У кафана, го препуштил воспитувањето на мајката. Бабата или дедото, па после се чудите какви лигуши се Македонците
На денешно време мажите се како пепелашка. Посебно кај нас во мк. Разликата е голема со мажи и жени во мк и надвор од мк. Доволно е 2 недели да одите во друга држава и ќе видите разлика и во понашање и во се.
Децата растени од таков тип на двајца родители. И немојте да ме толкувате, за мене тоа е мислењето, на кој му се допаѓа да, на кој не, нека не му се допаѓа. Моја гледна точка и мое мислење кое не мора да биде точно.
Зависи кое странство, оние од север/запад имаат поубави (според мене) и понежни црти на лицето, се држат до здрава навика поише да спортуваат, повнимателни се и поучтиви генерално, посмирени, а сепак посамоуверено приоѓаат. И далеку подобро се разговара со нив.
Има разлика поготово во делот на домашните обврски од проста причина што во странство децата се оделуваат за време на факултет од семејство и никош не се враќат да живеат со нив. Така што знаат како да пуштат машина, знаат да готват, знаат како да управуваат со пари, да се борат за унапредување на работа и сите останати обврски кои сами по себе му се наметнуват на човек што живее сам или со цимери. Додека кај нас е спротивно мажот за време на факс и после факс кога треба да осамостали он живее со неговите. Мама го пере, мама го пегла, мама му носи јадење у кревет, мама му прави тостче вечер у 12 саат пошто на синко му се јаде. Мама уште му купува гаки и облека. А тато е тука да му даде некоја паричка за у град да почасти девојка . Кога мама ќе престане да го третира синот како 12 годишен, а тато седне на маса и му каже возрасен си учестувај во сметки или парите што треба да ги даваш да сметки стави ги на страна штеди за да се осамосотиш сепак еден ден треба да створиш ново семејство, ќе биде мн поралично.
Тогаш мм е изрод . Пораснат е од типични балканци , во Мк , до денешен ден живее и работи во Мк . Не живееме со неговите , ниту со моите . Знае да пушти машина , да чисти , да шие и пегла , знае и сам да зготви и за себе и за сите нас .. Бидејќи е ограничен со време , не ги прави често тие работи , но знае и ги прави кога е во можност .
Верувај поголемиот број од мажите се исти, но поради некоја случајност намерна или не, поголемиот број на жени налетуваат на помалиот број на процент на мажи кои се како опишаните погоре, таква им е среќата може не знам
Јас верувам дека сепак зависи од тоа како жената ќе се постави спрема мажот , уште од самиот старт . Јас му кажав на почетокот , тие обврски не се само моја работа . Двајцата живееме во овој дом , според тоа ќе ги извршуваме работите заедно . Јас сум невработена и поголемиот дел од обврските ги преземав јас , бидејќи тој сепак е ограничен со време . Но , оние денови кога е слободен сака да ги делиме обврските .
Ааааааа ме испровоцира со твојот коментар ко само твојот маж да е нај нај. Ти не си го запознала маж ми , домаќин човек. Немам потреба да му кажам , он сам зема и прави ручек, пушта перални, сортира и фрла ѓубре , менува постелина, постила алишта , на секаков начин гледа да ми угоди и ако ми се пријаде нешто трча да купи од продавница. Со поглед ме разбира, точно знае кога имам потреба од масажа и некој десерт да ме изненади. Оди до таа крајност што сега во сабота ќе оди Македонија и специјално за мене ке прави ајвар и ќе ми донесе тегли оти на Херера лигавешката и се јадело ајвар. Ептен ми исполнува желби. Немаше да пишам јавно на форумот, ама гледам дека ти ептен си го испофали твојот маж , па нема смисла, да пишам и јас за маж ми. Господ грев ќе ми пише ако кажам лош збор оти е премногу добар со мене , он е смирен , а јас ептен темпераментна. Го чекам да си дојде од работа, имав порачано мебел од Амазон , стигната е пратката, па го чекам да монтира. За се го бива , мајстор и домаќин во куќа е и ептен ми оди по газот. Но, најголема заслуга за тоа има свекрва ми , она го има така научено па дури му има речено не смее да и фали ништо на Херера , да ја гледаш ко капка вода во раце. Пу пу да не го урочам , највреден маж на светот имам
Хахаха . Многу сакате паметни да се правите . Да не дојде од црнобело форум случајно ? Слично искуство имав со членовите таму . Не го пофалив , само кажав дека не се сите мажи мрзи , има и " изроди " во Балканов . Таков е насловот на темава .
Грешка си , не сум од црно и бело и црвено и жолто и каков и да е форум. Од идивиди форумот сум. Ти си пишала што си имаш и јас кусо да не останам си кажав од моја страна што имам да си кажам. И тоа е тоа, нема љутиш.
I felt that irony in your text . Мило ми е што има и други мажи " изроди " од типичниот Балкански маж . И треба да има се повеќе . Жените не се ничија хигиеничарка и готвачка .
Зависи од кои генерации мажите. Пример татко ми и мм - два различни поими. Татко ми правосмукалка да фати шанси нема. Од готвење - јајца да свари и скара да направи. Тоа му е врвот поврзано со домашни обврски. Мм и готви, и чисти, и многу е повнимателен и сака подеднакво да учествуваме во се' дома. И не само мм, туку и скоро сите од другарите од неговиот круг. Мислам дека генерално помладиве генерации машки се поразлични од постариве. Е сега исклучоци има секако, ама па подалеку од таквите Сигурно нема да земам маж на кој же му бидам мајка и слугинка цел живот. Затпоа, година време треба да се живее заедно, пред да се стапи во брак. Така најдобро ќе го запознаете
Извинете вака да прашам, кои особини ви се допаѓаат кај "западните" мажи и вредности, во споредба со балканците?
Убаво има една членка пишано погоре, кога ќе почнат нашиве мажи да се иселуваат на 20 години од дома пр. И ќе знаат да си ги исперат гаќите и да напраат било што освен макарони и јајца тогаш може да праиме муабет. Жал и срам ме фаќа од денешниве мажи.