Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Јооој темава отишла дур странство Едно време беше „немој ќерко в село да се мажиш, само некој градски да си бараш“ Сега странство е супер, секој живее живот, земаат плата, си ги поштоваат жените(јаааа, дааа, како не), си имаат пари, и ко ќе си дојдеш по година дена ќе се возиш во Мерџо најнов тип, ќе пуфкаш цигарче невидено тука, и ќе се парталиш како сопругот ти платил спа за годишнина (ова не беше наменето за девојката што ја отворила темата, општо кажано е) Премногу се форсираат парите бе Мажите и во странство чепкаат заби со отворена уста, а за жал тука ни дамите не ја затвараат . За мене не е разлика ако тој некој има купче в џеб, секаде ќе наидете и на луѓе без денарче па нежни, кавалери, и за крај со судни маки ќе освојат женско срце. И не мислите дека и жените тука и странство се два различни поими? Ако е за тоа, странкине повеќе си ја гледаат работата, а нашиве шмизли чекаат нафатирани да ги носат странство Секаде има секакви!
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Мислиш на момците како тебе, кои пишуваат по една реченица подбуцнувачка? Дај напиши конкретно мислење ако имаш, а не: Браво, така е. Е, не не е така. И зошто мислиш дека ќе убеди некого? Си го кажува своето мислење. Дај, Витомире, нели сакаш демократија, па валда има слобода на говор?
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! Ма не се два, него 4 милијарди (грубо кажано ) различни поими Пред да кажам било што, да потенцирам дека: Во времето кога и јас мислев дека „се` што лета се јаде“ и дека сум „арогантно предобра за било кој македонец“, потрошив добри 11 години со 3ца странци, кои за чудо, ги наоѓав во Македонија Што и да кажам ќе е излишно - целото генерализирање што го прочитав до сега апсолутно не се вклопува во моите РЕАЛНИ примери на мажи од иста националност, не па од цел свет! Едниот беше полуден - родители разведени, мајката од бркање кариера немала време за него - го растела жена од Филипините, таткото врзан со подземната мафија, а тој забеган на друга страна. Не знаеше да сака и беше емотивно осакатен, ама на почетокот (кога беше лудо заљубен) ме третираше како кралица. После тоа - едноставно му беше сеедно, па му раскинав затоа што ме уби таа негова незаинтересираност. Вториот беше сушта спротивност - родители со добар брак, ама затоа што мајка му никогаш не работела па целиот живот го посветила на домот и децата. Неговиот ум не знаеше да перцепира на друг начин - кога живеевме заедно НЕ СМЕЕВ да викнам жена за чистење затоа што не сакаше „друга жена да му пипа во домот“. Ех да, ама јас не бев по цел ден дома, туку бркав кариера и не сакав слободното време да го трошам на неважни работи (според мене). Според него - (без разлика што работев) се очекуваше од мене, како жена во домот, да спремам ручек од вечерта и да раскренам се` што било растурено (за воља на вистината помагаше ненормално, ама ме нервираше таа негова „затуцаност“) и нормално и таа врска заврши неславно Третиот неверојатен кариерист, газеше се` пред него и успеа многу во животот, само не успеа да ме задржи мене - жената која со претходниот од петни жили се бореше за да си ја „врати работната слобода“ Жена ни доаѓаше дома секој ден за да ги извршува домашните работи, и иако во ниту еден момент не побара од мене да бидам она што претходниот толку гласно го „нагласуваше“, сепак не беше тоа ТОА.... И еве ме денес, мажена за МАЖ македонец – паметен, работлив, духовит, шармантен, згоден и за мене –НЕОПХОДЕН Кога сакам да работам по дома – го правам тоа без било кој нешто да очекува од мене. Кога сакам да бркам кариера – тој го чува детето, прави ручек и раскрева по цел ден. Страшен емотивец, кој е целосно предаден на фамилијата, и кој се` уште ме чува како кралица, пошто така и ден денес е чувана неговата мајка од татко му (ама си го испофалив ) Муабетот ми беше – желбите и приоритетите ни се менуваат со годините – не можам сега да барам само згоден дечко кој има six packs, или чоколаден тен, или е доволно луд да ми пријде во било кое време, на било кое место. Па и НЕ САКАМ бре сега така да ми приоѓаат, тоа не ми носи повеќе никаква сатисфакција, ниту потврда дека нешто посебно сум убава. Она што мене ми треба – си го најдов во мојот човек. Претпоставувам дека е исто кај сите други жени , па затоа ми е безпредметна генерализацијата ....ко било која од нас да има совршено исти барања и потреби од мажите, па еве сме седнале да разглабаме од која нација треба да си најдиме маж за да бидиме ИСТО среќни. Нон сенс.
Ту бре ауууууууууу читај читај читај се изначитав,првиот пост на девојката што ја отворила темата демек Јас сега живеам во странство ОВДЕ и мажите се подобри од тие во Македонија. А да те прашам во кој кругови се движеше ти женска додека беше во Македонија ? Со пензионери да не играше шах, или работеше во некоја биртија како конобарица па ти излагаа само мрсни и немиени „ Бизнисмени“ со пивски стомачиња ? Ај што да зборам,ако си имала работа со такви тогаш во ред но сите да ги генерализираш :geek: Абе какви мажи МАЖИШТА има овде ти ке ни кажуваш за во стѕранство, демек глупи сте вие што седите во Македонија со Македонци.
Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?! девојката си го каза своето мислење и со своето активно уЧЕство помага во развивањето на оваа дискусија. ако не се согласуваме со нејзините ставови моземе да аргументираме, контрираме...да посоЧиме конкретен дел од тоа сто она го писала, ама не и да судиме само затоа сто нејзиниот став е разлиЧен од насиот. нема потреба да развиваме хипотетиЧка дискусија како и зосто она го стекнала своето мислење, бас поради тоа и многу се забега од нејзината првиЧна идеја како треба оваа тема да изгледа. и самата каза дека е само месец дена таму, па мозеби и навистина сеусте е под импресија и во иднина тоа мислење ке го промени, ама барем сега за сега има некакво мислење стекнато врз сопствено искуство со странци, сто е доволно за да си го исказе својот став.
Не ги осудуваме нејзините ставови,далеку од тоа.Сакаме да ги посочиме РАЗЛИКИТЕ а не да генерализираме а девојката тоа го прави.Кажува како странците се подобри мажи од македонците а тоа е индивидуална работа(насекаде во светот можете да сретнете вакви или онакви луѓе)-ова е мислење на повеќе девојки од формумот како што можете да забележите па оттаму произлезе и самото скршнување од темава.
Девојката каза дека тоа е нејзино субјективно(индивидуално) мислење кое не сака да го наметне на некој друг и дека секогас постои исклуЧок. Не е таа онаа сто ја однесе темата во друг правец. Спојлер сега и јас сум офф, ама бас ми се допадна оваа дискусија и би сакала да се задрзи во вистинска насока
Никому не судиме,не учествуваме со таа цел на формумов па да кажуваме кој бил во право а кој не.Темата е РАЗЛИКИТЕ.Секој има право на став,на мислење поткрепено со објаснување и со факти но објективноста е нешто сосема друго,нешто кое како што гледам ретко кој овдека ја зема во обзир.Значи се што треба е да се воочат тие разлики а не да се лечат фрустрации,комплекси,да се бараат оправдувања за нечии постапки и слични работи.Темава е навистина добра и штета е што се носи во погрешен правец.
Мислам дека темава се вика “Мажите во Македонија и во странство – два различни поима?“ и дека треба на оваа тема да дискутираме, а не да коментираме за мислењето на девојката што ја отворила темава. Нејзино е дали ќе си генерализира и не, тоа не ни менува нас ништо. Значи сите дадете си свое мислење па кога ќе ги прочита мислењата можеби нејзиното (а и на останатите) ќе се смени...
Јас сум за тоа дека секаде има секакви. Сепак имам приметено за една од напредниве западни земји (од искуство со дечко на другарка ми) дека некои од нив имаат опасен страв од врзување и се полни со предрасуди, ма колку и да ни се чинат современи (да ми беше лично искуството ќе ја наведев и земјата). Кога дечкото на другарка ми си одеше дома (се запознаа за време на негов едногодишен престој во МКД) тој беше таков целиот натажен шо ќе се разделат ауу незз шо и она му рече демек не се секирај и така планирам да аплицирам за пракса во твојата земја, демек ќе ни' продолжи врската, нема да мора нон-стоп да сме разделени, почесто ќе се гледаме. И тој ни две ни три ја стаписа со муабетот „Тука те чекав. Мислиш јас вести не гледам? Јасно ми е дека си се затрчала по документи и странско државјанство“. И оваа прво се шокира, ништо не кажа едно десет секунди а после го отера у три лепе и слепе п.м и цело друштво што го испраќавме (јас, таа и уште двајца другари) фативме такси и да не нема оттаму. А врската и беше сосема ОК, не беше бајка од браќата Грим, ама беше сосем солидна и ветуваше многу. Значи овој муабет не го очекуваше никој. После два месеци, откако го блокираше од сите месенџери, скајпови, фејсбуци и такви работи и' праќа типов мејл нешо како: „Не мислев така, те молам немој да се лутиш тоа го реков во афект. Вистинската причина е затоа што се плашам дека сериозната врска со тебе ќе ми го поремети докторатот, се плашам дека во сериозна врска нема да можам да посветам доволно време на истражување и учење. Не ми се лути, сакам да бидеме пријатели и сакам некогаш да се видиме.“ И оваа ништо не му врати. Мисли тој таа нафта пие и не и' е јасно дека сака да си ја има како резервен **** buddy кога ќе нема на залиха. Епа, ја познавам другарка ми и вреди повеќе од тоа. И таа сега не само што е на докторски студии, туку е и во редовен работен однос, па никогаш досега никој од друштвото, а ни нејзиниот нов дечко не сме се почувствувале запоставени од нејзина страна.
Се осмелувате да чекорите по патеките на оваа тема Нели кажавме дека на физички и психички изглед сите мажи се различни али во одредени категории се исти незнам зашто има толкава дискусија ... само затоа што на некој во Мкд не им се свигале а во Шведска или Нигерија им се свигале мажите
Кога сме веќе кај мажите во Шведска, леле една колешка швеѓанка каков маж имаше, вилица да ти падне Со некој од Нигерија што е право не сум имала искуство, ама и онака просекот никогаш не ми бил интересен, јас сакам надпросечни Каква одбрана има на македонските мажи, восхитена сум!
кога сме веке кај мазиве од сведска,( а ке ги надоврзам и данците и норвезаните оти ми се многу слиЧни) морам да казам дека целосно се согласувам со тебе . мојот впеЧАток е прилиЧно поврсен поради фактот сто сум била таму само како турист неколку пати, не сум имала никаков лиЧен контакт или искуство со нив, али за гледање арни се хахах :geek:
Ух за гледање се брејј, па тоа у костум кога ќе се стават и на точак, со една рака возат со друга пијат кафе, а бре сексоини, увек се средени дури премногу се замараат, иначе остатокон не ми оставиле некој вауу впечаток, ама имам време да проучам се, само една година сум тука.. Инаку навистина се ладни, ама имаат проблем со жените овде кои се контраст од нив, тотално опуштени, ма вртат се... затоа мислам дека имаат комплекс.. и плус бисексуланост ехехееејј.. Се извинувам на офф топик..
Немам нешто многу време деновиве, темава веќе замре ама пошо обеќав дека ќе пишам да си одржам збор Мажите кај нас се најчесто идиоти (просекот де ) ама и мажите надвор се слични, посебно во ЕУ, која мисли се подобри се лаже, има неколку сегменти каде се поеманципирани и не толку мачо како нашиве ама тоа не значи дека ќе добиеш подобар парнер, врска нема. Нашите се помачовци, поискомплексирани, имаат често его до небо (ама мораат пошо девојчињата ни се сите принцези па мора да им се парира некако ), знаат да бидат готовани и да ги фаќа мрза, драматизираат повеќе. Многу наши ако добијат корпа сметаат дека веќе нема причина за живеење, значи самодоверба НУЛА а ЕГО до небо . Личи на парадокс ама не е . Странциве (старата ЕУ да бидеме на јасно, црнци и азијати не се во муабетот ) се често посамостални, помалку искомплексирани, имаат повеќе пари што им дава додатна самодоверба, знаат и да забегаат во пуштање и често НЕ-то го сфаќаат како да ДА (шо знае да биде и напорно за девојката ). Исто имаат и повеќе иницијатива кога треба нешо да се превземе, кај нас сите се пасивни кај нив договарањата идат побргу. Дека се странците поспортисти е можно но еден спортист не мора да е фин дечко може да е тотален идиот . Со интелигенцијата јас не сум одушевен, во глобала како народ сме поинтелигентни од нив ама не уништуваат мрзата и зависта па личи дека помалку не бива. По снаодливост и трпение сме подобри, они да живеат со 200 евра месечно и со родители и бебе у ист стан ќе се утепааат помеѓу себе а кај нас е се тоа ок . Странците често имаат помалку емоции и не знаат како да ги искажат баш дека се навикнати да живеат сами од мали нозе и егоизмот, прво да гледаат за СЕБЕ а после за партнерот кај многу наши наидува на зачудување. Кај нас е нормално тој што го сакаш да го тинтраш барем исто како себе или повеќе ама кај нив најчесто не е така, прво мојата комоција а после се друго . Дека помагаат повеќе дома нема врска, како кој, има шо помагаат има шо ништо не пипаат ама во принцип машко шо заработува дома не фаќа туку си земаат жена да им средува, чисти, пере, пегла шо е супер. Знам наши парови шо имаат пари ама не им текнува да земат некој да им готви или пере или пегла, се женското прави (шо е глупост според мене ако веќе се имаат пари да се земе помош). Мажите се исто агресивни како нашите, ако има прилика да те зезне ќе те зезне било машко или женско. Знаат да паразитираат на женски грб така да она се да рмба по дома (посебно ако е наша) а они само на работа и нишо друго. За странец е ок ако има селење девојката се да среди а он само да вози или да ја остави девојката да носи тешки кутии а он да гледа ТВ. Ова повеќе пати сум го доживеал и сум се крстел како е можно. Наш маж да не и носи кутии има на клоци да биде исшутиран а плус его бе, машко си се знае кој носи тешко у куќа Инаку знам неколку случаи каде жениве надвор до уши се заљубија во наш дечко шо значи СМЕ на цена зашо тој мачизам и емоции кои ние најчесто ги имаме повеќе од нив (менталитет) кај нивните жени се нешо ново и ептен паѓаат на тоа и со право, фино им е Толку од мене, морав малку да ја бранам честа на нашите мажи иако најчесто не ми се многу по ќеиф ама пошо странциве не се нишо подобри гледав да бидам максимално објективен Какви сме, такви сме, најдобри сме
XMan ....Факт е дека секаде низ ссветот постојат различни типови на мажи,како што постојат и различни типови на жени де НО светот не е насекаде ист.Мислам самото општество,самата култура и самиот менталитет не е ист насекаде.Уште поголем факт е дека многу заостануваме во поглед на многу земји во се па дури и во нашата еманципација и пред се култура. Убаво од тебе што си сакал да бидеш максимално,како што кажуваш,објективен но морам да кажам дека во се не се согласувам со вас.Разликите се драстични и немора да се во толку негатинва насока било кога сме ние во прашање а уште повеќе странците.Напиша,меѓу многуте добри карактеристики кој ги имаш наведено, дека кај нас мажите се идиоти кои имаат високо кренато его,кој глумат мачо типови,кој буквално кажано уживаат во секој вид на помош која жената може да им ја пружи.Мое мислење за ова е дека не се тие виновни колку што е виновен системот на воспитување кои тие го имале.Признале или не кај нас е премногу застапено патријархалното семејство што според мене е добро но во истото премногу се величи улогата на мажот.Жените,мислам сега на генерацијата на нашите мајки а богами во голем процент ги има и сега,се многу одадени во функцијата угодување на својот маж.Тоа мажките деца во тоа заедница го гледаат и така здраво за готово го прифакаат и онака треба да биде,за нив е тоа нормално зошто нели од мал така мама и тато го учеле.Зошто тој кога мама,дада,баба се тука,тие можат се да завршат.Нивните мајки преку нивниот татко,со директни примери,ја уништуваат нивната самодоверба а го полнат нивното его.Тоа го потврдува и фактот што мажите во општеството во кое ние чивееме никако,ама никако не се одвојуваат од дома(исклучоци има,секако).Кога одат да се образуваат надвор од градот со тешки маки одат,па мама прака секој трети ден тегли со домашна храна,па секој час е на телефон,па секога недела мора назад,па станот кај што живее дали му бил на север или југ ....итн итн.Откага нашите мажи се вакви какви што се,учени да бидат или одаваат впечаток на неспособни за многу работи,премногу искомплексирани личности.А кога пак ке дојдат за женење мајките ги предаваат во рацете на жените(кои патем покрај тоа што треба да се извонредни домакинки пожелно е да се и високо образовани) кој играат 70% улога на мајка а 30% на сопруга.И тука повторно дома нема каде нели.Дома,и 4 генерации ке живеаат во 100квадрати ако треба ама дома до своите да се.XMan,вие овде напишавте дека со ова што тие остануваат дома и успеваат да издржуваат семејство со 200евра ја докажува снаодливоста на нашите мажи.Се уште ли мислите така?Не би рекла јас дека е така.Со овој факт тие само докажуваат колку се неснаодливи.Снаодливоста значи да излезеш од дома,со 200 евра или да се снајдеш(со чесна работа секако)да створиш како вистински маж скромен дом за својата сопруга и своите деца,а не да се кријат под закрила на мама и тато и кога и да се дојде на тесно мама и тато да ги повикуваат.Голема разлика со огромен број на мажи во странство. Што се однесува до емоциите,интелегенцијата,третманот кои им се дава на жените .... И овдека не можам во целост да се сложам со вас зошто оваа е сепак индивидуална работа.Секој на различен начин и до различни граници си дозволува да ги искаже своите чувства.Напишавте дека мажите во странство биле послободи кон жените и дека поради фактот што од мали нозе биле учени да бидат самостојни се егоистични ликови.Никако неможам да се сложам со вас.Егоизмот нема никаква врска со учењето да си самостојна личност.Интелегенцијата е индивидуална работа.Но со образование и можност на искажување на нашето образование мислам дека ама никако неможеме да се пофалиме.Односот кон својата жена,го напишавте примерот но како што видовте генерализација не правам па одтука веднаш ке ви напишам дека секаде и во секое општество и култура можете да го сретнете примерот.Кога е во прашање третманот на жената од страна на странците искрено сметам дека тоа воспитување да се самостојни личности е многу голема предност во нивниот брак и во нивната заедница,зошто оној кои има самодоверба и знае како е да си самостоен може многу повеќе во позитивна смисла да придонесе за својот брак и заедница.Уште поискрено сметам дека денешното општество ја отежнува многу самостојноста или стекнувањето на самостојност кај мажите и луѓето воопшто. И така можам и уште да пишувам на темава но мислам дека и ова е повеќе од доволно за да биде сватена мојата поента.