1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите во Македонија и во странство – два различни поима?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 12 ноември 2011.

  1. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    :D Абе ајде, партал ќе ја напрајме темава веќе

    Ги знам сите тие работи, не заборавив ништо :D . Поентата ми беше дека процентот на дебелина и во европските земји е поголем од оној кај нас, факт :!: . И не се ни сите Американци дебели, иако таму има најголем процент на дебели луѓе поради брзата храна како што рековме.

    И не сакам веќе оф топик да одам :rofl:
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Јас сакам да знам може?

    SI.exs две години интензивно сум по патувања, пропатував во 10 земји, мислам дека си сеуште под блага импресија на туѓина. Нивниот мирен менталитет е поради тоа што имаат подобри услови за живот. Ама верувај дека не ги прави ништо посебни тоа што се од туѓина. Животните навики на кои ти толку ги споменуваш спорт е убаво што до негде се наметнати од самата држава. Дека се поопуштени од нашите категорично велам не! Особено оние кои би сакале да созадат врска, а оние кои се барат плен за клецање за една вечер можеби да (сегде ги има такви). Дојди во Шведска па ќе поразговараме..
     
    На Matiz му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Се мислам дали да се убацам у дебата или да си ќутам....Како и да е за почеток ќе кажам се што лета не се јаде ;) И уште нешто - Тие што живееле во друга држава можат да направат споредба, РЕАЛНА СПОРЕДБА....Додека друѓите - можат само да погодуваат врз база на филмови, кажувања или нешто што прочитале од нет....А верувајте ми дека МНОООООГУ ДРУГА перцепција ќе имате на работите кога ќе го искусите на своја кожа.....Затоа што кога сте у МКД имате други навики и не ви е гајле за религија, за вредности, за навики итн....Кога сте во друга држава - и те како обрнувате внимание на тие работи....Така да тоа - "Ај бе шо ти е гајле ако не била македонка, голема работа ако била од порто рико/шпанија/германија" - нема врска....За тие што живеат у странство ИМА МНОГУ ГОЛЕМА ВРСКА И УЛОГА...Само што тие што се во МКД не можат да го разберат тоа зашто не им е јасно и е сосема нормално - го немаат искусено тоа на своја кожа...

    Некои ќе ме сфатат многу јасно и чисто, додека некои ќе си речат шо му е на овој, не праи никаква смисла ова што го збори ;) And that's ok ;)
     
    На tessie, KuklickaSk, dryad и 6 други им се допаѓа ова.
  4. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    @ Ljubam
    Си седев во паркот и дојде фино момче,започна муабет...
    Како јас да го сфатам ова ? И како да гледам на нештата?.КОга во Македонија во 20 години ми се нема случено вакво нешто-да запознаам во парк некој,т.е. да ми пријди...Се се случува во кафичите...А тука доаѓам 1 месец и за толку кратко време се запознавам со згоден странец ,кој без проблем започна разговор со мене,во сосема нормални услови?! :^) Дали и тој можеби ме мислеше за само една вечер? :wasntme: Ма немој,ко синќир нашите ептен поштени да се ги напрајвте. :^)
    Нема врска отвореноста со тоа...Како велат :"Од мирните и повлечените пази се." :!:
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Си одела у погрешен парк кај нас. Нема потреба толку од величење, ондак јас ти посакувам да си ја надеш вистинската љубов во туѓина, и да ги величиш секогаш... Ако гледаме на економско ниво секогаш ќе бидат над, а тоа е само зошто постојат многу поодамна од МКД и имаат поорганизиран систем. Инаку јас не сум воодушевена многу од мажите овде, монотни се многу, нит плачат нит се смејат, им фали мала анархија у мозокон нивен.. И јас баш би сакала да знам во која земја си, и онака си анонимна, се сомневам дека некој ќе те поврзе со некого, а постои и инбокс..
     
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Не сакав да се мешам во темава, живеам во Македонија, не сум престојувала долго време во странство, освен одмори, кратки патувања (приватни и службени), ама морам да те прашам: не ти се случило да ти пријде некој во парк во МКД? :o
    Ми се случило мене лично многу пати, и на мои другарки се случувало. И не само во парк, и во автобус се случувало, и на сред плоштад додека сум поминувала....Било каде. Се разбира, се додека е во границите на нормалата, не е безобразен, не е манијак-ок ми е, културно одговараш што имаш и толку.
    Факт е дека ако некој навистина сака да ти пријде, ќе ти пријде. Од кај сака нека е, кај сакаш биди. Има фини и културни луѓе и во Македонијава, жално е што ставовите си ги градиме врз основа на искуството што сме го имале со 10-20 луѓе максимум.
    Познавам луѓе од Македонија со малтене кралски манири-значи култура и однесување со луѓе (особено со жени)-беспрекорно совршено. Сум запознала странци од кои искрено ми :puke: од некултурата и површните ставови. Некако не ми оди баш генерализацијава дека овие од овде мора да се за никаде, а оние од онде се топ, сон на секоја жена.
     
    На Matiz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Па на тебе само за муабетот ти било? Не гледам причина зошто некое машко и кај нас не би започнало муабет во парк. Имам започнато муабет со машко во автобус. Ете, тоа ти е иста околина како паркот твој. Не сфаќам по кои критериуми правиш споредба, некако ми немаат логика работите... :?:
     
  8. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    кратка ке бидам, потполно се согласувам со si.exs, на машките од странство не им треба 126172години да поминат да се острамат да те викнат на кафе, или први да ти пријдат во диско, на журка, по опуштени се, за разлика од кај нас што е чиста спротивнист хаха или може до мене и мојата срека до сега што сум налетувала на такви дечки... :)
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.274
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Мажите во Македонија вс. Мажите во странство?
    Оваа вака би му дошло ;) .
    Кај нас за жал сеуште постои тој менталитет каде што мажот е над жената, и никој нема да ме убеди дека не е така. Не велам дека не постојат мажи кои се современи и кои не се т.н балканци, ама тие се ретки, посебно во внатрешноста.
    Е во во овој контекст мажите во странство се подобри, затоа сите домашни обврски ги делат со жената. Значи таму не е срамота мажот да ги измие садовите или да ги стави алиштата да се сушат, но кај нас е. Сте виделе маж како пружи алишта? Секоја чест на исклучоците, читам на форумот дека некои жени наиделе на такви, ама верувајте ретки се.
    Кај нас, за жал мажите значи да нагласам повеќето се вакви. Вака се воспитувани од страна на мајките кои секако не дозволуваат синчето да си ја крене масата.
    Е во странство тоа го нема.
    Ама.....
    Факт дека таму мажите се по ладни, семјните вредности се губат, мислам ако знаат и што е воопшто тоа, се разведуваат ако не им се совпаѓа карактерот на кучињата.
    Отворени се, да, ама со нив и тешко е да започнеш сериозна врска.
    Додека нашите „балканчиња“ знаат да сакаат, имаат душа, имаат срце. На нашите битно им е семесјтвото. Ние сме топол народ, љубезни сме, па такви ни се и мажите.
    Сепак и овде имаме исклучоци нели.
    Но јас би рекла дека овде најмногу зависи до жената.
    Да избереш странец треба да го сакаш нивниот начин на живот. Значи без приврзување, отворена врска, ладност итн.
    Исто е и со нашиве мажи, зборувам за типичните балканци. Се зависи од жената, но и како ќе се постави таа во врската, а и во бракот.
    Значи на крај се сведува на тоа, не е битно дали ќе си со странец или со наш, битно како вие самите ќе си ги изградите односите, според вашите желби и потреби.
     
    На мкд98, srcekrsacka, dryad и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    SparkyAngel да не им треба многу време за да те викнат на кафе, ама таму и девојките се послободни за разлика од кај нас. Si.exs малку време си таму и тоа ти се почетите импресии. Се согласувам со постот на Мистери, живеам надвор од Македонија подолго време и е баш така како што кажа он. Се додека некој не живее одреден период не може да каже, зошто има могу разлика од одмор и живеење во странство. Овде од што имаат преголема слобода и отвореност дури се и некултурни. Не викам за сите нормално има исклучоци секаде, затоа и Македончињата не се сите со пивски мешиња и женски цицки, културни и со затуцан менталитет.Се согласувам и со постот на JuLIe. :)
     
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Кој ти го кажа ова, дека ги делат сите обврски :D. Фантастика :D. Во моментов знам 3 врски странец со наша и сите живеат ко паши, нашиве ги тинтраат ненормално и цела куќа е на жените :D. Може ќе измијат некогаш садови ама во принцип странец ако носи плата ДОМА НЕ ПИПА, видено и проверено многу пати во пракса :D.

    Што мислиш зашо странците толку сакаат наши девојки за да делат со нив обврски или ради друго?

    За другиот дел од постот се согласувам :).
     
  12. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    @green.eyes
    Ова испаѓа како демек:"Како е возможно да не ти се пуштиле во парк,автобус,на плоштад или на друго некое место? :o Не ,не сигурно не е до нив.Сигурно не е доволно привлечна цурава па не знае шта прича ;) " ... :)
    Извини ама јас сум доволно привлечна за да можам да бидам со кој сакам. Свесна си сум на своите квалитети. :)
    И секако дека пак се се сведува на то дека дечкото се срами.
    Прашањето е зошто? Можеби дека јас не сум толку опуштена ,дека не се смеам на цел глас како ретардирана со другарките или пак не се глупирам за да привлечам внимание?! :?: Или пак дека можеби немам машко друштво преку кое би го запознала тој некој во парк? :geek:
    Да ,да сигурно е тоа...Разликата е што тука се гледа опуштеноста на странец со опуштеноста на еден Македонец.Начинот и храброста да опушти поповлечена девојка,па дури и кога е сама. ;)
    Истата сум и сега,па сепак многу машки ми се пуштиле преку ден.За навечер не ни зборувам.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Si.exs го делам мислењето со тебе, мажите во Македонија и мажите во Странство се два различни поими.
    Тука (барем во мојот град) на машко му треба вечност за да ти пријди, па ти не да го гледаш, шармираш или заведуваш абе ако сакаш на глава намести се тој не реагира, и кога конечно ќе му текни дека тој тебе ти се допаѓа(најчесто преку "расипан телефон") повторно испитува терен дали сигурно ова-она, па после век и пол можи ке му текни да те викни на кафе :( зошто нив круната ќе му падни ако некоја го одбие. Во странство бе доволно е да го погледниш и да забележи дека го гледаш бе и одма пријдуват, се запознаваат, те канат да играш, а и не е чудо големо ако девојка му пријди на машко, нема утре сите да ја зборат :) ... Друго пософистицирани се, посозреани, поодговорни што е нормално бидејки таму почнуваат да живеат сами и да работат на 18 години а не како тука доживотно со мама и тато ... Е сега емоционално се поладни, не се врзуваат лесно, сакаат слобода, но што дека овие нашите ке викаат те сакам, ќе бидиш во врска едно 100 години, кога повеќето од нив (значи не сите) изневеруваат, а се поголем број на долги врски завршуваат со раскинување... И не сите машки во странство бараат секс само за една вечер туку зависи од тоа како девојката ќе се постави, ако му дадеш до знаење дека ти не си таа за една вечер и тој нема да навалува, а дека ќе си проба ќе си проба а и нашиве не се ништо поарни, чекаа додека чекаа ама сега времињата се сменија, ќе проба ако можи да те има за една вечер нема потреба со тебе да се замара да чека незнам месец или два :$ A за опуштеноста да странците се поопуштени а покрај такви опуштени личности и ти си опуштен што мене тотално ми одговараше, а не како овде се следат некој правила на однесување и незнам ти какви принципи, па не си ни опуштен,ни се забавуваш,ниту пак мозиш да покажис каква личност всушност си (пак ке кажам барем во мојот град е така)... И додека Македонските "домаќини " чекаат се од својата домаќинка, во странство обврските се поделени (барем колку што имав можност јас да видам а таму бев 5 месеци) :P :P
     
    На srcekrsacka, Beena и si.exs им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.274
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Сакав и ова да го спомнам во постот, но не сакав да забегам од темата.
    Точно е тоа, затоа ги зимаат нашиве, и што мислите зошто сите што одат во странство, нашиве мажи, си се враќаат во Мк за да се оженат. Оти кај нас сеуште владее тој менталитет дека жената треба да му е починета на мажот. Нашата жена е таква, ќе му се покори, ама оние во странство не.
    Исто е и со случајот зошто Скопјани зимаат жени од внатрешноста. Епа не ги кривете девојките, точно дека тие сакаат да се омажат во Ск, ама и на машкиве од Ск тоа им одговара, бидејќи девојките од Скопје не се баш како и оние од помалите градови кои на мажот уште и нозете да му ги измијат.
    Муабетот го правев со еден другар кој убаво си вели јас жена од Скопје несакам, а не дај боже тоа да биде Германка. Подобро селанка, која ќе ми готви и гледа деца отколку некоја со модерни сфаќања.
    Мажите си го сакаат тоа .
    И не сакам мислењево да ми биде сватено во друга смисла, само сакав да ја потенцирам состојбата во релноста. Овде сите велиме дека сме рамноправни, современи, некои и се, не велам не, ама надвор од форумот ситуацијата е сосема поинаква.
     
    На srcekrsacka, Beena и si.exs им се допаѓа ова.
  15. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Ех , една моја многу блиска личност замина во да работи во друга држава , ќе кажам само дека е преку океанот . Со колкав ентузијазам само замина , па и кога отиде кажуваше колку мажи всушност и приоѓаат , па колку биле отворени и сето тоа , а разбирливо , згодна си е девојката , и премногу :!: . За на крај да се разочара потполно од животот и од мажите таму . Наивно веруваше во секое ветување и сите тие години не оствари ниту една здрава врска . Никој од тие што ги имала не бил подготвен да влезе во сериозна врска со неа и ја сфаќале само како забава поради фактот што била од друга држава , самата си кажува , а нас не не слушаше на времето кога и зборувавме . И на крај сите што ја оставиле , си нашле некои тамошни " часни сестри " како што ги викаме ние овде |( .

    Заклучок - мажите секаде се исти . Несериозни преваранти , ама кога ќе дојде време за женачка , прибираат сите и овие нашиве и тие таму . Во очи те лаже , а настрана зборува друго , исто како нашиве , само за нашиве барем знаеме , а ова е поподмукло .

    Затоа подобро без залетување , да не може секој таму да те излаже за на крај да те понижи . Доверба не се дава секому . А пак оние што сте ги споменале , странци што доаѓаат овде во Македонија |(
    Не велам дека не е возможна добра и стабилна врска со странец , но потребна е претпазливост . Зависи на кого ќе налеташ , и овде и таму .
    Само не знам зошто ги сметате за ладни . Не се баш ладни . Имам пријатели Американци , опуштени , пријатни во друштво , лесно се приврзуваат . Само што сакаат несериозна забава пред брак , и тоа многу .
     
    На dryad, tessie и julie77 им се допаѓа ова.
  16. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Сосема го почитувам ова што го напиша. :)
    Особено ова болдираното. :!:
     
  17. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Не е баш така дека сите жени во странство се такви ти како што велиш . Ниту се нешто посебно рамноправни со мажите , се е тоа само привидно . Да не заборавиме дека и во современите развиени држави жените во најважните сектори се помалку платени во однос на мажите .
    А тоа што сакаат маживе , некоја "селанка" што ќе им готви . Па и да земе селанка , зависи што карактер е , душата може да му ја извади . "Покорна" жена што седи дома , но всушност змија , финансиски ќе го исцеди , и така бидува понекогаш . Но , пак се се сведува на вкусот на мажот , се се врти околу мажите и кај нас и во странство |(
     
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Колку погрешно си ме сфатила, чудо едно :D. Прво тврдеше дека странците делеле обрски за кога ти покажав со неколку примери дека не е така да се вратиме на моето ама и тоа го земаш како нешто негативно :D.

    Нашите девојки се ТОП :D. Ама ти нивната вредност да гледаат фамилија ја земаш како мана што е погрешно. Ако придонесам за убав живот и носам фина плата, ја САКАМ и не ја варам па и треба да ме тинтра, инаку што ќе ми е? Нашите се баш затоа и подобри од странкињите, не те остава тек така и треба ептен да ја понижиш или да ја малтретираш за да ти раскине ама тоа го сметам за наше богатство што сте такви а не мана. Странкиња 6 месеци да не и носиш плата те остава и око не и трепнува, епа со таква ич не правам фамилија, несигурно ми е :D. Многу ценам лојалност во една врска и тука сте вие без конкуренција, во добро и лошо сме заедно, тоа е огромна вредност и доблест на нашата жена.

    Од друга страна равноправноста е погрешно сфатена, како може да сме равноправни кога сме и физички па и психички различни? Освен тоа вие раѓате а ние не. Машкото треба да ја штити девојката и да и овозможи најдобар можен живот исполнет со љубов ама да бидеме комплетно равноправни е катастрофа, моето искуство досега било дека еден мора да е машко, двајцата не бива. Се знае кои се мои а кои нејзини домени. Она не се меша во моите јас не се мешам во нејзините. При тоа не мислам дека сте помалку вредни (еднакво сте вредни) ама еден мора да е глава а другиот врат, две глави не бива, ќе стане хидра и ќе загине :D.

    И да се вратиме на муабетот, тоа што го нудите како жени ние го ЦЕНИМЕ а тип од странство не е ништо подобар од наш, се зависи на каков ќе налеташ и колку вие жените имате осет да си изберете соодветен партнер.
     
    На Naked Gun, srcekrsacka, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Има разлика според мене..
    И не само мажите туку и жените, а кај нас за жал владее балканскиот менталитет!
    Сите си го тураат носот каде што не треба.. овој сељак бил оваа курва била зошто одма послем долга врска фатила нов...
    Едноставно да се зачудиш од муабети..
    Надвор не се искомплексирани луѓето како кај нас тоа е факт..
    Има исклучоци тоа се подразбира но дефинитивно има голема разлика..
     
    На srcekrsacka, Beena и si.exs им се допаѓа ова.
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.196
    Допаѓања:
    235.274
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    X-men изгледа ти мене не ме сфати ;) .
    Јас во мојот пост никаде не спомнав дека странциве се подобри од нашиве, туку само спомнав во што се само подобри. И тврдам дека е така.
    Каде спомнав дека гледањето на семејство е мана, јас сакав да кажам дека има мажи кои буквално по цел ден лежат, а жените работат од утро до мрак, а плус одат и на работа.
    Е ова кај странциве го нема, и затоа ти ги сакаат нашиве, ама не сите можат да се оженат со наша. И на крај краева кој не сака по цел ден да лежи, а некој да му слугува.
    Нели е најубаво мажот и жената да си ги поделат обврските околу домот и семејството, и мажите конечно да го напуштат тој балкански менталитет. Ама кај нас маж што помага околу домот и детето е папучар.
    Кај странциве тоа го нема, сеа не велам дека кај сите, секако има исклучоци, има и кај нас, ама за жал мнозинството ни се такви, како што ги опишав погоре. Не за џабе сме живееле толку векови по турско. Си има последици сеуште.
    Но јас пак ќе кажам како и до првиот пост, се е до самите партнери, се зависи како ти ќе се постават.
    Знаев дека ќе бидам поинаку сватена. И читајте подобро, јас пишав дека само заради тоа се подобри странциве. И јас сум со македонец и со него планирам и да си останам, а односите си ги градиме заедно.

    На крај ќе болдирам, целта ми беше да го нагласам нашиот менталитет како недостаток кај нашиве мажи.
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.