Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! темава навистина генерализира и многу ми е жално кога ќе видам дека некој мисли дека надвор од македонија цветаат ружи дека таму мажите се се што ќе посакате а парите ви течат од чешма. се чуствувам повеќе од компетентна да ви зборам за мажите од странство. и од моето долгогодишно искуство еве што видов до мене. 1. еден ја остави другарка и оти беше несигурно детиште и му беше тешко да ја гледа другарка ми во лоша депримирана состојба(мајка и почина) 2. друг ја понижуваше друга пријателка излегуваше сам, не ја сметаше за жива оваа рмбаше позади него за он да можи да прави што сака. 3. трет ја изневеруваше друга кај ќе стигне и не се криеше 4 четврт не ја бараше со денови 5. пет и направи бебе на една и си шараше кај ќе стигне. и така натаму, зарем ова не сте го виделе во мк ? мажите си се мажи како ќе ги построите така ќе бидат и нема ама баш никаква разлика дали се од англија или од мк , може нашиве се само поразгалени но и почуствителни а ако се разгалени тоа е од самите жени.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Темата е ТОП така да и тебе а и другите со ќеиф ве читам . Да можеше да задоволиш мои критериуми никогаш немаше да напишеш дека странците се подобри од нашите туку ќе си кажеше дека имаш мака да најдеш дечко во МК што ти е равен и ќе образложеше ЗАШТО и ќе потенцираше дека е тоа само твое субјективно мислење. Женска што задоволува мои критериуми немаше никогаш да направи таква генерализација по само месец дена престој во странство . Пак ќе те читам ама имаш уште многу да видиш и чуеш пред да кажеш дека НИКОЈ не задоволува ТВОИ критериуми. И јас не наоѓам женска да ми задоволи мои (или ептен ретко) ама никогаш нема јавно да пишам дека таква во МК нема и само во странство ќе ја најдам, ќе ме сметаат за неозбилен, наивен и неискусен и ќе имаат право. И плус ќе видат дека имам ЕГО до небо што не е баш пријатно сите да знаат . Пс. Пак ќе те читам иако не се слагам со тебе . Ппс. Кога ќе отвориш ваква тема нема лутење што некој нема да се сложи со тебе .
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Девојкава сака да ги убеди сите македонkи да си бараат маж странец,ауу што ке правиме ние момците тука.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! вие сега отврете тема жените во македонија и странство па плукајте по нас жените како они што знаат да плукат по мажите. мислам леле колку ме иреволтира темава чудо е како ние жените перфекција па сега маживе наши не чинат и удри по нив. е затоа нема да ни чинат затоа што можеме на глава да им се качиме и пак да не гледаат како што треба. а ако оние што кудат по нашите мажиња паднале на тешки сељаци е тоа нивен проблем и нека си го решаваат а не да си ги лечат фрустрациите овде.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Како да ве плукаме кога сте НАЈДОБРИ . Што е до мене би ве брендирал и би забранил извоз следните 100 години . Пофино девојче од Македонче НЕМА и нема да ИМА . Не џабе и во песна сме ве овековечиле .
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Не можам а да не прокоментирам на ваква тема. Наглсаувам дека немам искуство со странец. Како прво не велете дека мажите во Мк имаат чувства демек повеќе од странциве, па не бе ! И тие изневеруваат, ти викаат те сакам од зад грб друга канат на кафе (ова и се има случено на моја другарка) типов имал 3 на број..која ќе прифати таа ..ма немој.! Но, има такви и странци убедена сум.Има секакви. И кај нас има убави, грди. високи, ниски, културни, некултурни. Мажите ги има секаде и се различни секој со свој карактер со свои приоритети и критериуми. Во Мк единствено не сум задоволна од овај машки менталитет, на нерви ми оди како во приказните од старо време ѓоа јас сум маж. Не, не и не! Ама ај демек се менува полека, полека . Тоа што тебе ти се допаднал странец е судбина, живот ! Јас ти посакувам се најдобро, и целосно те подржувам. Ако станува збор за љубов, а таа нема граници. Јас сепак би го пресипитала теренот, друштвото, каков човек е, па и нешто од неговото минато (јас го правам тоа и со нашите ) Никогаш не знаеш на што ќе налеташ. Но, од друга страна со тие твои високи критериуми не е тоа така, можеби овој имал шарм, харизма нешто што те привлекло, а досега никој тоа го немал, не си сретнала таков. Верувај ми нема врска што е странец. Тоа е индивидуално. ... Љубовта едноставно се случува, ете тоа е така. Од друга страна ако ти сакаш да живееш во странство и по секоја цена да се мажиш за него тоа е нешто друго, и така може. Па и од љубов не се живее. И условите се битни Не си единствена, ни прва ни последна, но како што прочитав мислам дека не станува збор за вакво нешто, бидејќи ќе си имаш ти државјанство. Како и да е животот е твој, а мојот мој, што сакам ќе правам и никој нема да ме осудува. Ти не живееш за другите, туку за себе. Со среќа девојко !
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Од ова што досега го прочитав донесов заклучок (може не е таков ама јас така заклучив) дека странците се подобри од нашите Македончиња само заради поделбата на домашните обврски и не третирањето на жената како слугинка. Целата генерализација излезе од тоа дека мажите странци повеќе помагале и биле почувствителни. Не е точно, не се согласувам и цврсто стојам на ставот дека каков ќе биде мажот (сопругот, дечкото) зависи од домашното воспитување, НО мора да се додаде и влијанието на девојката/сопругата и нејзината умешност нешто да смени. Поаѓам од она што мислам Х-мен го спомена-глава и врат..главата е мажот, а вратот жената...а кој ја врти главата Обичен прост пример од Очајни домаќинки-ќе го споменам бракот на Линет и Том...во една епизода дојде мајка му на Том и го третираше како мало мамино синче, се` му угодуваше, не само нему туку и на машките членови на семејството (као демек тие биле уморни од школо и работа, требало да се одморат, а женските да трчаат околу нив и да им угодуваат)....а Линет, е богами кој ја гледал серијата знае како таа постапи....му одржа вАспитна и на Том, а и на свеки Ова е типичен пример од една Американска серија (а Американците се странци, така ), која најверојатно е базирана не само врз фикција туку и врз реални и вистински меѓучовечки, па и брачни односи и врски. Значи колку обврските ќе бидат поделени зависи само од оние кои се инволвирани во самата врска, колку и како тие успеале да се прилагодат и договорат. Мажите горе-долу се секаде исти, без разлика од каде потекнуваат, а од жената/девојката зависи дали ќе биде третирана како кралица или магарица. И напротив сметам дека нашето момче Македонче знае и те како да биде чувствително. А бе не ми е јасно, толку филмови гледате, еден куп има примери од кои може да заклучите дека не е злато се` што сјае. Без разлика дали е странец или наш Македонец, секој си е посебна индивидуа, со свои маани и доблести и не смее, а и не може да се врши генерализација и да се извлече заклучок кој и од каде е подобар....апсурдно е и невозможно. Постов излезе феминистички, ама па така е
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Колку ми се допадна мислењето на Kicky. Едно од пореалните. Можам да кажам само дека држи вода и тоа тврдење дека ние девојките сами си одлучуваме што сакаме и сами си ја градиме врската. Ако се поставиме како девојка која постојано трча по дечкото, сакајќи се да му угоди, а тој не ја ни ферма и и се обраќа Мори ајде направи кафе... аха да, супер. Ако ќутиме кога тој ќе ни го повиши гласот, се разбира тој така и ќе си продолжи. Никој не не тера да бидеме со такви мажи. А факт е дека има такви и во Македонија и секаде. Пример, дечко ми е македонец кој има живеено во Америка седум години. Кога го запознав и кога ми кажа дека самошто се вратил од Америка најискрено малку се двоумев дали да започнам врска со него. Немав кој да прашам било што за него. Со него ја изгубив невиноста, па немате поима колку ми беше страв на почетокот, само ми се вртеа прашањата, што правел таму, уште подобро со кој правел нешто таму, дали е здрав... Дрн, дрн. И да морам да признаам дека само дечко ми, кога сме со друштво некаде и славиме нешто, само тој не прашува нас девојките дали ни треба помош. Другите другари, сведок сум дека се однесуваат толку дебилски. Сега несакам да испадне дечко ми е цвеќе, др. не. Но човек кој бил некаде и морал да се бори сам за својата иднина, без никаква помош од мама и тато, размислува поинаку. И во Македонија има такви да се разбереме. Една другарка еднаш ми кажува за дечко и, македонец кој ја избркал од кола сред недојдија, во доцните часови. Каква е таа почит ви се молам? Па што ако и се случи нешто. Тоа е љубов, тоа е заштита која треба да ти ја дари партнерот? Не тоа е недоквакан човек. Разгален од дома, да повторно разгален од женско, од мајките кои ги величат синовите над ќерките. Ужас. Се е до карактерот и искуството на човекот. Може малку забегав од темата ама најубава комбинација за мене е македонец кој има живеено некаде во странство. Или пак дечко кој е културен, трпелив, харизматичен, немисли дека ако ми подари бакнеж пред другите ќе го сметаат за папучар итн...
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Па нормално дека не задоволувам твои критериуми кога барам нешто повеќе од типичен македонец. И јас да бев машко би го кажала истото. И да,си имам проблем да најдам во МК убав и паметен,или е убав ,ама карактер нула или обратно.Не ни го кријам тоа. : Но,затоа пак задоволна сум од тоа што го гледам тука. Како машките се понашаат спрема мене,какви машки можам да освојам и сл.И се разбира дека се и позгодни ,но и попаметни.А секако дека има и исклучоци како и МАкедонија така и тука,не реков јас дека нема.Затоа генерализирав!! бтв милион пати потенцирав дека тоа мое субјективно мислење и дека не барам ама воопшто никој да се сложи со мене. И секако дека направив генерализација,ама нигде не спомнав дека пример во врска се перфектни,затоа што не ни знам какви се во врска.Го искритикував тоа што ми пречи кај македонците ,а го пофалив тоа што го видов до сега кај странците.Самата спомнав дека сум само еден месец,и свесна сум дека не е премногу за да се носат заклучоци,затоа и генерализирав,а вие тоа го сфаќате буквално. Иначе за да се увиди една култура,менталитет и сл не треба многу време.А за останатото,какви се во врска и слично не спомнав ама баш ништо. За тоа треба дури повеќе и од година за да се донесе заклучок.На крај краеви изгледа воопшто не ме сфати поголемиот дел од тие што напишале пост на темава што воопшто сакав да кажам.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Јас ли сум типичен Македонец, девојко во кој филм ти живееш . И црвениот болд ти е многу интересен . Од сите мои шетања по Европа, балканските мажи секаде биле на цена а сеа ти ми збориш обратно, седи си тогаш таму и уживај не знам што си отварала тема . Тоа за позгодни нема да коментирам, за вкус се работи ама дека се попаметни тешко малку, сум бил сум видел и сам, на друг таа прикаска . Глеј што пиша: Имаш поголемо ЕГО од сите планети и сонцето заедно ама терај така чим ти прија .
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Јас сакав истово да го кажам, ама ќе излезеше во многу голем пост и поентата ќе се изгубеше.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Со секоја должна чест, ама ондак требаше да си отвориш тема, моите критериуми за некој да биде со мене. Под а) да не е Македонец. Знаеш дефинитивно не си поминала многу во животов, и сега си во оној стадиум се што лета се јаде. Спушти си ги очекувањата и критериумите, зошто ќе те спуштат тие. Ок е да имаш амбиција. Ама ова твоево некако ми е премногу. И плус релативна работа е, дали воопшто ќе останеш надвор од МКД. Некои работи не се контролираат како што мислиш ти. Ти ко Амди Бајрам, се што е ван граници МКД е кока - кола за тебе.. Плитко ми е твоето размислување.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! XMan дај остај ја si.exs,очигледно е дека девојката има наклоности кон странците и дефинитивно нејзино мислење е не дека двата типа на мажи се разликуваат туку дека генерално странците се подобри мажи од македонците Па што и можеме ние .... Почести не сите нас кој пишуваме на оваа тема со твоето машко размислување за раликите помеѓу мажите од овде и странците(ако можеме така да ги поделиме)
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Ок, вечерва или утре ќе напишам мои согледувања и ќе гледам да бидам максимално објективен .
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! СРЕЌА НАША ШТО МАЛ ПРОЦЕНТ НА ДЕВОЈКИ ШТО РАЗМИСЛУВААТ КАКО НЕА!
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! si.exs мислам дека правилно ја доловив првиЧната идеја сто ја имасе кога ја отвори темава, ама сега добивам Чуство дека цела дискусија отиде во друга насока. требасе да споделиме наси искуства, позитивни или негативни, од остварениот контакт со странци. толку едноставно ама сепак се забега со темата и сето ова стана некако доказување кој е подобар. Сигурна сум дека многу девојки те подрзуваат, мегутоа двојниот станард кој го употребувас е приЧина поради која не многу споделија позитивни искуства. Две работи не ми се допаднаа: ти сподели сопствено искуство без да наведес со која нација е изврсена споредбата поради заЧувување на сопствената анонимност, а барас ние да изврсиме таква споредба врз основа на насиот престој и контакти во странство со странци. т.с да именуваме каде сме биле и со која нација ги споредуваме насите македонски момци Без именување на тој за мене битен податок сите твои аргументи ми се некако без иднина за развивање на конструктивна дискусија во вистинска насока. второ бас сакам да знам во која западно европска или друга развиена земја даваат дрзавјанство за неколку години(оти писа додека заврсис со студиите ке добиес дрзавјанство) Не е странство за секого, ниту пак странците. Постојат големи разлики во однос на менталитет и култура, мегутоа тоа не знаЧи дека дека ако едните Чинат другите автоматски не Чинат. *усте од средносколските денови стекнуваат работна навика и го заработуваат џепарлакот. *паралелно стуираат и работат и се независни од своите родители на 18 години. *не носат торбица неЧисти алиста кај мама на перење, пеглање за викенд. *готват, пеглаат, заЧистуваат... *во бракот преземаат големи обврски во однос на домакинството и децата. *спортуваат и пазат на изглед. * некои нации се со светол тен(скандинавија,германија), некои со потемен(италија, спанија) па ако имате склоност кон таков карактеристиЧЕн физиЧки изглед, еден плус висе. *некои нации се по ладни, со доза на ароганција и големо его а некои се по харизматиЧи, по динамиЧни. ако ви се допагаат бас тие карактеристики, усте еден плус. сите овие карактеристики не знаЧи дека ги имаат сите странци и автоматски дека нема македонЧе сто не знае да зготви, заЧисти или дека сетаат небањати и сл. Се индивидуално до Човекот. Девојката си сподели свое мислење, свое искуство и бас ми е мило за нејзе. ке бесе трагиЧно за некој со таков поглед на светот и такво мислење да не е во странство мегу странци. она си знае сто сака нема потреба од разубедување, секој за себе. За мене не е македонЧЕ. не дека јас сум предобра и никој не усполнува некои мои замислени критериуми, се е ствар на карактер и наогање на тоа сто мене ми одговара. јас сум насла странец сто е интелектуално, физиЧки, карактерно... соврсен за мене. тој има несто сто нема било кое македонЧЕ, моето срце. Да, за мене ТОЈ е подобар од било кој Македонец,,Американец....
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Темава отишла у неповрат . Девојко, кога отвараш тема целта е секој да си искаже мислење на истата. А ти ги бомбардираш сите што ке кажат нешто што се коси со твоето мислење. Мислам аман Можеше да биде интересна темичка ама ти самата си ја отвори и си ја упропасти. Поздрав
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Постои англичанче кое уринира во Хајд Парк, американче во Централ Парк и македонче во Градски Парк. Добри и лоши, невоспитани и со манири, чувствителни и ладни има секаде. Како кај нас, така и низ цел свет. Како можам да кажам дека сите македончиња се Шабани кои дигаат мишки во Деспина и да дадам една таква груба генерализација дека само нашите момчиња поседуваат таков шабански ген, кога со моите две здрави окца имам фатено да речеме 5 минути од Џрси Шор? И сега? Тие не се шабани, зашто се американци... Единствено ќе се дрзнам да кажам дека странците генерално пристапуваат многу полесно и поотворено кон девојки, поседуваат доза на луда самодоверба, а нашите момчиња се некако позатворени и потешко остваруваат комуникација... но, кога ќе размислам какви се девојки има во Македонија, некако и ги сфаќам... понекогаш.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! До сега сум имала можност да бидам во кратка, каква-таква врска со машки од три земји. Македонија, Србија и Грција... Сегде има и вакви и такви машки, и убави и не толку убави, и паметни и не толку паметни, и да знаат како со женско и да не знаат до толку. Е сега србите и македонците се тука негде слични, нема некоја огромна разлика. Ми се погодиле некои кои имаат понашање нула па нив не ги ни именувам дека ми биле дечковци, али има и некои кои девојката ја третираат како принцеза! Најискрено, значи ништо да не ти фали, се за да бидеш среќна. Е сега од искуството со гркот мој (првата љубов) а и со посматрање на грците од страна едно заприметив: ретко некој да се најде а да не си ја третира девојката како кралица!! Значи најискрено ви го кажувам ова... Кога грк ќе се заљуби а вие ќе докажете дека сте достојни на толкава љубов нема назад. Може уште милион женски да сретне да спие со нив, да биде во врска, ама вие ќе бидете за него девојка со кој секоја следна ќе биде споредувана! Поприлично се љубоморни, и дури и кога ќе си се оженат си живеат како да не се женети. (Ожењен сам ал ко момак живим ) Значи има некои разлики али сепак не се рекло за џабе: Само маж што бил воспитуван од кралица може да третира девојка како принцеза. Само да напоменам не мислам дека треба женската да се третира буквално како да ви е кралица, али во одредени ситуации не е на одмет . Значи тоа дека во некои земји 90% биле набилдани и здраво се хранеле мало сутра... Никогаш ништо не е само црно или бело. Имаш милиони машки и сите до еден се различни. Неможеш да судиш некому според тоа од каде е. Да си има и тоа свој удел во неговото формирање ама не влијае 100%. И искрено не мислам дека македонците се најлоши, воопшто. Али свој се своме радује, па така сите ние најнормално е најмногу да си ги преферираме машките од нашата земја. Какви се-такви се, наши се. Тие што немале врска со некој од надвор туку само слушале муабети први ќе плукнат на македонските машки (т.е. машките од нивната земја), а тие што пробале тие ќе бидат меѓу првите што ќе си се вратат кај нивните сограѓани! Барем мене ми е така Едит: морав да го потенцирам ова пошто е најточно и најбитно