Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Ова сакав да го кажам. Секаде има секакви - и воспитани и невоспитани ,и опуштени и помалку опуштени ,и културни и некултурни... Зависи на каков ќе налетаме.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Секоја си има личен избор дали ке има странец маж ил и не,додека има девојки каkо Атила и др со такво размислување,јас ке се гордеам што сум македонски маж.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Никаде не кажав дека помислив дека не си доволно привлечна за да ти пријде некој во парк или на улица, каде го прочита тоа?! Сакав само да ти доловам дека се случува, зборувам од мое лично искуство и од искуство на мои блиски луѓе, не си сфаќај при срце... не се сите такви стегнати, има и малку послободни и поотворени луѓе. И не, не мора да се смееш на цел глас како ретардирана за да ти пријде некој, барем на нас од постарата генерација не ни приоѓале заради вакво однесување. Зашто сме го немале. Ќе дополнам само уште нешто: има опуштени луѓе и тука и во странство. Има стегнати луѓе и тука и во странство. Јас лично не можам да ги генерализирам работите по таа основа. Толку од мене.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Живеам скоро 9 години во странство. Во европска држава. Во овој период поради работата, имав контакт со луѓе од многу земји. Можам да кажам дека СИТЕ МАЖИ СЕ СЕКАДЕ ИСТИ. Со мали разлики кои што нормално ги носи менталитетот, културата. Но, во суштина сите се исти, нема некоја голема разлика. И тука има културни и некултурни (но, оние културните преовладуваат, барем во кругот јас кај што се движам), лоши и добри, мажи сто ќе те изиграат, но и фер „играчи„, оние кои ги почитуваат жените или пак не. Значи, се се сведува, на домашно воспитување, култура, образование... Да, навидум некаде се поладни, но тоа не значи дека немаат чувства. Ние како странци не можеме да ја согледаме одма реалната ситуација. Како што ние се однесуваме поинаку со странците или не мора да се странци (да не бидам погрешно сфатена, но сепак е тоа реалност) со малцинствата кај нас, така и тие се однесуваат со доза скептичност према нас. Но, ако успееш да им се приближиш и да навлезеш во нивните кругови (што и не е секогаш лесно), тогаш може да се види дека и нема некоја голема разлика. Еве генерално што можам да го „одвојам„ како разлика (но нели секаде има исклучоци): потешко искажуваат чувства, што не значи дека не чувствуваат, имаат подобри манири, ја ценат повеќе личната слобода. Како и да е, на крајот на денот сме сите исти, без разлика каде и да сме. Не сакам генерализации од овој тип.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Само гледај ти да не се опуштиш многу со некој опуштен странец, па после да се чудиш со месеци што те снашло. Ти кажувам од искуство, не зборам на памет. Е сега ако ти се погоди некој уникат тогаш со среќа.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Никогаш не си налетала на некој наш, да се чудиш што те снашло? Еве ја сум. И тоа не еднаш. Полни сме со предрасуди и судиме само од едно или две искуства...
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Сум налетала, ама не до тој степен. Ова е мое искуство, а знам и за искуства на други. Мое мислење кажав, поголем е процентот да налеташ на несериозен странец во смисла да не очекуваш од него стабилна врска или брак ... него ли тука со нашиве.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Различни карактери и луѓе има насекаде низ светот. Ако кај мажите од страна не е присутен оној балкански или турски менталитет (а не дека тука сите го имат), присутно е нешто друго. Битно - совршенство никаде нема да најдеш., затоа што не ни постои. Како што кажа Јимпен сите мажи сакаат пиво, фудбал и згодни девојки. Но од маж до маж има преголема разлика, од зависност на неговата самодеверба, зрелоста, годините, поранешното искуство, верувањата и ставовите и уште што ти не. Јас па еве лошо мислење имам за момците од мојата генерација и тие што се година-две поголеми од мене. А за помали да не зборувам... И тоа е лошо за мене пошо имам предрасуди и не дозволувам никој таков да ми се приближи затоа што сметам дека се сеуште незрели и балканскиот менталитет сеуште не умрел во нив А вистина е дека сите не се такви! Ми имат пријдено момци-македонци, го имам и јас дадено првиот чекор, значи биле сме директни без куче-маче игри и психолошки тортури, е сега му се допаѓам ли на него или не дрн дрн. И јас такви сакам! А колку има такви, толку и ги нема! Како помала се гледав со едно момче од Германија и можам да тврдам дека тој е еден од најдобрите луѓе што ги знам. Душа човек! А пред неколку месеци се гледав и со друг германец (случајно ) и типот беше Ладен ко времето таму, внесен во самиот себе, се прави некој и ништо а уствари самодоверба шест цифри под нулата! Америка, Германија, Италија, Македонија... мажи, како и жени секакви ги има. Е сега за Иран, Ирак и сл. да не зборуваме
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Абе ај странците биле подобри. Може се поинтересни на прв поглед, нешто ново нешто поинаку, сепак поинаков менталитет, а после некое време сознаваш дека секое машко е речиси исто. Како што може да најдеш убав италијанец, може да најдеш и убав македонец. Како што има ладен германец има и македонец. Како што има забавен шпанец има и македонец. Странците се исто парче месо како и секое наше момче. Девојките само наоѓаат мани, се ни фали. Искачајте со другари и видете како се однесуваат девојките низ македонијава со момците. Јас да сум машко ќе ми пукне филм и јас ќе барам странка, а не македонките да кукаат само за странец. Сериозно повеќето женски пола вечер се во ВЦ, се шминкаат и фолираат, опуштеноста на македонките е на ниско ниво, сите се вивнати во облаци, освен ако не си фраер во градот и кога ќе им се приближиш да се топат и да се продадат за еден пијалок, останатите не сакаат со мужи да прават муабет ни за едно здраво не се расположени, а камо ли за муабет и размена на телефонски број. Пола девојки бркаат мужи преку профи слика на фб, а на истите во град им лупаат корпи. Со чест на исклучоци кои се секогаш расположени и за пријателски муабет, ама жениве се искурназени во последно време. Маанџики невидени сме станати. И после немало мужи. Е ќе нема. Ќе бараш странци и ќе се топиш на нив зашто не можеш да најдеш тема на муабет со едно убаво македонче. Па ќе нема, зошто бараат совршенство, бараат перфекција надворешна и внатрешна а без притоа да го запознаат, а самите женски немаат ни грам самокритичност и не се запрашале колку се тие совршени па за да бараат совршен маж. А штом се запознае странец одма се подаваат, се подаваат и се фалат дека одат со германец, вози мерцедес и ќе ја носи на скијање во швицарска на сент морис, wow. И оговара како идење со македонец и е испод честа Море нема поубаво момче од македонче за мене, нема!
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Мала корекција не сакаат СИТЕ мажи пиво, јас ич го нејќам ми горчи . Фудбал не сакам да гледам ама сум луд да го играм иако другар ми не може да го смисли во ниедна форма . Инаку во глобала ДА сите сакаме што позгодна и посекси освен тие што идат у целибат (и такви познавам) . Вториот болд, И ЈАС ТАКВИ ДЕВОЈКИ САКАМ, шо не си кажала досега, еве дигам рака за кафе . Темава не е лоша, после долго време малку инспирација да напишам повеќе од две просто проширени реченици .
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Прашањето ми е зошто некоја да преферира маж од странство? Најчесто тоа е за да избега од оваа посиромашна земја, да се мажи богато, да живее луксузен живот. Е, такви жени ме нервираат. Не знаат носот да си го избришат, ама знаат да бараат како да се принцези. И, се сложувам со Росоњерка, за нашиве женски како се кренати и недостижни (да не повторувам). Од, друга страна, машкиве наши треба малку да се потрудат околу својата култура и малку да го менат менталитетот. Што се однесува до нив, жената би ја врзале за синџир дома како куче. И да им слугува цел живот. Мислам, дека и од дветте страни треба да се има некои отстапки... А, мажите не се исти. Не може да бидат исти кога се израснати во различни места, култури, традиции и обичаи, со поинаков менталитет. Различно е од земја до земја, од човек до човек. Можеби имаат некои општи карактеристики, ама подетално гледано имаат специфични разлики.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Можам да кажам дека само за приоѓање, пуштање/удварање се многу по слободни...За друго немам искуство, не сум била во врска...Нашиве пред да пријдат прво ќе си направат разговор во глава сами со себе...Дали е слободна или во врска? Чекај да видам да не има прстен на рака...Нема Ај ќе почекам да видам дали ќе се појави некој маж до нејзе па после ќе одам...Ма многу е дотерана, уфирцана, ќе ми удри корпа гарант...Со другарки е, па ќе ми се смеат...чекај да се распрашам прво која е и што е, да не е некоја мивка а само глуми нешто? Ауф која била, позната мачкица...не сум јас за неа, не одам... (ова од долгогодишна дружба со мажи)
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Ете јас преферирам,па не е тоа причината. Студирам во странство и додека завршам ќе добијам државјанство кое не ми зависи од никој . Ниту пак велам дека тие таму се подобри од нашите,само заради што имаат пари. Доволно сум амбициозна и паметна,сама да си обезбедам добар живот. Најмалку од се што сакам е да зависам од мажот ми некогаш.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Се согласувам со тебе. Ако не сакаш нашинец - не сакаш. Твое е со кого ќе го поминиш остатокот од животот. Ама, ги презирам тие кои го прават тоа од корист: `каков сака нека е, само од странство да е`
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! A што има разлика мегу странциве и македонциве?Јас не гледам никаква разлика.Ако грешам поправете ме ве молам. Маж си е маж,ке те сака,ке биде покрај тебе кога ке ти е потребен и бла бла филозофии за кои не би зборела сега. Не значи дека пристапот ги прави поразлични и дека ако Македонците се срамежливи странците не.Секој си има начин на пристап.Па океј,се плашел се плашел.Се зависно од карактерот. Имав случка со еден странец додека летото бев во Италија.Работеше во еден кафич и беше навистина сладок јас и братучетка ми цело време го демневме и зборевме за него ама...таа беше во предност бидејки го познаваше лично и имаше работено со него на истото место. Доојде типчето на нашата маса се поздрави со нејзе мене едвај ми рече Ciao и си викам ааа се уфурал типот нешто се праи недопирлив.Следниот ден и кажал на братучетка ми да ми се извини зошто бил премногу срамежлив.И сега?што значи ова?Дека сепак и старнците знаат да бидат такви како македончињата. Сега ако би избрале странец само заарди пари тоа е веке друго. Абе Македонче си е Македонче,не го менувам ни за карта да гледам фудбалски натпревар на Манчестер Ј. иако некогаш се фрики сепак ги сакам какви што се.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Не мислете дека мазите во странство се цвекенца . Јесте да се послободни, не му ја мислат многу ама сепак се мази, сите се исти. Кога ке слуснат дека си од друга дрзава одма си прават филм дека ке паднес на тоа дека бил Италијанец, Свајцарец или не знам каков и си мисли дека мозе да те манипулра како сака. Демек ех оваа лесна ке биде. Сто видела во нејзината земја ова овде за неа е сајнс фиксн. Не гледале во деколтеа, ма немој . Гледаат и тоа како . Секоја Чест на исклуЧоци кои како овде, ги има и кај нас . Јас лиЧно сум забелезала дека се осекам многу попријатно во друство на македонците овде. Деца пораснати овде, со овдесна култура, навики но сепак многу потопли. Како сто спомна една форумдзика погоре, имаат Чувства бе ! Знае и да те гусне и да показе незност , а плус сто го влеЧе да си дојде дома во Македонија. Посто сакале или не, дома си е дома и ке сакас да си одис и да си го посетис родното катЧе. А странецот ке сака да си седи во неговото . Плус, ако твоите сакаат да ти дојдат на гости ке мораат да бараат дозвола Не е бајка врската со странец. РазлиЧни менталитети не се претопуваат така лесно . ЗнаЧи поентата е , нема разлика . Маз си е маз и тоЧка.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Времето ке покаже дали била во право,ке видиме дали за 5год ке мислиш така. Ке ги баpаш македонските мажи.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Ако се толку добри македонците,не сфаќам зошто секој втора се жали по темите како ја изневерил,навредил,физички ја злоупотребува и ред други работи. Иначе никаде не реков дека странците се сите совршени,ниту пак дека постои совршенство.Реков дека според мене се подобри од македонците од ред причини кои ги набројав,притоа генерализирајќи. Ги анализирав мажите како се однесуваат во секој аспект но не и во врска.Има голема разлика. Исто така дадов образложение зошто повеќе би сакала некој да не покажува толку чувства кон мене ,отколку да ми забие нож во грб лицемерно.Тоа е мое мислење,јас такви повеќе би ценела,отколку некој кој нема храброст да излези на едно кафе. Друго што сакав да кажам е за некои од вас кои имале врски со странци и коментираат брз основа на тоа. Според мене има голема разлика да си во врска со странец ,ама да живееш во неговата држава и да знае дека остануваш таму засекогаш;и да си во врска на далечина. Секако дека тогаш мислењето му е малку поинакво.Претежно ваквите врски се врз основа на изневерување.Познавам многу луѓе кои имале ваква врска,а исто така запознаена сум со тоа дека истовремено имале и друг/а дечко/женска од Македонија. Едит: заборавив уште ова да го кажам Нашите од што "не мислат" воопшто да ги манипулираат жените,не купваат скапи коли и не трошат по кузнај колку пари за една вечер само колку да се направат фраери?!?? .Мислејќи и потценувајќи ги жените дека се сите спонзоруши,и дека ќе потпаднат под нивно влијание заради пари? Баш истото се случува и во Македонија,ако не сте забележале.Се' се врти околу пари,не ги правите светци нашите.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Застанати во времето,прегазени од времето,целосно ограничени .....Има уште но доволен е и овој краток опис
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! А ти мислис дека странците не малтретираат ?? Не дај Бозе да ти се погоди таков. А инаку и да зивеес во неговата дрзава исто ти е. Не велам дека нема да ти биде успесна врската, се зависи. Ама факт е дека не се воопсто разлицни мазите овде и мазите кај нас. РеЧе дека си во странство сам месец дена. ПоЧекај малку , и ке писи пак на темава по некој месец За месец време , не мозес да ја видис сустината на работите според мене. Првиот впецаток не секогас останува непроменет. Поздрав