изјаснето на темата, сум имала дечко и од странство, сега си имам од тука. Јас бев многу разочарана од ладниот однос на бившиот. Целосна незаинтересиранос, само да си излезе со другарите, да си помине убаво, па дури и кога доаѓаше во МК. Двапати за Нова година бевме заедно и јас си славве со другарките, тој со другарите. Мене тоа тогаш ми одговараше, не сакав ништо озбилно, ама сега веќе не. И го гледам, пак си е истиот, тој нивниот менталитет. И една недела да не ти се јави не е ништо страшно, немал време човекот. А сега прв пат почувсвував блискост и љубов. Прв пат почувствував дека некој се грижи за мене. И тоа не планирам да го испуштам од раце. Сепак, можеби тоа е мојот случај, можеби со некој друг не е така. А ма сепак таква генерализација е излишна. Не постојат двајца исти луѓе на планетата.
разликата помегу мажите во македонија и од странство е во тоа што мажите во странство не губат време го користат секој момент...ако му се допаднеш на некој странец во истиот момент ке ти пријде и нема да се одлепи од тебе цела вечер,ке ти го земе бројот и уште утре ке те побара за date, тоа е затоа што незнае дали уште еднаш во животот ке се сретнете или не -ја користи секоја можна ситуација (занчи зборам само ако навистина му се допаѓате) е сега мажите во македонија затоа што се свесни дека ако не те видат денес ке те сретнат утре, или некој ке им каже каде те видел и со кого си била, кој ти се другарки, кој ти е бивши, кој се твоите, па тек тогаш можеби и ке ти се пушти а може и не ...ке чека да е попијан затоа што тогаш е помоќен...
Секако е така ама можеби е причината што девојката во странство ќе се понаша природно па ако сака ќе му прави муабет а ако не културно ќе го одбие додека кај нас дечкото нема поим ако му мавне корпа дали е вистина, дали има пмс, дали се дига пред другарки или едноставно мора да ја исполни дневната квота . После ќе прашува по форуми еден ми се пушти јас го одбив сега како да му кажам дека ми се свиѓа Ете и заради тоа нашите дечки си одат на сигурно односно секое зашто си има и свое затоа
Читав дел од постовите и просто сум запањен што викаат Хрватите.Ова му доаѓа нешто како обид девојка која има проблем со либидото па се обидува со Viagra 100mg да го подобри,ама наместо тоа добива слепило кое е едно од можните несакани дејства.Now,maybe you can fuck,but you can't see.... Тотална заслепеност.Прво,главната прича се парите и статусот,а тоа вешто се избегнува у постовите. Жена како жена(не сите жени) сака да биде девојка или жена на The Christopher,Mr.Michael или во одредени случаеви на Mr.Ican'twriteorsignmynamebutI'mrichbitch персона.Па слушам како девојки ми кажуваат дека битни биле сите останати фактори,освен парите...Пивски стомаци на повидок...Bald is sexy...Ама ти не разбираш,он е интелектуалец...Он отвори уста...Ништа не се деси... Као Сијка Пиштолова сум со српскиов .Ова е масовно.Врските и браковите денес се финансиски дилови.Никогаш не сум сакал да се мешам у приватни животи но ова срање излегува вон контрола. Ќе ја земам за пример Каролина Гочева,нашата поп дива,која не убедува дека не сака да прави циркуз од сопствениот приватен живот.Мало потцетување и тоа од малограѓански карактер: -"Каролина на тајна средба со фамилија Арканови"(Прва асоцијација лова до крова,втора асоцијација криминал и подземје). -"Каролина видена на кафе со грчкиот бизнисмен..." (Прва асоцијација лова до крова,втора асоцијација Сузана Манчич #2 ). -"Каролина во врска со македонскиот бизнисмен..." (Прва асоцијација лова до крова). Па ќе пее песни за љубовта и нејзината безвременска димензија... Јебо те Јамајка,добивам ангина-пекторис и џигер ми се превртува кога знам за кои фаци се посветени тие песни .И тоа она пак добро се држи, што да коментирам за други... Сум работел на Запад и знам мои колеги странци кои коментирале за девојки од Балканов и особено од Централна Европа со акцент на девојки од Полска.Ова се машки муабети . Што да ви кажам. Некои од тие девојки беа на potential promotion листа доколку се исполнат одредени барања на работодавецот.Приказните за тоа дека странците сакале сериозен однос и врска и не ебеле наоколу се вон мене.Тип-странец со јака просечна плата може да и го натепа на некоја која работи у Walmart или Tesco.Втора опција се promotion листите.Трета,се јавните куќи.Четврта опција се енормниот број на пензионирани или сеуште активни порно ѕвезди кои работат како escort дами. Терминот кој ги спојува driving i Switzerland e sex-box .Секоја проститутка има свој sex-box.На тој начин патувањето низ Швајцарија е многу поинтересно и дефинитивно повозбудливо.Велат think out of the box...Well I'm in the sex-box now...And it's made in Switzerland .И конечно, патувањата на егзотични дестинации попут Тајланд(Welcome to PunaniLand.We wish you...пријатен престој ).Плева. Британец до британец.Американци.Момци од западна Европа.Сите со една и единствена цел.Да се восхитуваат и да уживаат во природните убавини на Тајланд.I kid you not...
Мислам дека има многу мали разлики во менталитетот. Инаку, се зависи од личноста, а не од поднебјето. Инаку, јас си ги сакам нашите Балканци. Не можам со странец да слушам песна од „Бијело дугме„ и да паднам во севдах. Е со наш, можам. Чисто како пример.
Ja sam iz Hrvatske a moja djevojka je Makedonka i živimo u Makedoniji. Dosta sam proputovao ali nigdje misam vido toliko lokalnih žena u vezi ili braku sa strancima, bez obzira na porijeklo tih žena, znaći od onih iz vrlo siromašnih obitelji do onih iz vrlo bogatih obitelji. Veliki dio žena iz Makedonije koji je u kontaktu sa strancima je u vezi ili se uda za stranca. E sad, sa druge strane nigdje nisam vido da se muškarci odnose tako loše prema ženama kao Makedonski muškarci (da se razumijemo, daleko od toga da mislim da muškarac treba letjeti oko žene kao pčela oko cvijeta i sve joj ugađati i dopuštati), i nigdje nisam vidio toliko žena nezadovoljnih u vezi ili braku kao tu. Mislim da se zaključak navodi sam.
Странците се дефинитивно поинакви... Знаат да те однесат и на седмо небо,и имаат поголема култура според мене...
Многу се мажат за странци затоа што сакаат да избегаат од мизеријава тука. Ама не ми е јасно како толку сигурно тврдиш дека многу македонски мажи се однесуваат лошо спрема жените тука? Тоа што жените не се среќни во врска или брак не е само до мажите - и до самите жени е - порадо ќе останат со некој што не го сакаат толку, отколку да бидат сами. И тоа има улога. П.С. Се надевам дека знаеш да читаш на кирилица (мораш да знаеш, со оглед на тоа што веројатно ќе бидеш македонски зет )
.... ...машко си е машко......хахаха.....скоро сите имаат ист начин на пристап за да освојат жена. а потоа интересот опаѓа.......имам среќа да работам во странство веќе три години,и околу мене се мажи и тоа од сите националности скоро,имаме индијци,американци,европјани меѓу кои и балканците....генерално, сите се исти со само некои нијанси на разлики....неприметни.. .... .. сите ја гледаат жената како предмет на задоволство,коментираат откако таа ќе помине.си ги одмеруваат шансите кој би успеал ако некој би пробал,се прави се да се освои дотичната,е кога ќе падни во раце,не е интересна,има досада на лицата ......и веќе се трга во потраа на друга.....посебно онака како оперирани во мозок се америте,затоа што немаат вродена фамилијарност во себе,така да жената ретко ја ценат како жена на својот живот...туку ок, добро ќе е додека трае,затоа што има доста филипнки кои чекаат на нив во Тајланд...можам да кажам дека нема збор за чувства,романтика и сл.... ... .за нашите мажи се тука негде блиску...........
абе дефинитивно има голема разлика...пред се во културата,во начинот на пристап,начинот на флертување итн итн.Нашиве некултурни не знаат да ти се удвараат на пристоен начин,воопшто не се ни замараат да научат некоја техника на удварање.Добриот стар флерт исчезна.Се се замени со технологија и удварање преку фб и др социјални мрежи.Ама барем и на фб да знаеа да се удвараат...
Живеев во странство некој период и има голема разлика. Ама највеќе ми смета што кај нас мушките ретко превземаат иницијатива! А бре, ако ти се свиѓа некое девојче најди начин контактирај ја а не преку другар, 100 години се шмекаме ама толку,...и ред други ситуации кои прилегаат на деца во основно а не за над 25 год. и ако по некое чудо се запознаете обавено иде муабетот ми се свиѓаш, те приметив и те зјапам 432543532 дена/месеци ама ми беше страв да ти пријдам мислев ќе ме одбиеш
Пола жени у Македонија одговараат дека мажите во странство се 100 пати подобри, покултурни, поромантични, по вакви по онакви од македончињата ... а не ни имале 5 минути разговор со странец во животот, а камо ли пуштање од негова страна. Македонска класика. Величиш се што е странско, сеедно што не си го видел, не си го слушнал, не си имал никаков контакт за да заклучиш. Сакам француско вино, најдобро е, сеедно што го немам пробано. Французите најубаво се љубат, сеедно што немам сретнато ни прозборено со французин. Париз е најубав град во светот, сеедно што на слики само сум го гледала. Нешто француски сум расположена за споредби Па да ви кажам и македонка ќе мачи македонец 5 години во врска и нема да му даде да ја пипне, невина до брак женцката сакала да биде. А ако и се појави на истата згоден србин, ќе му се даде за една сечена вотка. Кој е крив? Мажот нели, на секоја женска мажот и е крив, и обратно. На нашите мажи им треба повеќе храброст, ама кога ќе видам колку сме ние незаинтересирани за разговор, како ги откачуваме, како им се понашаме, па нормално ќе немаат. Стално си викам добро е што не сум машко, да треба да добивам шлаканици од жените и да гледам како глумат недостапни, ни 2 реда муабет да не сакаат да направат. Имаме супер мажи, ние ги потценуваме нив, ние сами себе се потценуваме и сами менталитетот си го создаваме. Сами минуси си ставаме. Сами незадоволни се правиме. А секако друг на крај ни е крив и туѓото е најдобро. После жените ќе бараат странец. Мажите ќе бараат странкиња. Не дај боже да се испочитуваме и засакаме меѓу нас, не ние не чиниме. Туѓото е послатко, нели.