Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите во Македонија и во странство – два различни поима?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 12 ноември 2011.

  1. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Да ти кажам една тајна? Знаат да прават се, ама не сакаат и кријат. Кој ги перел и пеглал 4 години додека биле на факултет? Возачите на камиони кои возат низ Европа по неколку месеци, кој ги пере и пегла? Кој им готви? Мислиш јадат само во ресторани и бензински? Знаеш дека на задната приколица од камионот имаат еден голем метален куфер во хоризонтална положба, кој е полн со плинско решо, рафтови за храна и зачини, фул кујнска опрема итн? И таа мини кујна оди во стандардна опрема со камионот.
     
  2. ZAHRA

    ZAHRA Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2016
    Пораки:
    1.624
    Допаѓања:
    16.918
    Пол:
    Женски
    Сето тоа треба да ги научат од дома од мали да знаат за себе да не чека од мајка,сестра и жена.Он ништо не знае мајката не го научила, ама битно после на снаата ќе и врши контрола како чисти,готви,пере.
     
    На mssuniquee и Аргентина * им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.250
    Допаѓања:
    157.435
    Фина работа шо за либерални и не знам какви ги мерите по обавување домашни работи...
    Пресмешно.
    Од многу паметување да не се изненадите и од други "либерални" ствари.
    За да има "некаков" маж, мора да има жени кои не зборуваат и жени кои порадо да гунџаат како не и "помага" по дома.
     
    На Gornn и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  4. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Од многу паметување станаа антипатични за цел машки род.
     
  5. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    8.285
    Баш некаде пишуваше: "Кога македонски маж ќе ти рече дека си идеална жена, тоа не е комплимент."

    I see no lies :D
     
    Последна измена: 9 април 2023
    На Gosh, Bezimenka90, pdb123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    А кога истото ќе ти го рече либерален маж, тоа комплимент е?
     
  7. Heinz

    Heinz Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    А тебе зошто те интересира? Да не ќе се менуваш?

    Каде прочита либерални? Читај наслов на темата.
     
    Последна измена: 9 април 2023
  8. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Не, јас сум си тврдокоран балканац и горд сум на тоа 8) имаш проблем со тоа? :D
     
  9. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Знам за камионџиите.
    Ама исто така знам дека не секој се нафаќа да ја работи таа работа. Од поише причини меѓу кои и оваа што ја спомна.
    Па да де, главен кривец е тука мајката со нејзиното некој сине машко си, мама ќе напраи.
     
    На ZAHRA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    А најубави пари се прават од таа работ. Плус што за ич пари ќе си донесеш куп работи од Европа.
     
  11. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Ако е вака, нели ова е добар одговор на твоето прашање? Полошо од некој што не знае, е некој што знае, ама пак ѝ ја тупка работата на жената, што е уште поподмолно - демек за него тоа е понижување, а не е понижување за жена.

    Инаку, колега на факултет викаше другарки да му го чистат станот. Да не знаеш дали повеќе да се нервираш за неговата безосетност или за нивната потчинетост (facepalm)
    Интересно како антипатичноста на мажите кон жените поради нешто е секогаш валидно и жените секогаш треба да подразмислат за своите мисли, ставови, постапки, ама обратното никогаш не важи: моментот кога жена ќе ја отвори устата да искаже незадоволство, треска глупости, изигрува нешто многу модерна, либерална, феминистка.

    Најмногу ме нервираат, ама баш онака ме вадат од такт луѓе без емоционална интелигенција, т.е. без способност да се стават во чевлите на другата страна и да размислат малку како работите изгледаат кога некој тебе ти ги кажува и има вакви или такви очекувања од тебе. Особено кога причина за ова е его и комплекси на надмоќ и нарцизам. Онака, не може да ми испроцесира мозокот како е можно да имаш толкава когнитивна дисонанца, каде што буквално ситници како миење чинии ти се понижувачки, ама истовремено очекуваш од друга личност да ти слугува, т.е. да ти изиграва буквално мајка и да те рани, облекува, да ти го прави домот пријатно место за живеење, да ти ги презема обврските околу децата, како ти да си дете и не можеш да се грижиш за нив.

    И уште пак ти е нејасно како може некој да е незадоволен, кога тебе би ти било понижувачки 5 минути да го правиш ова. Па и 20% да учествуваш, не е доволно. Тоа е како на работа ти да правиш 80% од работата, другиот 20%, а исто плата да земате. И на крај другиот да ти каже - таква ти е улогата тебе, тоа е, биди среќен што воопшто имаш за што да работиш (facepalm). Кој маж би го прифатил ова? Никој. Ама барем биди хумано, пристојно суштество да го разбереш ова и да не го наметнуваш на другите (facepalm)

    Да ти одговорам на прашањето, @Gornn: повеќето мажи Балканци се без капацитет да ги сфатат овие работи и уште се на тоа примитивно ниво да си ја мерат мажественоста спрема тоа колку повеќе ја имаат улогата на деца во врската/бракот (и тоа деца во развојот кога фрлаат тантруми кога не е по нивно) и спрема тоа колку физички се силни и агресивни (како тоа да е мерило за тоа колку се добра личност и партнер). И згора на тоа, наместо да застанат и размислат каде грешат и како да се подобрат, поради Наполеонов комплекс плукаат по „спротивниците“ (т.е. модерните, „либералните“ мажи), мислејќи дека така покажуваат супериорност. А всушност само повеќе си ги истакнуваат недостатоците.
     
    На Gosh, baby-star, ZAHRA и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Значи се сложуваме околу критериумите. Е сега, прашањето е, зошто упорно жениве ги игнорираат овие работи и им дозволуваат на овие мажи да стигнат предалеку кај нив? По форуми ги плукаат, а во реалност ги шетаат за рака?
     
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Не знам, не се разбирам во психологија на родовите. Мислам дека е комбинација не само на воспитување, туку и други општествени околности, како и религиски наметнувања. Нема да речам дека е поради недостаток од образование, затоа што има многу образовани жени, а пак толерираат вакви мажи.

    Генерално жените сме растени со многу повеќе наметнати правила отколку мажите и тие ти стануваат дел од потсвеста и ти ја изобличуваат реалноста. Поради тоа има многу генерации на жени кои се навикнати да се очекува од нив поголем фокус на семејство, додека финансискиот дел треба да го обезбеди мажот. А реалноста е дека освен раѓање и доење, сѐ што може да прави мајка, може да прави и татко.

    Знам дека мажите најчесто се фаќаат за реториката ама кој поправа дома, ама вака, ама така. Прво, има доста жени што се разбираат. Второ, еве ќе дадам личен пример: зошто кога требало да се поправа нешто дома, не ме викал татко ми дојди да ми помогнеш или дојди да те научам како се прави ова, туку само мајка ми ми велела треба да се научиш да чистиш, готвиш, кој ќе те земи ако не знаеш (да се запрашаме тука дали машко ја слушнало оваа реченица во својот живот?)? Можеш да речеш: е па ако те интересирало, сама ќе си се понудела, и океј, може да е валидно, сепак сите имаме различни интереси, може навистина не ме интересирало. Ама од друга страна, не значи па ни дека секое машко го интересира: може го прави затоа што го тераат, може му се создава слика еве дека сум машко, јас треба да го правам ова, оти татко ми го прави ова итн.

    Тогаш, нели постои можност дека кога родителите би ги вклучувале и машките и женските деца во активности што се сметаат за традиционално машки или женски, дека овој јаз би се намалил? Односно, би имало повеќе машки кои би правеле „женски“ работи и повеќе женски кои би правеле „машки“ работи. Не може да очекуваш од жена кому цел живот ѝ велеле ајде раскрени и измиј чинии, или ајде исчисти, да знае да поправа болјер, на пример. И обратно за машките. Да, секогаш има исклучоци каде имаш деца кои од мали нозе покажуваат интерес за нешто што спротивно се очекува од нивниот пол, ама тоа не е мерило. Исто можеш да кажеш, има луѓе кои од 6 години си ја знаат идната професија, а некои и на 25 уште откриваат што сакаат, истражуваат хоби и интереси.

    Јас сум секогаш за учење на двете деца од различен пол на истите работи. Еве јас го гледам како хендикеп тоа што не знам да поправам нешто (иако нели, не дека не можеш да научиш) и сметам дека многу подобро би било да го знаев и тоа.

    На еден начин, жените сами се ставаат во позиција на потчинетост преку прифаќање на ставовите: ти не можеш ова, ова не е за тебе итн, и како што мажите се прават самите себе зависни и неспособни за домашни работи, така и жените се прават самите себе. Тоа е слично како во насилните врски, каде жртвите долго време остануваат со насилниците. Не ми е јасно ни мене, ама како што знам, има посебна психологија која го објаснува тоа нелогично однесување. Затоа е лошо вината да се става на жртвата, бидејќи не е во состојба на рационално расудување.

    А таков многу моќен момент имаат и понеекстремни ситуации во секојдневниот живот, од каде што се извитоперува чувството на вредност на самата личност. Како инаку би постоеле секти, на пример? Психолошка манипулација е сериозна работа, особено кога е системска, како што е во случајот со жените. Затоа изгледа ко секоја втора жена да е ваква или таква, ама сржта треба да се бара во изворот, т.е. во потеклото на проблемот. Како со болест, не ги гледаш само симптомите, ја бараш причината за појавување на болеста.

    Секако, да не испадне сѐ жените сме жртви, и ние имаме одговорност, точно. Може да се каже дека има многу жени кои им пркосат на правилата на кои биле растени. Еве јас зборувам денес вака, ама и јас сум била патријархално растена. Сум застанала, читала, размислувала, сама сум го сменила мислењето. На крајот од денот, дури и жртвите во насилните врски мораат да го направат првиот чекор, мора да покажат волја и да се изборат, не може да ги присилуваш да го напуштат насилникот. Ама, пошто многу е тешко да се тргне линија - еве дотука тој е виновен што те манипулирал (ти го сменил светогледот), оттука натаму ти си виновна, затоа акцент се става на причинителот на насилството, а не на тој што трпи. Ако не бил тој, воопшто немало ни да има насилство, немало ни жртвата да го смени светогледот итн. Така е и за оваа тема.

    Феминистките, против кои плукаат мажите (и иронично, заради гореспоменатиот феномен - некои жени) се трудат да ја најдат и да ја „пресечат“ причината за таа „болест“. Не зборуваме за екстреми; во секоја групација има луѓе што ќе произнесат екстремни ставови, зборуваме за овие нормални работи, кои сѐ уште се огромен проблем на светско нив. Ставот ми е дека маж кој не се пронаоѓа себеси во тврдењата за неправда на феминистките и кој има доволно емоционална интелигенција, нема да се чувствува нападнат или загрозен од нив, туку ќе им се придружи. Тие што даваат најмногу отпор се тие што свесно или несвесно знаат дека не се го право и сакаат да си го заштитат само своето его и интерес.

    Надвор од овие очекувања поврзани со домашни обврски и одгледување деца, сѐ уште има несразмерен однос кога се работи за сексуалност на маж и на жена. Или не биди хипокрит и осудувај ги двете или не осудувај никое. А не едното да е дел од „природата“ на мажот, а другото показател за „вредноста“ на жената, на пример. Ама тоа е друга тема.

    Друг проблем е понижување на интелигенцијата на жените, како и на нивната способност да расудуваат рационално. Затоа имаш случаи каде што жена на работно место ако е мека, тогаш е слабак, не може да се справи, ако е строга, тогаш е хистерична, кучка итн. Истите овие карактеристики не се судат вака кај мажи. И општо, на светско ниво е покажано дека за иста позиција, жените мора многу повеќе да работат и да се докажуваат од мажите за да се истакнат или да заслужат почит.

    Во друга тема, како да те читав дека коментираше зошто во одредени професии доминирале мажи. Значи не може да гледаш така црно-бело. Прво, да тргнеме од стигмата - би одел ти кај жена автомеханичар? Таа жена треба 20 пати повеќе да се докаже од маж за да заслужи почит, затоа што како што зборувам низ цел пост - тоа не се очекува од неа од општеството, значи не може и не ја бива. Тоа е најчесто прва инстинктивна мисла кај луѓето. Понатаму, кои професии ги споредуваш и дали воопшто некој би имал амбиции тоа да го работи за да прашуваш зошто жена не го работи тоа. Трето, кој е најлогичниот избор за работодавецот пример за рудар - маж што ќе сработи 10 пати повеќе или жена? Значи биолошки никој не тврди дека маж и жена се еднакви. Проблем се јавува кога таа биолошка разлика е причина за создавање социјални норми. Некои работи може да ги направи само маж (или да ги направи подобро, како на пример, тешка физичка работа), некои само жена (раѓање и доење), ама сѐ измеѓу можат двајцата, затоа не може да има машка и женска работа. И во ова спаѓаат и домашните обврски и одгледувањето деца. И овој многу прост концепт на феминизмот е толку тежок за мажите да го сфатат, што веднаш го отфрлаат без да размислат која е суштината.

    Едит: Еве таман на муабетот, ако те интересира, @Gornn, ми излезе статија од buzzfeed за само дел од двојните аршини што ги искусиле (и сѐ уште ги искусуваат) жени низ животот.
     
    Последна измена: 9 април 2023
    На Gosh, TrueToMyself, baby-star и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Да бе ама треба да се испоти гзот за такво нешто. Нема мама да ги пере.
     
    На Gosh и baby-star им се допаѓа ова.
  15. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    И вие ќе го запотите газот и така два испотени газови прават целина.
     
  16. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ние секако го потиме газот посебно ако има деца не се секирај ти за тоа.
    Кога ќе работиш како жена и надвор и дома ќе праиме муабет.
    Посебно па самохраните нејкам ни да помислам а не во кожа да сум им.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Океј, само вие потите газ, ние така се излежуваме и парите од дрво ги бериме, исто како во Австралија.
     
  18. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Управо тоа е проблемот.
    Што мислите дека ако одите на работа тука завршуваат вашите обврски
    Може не ти ама добри 80% од мужите
     
    На Gosh, baby-star и Polyincognito им се допаѓа ова.
  19. Gornn

    Gornn Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.444
    Многу е широка темата за дебатирање, али мислам дека решението е во хармонијата. Со договор и разбирање се се решава. Затоа и браковите порано траеле а денес пукаат за неколку години.