Во контекст на ова дека преживувањето со 200 евра е знак за снаодливост на Македончето... со сета почит кон нашиот драг и поштован премиер, но ќе му ја искористам неговата верзија од народната „наведната глава сабја не ја сече“, која бар два-три пати ја употреби во последнава недела-две во јавност, па ќе речам - да ти ибам! Така си е! Не треба да се ведне главчето само за да не те фати сабјата! 200 евра се бедотија и си сакаме повеќе, исто како и оние на западот, чунќи бољи сме од нив во „се!“, значи повеќе од нив треба и да заработуваме и точка. Само треба нему да си му го речеме ова изгледа. Еден мене добро познат пример од животинското искуство на околината моја, кој е повеќе да се насмее човек и да си земат поука оние кои ќе си имаат машки чеда в куќи утре . Германец, кого јас го познавам, по 18та решава да се исели од дома и да се всели во еден од становите кои неговото семејство, т.е тате и мама ги поседуваат, и кои според заведеното во тестаментот на истите ќе премине во негово сопствеништво по нивната смрт. Арно ама за да се всели во станот, тате и мама му рекле ќе си плаќаш синко ќирија, чунќи гага животот не ти е, а ние од тие станови добиваме пари, од кои дел посекако завршува на твоја сметка, како оставнина, која ти ќе си ја имаш откако нас ќе не немаш. И швабата си живееше среќно и весело, неколку години во станот на тате и мама под кирија, со тоа што си беше слободен од дома, не беше со нив под ист покрив Е, сега некои од македончињава. Мама и тате го учат детето дека треба да си најде работа, да си е свој човек, за себе да работи да има, да печели и детето си наоѓа работа, од која заработувачката и не му е доволна да се исели од дома и поради тоа си прави сметка, боље дома некое време дур успеам да заработам повеќе (само тоа обично си потрајува така до раѓањето на децата, некогаш и подолго). Родителиве го тапшаат по рамо за одлуката,пошто и они истото го мислеле, прибидејќи ќе ги потпомага со сметките, та место да си ги фрла синче парите на други, вака во заедница ќе си преживуваат под ист покрив. Мама среќна, тате среќен, син среќен Стига плата, и мама и тате уште нестасано синчево дома, си знаат и колку пари зел. Вади некоја илјадарка, муце на мама се скиселува, тате под око го гледа и брефта ко коњ од нервоза па синко приклава уште некоја илјадарка. Ама не! Тоа не е доволно!Мајка и татка мрчат цел ден со денови ако треба- како тоа не им ги дал на нив парите, т.е. на мајка оти мајка и без тоа е економ, та она знае да располага со азното во куќата да има за се... знае како да се преживее и за цигари ќе си има пари, и за да излезе со другарите на пиво, и за на работа да му се најде в џеб некој денар... се она ќе му дава секој ден Пф, тате кога може оти син да не може! И, платата стасува на сметка, од сметка на рака на мама, мама дели пусти-прави, прерачунува, а ова јадново се стега за денар да си побара свои спечелени пари, оти добива коментари од типот, ти синко никогаш не ќе се научиш на ред.. вака ако правиш како ќе ти стигнат парите.. та деца кога ќе имаш, та ова кога ќе имаш а уствари како воопшто синко ќе се научи покрај вакви мама и тато. Ова е една верзија на формите на живеење и пеживување, ги има многу се разбира. Разликата е сепак, што, македонците сме си чувствителни бре и живееме во стилот на Жикина династија (главно ради условите во кои сите живееме не само машките). Ама сепак, не би избрала странец, не ради друго, а бидејќи немам типично што јас сакам пошто животот изненадува со нетипичното обично. Али стојам на ова за сабјата и главата и премиерот и 200те евра. Тоа ни е потребно на сите тука не само на машките.
Интересна тема.Мое мислење е дека разлики меѓу машките во странство и овде може само да има во менталитетот и во културата.Машките си секаде машки.Предност им е што не живеат со родители,имаат повисоки плати,можеби се малку покултурни од нашиве ,таква им е културата ,што и да се случи ќе те поздрави како човек со тебе ,задапњачки лицемеризам јас го викам тоа .Да ви раскажам за моето искуство со Французин.Значи момчето ми беше прва љубов ,да не должам многу,испадна тотален идиот,ми донесе Французинка и максимално ме понижи ми се прчеше со неа и најкултурно ми кажуваше здраво и ми правеше муабет како ништо да не било .Цинизам.Имавме планови дури и за брак,еднаш дури и ми префрли како он бил роден Французин,а јас обична Македонка.Ете ви пример како гледаат странците на нас,значи заклучок нема врска откаде е момчето ,секој си има свој карактер ,а мојов се покажа многу горделив и ме потцени.Друг заклучок што го извлеков за кај нас е дека машките најчесто се женат колку да станат фамилијарни,на родителите да напаат лице или за да имат деца.Македонските жени се многу навредени и омаловажени.Добрата стана кај странците е ако реши да се ожени за тебе,стварно ќе биде од љубов ,мама и тато не смеат да му се мешат,нема тинтири минтири големи свадби ,оговарања по комшии и слични глупости.Во прашање е менталитет,па немојте да се залетувате и по идејата дека ако е странец -ќе ве сака и почитува,љубов од бајките.Странец може ако не те сака развод да ти даде за 5минути и одма со друга да се ожени,а ако има деца,ќе ги издржава со алиментација,а кај нас се знае една жена ќе му е формална,дугите ебачици и швалерки,важна е таа што ја однесел машкото кај неговите дома.Искрено и мене повеќе ми се допаѓа менталитетот на странците,но јас бев вљубена вистински во Французинот а не да си терам шанса за бољи живот,но ете таква е љубовта ,тој не ме сакаше,друга си одбра и заврши приказната.Машките се исти во цел свет,исто како и ние жените
@ Мона, мислев повеќе да пишам ама персирањето ауууууууууууу, од кожа се вадам . Една корекција, не реков дека се нашите мажи идиоти туку реков најчесто и го потенцирав просекот кој е низок ама и надвор просекот не цвета од интелигенција. Може употребив прегруб збор, и затоа ќе релативизирам со зборовите не премногу интелигентни, пофино звучи и важи и за нас и за странците. Друго, каде јас тоа сум рекол дека снаодливост е да живееш со 200 евра, реков трпеливост и на тоа се однесувааше реченицата. Многу е јасно што сакав да кажам ама и нешто позитивно кога ќе кажам некој ќе го преврти во негативно. Доблест е да можеш да преживееш со малку а да останеш среќен и да не се разведеш и за тоа во однос на странците сме шамиони они би загинале да живеат во наши услови или ќе се потепаат меѓу себе, проверено во пракса и од туѓи искуства. За егоизмот исто сум видел а и други ми кажале, прво си гледаат за себе после за тебе, ако ти имаш поинакво искуство фино, од мои познаници и пријатели и мое лично е баш како што напишав. Впрочем јасно беше дека целиот пост е мое мислење, немам намера да навлегувам во дебата и премногу е јасно дека секоја генерализација е опасна ако ја направиме како правило без исклучок.
Полека нема потреба од нервоза Се извинувам ако поинаку сум ги протолкувала ТВОИТЕ реченици.И да е трпеливост и да е снаодливост што и да е никако не е оправдена со фактот дека повеќето од нив остановуваат мамини и татини синови. А што се однесува до егоизмот па XMan има ли луѓе што опкружени со поголем егоизам од нас живеат?Нели си гледаат за нив најпрво па после зџа нивните жени нашиве мажи?Нив да име тип топ и ТИЕ да се иститрени од страна на нивните зени-домакинки па за другото ке му ја мислеиме.ПОголем егоизам од овој околу нас здравје.
Ќе навлеземе премногу во тема за мажи а јас многу порадо би дискутирал за жени, затоа и ќе бидам краток . Нашиот егоизам е најчесто условен (од навика) се смета дека е нормално жената да чисти, пере, пегла, готви и да оди на работа а вечер да е одморна за некои други активности додека кај нив е скоро вроден, веќе со генерации живеат претежно сами од мали нозе. Воспитувањето во нашите семејства мене ми е генерално пофино во однос на неколку ЕУ земји што ги знам, стварно не ги воспитуваат децата, важи и за двата пола (за Англија ми е таков примерот може во други земји е поразлично). Ако е некој егоист во душа утепај го пак прво за себе ќе гледа а на наше машко речи му не перам и не пеглам, сакал нејќел ќе свитка опашка и ќе размисли каде греши. Барем мислам така ќе биде, затоа што ова што го збориш се однесува за просекот а просекот не е и не бил од мој интерес во ниедна животна област. Така да бунете се, моја девојка или жена нема да чисти, пере и пегла туку ќе си има друг што тоа ќе го прави место неа, барајте и вие, некој маж ќе рече ок и ќе почне да двои од буџетот и за тие трошоци .
Ресив да направам една интересна споредба со мазите од Кореа Имам неколку добри пријатели и пријателки од оваа далеЧна земја, па приметив некои особини. Во однос на физиЧкиот изглед мислам дека се е јасно, ситниот раст, слабата градба и косите оЧи се главните особини. МакедонЧињата се друга лига во однос на нив Оние сто имале многу контакти со азијати ке се слозат дека не се сите азијати исти, и дека мозат да се разликуваат едни од други. Она сто ме воодусеви е нивната интелигенција, дисциплина, култура и вера во бога. Имаат традиционално домасно воспитување и голема поврзаност со своите семејства и родители. Не се склони кон неверство или флерт, веруваат и ја поЧитуваат моногамноста на една врска и брак. Еден мој добар пријател од Кореа е во 6 годисна врска, од кои 2 години бил во војска и две години мастер во странска земја, во тој временска период девојката него го Чека. она сто ме заЧуди бесе сто и се јавувасе само 1 месеЧно , неговиот коментар бесе дека нема потреба да троси на телефон или интернет, она си знае дека он не гледа други и он си знае дека она го Чека. Никогас не приметив љубомора, носталгија или недоверба од негова страна.Девојката имасе прифатено како нормално дека не треба да звони или писува засто тоа ке го деконцентрира од неговата главна цел, неговиот факултет, и така она си Чекасе он да се јави еднас у месецот да казе дека е добар. Велесе дека така е воспитан, кога ке најде девојка нема потреба друга да бара. ЗА мене лиЧно мене ми бесе тоа премногу механиЧко, целосно разлиЧно од македонскиот менталитет, т.с полосо. Способни се по 10 -15 саати на ден да уЧат, дури јадат еднас на ден само или не испагаат од дома со недели . Најголема мотивација им е да се стекнат со диплома на престизен универзитет и да најдат добра работа а потоа да запоЧнат да им пракаат пари на своите семејства како благодарност за се сто сториле за нив и финансиската поддрска во текот на студиите. Многу се културни, одлиЧни манири, говорат тивко и бавно и Често имаат тескотии со изуЧувањето на странски јазици. многу се религиозни и секој викенд посетуваат црква. Не следат мода мегутоа се у тек со секој нов техниЧки пронајдок.
Епа чим СКОПските мажи сакаат жени од внатрешноста а, не Скопјанки...ете зашто не останаа саглам слободни машки во Скопјево -чиста аналогија: поради тоашто жените од внатрешноста би им ги миеле и нозете??? Оф мооори мааајкоо!!! Сервилноста на жените е преценета работа
'' Една другарка еднаш ми кажува за дечко и, македонец кој ја избркал од кола сред недојдија, во доцните часови. Каква е таа почит ви се молам? Па што ако и се случи нешто. Тоа е љубов, тоа е заштита која треба да ти ја дари партнерот? Не тоа е недоквакан човек. Разгален од дома, да повторно разгален од женско, од мајките кои ги величат синовите над ќерките. Ужас. '' Мене истово ми се случи со странец кој и покрај тоашто имаше пари сепак, подраго му беше да ме исцеди мене и моите пари!!!! Налетав на мушка спонзоруша и оттука заклучокот ми е дека не треба да се генерализира за карактерот на во случајов такозваните странци. Макаршто карактерот е во зависност од менталитетот на определеното поднебје. Татко ми е Скопски дечко, кој ДА!!! ги дели сите обврски со мајка ми. Човеков не пере не пегла ама готви и мие садови дури и чисти а, во исто време е ТОП фраер на свои 60 години. Камо среќа да налетам на тип кој би бил барем негова бледа верзија Сум сретнала дечки од по 30 кои во нарав се прави ЧИЧА дебили за разлика од татко ми кој е дупло постар од нив (ова е еден пример) а, знам дека сеуште постојат и други урбани дечки во СКОПЈЕ Коментаров е во смисла на тоа дека штом и ПОРАНО иамло тоа значи дека и понатаму ќе има ок момци и кај нас а и секаде некаде... само до среќата и до околностите е крај краева и до К'сметот наравноооо....
Девојчево је мало збуњено и нема преголемо его чим споделува наивни мислења и се расправа по форуми како и многу други наравно... а, јас како вечен аналитички опсерватор само ненадејно коментирам без лоша намера whatsoever Можеби ние со Македонско државјаснство имаме проблем со поулацијата од 2.000.000 милиони народ па, требаме да ургираме да ни ДОСЕЛАТ уште милион албанци рецимо... од причина што се испоставиле како наши браќа СТРАНЦИ
Имам 5 годишна врска со Македонец, нормален дечко без редовни примања, што живее со неговите. Живеев во Америка повеќе од 1 година, сега живеам во Франција, и имам видено све и свашта. Сум се дружела со Британец, со привлечен акцент од богата фамилија, што преку ден е супер другар, а кога ќе се напие навечер не знае за себе... Сум се дружела со Американци кои се чуваат за прва брачна ноќ, Американци кои живеат во Њујорк, (демек поеманципирани) Амери кои имаат над 200кила и други кои се атлетски градени, некои кои се во долгови од 50 000 долари и сакаат неамериканка за жена. Американци кои немаат никакви манири додека јадат, немаат никаков вкус за облакање и имаат чудна смисла за хумор. Се видела французи, кои прекасно изгледаат, но кои освен што се националисти и незнаат интересен муабет да направат, сакаат недепилирани девојки и кои неможете да замислите како дуваат нос. Сум запознала и сум се дружела со Пакистанец, Кореец, Јапонец, Колумбиец, дечко од Карибите кој сеуште сака да ме ожени, Италијанец, Египѓанец, Малезиец... И пак сум останал со дечко ми, и во ниеден момент не ми текнало да го изварам. Општо земено, нема ниедна националност што ме привлекува премногу. Ни со однесување, ни со изглед. Можеби е заради тоа што во Мкд имам некој кој го сметам за идеален партнер и кој што ми одговара, а може е и затоа што стварно, преку некои културни разлики и вредности неможе да се помине.
Се е релативно. Постојат идиоти и сељаци во Македонија, постојат и во странство, постојат овде културни дечки исто и во странство. За жал поголем дел се невоспитани идиоти кои мислат дека можат што сакат да прават и да кажат, а добрите круши свињите ги јадат. Така да, фина девојка да нагази на фин дечко, без разлика од каде е, е како гром во коприва да удри. Сонот на секоја девојка е да најде некој таков, а скоро секогаш се загазува на некој неартикулиран кој подоцна си ги покажува вистинските бои... за жал
Викаш? Муабетов ме потсети на епизодата од Жикина Династија на Жика и Германките Oд кал да е, од странство да е.
Same goes for you. Има кучки и во Македонија, ама ги има и во странство. Има добри девојки во Македонија, исто и во странство. Малце глупо е да се генерализира така, ако ме прашате мене
Мене она што најмногу ми прави разлика меѓу мажите дома и надвор, е начинот на приоѓање. Кај нас не ти приоѓаат рандом ако им се свиѓаш. Не бре, ќе те гледа цела вечер ама нема да дојде да се запознае. Евентуално преку трети лица. Па ќе те аддне на фејсбук, па ќе обиколува додека те викне да излезете. Кај нас состанување има многу малку. Секоја чест на мажите кои знаат како се однесуваат и да испланираат состанок со девојка. Во главно ќе те викне на кафе и ќе ти се пушта, до крајот на состанокот ќе проба да те смува инаку нема да се потруди за втор состанок. Зборувам за мнозинството!!! Да те изнесе на вечера а да не си му девојка? Да ти остави/побара број откако сте се запознале една вечер во бар? Некогаш муабетот ви оди толку супер, без разлика дали сакате нешто повеќе Ама и жените се криви во Македонија. Секој што ќе ве викне да излезете, ќе ви пријде, не сака да ви е иден маж.
Глупост. По негенерализиран коментар од мојот здравје. Не знам по што повод ме цитираше?! И не е темата овде за кучките во Македонија и странство туку за мажите. Отвори тема па ке дискутираме таму за девојките овде и на страна.
Добра причина за емигрирање покрај сите други... Како и да е не сакам да останам овде во никој случај. Иначе точно така. Мажите во Македонија и мажите во странство се два различни поима. Јас сум била на 20 дена во Грција и успеав многу, многу да запознаам зошто бев 24/7 со нив па научив како се однесуваат. Прво повеќето се само за забава не сретнав ниту еден од 100 машки што искрено може да те сака. Друго многу се опуштени и одма сакаш неќеш те мува и јавно ти се пушта. Како луѓе се многу фини и комуникативни. За разлика од машките овде што ги имам запознаено се многу поразлични. Пример овде во мојот град машките не се такви. Ако му кажеш дека го сакаш или пак ако дознае од разни извори дека го свиѓаш или како и да е одма си ја дига цената. Друго овде ако се муваш со неколку машки одма курва те прават и цел град ќе те научи. Таму галје си немаат секоја вечер со различни се муваш и никој ништо не коментира поточно не се замараат. Ете ги наброив разликите можеби има уште но не ми текнува моментално. Како и да е подобри се Грците отколку нашиве хехе
Ајде и јас да се надоврзам со еден пример. Таа убава, пре пре убава. Отиде во АUЅ кај братучед се врака и ми вели дека овде кај нас машките се многу глупи. Таму ја е***ле братучед и нејзин заедно со неговите другари. А кај нас тоа го нема, ме убедува. И презадоволна од машките таму а нашиве биле 0.
Не е до земјата - до човекот е.Зашто ако јас сум родена убава и културна во друга земја би се однесувала обратно? И немојте да ми речете - такво е воспитувањето,затоа што ако вас родителите ве воспитале на демек тој "македонски" начин тогаш зборете за вас.Зборуваш/зборувате како 90 ПОСТО еј 90 се набилдани,згодни,секси и незнам што а уствари ти и немаш видено 90 посто од момчињата во Македонија а не па во странство. Кај нас во земјава има и згодни,мирни,добри,дружељубиви момчиња а има и спротивно исто како што има и во странство.Што се тие поинакви од нас? Менталитетот - па и кај нас луѓето со слободен ум се исти како и таму.Зборам според мене,јас сум девојка но сепак без предрасуди,без замарања кој што направил,што облекол - а чим постојат такви девојки,постојат и мажи. Изгледот - Гледате "емо" типци во странство и паѓате во транс како таму се позгодни,посекси - аха keep dreaming.Како што таму се грижат за изгледот,така е и кај нас.Не гледам зашто таму машките би сакале да се згодни и секси,а тука не? Повторно - како што ние женските се грижиме,така да се грижат и машките освен ако ти не се грижиш за изгледот па мислиш дека сите се такви. Однесувањето - Епа извинете ама многу од странците се (извинете на израз) шупаци.Вие сте ги виделе типците од главниот град и мислите ги знаете сите и дека сите се фини.Епа и кај нас го има истото,и-с-т-о-т-о! И фини и некултурни. Ако се муваш со повеќе те прават к*рва - Ако ти знаеш дека не си,не гледам зашто толку ти смета? Што ако таму не те прават,доколку ти така се чуствуваш? И од каде сте вие тооооолку сигурни дека после не ве зборат колку сте била лесна? Не сте,затоа што не сте биле повеќе од 20 дена или пак затоа што веќе не сте го виделе тој човек.Македонија т.е. градовите тука се мали па се гледате и муабетите лесно се шират.Ние сме 2 милиона а не 2 милијарди.Немој да мислите дека во очите на оној странец кој знае дека ве легнал секој втор сте светица. Таму се опуштени,сакаат забава. - Прво ви сметаше што нашиве сакаат забава и немало со кого да се најде сериозна врска,сега па обратно? Се фураат ако им изјавиш љубов. - Како што се фураат женските,така и машките.А дека СИТЕ се фураат,мислам дека е преголемо искуство да ги пробаш сите па да зборуваш толку опширно. Еве пошто гледам многу од вас живеат во странство,дали ја осеќате разликата? ЛОШАТА разлика? Во Германија имам раснето и знаете што? Едни пријатели (германци) се спремаа да одат кај нивната мајка да ја изненадат а таа на врата ги дочека со - НЕ ПРИМАМЕ ГОСТИ,ТРЕБА ДА СЕ НАЈАВИТЕ. Осевн што останав со отворена уста си добив лекција дека НЕ треба да ги вонземирува никој без да се најави.Еба*е државите ладни,студени,осамени.Џабе убавина,џабе слобода кога и фамилијата е ладна меѓу себе.. И да запамтете - ниедно машко или женско што го има во странство не е толку совршено за да го нема тука,затоа што да беше така сите ќе одевме и ќе баравме маж во странство. Ако македончето не плука по своето,тогаш кој?!?!?
Абе.. како да кажам.. специјални порничи за особи со одредени проблеми, да не именувам какви, немаат врска со темава, a нe пак со реалноста, ама ај нека ти биде