1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите во Македонија и во странство – два различни поима?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 12 ноември 2011.

  1. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Затоа што ти отфрлаш уште од старт, затоа што ти си имаш врежано во главата дека мора да биде странец кој живее поинаку од Македонците, затоа што не си си дозволила да запознаеш дечко Македонец оти имаш стереотипи дека се исти од Турско време и дека сакаат само жената до готви, пере и пегла.

    Затоа што ја осудуваш книгата по кориците, затоа што не чекаш хемијата дали ќе се претвори во љубов и се палиш доколку некој ти зборува како туристички водич за тоа каква е земјата што не е Македонија.
    Затоа што има Македонци кои го задоволуваат критериумот за секоја девојка, со модерни сфаќања, со амбиции во животот, а има и заостанати.

    И во странство имаш машки што се од едниот тип и од другиот тип, ако може грубо да се стиснат во 2 типа.

    И во Америка имаш семејства каде што имаш типична идила на семејство каде мажот дебел седи на фотеља и гледа рагби пиејќи пиво, а жената сервира ручек со три деца одстрана кои скокаат и не се мирни.

    Ама битно Американец е, живее во место каде што е Статуата на слободата, нели?

    И какви ти се тие посебни критериуми, а какви ти се тие обични со кои не се задоволуваш, грубо раздели ги ?!
     
    На WildCherry, Phyramide, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Извини, ама не можев да не прокоментирам. :rofl:

    Ние пустите сељанки што сме се затуцале со македончиња, ене го мојон секој ден ме тера да ја орам нивата, не ми купува калчунки и морам боса да одам по калоите, дури ни кавалче нејќе да ми исклеса за да имам занимација овците кога ги пасам.

    Едно е да имаш реални очекувања од мажите, друго е да живееш во облаци. Малку се насетува искомплексираност во постовиве твои, ама донекаде е разбирливо, бидејќи никој тука не би трпел некоја што се умислила дека е совршена. Ако странци те трпат таква, ондак браво за нив. :)
     
    На LilBaby и Annath им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Не ги сече ноктите! Вика дека собира ѓубриво зимава под нив,за на пролет да ја заора и зароди нивана! :|
    Странец,странец ќе си барам! Пошто вежба и е фит,сече нокти и мириса на бор!
     
    На Annath и rossonerka им се допаѓа ова.
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    A мојот не се бричи, вика ронките ги собира во брадата за кокошките да ги храниме со нив. Само странец му е мајката изгледа...
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Прва ствар значи да ги разграничиме поимите Балкански и Македонски менталитет, зошто сепак постојат енормни разлики во нашиот менталитет овде и оној на Србите, Црногорците, Босанците, Бугарите.
    Што е разликата?
    Во нашево опшество имаш предресуди, етикетирања, комплекси на тони, на 2.000 000 народ ние имаме близу 2. 000 000 000 различни видови од претходно наброеното.

    Незнам дали сте почуствувале разлика во карактерот на некој Македонец и некој Босанец, Србин, мање битно... но морам да напоменам дека има. Но местото на живеење неможе да оформи нечиј карактер, туку само може до некоја мера да влијае-факт.
    Проблемот со нашите македноски флегматични „заостанати“ момчиња не е во Македонија, ниту околината, проблемот е во блиското семејство односно родителите.

    Прост пример бе, еве го Петко и прави ручек, и усисава, и би седел дома да чува деца ако јас би имала доволно висока плата да можам да го издржувам нашето семејство-децата и домаќинството (храна, сметки, гардероба, училиште и сл.).
    За него жената не е домаќинка и родилка, туку е потполно рамноправна и способна колку и мажот, не смета дека ако јас сум женско треба да и робувам на куќата, туку знае да земе да зготви, да среди, да запегла, да простре алишта, и самиот без јас да му кажам а кога ќе му кажам не приговара како тоа е женска работа, и сл.

    Друг пример еве го брат ми, тој ти е дус дибидус, ништо што може жена му или мајка ми да направи не фаќа, срамота било, не било негова обврска и т.д. тој за своја обврска ја сфаќа само физичката работа окулу домот, ковање, фарбање, кречење и секако најбитното финансирањето, да се има пари и храна, да може лежејки да направи пари не би се мрдал од кревет или фотеља небитно.

    Но пак ќе кажам виновни се родителите, еве можеби мајка му на Петко не е Македонка туку е од балканските земји, но веќе 18 години е во Македонија што реално е доволно време да го поприми нашиот закоравен менталитет но не бре брате она ти је Босанка до сржи.
    Водејки се од правилото Балкански менталитет и она би требала да биде како повеќето наши македноски жени, да премолчува, да гледа само куќата, децата и мажот...
    Но не е таква, баш напротив има слободоумни сфаќања на секое поле, тоа до некој мера му го наменала на нејзиниот сопруг и доста влијалела на карактерот на Петко и неговите сфаќања и размислувања.

    Мајка ми е сосема друг тип на жена, затворена, мирна, повлечена, секогаш спремна да се жртвува за семејството (ова не е лошо, но сепак понекогаш треба да се има и граници до каде тоа полагање жртви може да оди). За неа мажот е глава на семејството и тој треба да биде онаков каков што опишав дека е брат ми, таков бил татко и, таков бил до некоја мера и татко ми. И она можеби и несвесно нејзините такви размислувања му ги пренела и на брат ми.
    Но мене потполно свесно од секогаш ме воспитувала да бидам пред се образована и самостојна, да не зависам од некој негде фраер, кој и лебот што ќе го јадеме ќе ми го вади на нос.

    Заклучок: Се е индивидуално и се е до воспитувањето, металнитетот влијае но земјата на живеење неможе да говори за нечие поведение.
    На пример Французите (значи сега зборувам паушално, не од лично искуство) ги знаеме како вечити романтичари, нежни, љубовџии но тоа не ти дава гаранција дека доколку се омажиш или барем запознаеш некој Французин дека ќе биде таков со припадничка на понежниот пол, напротив тој може да биде најарогантното суштество кое сте го запознале.

    Така да тезата дека мажите во Македонија и во странство се два различни поими не држи вода точкаиизвичник.
     
    На Phyramide, Annath, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Да де,нема да ме чуди на крајот дека тие што ја осетиле разликата се оние со љубавни авантури од 10 дена со србин на одмор у Грчка. :|
     
    На senza.parole, kate21, Extraordinary.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Па ништо чудно и така да испадне, јас еве Петко го знам скоро 2 години, за тоа време запознав многу луѓе од Балканов, но неможам да кажам дека сите Црногорки се шмизли и спозноруши или Црногорците мафијаши и криминалци, можеби јас сум запознала такви но не значи дека и сите луѓе во Црна Гора се такви.
    Запознав и еден Германец, дечко на братучетка типов на мравка не гази, ја чува како капка вода на дланка, сета фамилија негова биле такви, и водена по таа логика можда и јас требаше да најдам некој Германец, кој наместо да биде добар и фин ќе биде Хитлер 2.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Мразам генерализации од СЕКАКОВ вид!

    Не можеш да речеш дека сите мажи во Македонија се опрани сељаци, ниту дека сите мажи од странство се фини стокмени најпропренајубави примероци од спротивниот пол.
    Единствената генерализација што може да се направи е дека Македонците имаат македонско државјанство, а овие другите немаат.
    Толку.
     
    На Annath, Hiii, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Ти ова као сериозно? Генерализирам со што? Со тоа што реков дека не треба да се генерализира бидејќи секој поединец е посебна прикаска? :^) Изгледа различно го сфаќаме тогаш поимот на генерализирање јас и ти.
    И зошто се мора да се сфаќа во негативна конотација? Да не си имаш ти некое мувиште на капчето а? ;) Кој рече дека некој не чини?
    И чекај, you got all that from one month? ЕДЕН МЕСЕЦ? Дај те молам, сериозно е смешно. Луѓе со години живеат во странство, by странство I mean престој кој не е ограничен на диско, менза, предавања, и не можат да го сконтаат тамошниот менталитет за со сигурност да тврдат дека луѓето од таа дадена земја се вакви или онакви, ти успеа за сите да кажеш дека се некакви, и дека нашите не чинат, оп стоп чича мича готова је прича. Зошто? Затоа што некој ти понудил пијачка? Или што и да ти се случило таму каде што си. Да се разбереме, секоја чест ако си си нашла дечко или мувач кој нема да те осудува, затоа што хеј, не е Македонец, ама нели ти се чини дека јадењето не се јаде врело? Почекај деее, за година дена да се сретнеме повторно на темава па да видиме што си мислиш а? ;) А оние твои воведни генерализирачки карактеристики дека 90% се набилдани батки кои се културни ми се извини, онака малку прикаски за деца. Од цела нација колку тела успеа да видиш за месец дена за да го тврдиш ова?! Чудно.

    Ахам. ОК твоите превисоки критериуми се едноставно превисоки. Разбирам. Никој не е доволно добар за тебе. Да не биде ко у вицот за плавушата - мамо ма, ме бутнаа на градска. Зошто бе сине? Па не знам бре ама сите решија да возат у спротивна насока тој ден, не знам што им беше?! :D

    Се најубаво, само не знам дали сфаќаш дека со овие твои ставови штотуку се вброи во онаа група на Македонци која ти толку многу не ја сакаш. А тажно е да плукаш по нив. Тажно.

    Како и да е, излишно е веќе да се води дебата на темава, затоа што како за некој со минимално искуство и со навистина краток престој во странство, премногу генерализираш, и тоа не дава навистина никаков простор за понатамошна дискусија. А прашање е од друга страна колкаво искуство е навистина доволно за да можеме да тврдиме едно или друго? И како по некое непишано правило, обично оние кои немаат навистина поим, најмногу се убедени и сигурни во своите ставови.

    За крај да сумирам. Не велам дека треба Македончето да се воздигнува само затоа што е - Македонче, но и да се плука глобално на цела македонска машка популација е навистина смешно, исто како што е уште повеќе смешно да се стават во една канта 3 милијарди мажи на планетава минус оние нашине де.
     
    На WildCherry, ines.h, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Хах, жити се :D. Мислиш дека можеш да задоволиш МОИ критериуми? Плава си или смеѓа со бујни гради, имаш тело песочен часовник, вежбаш, ненормално згодна, интелигентна, способна, образувана, културна, со смисол за хумор, малку брлива и одлепена а дива и без табуа во кревет?

    Таква си? Ако не си немаш шанси да бидеш со мене :D.

    Пс. Да не ти го кажам вториот ешалон на критериуми, ќе ги постигнеш следните 1000 години :D.

    Ппс. Ова да не се занесуваш многу дека тука нема мажи што ти би ги посакала туку дали они ќе сакаат да се со тебе :D.
     
    На Alanna, WildCherry и Magnolija им се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Абе девојката ми се чини воопшто нема ВИСОКИ критериуми. Девојката воопшто нема критериумИ. Има критериум. Еден. На национална основа. И гласи: само да не е Македонец.
     
    На KuklickaSk, DAngel, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    до сега сум имала шанса да се запознаам со неколку странци преку Американското катче(Американци и Србин)па да ги пренесам моите впечатоци на темава:

    со Србинов вработениве се препремногу љубезни(абе мед и млеко од уста да им тече) :D :fubar:
    комуникативен, друштвен, по малку забавен (нема мускули и обликувано тело, ниту пивски стомак)

    Американциве и зависи како кога по некој Англичанец(фини,друштвени пред се забавни)
    (иако до сега овие што сум ги запознала не биле некои топ тело без грамче сало, мускули)
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.309
    Допаѓања:
    101.438
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Ама ја рзвлечкавте темава ама ај.

    Како што кажав од мое лично искуство сум имала прекрасно искуство во врска ( не 10 дена одмор у Грчка :lol:) со странец, но не велам дека генерално ако фатам сега пак странец од друга држава и друга култура ќе биде исто. Значи се е до личноста. Не велам дека дечковците кои ми биле македонци биле сите кретени, ете еден се покажа како таков, но дека има разлика има. Сепак станува збор за друга култура, друг начин на живот, друг менталитет. Плус во поразвиените земји девојките се многу послобни да откачат дечко како и да најдат дечко. Таму нема некоја да седи во кафич и да чека месеци за да го привлече вниманието на тој што и се свиѓа. не бре она иде го пикира и си пробува среќа па ако упали арно ако не пак арно. И заради тоа според мене мажите од тие земји се трудат повеќе, затоа што знаат дека можат да бидат наскоро заменети. А кај нас мажите се малку комотни дека можат да ја имаат која сакаат па не се ни труда многу. Особено кога имаш девојки кои се продаваат за една пијачка и ако видам новчаник полн пари.

    А дека има психо примероци и кај нас и во другите земји и тоа е точно.
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Добро, што и` се закачивте на девојкава што ја отвори темава?
    Интересна е темава за дебатирање. ;)
    Е, сега ако некој размислува спротивно, одма не чини и мора да биде нападнат. |(

    За мене не се исти машките овде и во странство.
    Ама, и во нив има секакви, и што ги бива, и што не ги бива... :)
     
    На danichap и si.exs им се допаѓа ова.
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Па мажите (ако зборуваме за просечен маж) во МК се приказна за себе (и жените де, ама тоа е друг муабет :) ). Секако дека има отстапки, или, што би рекле, секогаш има исклучок што го потврдува правилото. Имам зет странец, (многу ОК човек) и можам колку-толку да направам некоја споредба. Во глобала, мажите во странство не очекуваат да бидат третирани како деца кога ќе се оженат. Затоа пак, кај нас викаат „Македонците се женат оти немаат пари да си платат слугинка“ :rofl: . Кај нас првата работа која треба мажот да ја научи (а не успева) е „Жена ми не ми е мајка“ и „Жена ми не ми е домашна помошничка“. Но кај нас и односот кон мажите е поинаков. На пр. зет ми кога првпат дојде кај нас на гости станува и оди сам да си земе пиво од фрижидер. Мајка ми се испотепа по него и му вика „Кажи слободно, јас ќе ти донесам“ а човеков зачуден и вика „А зошто?“ :) . Можеби и затоа што по светов мажите од млади се делат од дома, живеат сами и знаат да се грижат за себе. Овде мама и го предава на жената „синчето“ да продолжи таа да се грижи за него како мама да му е :P . Овде мажите (најчесто) и го очекуваат тоа. Се знае, жена домаќинка секој ден ќе ти зготви ручек, ќе ти даде чиста и испеглана облека итн итн. Ако не, тоа ќе го направи мама, ама нема да заборави да потенцира дека си земал „недомаќинка“ :rofl: . Убаво памтам случај кога Македонец почна да живее со некоја во странство и отидоа мајка му и татко му да ја запознаат „невестата“. Мајка му болна ќе паднеше :D . Па таа не готвела секој ден, па тој морал да си ги пегла кошулите за на работа, па кога отишле таа ни кафе не ги понудила, тој им направил... :rofl:. И ќе не чуди после што се различни нашите мажи од „тие таму“?
     
    На kathy es, Srekicka, SweetDream и 5 други им се допаѓа ова.
  16. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Морам ова да го споделам.Гладам темава зазема некој друг правец ама ајде еве ќе изнесам еден пример чисто за да се направи СПОРЕДБА помеѓу мажите овдека и во странство што мислам дека е и цел на темава.А инаку темава е повеќе од одлична и има многу што да се каже за неа.
    Кај пријателка случајно одам по сплет на околности се погоди ручек време.Таа само што дојдена од работа готвеше и ја поставиваше масата.А овдека морам да напоменам дека нејзиниот сопруг од кога се земени до ден денеска нема ниту еден ден работен стаж.Жената направи ручек,ја постави масата и сега седнавме сите.Еми овој кога почна дај ми ја солта,донеси ми вода,подај ми ова она .... луѓе уште да го нахранеше и тамам ќе си беше.Потоа ова кутрата раскрена,па кафе правеше,па садови миеше .... и се така дури јас бев таму а после мене кој знае колку обврски други ја чекаа додека нејзиниот маж буквално се излежуваше и гледаше тв серии.Јас кога ја видов сцената си реков ако ваков маж треба да имам подобро сама да сум си :)
    И сега на ова многу од вас ќе кажат дека сите не се исти.Грешите.Можеби немаат толку дебилско однесување како овој на пријателката но во глобала вака е драги мои и тоа е ФАКТ голем кој неможете да го порекнете.Многу се малку нашите мажи кој без никакви предрасуди,велам предрасуди зошто и тоа е,знаете нели како викаат мажите-Зар јас женски работи да работам?,ќе учествуваат во домашните работи и без никаков проблем ќе и помогнат на својата жена.
    Драги Мажи,Тоа што ќе се испереш,ќе зготвиш да се нахраниш е ОСНОВА за преживување,значи нешто што некој кога ќе се најде сам го прави а вака нели има кој да го заврши место него па тој ужива.Е тоа во модерниот свет се вика послуга.
    Јас нема ништо против да перам,пеглам,готвам или грижам и покрај другото и за домакинските работи ама не сама,не по цена да сум ЗЛОУПОТРЕБЕНА И ИСКОРИСТУВАНА во тоа.
    Жените од мажите не бараат тие да ја превземат нивната улога и да изиграваат домакинки по дома,само сакаат и мажите барем малку да придонесат и помогнат во домашните обврски зошто сепак фамилијата не ја гради само жената туку заедно се прави тоа.Никој не ја потценува функцијата како и обврските кои ги има мажот,тие понекогаш се огромни во споредба со обврските на жената но ЗАЕДНИШТВО е семејството.Немојте тоа да го заборавате драги мажи.

    Како и да е,сметам дека многу сме далеку за жал од цивилизацијата и да трчиме милам дека нема да стигнеме.
     
    На kathy es и Beena им се допаѓа ова.
  17. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.991
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Si.exs, кака прво, немаш доволно години и искуство за да судиш кој каков е, а како второ, не живееш доволно долго во странство за да процениш какви се мажите во земјата во која живееш.

    Се' е до личноста и начинот на воспитување, а не до земјата во која живее. Менталитетот е споредна работа. Ако некој сака да биде дел од толпата, нека повели. Останатите, иако не се толку чести, не се ни толку ретки. И не е тешко да се најдат. ;)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    ^^ Пак генерализација! |( Аман луѓе, поединци и посебни индивидуи се во прашање. Да, факт е дека на запад ќе кажам (нели тоа е бренд), така се нарекува се што е надвор од државава,машките за нив се збори, таму се двојат од семејството на 18 год,( просек некој, не е просекот на Лилит ова :D) ... и стекнуваат некои навики домашни кои овдешниве ретко ги имаат но ги имаат. Се зависи од воспитувањето прво од мајката, а после и упорноста на жената да му наметне некоја обврска за по дома со цел нели да се поделат обврските и така да се има некоја рамноправност. Значи тука не се криви машките кои ги учат од мали дека домашни обврски се само за женското, не и за нив. Но има доста примери на такви тука кои се можат да работат по дома. значи нема генерализирање. И странецот не значи дека ако живее сам си има навики да си биде педантен и организиран, да биде супер домаќица, не , не тоа зависи пак до индивидуа. Ќе кажам примери, Англичани седат тука под стан и си имаат клининг лејди нали, станот кога ќе влезеш да ти се згрози, Французи слично ... додека Германци и Скандинавци значи навики сепак на ниво. Значи еве еден пример од држава до држава разлика.
    Нена спомна разлика за врска со странец и наш. Искуството мое е нешто поразлично поинакво третирање, емотивно по отворени ... третман на принцеза, но не за долго ... Ова розово секојдневие прекинува кога ќе дознаете колку мултипла личност може да излезе од него. Не само еден туку и други од искуство на други девојки ... значи не знаеш колку се по подмукли и по исфрустрирани и во суштина она Те сакам кое на секој начин го покажувал, испаѓа било толку лажно што има да те удри ко гром кога ќе дознаеш.
    Нашиов да, по неодговорен, нема навика да те третира како кралица ... емотивно не се искажува, сака да изгледа мачо ... ама факт е под таа тврда површина се крие мекотелче (ама споредба :^) :D ). Сепак се поемпатични нашиве. И пак ќе повторам, не генерализирајте ... до индивидуалност се работи од каде и да се. Некои работи може важат за поголем процент нели менталитет, но сепак индивидуалноста е задржана. И кажав среќа голема да пронајдете она што барате, но без залетување.
     
    На kathy es му/ѝ се допаѓа ова.
  19. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    А што треба да направам? Мислев дека секој има право да си ги постави правилата за коментирање на сопствената тема како сака.Не ни сакав да биде вообичаено коментирање врз основа на првиот пост. :)

    1.не значи дека ако сите имаат понакво мислење од моето,дека морам и јас да го променам.Па макар и да се цел форум.Иако сигурна сум дека има луѓе на форумот кој ме подржуваат,но претежно кога се случува "попознатите" од форумот да нападнат одреден член,немаат храброст другите да си го искажат своето мислење бидејќи ќе бидат осудувани.Тоа не е првпат да го гледам на форумот . ;)

    2.Реплицирам само заради тоа што одредени личности си земаат право да ме осудуваат.Не наметнувам на никој мое мислење,обратно е :)

    XMan не се занесувам,си кажувам како што е.Ако не ти одговара слободно не ме читај.И немој да си толку сигурен дека не би можела да задоволам ТВОИ критериуми.
     
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    :x :x

    Значи ако добро разбрав, Македонците се мачомени, не кажуваат дека сакаат, но сакаат, а страниците кажуваат те сакам, ама не го мислат тоа?

    Значи наидуваш на човек кој пред тебе имал живот.
    Ако бил повреден и од долга врска, нормално е дека ќе сака само живот, врски за една ноќ и лудо живеење.

    Ако го имал сето тоа сака да се заозбили.

    Ако не е нешто сосема трето, сака љубов, но не сака врска.

    Тоа е секаде така, макар човекот бил од Македонија, од Антартик, од Сомалија или од Марс.

    И во запад повеќе се разведувале. Па нормално, кога пука врската, кога некој изневерува, подобро е да се расчистат патиштата, отколку како кај нас кога жените знаат дека мажите ги изневеруваат и им молчат а тајно пишуваат и прашуваат за совети на фемина, каде лично ние ги советуваме да се тргнат од таквите мажи, нели?

    Во странство не е толку big deal ако некој се разведе, кај нас тоа е смак света.
    Значи во тоа е разликата, во околината, како што веќе кажав.

    Како ќе му чука на некој срцето кога тебе ќе те погледне е сосема лична работа и не зависи дали од која држава е!!!!

    мона.лиза, татко ми е чист Македонец, израснат само од баба ми кога бил мал, дедо ми бил шофер тоа време и не си идел дома, татко ми по неколку месеци ќе се случело да не го види, па сам готви, сам средува кога ќе се најаде, сам си го мие ваганот. Единствено не пегла, затоа што еднаш проба и си запусти кошула. Мајка ми има низок притисок и кога ќе и падне мора да легне, па татко ми се случувало да ни зготви ручек со сестра ми кога бевме помали. А типичен Македонец е.

    И ај најди НЗС.
     
    На kathy es и Phyramide им се допаѓа ова.