Бидејќи читам и не можам да се доначудам на „плиткото“ и селективно размислување на некои девојки за поимот машко овде, и во странство, дозволете да реплицирам само на неколку од вас. Ова што ќе го посочам е секако генерализирање, но за жал важи во мнозинството случаи. СРЕЌЕН ТИ ПАТ!!! Кај нас ако ти го направат тоа, ќе испадне дека очајно се обидува да ти се пикне под гаќи! Ако ти се удвараат на „културен“ и „оригинален“ начин, тогаш се досадни и невозбудливи. A на машките најмногу им смета што кога ретко ќе преземат иницијатива, често испаѓаат пренападни, предиректни и дрски. Да, сериозно? Да ве прашам, кога зборувате за машките „во странство“, ги земате предвид само оние земјите што често ги гледате на филмови и што во прилика-две сте ги посетиле, така? Зашто да ве потсетам, странство е и Тунгузија, Египет, Афганистан, Ирак, Пакистан, Нов Зеланд, Брег на Слонова Коска... Значи ми кажувате дека и во такви земји, каде мажите си имаат полигамија, целосен авторитет (и насилство) и контрола над жената, се подобри отколку тука, така? Девојки, со вакви размислувања само најдобронамерно ќе ви препорачам да си останете сингл, не ви треба вам ништо друго, така сте и најдобри за околината. Палец горе од мене за вас! EDIT: Росоњерка, да си ми здрава и жива! Мислење на место, а ја „допре“ и актуелната со години тема кај нас, односно напаленоста што по дифолт важи кога се зборува за нашите ценети „браќа“, Србите! Зашто нели, иако и тие се Балканци, и на едвај 100 км од нас, се странци, и со самото тоа пошармантни, поинакви, фраери, и секако, одлични је*ачи по 1-2 чаши алкохол!
Мажите и во Македонија и во странство се тие, зошто во странство би биле подобри,пофини и не знам уште што повеќе од мажите во Македонија?? И во Мк и во странство, ма секаде има и лоши и добри и богати и сиромашни и фини и никакви, не знам само која е споредбата? Сите луѓе се исти на планетата земја и не знам по кој критериум оценувате какви се мажите? И во Мк може да ти се погоди некој без 2 грама памет, некој будала, никаков, а може и да ти се погоди некој паметен, образован, интелегентен, нежен, фин. Истото важи и за мажите во странство, зар таму се сите китка за миришење-по нашки кажано , нема веза. Ете јас конкретно сум мажена за маж од странство и не се омажив бидејќи е нешто по кул или не знам ни ајс што од некој Македонец туку ми се допадна карактерот, едноставно си одговараме како карактери и личности, па после се вниманието кое ми го посветува, нежноста итн. Ете не сум никогаш во животот планирала и сакала да имам маж странец туку едноставно така ми било пишно, тоа ми била судбината
Во Франција многу се затворени, зборувам за провинцијата таму. Просто сум се чудела како се женат, мажат, каде ги сретнале своите партнери. Многу малку дружење има. А во Србија запзоанв еден тип, абе што да ви кажам, како од бајките е на карактер, толку фин, културен, да се чудиш дека уште има такви емотивни, добри луѓе. Е сега Србија е , човекот е скромен, со скромна работа и плата, како и овде. Не може самиот на себе да си приушти којзнае што, ама има душевна убавина.
Те поддржувам. Мене ќе ми дојде чудно некој во парк да седне до мене и да ми зборува. Мислам дека тоа не честа појава кај нас. Јас во паркови само парови гледам, ретко некој сам, ако шета куче.
дефинитивно 2 различни поими,овде цела година ке ти прака насмевки,погледи,само ке те гледа од страна а можеби никогаш нема да ти пријде,а таму се поопуштени штом им се допадне некоја девојка одма и приогаат,започнуваат муабет,ама добро,сепак се е до карактерот
Значи многу сте чудни,ме интересира само ние машките сме крива за вакавата состојба,па како човек да ви пријде не зборам за сите,кога сте дигнати,дрски,и со потсмев гледате,најмногу ме нервира таа лажна скромност,па насмевки сето тоа е извештачено,и давање лажна надеж,бива или не бива,и уште еднаш ке кажам не се однесува за сите девојки,за да не ме нападнете сите.поздрав
Стварно незнам до што е но кај нас едвај некој тип да ми остави впечаток, да ме заинтригира било дали со изглед или харизма, а на пример во америка кога бев пред некоја година, се изначудив колку таму ги има по мој вкус.
Можеби ти си за Американка да бидеш,штом е така работав назад за Америка и омажисе,а не тука да ми се нервираш,имаш подршка од мене. Со среќа нека ти е
Различни се да. Ама има и зошто. Ратени се во друга средина, со други вредности со други погледи. Велите дека мажите во странство се поопуштени, нормално дека ќе се кога не се замараат дали утре ќе имаат работа, дали ќе победи оваа или онаа партија, дали ќе има пари да излезе утре. Македонските мажи не се лоши, ама многу работи влијаат за тоа што така се однесуваат. Сум била сведок на ситуација во кафич кога на една намонтирана женска и приоѓа дечко , скромен би рекла по моја проценка од средна класа.. девојкава го откачува.. по 10 минути и приоѓа типац со Iphone во рака и бесен саат на зглоб, ја части скапа пијачка.. и ај погодете ја реакцијата на малава.. А со кој би имала подобар живот.. со првиот кој може нема да и купи скапа пијачка и да ја легне во кревет а сабајлето ни кафе да и свери (ако го дочека сабајлето со него) или со овој вториот кој добро ќе си ја наплати секоја капка пијачка испена од неа...
Иако сум женско, признавам дека во Скопјево богами и за 100 евра ќе се продаде некоја. Инаку не напоменав дека типацот со Iphone во приказната беше странец а првиот дечко наш...
^ И на момците, што бараат намонтирани девојки. За секое лонче, капаче. Ако ти и пријдеш на таква девојка, и ете да речеме ќе и го покажеш новиот часовник..одеднаш ќе си и херој за сите идни шопинзи што ги планира. Ако ми пријдеш мене и ми го покажеш новиот часовник, ќе те сожалувам зашто си толку плиток што еден часовник ти ја презентира цела интелигенција и карактер...се додека постојат спонзори, ќе постојат и спонзоруши за нашите и странците не можам да коментирам, зашто не сум била во можност да запознаам повеќе мажи од странство, од 2,3 примероци не се носи заклучок.
Има, има разлика. Разлика има и од град до град во Македонија, а камоли надвор од нашите граници. Пред околу две недели имав можност подолог период да бидам со странци и машки и женски, имав една задача и така што професионало, па и приватно се спиријателивме. И разлика има огромна. Сега несакам да ги оцрнувам нашите мажи и кај нас се наоѓаат фини луѓе, но во многу помал број отколку надвор. Конкретно сега зборувам за луѓе од Полска, Словенија. Јас искрено воопшто не ни размислував на оваа тема, за разлика помеѓу менталитетот, но кога видов како прекрасно се однесуваа и кон луѓето од Македонија ( и кон мажите и кон жените) и кон своите сонародници, навистина мнооогу се изненадив, едноставно имаат голема култура. Но еве сега да кажам нешто сосема спротивно. Лани исто така имав задача поврзано со контактирање со Пољаци, ама оваа група на луѓе беше сосема нешто друго во негативна смисла. Катастрофа !! Јас и оваа година очекував такви луѓе, но нееее овие беа одличен тип на луѓе. Од ова јас си заклучив дека секаде има секакви. Некаде има повеќе фини луѓе некаде има помалку, но секаде има секакви. Ако е од странство незначи одма дека е совршен, и ако е од Македонија не треба веднаш да пресудиме дека е лош човек.
Дискотека во странство- Сите се забавуваат, на некој му се допаднала девојката од другата маса, оди најкултурно ја прашува да се запознаат. Ако на девојката и се допаѓа дечкото се запознава со него , игаат, разговараат, се забавуваат... Ако не и се допаѓа го игнорира, дечкото си оди и си бара друга девојка. Дискотека во Македонија- Понтересно е во пензионерски дом, таму бар шах играат, а во нашиве дикотеки сите дремат и зејат кој како е облечен кој каде и со кого стои. Не дај Боже да се разиграш сите те гледат ко да си марсовец. Во една таква атмосфера не сакам да сум машко што треба да пријде на девојка. Сите гледат од страна, оди дечкото ја прашува девојката дали може да се запознаат а оваа на цел глас за сите да ја чујат "Шо ти е бе на тебе? Ај сиктер од тука". Често со ова следува и мавање два прста со значење -шетај дечко не ме замарај- за нели тие што не можат да ја чујат бар да видат дека корпа му мавнала. Неее не сакам да сум машко во Македонија.
Мажиште! Тестостеронска бомба. Плус е од странство. Ама не е од `тоа` странство... Вакви теми стануваат актуелни поради масовното бекство на младиот народ од Македонија. But then again...бега и машката популација. И прават споредби на немакедонките и македонките. Како и да е, на крај ќе останат пензионерите и администрацијата да го изгаснат светлото.
Да и тоа голема. и до женските не само машки. ама во македонија сеуште може да се најде некој што навистина те сака, а во странство се повекето само за секс .. не дека кај нас нема вакви ама во странство е навистина тешко......