1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите во Македонија и во странство – два различни поима?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 12 ноември 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Ти така мислиш. Според темата колкав му е на вашиот партнер,просекот е Нигерија,а нашите се неприкосновени! :D
     
    На senza.parole, Trendafilka, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.326
    Допаѓања:
    101.567
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    еве од мое искуство.

    Врска со странец. Третирана како кралица, почитувана како жена и како личност. Не зборувам метријално. Буквално да се осеќаш како да си единствената жена на планетата. Моите потреби пред неговите.

    Врска со наш. Искомплексираност, инфериорност во однос на мене, чувство дека мора да биде секогаш над мене. Јас да сум глупавата он паметниот. Потреба да го величам како цар. Неговите потреби пред моите.

    Ситуација која се повтори со двата.
    Јас болна, странецов дознава и го фаќа првиот авион доаѓа да ме види, дури се фати да ме носи во неговата држава за да добиам подобра нега!!!

    Јас болна, сама (моите не беа тука), му викам остани со мене не сум добра , он си оди и си излегува со друштвото со изговор " Што можам да направам јас, викни ја другарка ти". Мислам хелоо човече можи да треба да ме носиш на болница.

    И како јас да немам подобро мислење за странците од нашите?? Чест на исклучоци ама нашиве македончиња, треба се тргнат од тој мачо менталитет и тапкање во гради дека се господари на светот.
     
    На tessie, Matiz, Beena и 3 други им се допаѓа ова.
  3. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    775
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    неколку примери во што се подобри а во што полоши машките во странство

    подобри
    *живеат самостојно уште од 18 години сами за себе си се грижат.. (а 50% од нашите македончиња дури и после бракот сакаат да живеат со своите родители)
    * големи џентелмени.. култура према девојките ( а нашиве: "оди мори бегај ти мене ќе ми кажуваш", "леле колку леп гз имаш", секакви свиркања и дофрлувања по улици)
    * секогаш и помагаат на жената во домашните работи ( нашиве: "што мислиш јас тебе ќе ти перам, ќе ти чистам, ќе ти мијам.. не сум ја жена, треба да се знае кој е мУж у куќа")
    * кога ти требаат секогаш се тука затебе (нашиве: "а неможам сега", "Манчестер игра", "ќе искачам со другари", "играм кантер", "викни ги другарките" итн.)
    * Поотворени и директни, секогаш сами и приоѓаат на девојката што им се допаѓа и отворени и даваат до знаење дека се заинтересирани за неа.. (кај нас најчесто преку другари, преку фејсбук итн.)

    полоши
    *премногу се замараат со надворешниот изглед (барем од она што го видов во Швајцарија).. секогаш да биле пицосани, веѓите на конец, издепилирани насекаде на телото, посетување солариум.. козметика имаат повеќе и од нивните девојки.. апсолутно внимаваат на секој детаљ што за машко е премногу :puke:
     
    На kathy es, Beena, dryad и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    За некои работи што ги напишавте можам само да се смејам, ко да не сум бил во странство па не знам како е :D. Кој не бил, да ве чита некои од вас ќе помисли надвор се принцови шетаат вие да ги соберете :D. Вакви смешни генерализации одамна неам читано :lol:.

    Можам таков сеир да ви пукнам ама не сакам, ќе ве оставам да си живеете во светот на бајките каде сите странци се мили, нежни, фини и уживаат во домашните обврски :D.

    Пс. И најбитно, никогаш нема да ве извараат :lol:.

    Ппс. Утре продужење, сеа сум сеирџиски расположен :D
     
    На Matiz, joelle, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    А што ке кажеш на тоа дека на пример мажите у Италија се робови на самите жени.
    Овде жените се излегаваат и трошат пари на нивни сопрузи само за нивни луксузи. Ако нивен сопруг не зима плата над 2000 евра е чист лузер. А тие јадни трчаат работат на две места да и угодат на дотичната оти требала да иде у сауна, треабала маникир да прави , А да и заборавив требала да иде у Сицилија на одмор. :)

    Плус тоа, у наша генерација и долните генерации тој менталитет кој го нагласуваш се повеќе избледува. ;) А и можат и самите машки д акажат дека и те како се осеќаат понижено доколку жената негова работи а тој дома седи. Се осеќаат ко неспособни мила .
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    17.200
    Допаѓања:
    235.328
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    X-man за варањето овде никој не збори, значи односите во врската зависат од самите партнери.
    Зборуваме генерално, не за исклучоци, а нашите мажи си се такви, менталитет човече, кај ќе го промениш за 2-3 години. Време треба.
    Генерално кај странциве е вака, пишав и пак ќе пишам, нив не им е срам да пружат алишта. Нашиве нема шанси тоа да го сторат, одма папучари се.
    Генерално зборам, ако си исклучок секоја ти чест ;) .
     
  7. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!



    Овдека драга моја нашите мажи се осеќаат најспособни ако ги испратат своите жени да работат а тие дома да глумат домакинки и да си ги чуваат децата де .....
    Многу време треба да помине дури нашиве мажи се еманципираат и ја вреднуваат улогата на жената и ја почитуваат како жена
     
    На kathy es му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Мона лиза тоа можеби у генерација на наши татковци.... Ама да прашаме еве пример Икс Мен-ов ни е тука има 30 години значи е постар да го прашаме него како он би се осеќал доколку не работи а негова типка /жена да работи а он дома да седи ?????
    Работите и те како се менуваат.
    А и вкави ствари има и у странство .. да не живееме у утопистичко општество и да мислиме дека странството е една Утопија зашо не е . А најмалку кога станува збор за ваква тема.
    Не е идеален никој овде
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    На JuLleE ќе и реплицирам утре сеа сум уморен :D .

    За Црешката, нема шанси жена ми да работи јас да паразитирам, ако станам таков или јас ќе се убијам или ќе очекувам жена ми да ми удри клоца и како партал да ме исфрли од дома :D.

    Жена ми да работи а јас да се легачам тој филм нема никогаш да се дава :D.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Убава тема е, а се упропастува со одење од една крајност во друга...Ниту едните се принцови, ниту другитe неандерталци...Ако веќе немаме искуства од живеење во друга земја барем некои статистики да погледнеме на нет па муабетот да има некоја смисла, и да читнеме нешто корисно...Вака се што читам е: Е пружат алишта во странство, е не пружат...
    П.С. Јас оправдано не можам да барам по нет, имам мало дете треба да го успивам :D
     
    На lolyta777 и XMaN им се допаѓа ова.
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    И факт е дека се повеќе машки се такви ко со твојот став Мену :talk:
    Да не забегаме од тема, ама тук таму има некоја разлика, секој со своја среќа, ама од една страна јас не се осеќам сигурно со некој италијанец, можда имам едно искуство зад мене ама ми е памет на место битно. Ја не би издржала со некој шо прво на фцб ке ми изразува љубов, шо ке става слики кај шо менуваме лигушки и такви ствари, а од една страна да ме лаже и тогаш кога е потребно да ми ја докаже љубовта да се повлече.
    НЕ дека тоа го нема кај македонциве наши, ама барем македонциве ги знам како дишат , машките од мкд ги знам што мислат, што сакаат .

    Едноставно се знаеме овде кој сме и што сме. Посигурна сум кога сум со некој што го знам , одколку со некој што не го знам. Плус тоа ко шо кажа феминка една на другине страни нашиве имаат топлина чоек која се осеќа која е вистинска.

    А кај овие овде повише зборови одколку докази.

    И пак ке кажам има исклучоци. Може и овде некој ке најдам, ама ако го најдам тој некој и да е италијанец или whatever а да не е од балкан тоа ке биде зашто ке ми има сличности во карактери со карактер од балкан поточно мкд.
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Се оди од една крајност во друга затоа што луѓето генерализираат врз основа на еден месец живеење во странство, едно лошо, едно добро, едно просечно искуство и ОП сите сме сигурни и со цврсти аргументи.

    Мислам, за кои странци станува збор? За тој од Барбадос? За оној од Виетнам? За тој од Мадагаскар? За тој од Данска? Глупости. Како може сите да се сместат во еден кош не ми е јасно али ај.

    А за информација, и навистина не зборам на памет, оној „балкански“ менталитет кој толку не го сакате и по кој плукате (не сите де, тие што плукаат) ќе го најдете кај секој поединец кој не мрднал од своето село, улица, населба, град) па се наоѓал тој во странство или не. Ограниченоста и предубедувањето е страшна ствар. Кај билокој.

    Колку само не е можно да се генерализира, уф колку само не! Секој си е поединец сам за себеси, а ако поклопецот на вашето тенџере е тапа, епа сега...можеби не е до тоа дали е Македонец, Австриец, Француз или Мароканец.

    Да, да, толку се добри странците, што мајка ми решила да си земе момче Македонче....толку ќе ви кажам :wasntme:
     
    На KuklickaSk, Annath, Hipica и 5 други им се допаѓа ова.
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Абе да Пирамитке на крај на денот пак доаѓаме до тоа дека се си зависи од личноста АМА и до нас. :!:
     
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Да на мажине од странство на таквио цевќиња му растат, издишуваат злато, наутро чим станат одма метат, чистат, пеглат, ма то садови мијат, па и бебињата ги дојат, не можеш да ги сопреш. Епа овде во Шведска го прават тоа во ред еден дел е од воспитување, а другиот дел оти се греотки кои не можаш да си најдат жени и живеат сами, или идат бараат жени у Тајланд. Се е релативна работа, ама де бре ојдовме во друга земја чекај да ги заркам нашиве. Менталитетон јес да ни е од турско време, ама се менува и те како се менува. Сега никој не ми се пуштил во МКД, јас па не се облекувам допичњаци, не ги расфрлам цицкине насекаде, па мажи ми приоѓаат. Не можеш да ги осудуваш мажите во МКД зошто не ти пришле, се зависи и од самиот себе, шармот кој го носиш и харизмата, околината од која си опкружен. Ама ако толку биле лоши оти мајка ти се омажила за македонец, требала да иде у странство и да најде некој. Не велам дека нема надвор од МКД красни луѓе, има и те како, се е индивидуално. Секој со свои вредности.
     
    На Annath, Hipica и Phyramide им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Моето искуство е обратно. Кај мене странецот си излезе со другарите, а нашиотпо цела вечер бдееше над мене. И сепак, јас си стојам на моето дека странство е многу широк поим, не можеме така да генерализираме. И помеѓу Македонија, Србија и Албанија има разлика, и помеѓу Швајцарија, Германија и Франција. И Нигерија е странство, и Зимбабве и секоја друга држава што не е Македонија. Па нормално дека не може секаде да е исто. Ама немојте да ми кажете дека Македончињата не биле добри. Не сте го нашле вистинскиот :)
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Златно македонче...
    Па крајом краева, и ние сме растени тука, и ние имаме поразличен менталитет од девојките ширум светот...
    Околината влијае, да, ама влијае на сите, не само на машките.
    И сакале или неќеле, ние девојките сме навикнати на нашиве тука... Какви се, такви се, наши си се, најдобро ќе си се разберете за некои работи...
    Секакви ги има секаде. Луѓе сме, секој човек различна приказна. 7 милијарди различни приказни.
    Сепак, наше си е наше!
    http://www.youtube.com/watch?v=luE9_otsyAM
     
    На Hipica и Bibko им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Ќе ве молам една работа, да ми објасните што подразбирате под поимот странец (за мене е странец некој што ми се шета во темница на мојата улица, а не го познавам), и за кои странци збориме, затоа што секој странец може да потекнува од различна култура.
     
    На Matiz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!



    Пирамид и ти генерализираш ако гледаме така. ;)
    Цело мое друштво немаат дечковци,и тоа треба да значи дека сите не чиниме? :^) Не,со тоа докажуваме колку еден македонец можи да освои женско срце,а притоа да не му си потчинета.
    И дел од тие другарки студираме заедно,па во рок од еден месец кај сите се случува да се запознаеме со најмалку еден кој не привлекува физички,а воедно има и муабет,култура итн.Не значи дека првиот впечаток е пресуден,ниту пак дека тој е совршен,но споредено со македонец гледам огромна разлика. ;)




    1.менталитетот се менува,да . :!: но со 0,0001 на сат :D
    Да се искорени турското размислување треба многу повеќе време.

    2.не реков дека не ми се пуштиле машки во мкд,ми се пуштиле и тоа премногу. :) Само никој доволно добар за мене.Искрено можеби заради тоа што прибирам и не се задоволувам со обични нешта. Но ,тука пак сум истата и успевам да го добивам тоа што го сакам.Можеби ако имав пониски критериуми и јас ќе бев задоволна од македонците. ;)
     
    На Beena му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Колку е тешко некој да те натера да опишеш човечки карактер врз основа на географска ширина и должина. Значи секој човек си е сам по себе и на секој човек му одговара човек сличен нему, без разлика од која држава потекнува.

    Се разбира дека има разлика во фенотипот, да речеме има огромна разлика во размислувањето за заедничко живеење, кај нас е малку потешко партнерите да се одлучат сами да живеат пред брак, па дури и после брак сеуште живеат со родителите, додека за позападните земји ова не е пример. Се практикува одење на излет во Недела, додека кај нас на излет се оди на 1ви Мај само и толку. И да не набројувам понатаму. Значи има некоја разлика во воспитувањето и во околината се разбира, и кај луѓето и кај животните околината има улога врз самата експресија на човекот.

    НО! Државата од која што човекот потекнува не е гаранција дека тој човек ќе биде добар за мене. Мене ми треба амбициозно машко кое гледа само напред во животот. Е сега оваа карактеристика ја поседуваат и Македонци и Срби и Французи и Индијци. Не е гаранција дека ако човекот е од странство има halo над главата и дека ми одговара 100%. Она што не прави посебни, уникатни суштества е нашиот карактер. Кога двајца луѓе ќе се најдат на иста бранова должина, местото од каде што тие доаѓаат е некаде на последно место. Затоа е и толку комплексно да се опише љубовта, затоа што постојат огромен број на составни делчиња што ја градат таа врска, затоа што срцето само си одбира некој свој пат, а ние притоа треба да го вклучеме мозокот и да размислиме дали треба да го слушаме слепо и дали вреди најпрвин.

    Значи сума сумарум разлики во воспитување се разбира дека има, но не може ни една популација од држава да се карактеризира со само една карактеристика, не може да се даде епитет Срби - глупави, Италијанци - мачо мен, Французи - романтичари... Секој човек си е посебен, секој човек има работи кои што едни луѓе ги привлекуваат а други ги одбиваат.

    А за момите што трчаат кога ќе видат странец и се ООООООООУууууууууууууМММММММммајГААААААд тој живее во Ѓерманија, има колаааааааа аааааааа и се спремни да си го исклучат срцето и да имаат монотона врска само заради тоа што се возат во Порше, немам коментар.
     
    На Moira, WildCherry, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Леле девојко, пратам од прееска, и мислам дека погрешно си го сфатила актот на отварање тема.
    Значи- ја отвараш, кажуваш мислење, и после чекаш другите да кажат што имаат.

    Ова твоето дојде - сам против сите, реплицираш речиси на секој пост, уште малку ќе почнеш да тепаш бидејќи луѓето не зборат убаво за странците :D .
    Уживај си со странците во земјата каде што си, ама остави ги и феминките да си уживаат со македонците овде, не мора да ги убедуваш дека не чинат, впрочем, така ќе има повеќе странци за тебе ;) :lol:
     
    На KuklickaSk, Annath, Phyramide и 3 други им се допаѓа ова.