Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! ^^^ според мене има разлика од врска со странец на далечина и нормална врска со странец.Ретко која врска на далечина успева измеѓу македонци,а камоли измеѓу луѓе со различни менталитети ,на толкава далечина. И пак ќе се повторам никој не спомна какви се во врска мажите таму! За тоа можеби ќе имам поинакво мислење,но за директноста,културата и менталитетот не верувам дека ќе го променам.За тоа всушност мислам дека е доволно и помалку од месец за да се види.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! D ова странциве ептен биле добри,алал да им е.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Не значи дека ако Македонец те повреди/изневери нема и странец да го направи истото.Нејсе ако не се пожалиш и чуваш во себе кад тад ке пукнеш.не ти држи тоа вода.Некогаш е потребно да се искажеш и да слушнеш мислење а тоа не е на одмет.Не знам што се повеке странците од македонците.Ајде можеби во културата ама во никој случај не се ништо повеке од нашите македончиња. Живеење или не во неговата држава не значи дека нема пак да те изневери.Ако сака ке го стори тоа без око да му трепне и без да се запраша за твоите чуства. Моја роднина е мажена со Италјанец (прав) и тоа не е ништо wow што е со странец.Човекот си е нормален,има доагано во Македонија и кажа дека сакал да живее овде отколку во неговата родна земја. Неговото однесување е нормално како и нашето.Настрана менталитетот.Сакам да кажам дека сите се исти без разлика дали е од Шпанија,Англија или Канада.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Далеку од тоа да биле добри.Насловот на темата е малку остар.Нема потреба од поделба на наши и странци НО морате да признаете дека постои огромна разлика во еманципацијата пред се,во културата,во размислувањата,во слободата на истите тие размислувања,пристап,развој на пријателство,врска или што и да е,цели во животот како и можности кој самата срредина им ги пружи и слично.Ете веќе спомнав,според мене различноста се состои во самото општество.Всуштност самото општество некому нуди повеќе а некому помалку можности за да биде она што е или што не е
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! @ Vitomir ќе те замолам да даваш факти и причини со твоите размислувања ,инаку одговори од 2-3 збора за твојот став кон македонците не можат да ме убедат баш баш најмногу . Ако имаш друго мислење,потруди се да образложиш зошто така мислиш,а не само да тврдиш дека тоа не е така,и толку. Позз Pelikuna не мора да значи дека ќе те изневери ако имаш врска во далечина,тоа го дадов само како пример. Всушност има и други фактори кои влијаат врз таква врска и се причина за таа врска да не опстани.Еден од тие фактори е самата блискост меѓу партнерите која е оневозможена поради далечината.Дали тоа е една ситница,која не можи да влијае врз односот измеѓу дечко и девојка? Не мислам баш така. Не дека не може да успее ваква врска,но тоа е реткост. Баш поради таа далечина. и забегав малку оф топик со врските на далечина,да се вратиме на темата.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Како типот ќе се однесува кон тебе, зависи само од тебе и од никој друг. Небитно дали е шпанец, грк, турчин, јенки и тако даље. Мене ми е чудно да се жалат од мажите овде, а да се мажат во Америка во некое затуцано гратче во Арканзас, каде што мажот ќе ја млати и омаловажува, ама нема да се буни зошто видела и она западњачки живот. Јас никогаш не би си фатила дечко со балкански сфаќања, иако тие што ми се на мета се токму од тоа поднебје. Дечко ми (па и сите пред него) си биле супер дечки со отворени размислувања, голема почит кон девојки и не биле сељаци. Ама ЈАС такви сум ги бирала. Ако си проста кокона, големи се шансите и во странство да начекаш некој душбег што ќе се однесува лошо со тебе.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Има причини да ама не значи дека ако не успееш со Македонец ке успееш со странец.Блискоста на страна ама кога е веке спомнато братучед ми има врска со една од Словачка и му е многу успешна но знаеш еднаш што ми рече?Дека и да ја омажи таа од Словачка сепак врската со Македонката му било нешто најубаво во животот. И навистина забега од темата.Не зборуваме за врска на далечина.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Pelikuna тоа што на братучед ти секогаш ќе му биде најубава врската со Македонка не е затоа што таа била Македонка или било што,туку затоа што тука имало нешто друго-темава не е затоа инаку би ти напишала.Само воочете ги разликите помеѓу нашите и странчите и да се воочат предностите но и негативните страни.Сепак да бидеме разумни нели
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Хех секако дека на мажите повеќе му годи некоја да му готви,да му чисти,да го пери,да ги гледа децата,а тој само да си се излежава по цел ден и да пие или пак да има само една обврска во животот-да оди на работа. Секако дека повеќе би сакал македонка,јасно ми е тоа. Затоа и не прифаќам мислење од машко на оваа тема. И јас да бев машко можеби повеќе би ми годело тоа. Иначе ако сме кај забегвањето од темата,сите по малце забегавте. Сто пати повторив дека нигде не спомнав врска,туку директност,менталитет и култура и да се воочат разлики измеѓу странец и македонец(кој колку има доживеано на своја кожа од определен период живеење во странство),а не да го земате за основа на коментирање мојот пост.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Па не е ама сепак тој не е возбуден што е со странкиња во врска.Ко демек еј јас сум со една од странство и сум јак тип.Исто е,ми кажа ама сепак врската со наше девојче сепак му било поубаво.Не дека е Македонка и сум сигурна дека за друго го кажал тоа ама странците некој ги прават како да се којзнае што. siexs за врска е темата ако не грешам не за менталитет.Ако збориме за тоа веке секако дека тоа не го поседува секој македонец но не значи дека и странците се нешто подобро.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Пеликуна јас ја создадов темата,не е возможно да не знам за што е. Во самиот вовед потенцирав дека зборуваме за менталитетот кај мажите во странство и македонците.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Според мене убаво би било вака да се продискутира за РАЗЛИЧНОСТИТЕ помегу нашите мажи и мажите во странство,како и причините за таа различност и сл.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Не дека ме нервира,туку воопшто не ми одговара македонскиот менталитет во секој аспект како женско. Единствено што признавам кај македонците е што не се толку ладни личности,но и тоа пропаѓа во вода кога секој ден гледам колку мажи ги изневеруваат своите жени со други и колку педофили постојат во градот. Всушност секој си гледа сам за себе.Ниту те обвинувам што повеќе сакаш македонка. Но размисли да беше ти женско дали би сакал да бидиш со македонец? Не тврди само заради тоа што си машко и си го браниш својот род.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Ауууу што стана оваааа? Па зошто да не се сака да се биде со Македонец?Впрочем какви се Македонците според тебе SI.EXS? А и на крај краева кај и да си,каков и менталитет да си се знае која е улогата на жената а која на мажот
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Да,на жената е улогата да робува.Секако. Сега некој ќе речи :Кој како ќе си се постави! Ма немој,колку да се поставуваш во глобала тоа ти е македонскиот менталитет. Јас само го кажувам тоа што го мислам,ваше е да си кажите сопствен став кон нештата. Само без наметнување ќе ве молам.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Темата не е за врските со македонец или странец, туку мажите овде и во странство, нивниот менталитет, однесување, навики, култура. Врската е индивидуална, ќе биде онаква каква ќе ја изградат самите партнери. Сепак овде е битна и жената. Значи јас пишав и пак ќе повторам, кај нас мажите имаат само еден недостаток, а тоа е менталитетот, начинот на кој се воспитувани дома. Се разбира постојат и мажи кои не припаѓаат на оваа група, но сеуште се ретки. И не им пишува на челото јас сум типичен балканец, имам другарки кои се ок, си мислиш современи, ама кога ќе се оженат други се. Мора да признаеме дека сеуште сме далеку од Европа, и во култура и во навики и во менталитет. И не само мажите туку и жените. Жените сами ја прифаќаат улогата на потчинета, бидејќи во спротивно ќе бидат „лоши“ домаќинки, па што ќе кажат комшиите. За жал ваква е реалноста кај нас. Кога мислам мажи со балкански менталтет не мислам само на оние кои се да не кажам хард кор, ама и на оние кои им е тешко да си ја кренат и масата, кои си мислат дека ако работат не треба ништо да фаќаат по дома. Па и жената работи денес, ама таа мора да работи и дома. Е оваа ми смета кај нашите. Не можат да прифатат жената да е поуспешна од нив, да зима поголема плата, да гради кариера. И ако некој некогаш треба да се откаже од работата тоа секогаш е жената. Генерално, кај нас е вака.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Не е убаво да се генерализира, ама сепак... Нормално е дека менталитетот се различен во различни култури, исто како што е нормално да имаат заеднички точни. Ама не можам да не се согласам дека балканските мужи се научени се да им биде дадено на послужавник, и тоа им е голема маана. Среќа што и тоа полека се менува, затоа што со динамиката што ја наметнува современиот живот, тоа е невозможно. За мажите од странство не можам да кажам, не сум имала, ама знам дека оваа независност им се допаѓа на неколку мои познанички кои се во врска со странци.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Извинете ама просеците се различни...просеците! Има разлика од маж од Јапонија до маж од Нигерија!
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Просекот од овие две би бил рамен на момче Македонче