Се ми се чини дека веќе имам коментирано во темава, ама еве пак ке си кажам нешто. Искрено веќе не знам што да мислам и не знам дали воопшто може да се направи некаква разлика меѓу мажите од било кој дел од светот. Точно е дека тие машки овде во странство можеби имаат малку повеќе самодоверба, пошто не зависат од никој, има многу девојки од кои една ако не и повеќе, ќе ја освојат. Ама и девојките овде се многу поразлични! Во смисол, не откачуваат дечко оти не бил убаво облечен или пак не бил Бред Пит или од којзнае какво семјестбо бла бла. Кај нас девојките маваат корпи и само за да се осетат важни као демек, е шо бе.. можам јас подобро од тебе.. убава на мајка! Ако размислам малку поубаво.. јадни машки кај нас бе! Искомплексирани моми има. Не оти нема искомплексирани машки ама жалното е тоа дека таквите „ловат„ а не добрите дечки оти нели, бад бојс и мамините синчиња што ги третираат девојките како играчки се поинтересни. Абе ај! Светов е отиден во неврат како и да е. Наместо девојките да бидат дами, тие се претворија во Дон Жуани а мажите пак си седат на страна додека овие им се додворуваат. Оооох не! Сакам да си бидам дама бе, да се најде некој маж што ќе ми пристапи, ке се однесува како таков, а јас ќе му вратам со сета своја женственост. И џаст фор да рекорд, преферирам маж од нашите краеви. Ич да не е, барем кирилица да знае. Јас сум си Југословенка, си го носам тој менталитет и точка. Сакам децата да ми имаат православни имиња и покрај тоа што живеам во странство, да го зборуваат и мојот мајчин јазик и да се гордеат со тоа. А па и еј.. најубав народ сме си!
Hm, ne baš, djevojke u MK su uglavnom ok, lijepe, osjećajne, nježne, sa smislom za humor i dobre u krevetu .E sad što Slavče nakon par mjeseci skupljanja snage, nakon višesatnog savjetovanja sa ocem i sa drugarima, nakon pretraživanja svoje problematike na internetu, nesigurno i znojavih dlanova prilazi djevojci uz bacanje neke bezvezne fraze i biva odbijen, to je druga priča srcka.
Па ако собира сили еден месец сигурно има причина и јас ќе собирам сили еден месец да дојдам до некој ако тој дига глава и ме погледнува коцкасто, на пр. Или не мора ни толку, доста е да се понаша како да е недостижен..
Од искуство странциве се некако многу посамоуверени за разлика од Македонциве! Во Прага (кога бев на екскурзија) начекав еден симпатичен дечко на автобуска, а на мене ми требаше помлада особа која би знаела Англиски, а тој беше единствениот таков на таа автобуска. Го прашав кај има продавница, а дечкото фино лепо со едната рака ме прегрна и со другата рака ми покажа кон продавницата и нели со го изговори тоа „There.“ А во Скопје додека се зезавме со другарка ми од досада пеашувавме за продавници кои им се наоѓаа позади грб на случајните минувачи и добивавме одговори како „слабо Англискиот“, „поима немам“ или само ќе ни покажеа со прст и ќе си заминеа. Па сеа видете вие која е таа разлика.
Балканец си е балканец...У секоја смисла на збор маж....по мажествени ми се од американците ...што се пољубоморни и срамежливи неам збор...Али повеќе машкост за мене зборам балканска е подобродојдена
Не се само мажите, туку луѓево тука и таму воопшто два различни поима... За тукашниве: Некој пиша до срамежливоста било, епа не до срамежливоста, туку (секоја чест на исклучоците меѓу кои сум и јас), ептен големи користачи се и меѓу “најдигнатите“ дефинитивно. Учел со тебе, студирал со тебе, сте поминувале деноноќно заедно, што по забави, што по кафичи, што во учење, сте се изгушкале кога сте дипломирале и сега го гледаш во град едно е**но „здраво“ не ти вика. Ова ми се има случено на повеќе наврати во животот, а и на други девојчиња кои ги познавам. Ауу, демек сега не му требаш па го дигнал тоа грдиот измрсулавен нос, немој аман, алтан ќе му падне од уста. А има луѓе од други земји со кои одамна веќе не сум била во реален контакт, па не ми го заборавиле роденденот (значи некои од нив немаат фејсбук), не забораваат на празници да те прашаат како си, што правиш, а и да заборават некогаш, не може да им се замери, не сте се виделе толку време, а овие, г* место сте оддалечени и ко странци се одминувате...гнасотија... Ние мил, гостопримлив народ...аха, ретките диносауруси кои не изумреа можеби и се такви...ама последно време само странците не' карактеризираат како такви, се' помалку слушам Македонци да зборуваат за други Македонци така...Едино коа ќе се најдеме на одмор во друга земја Македонци...е тогаш недела дена лицемерна љубов фрчи на сите страни. Spoiler Не е само до девојките, туку има и многу машки кај нас кои гледаат на тоа. Машки како се продаваат кај нас за пари...ехеее...ама паметните ги детектираат таквите и ... оп откачување од прва, па десет години подоцна кмиши дома како очајница...еве примери: Мој другар: „Не можам да размислувам сериозно за некоја кај која кога ќе влезеш дома, мислиш во временска машина си влезен и одиш наназад...обичен ТВ во боја, мебел стар од времето кога се зеле нејзините, во орманот нема ниту едно парче скапа/брендирана облека...што ќе ми е таква, да се срамам кога ќе излезам во град?“ Сегашна ситуација: Заглави со една .... да речеме со која ќе си ја научи добро лекцијата За примерот за другар на мм имам пишано на друга тема („Дали машките се материјалисти?“)
затоа јас си се омажив за австралец ...е не со овие овде,пола фрустрации пола лечење комплекси,и што е најлошо уште на само запознавање,нит срам нит перде ..одма те прашуваат ако се некои TVOITE од тие позафатените ,што имаш..како имаш ..чоек да се покае стопати што си му рекла едно здраво ..со еден збор катастрофа..многу ретко има од тие нормалните момци ...ова другово се е околу материјални работи ..катастрофа невидена е во Mакедонија
Седи си со тој АвстралИец, некој не ти брани... По колку примери со македонски дечки го донесе заклучоков? 1-2... 3 преку сила? Еве, јас како машко првпат слушам машко да се интересира околу материјалната состојба на девојката од прва средба. Да речеше дека одма прашуваат за секс, забава за една ноќ или нешто слично ќе те разберев, но вака... :/ А со болдираното ти укажувам и на лично твое лечење фрустрации, комплекси или што и да е околу машките во Македонија, м? Поздрав.
сега ме насмеа ама навистина..јас сигурно кажувам од искуство..не мора со цела Mакедонија да сум одела за да имам свој заклучок нели тука спаѓаат и машко друштво,не само дечковци..второ дечко нит те знам нит те познавам па да ти се правдам така а истото важи и дека ни ти мене не ме знаеш па да даваш толку тешки дијагнози нели ..Tрето нешто не сум од пуста брезница па да незнам што се случува во мојата земја кај што сум живеела,скопско,центарско,образовано,прошетано дете(ова околу дијагнозава што ми ја препиша на невидено,колку еден опис да имаш)и ко четврто ако си ја имаш мувата на капата па сега си ја ишкаш....можеш да видиш дека напишав дека скоро се такви значи читај скоро .... така да не ми бутај зборови толку прости... и на крај краева тебе ли треба да ти се правдам или ти ли треба да ме просветлиш за да си седам до муж ми а...мислам дај чоече олади малку
Нели, нема ама ич правда! Јас тебе ти давам дијагноза на невидено, и тоа е срамота, смешно, патетично... А ти на 500.000 + мажи во Македонија им препиша тешка ретард-дијагноза на невидено, зашто нели, не си одела со цела Македонија, но тоа е сосема во ред и ОК. Сама себе побила пријателке, фала ти. ПС. Да ми се правдаш? Не, благодарам, не барам правдање за плитки ставови, чувај си ги за себе и никому не ги шири, смешно е.
Од каде тоа дека машките овде се катастрофа,а вие девојките какви сте? Не ми е јасно тоа генерализирање,и кој е по матријално вие или ние? Мислам нема потреба да коментирам ти самата со себе немаш некои работи расчистено.
луѓето овде и таму се два различни поими колку некултурни оговарачи има овде малограѓани изиграваат некои богаташи а врска немаат уште во македонија јаките богаташи никакво понашање никаква култура ништо!
Има такви Хрчаче, би лажеле да речеме дека нема, и тоа солиден број ги има... Но работата е што кога велиш луѓе, мислиш И на мажи, И на жени... И нема делење, како што некои феминки со своите мислења се обидуваат да го наметнат тој став овде; дека мажите се нешто најдолно, најбедно, најодвратно на свет во Македонија, па затоа „кутрите невини“ девојки-жени „се присилени“ чарето да го бараат надвор.
јас си го напишав моето мислење,а ти рипна така во името на сите мужи ако не се лажам..па како тоа ти си репер за се мушко што постои у Mакедонија..твоето држи вода а а моите ставови се смешни и патетични ...моите ставови се мое право..а тебе ако ти се смешни ..повели прерипни ги..нема потреба да ги читаш а најмалце да ги коментираш едит .оваа поговоркава можно ли е сите од машки род да ја користите
Рипнав во името на тие мажи што не се такви какви што ги опиша. Џабе зборувам... Мило ми е што си се нашла себеси покрај Австралиец, само рози да ви цветаат... и гледај си го него, не суди за другите за кои појма немаш. И не, не даде мислење, туку даде ОСУДА за машките во Македонија. Има разлика. Поздрав.
и сега што сакаш да ти одговорам на овој твој коментар?за што рачистено?па сигурно не сум некое детиште недорасното или малоумна..па да не можам поубаво работите да ги видам како стојат кај нас :geek:
па мојот сопруг е мој избор..пред се ми станал сопруг ,сигурно пошто ми парирал уз мене и не е битно дал е австралец..битно е што е ок човек (за мене)..пошто гледам само го потенцираш тоа Aвстралец..сите си имаме свои критериуми у животот за некој да му парира до него...јас со овој човек сум среќна..тоа е тоа што мене ми требало во животот...секое добро