1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 2 ноември 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Ајде ние вака собрани жени тука на женски форум да продискутираме за мажите во Македонијава. Да направиме една споредба, да видиме кој какви искуства имал и дали од некој одреден град мажите се покажале во најубаво светло. Па немажените момички да знаат каде да бараат. :rofl:
    Сега да, ќе паѓаат генерализации, ама пак, секој си кажува од сопствено искуство и не мора сè да се зема здраво за готово.
    Е па бујрум, кој ве третирал најдобро, кои се покултурни, кои се мамини мази, или можеби сметате дека се е индивидуално?
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lalamala

    lalamala Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    7
    Мажите во Македонија се ниски и со стомаци :D
     
  3. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Повекето се типични Балканци, далеку од западната култура.Сакаат покорни жени.Сакаат и во бракот да се однесуваат како да се слободни.Научени се да не се одговорни(да не речам деца се ).Сето тоа е резлутат на заедничкото живеење со родителите на кои им се товар речиси цел живот.
    Знаат да испијат повеќе од што треба и се со цел да се покажат какви мажишта се.Ретко ке видиш во Македонија машко да простира алишта, да мие садови, да си го пресоблекува бебето..Секоја чест на исклучоците.
    Кога веќе работите се делат на женски и машки, би сакала да ги прашам само.
    Чија обврска е грижата за семејството?
    Тешко и е на македонската жена посебно што овде е развиена текстилната индустрија и има жени кои работат и по 10 часа дневно за разлика од мажите кои повеќето се невработени и пак бегаат од домашните обврски и оставаат да ги заврши жената.
    Секогаш што ќе речат другите го ставаат пред обврските или пак тоа им е само изговор ...
    Мислам дека и ние жените до некаде сме криви што тие така се однесуваат.
    Треба првин да ги потикнеме нашите најблиски , да речеме брат или татко да помагаат и после еден по еден да го следат нивниот пример , место да оговараме , критикуваме , треба да ги бодриме советуваме, подржуваме...
     
    На Tanjamm, eliesaab, Eli23 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Тешко е да се пишува на темава а да не се генерализира.
    Во глобала како што веќе некој напиша македонските мажи се типични Балканци.
    И се повеќе сретнувам девојки кои имале нормални врски но откако се омажиле, животот и нивниот избраник драстично се промениле. Некако карактеристично за мажите денес е да си ја извадат маската откако сте рипнале во тавче па мислат дека ја поседуваат жената а со тоа значи дека таа треба да биде олицетворение на неговата мајка, најдобра домаќинка и онаа која што ќе му пегла, готви, итн. Некои воопшто и не ја доживуваа како брачен партнер туку како слугинка на некој начин.
    Има и друг тип на мажи, таканаречени уфилмани алфа мажјаци кои што мислат дека се главни во се, секоја девојка може да ја имаат, воедно се истите оние кои редовно можеш да ги видиш по сите градски кафичи како се пијанчат, предизвикуваат тепачки, тежнеат да најдат некоја невина девојка која што ќе ја оженат и ќе ја манипулираат цел живот.
    А ги има и оние нормалните, иако се повеќе мислам дека се од изумрен вид, но се наоѓа понегде и таков.
    Во глобала, мажите во Македонија денеска се според мене премногу искомплексирани, едните од премногу пари, другите од премалку пари, па се сменија улогите и сега девојката е таа која што прва ќе му се додворува на дечкото за разлика од порано. Тешко е да се најде уште некој од нормалниве, но искрено се надевам дека останал уште некој од нив.
     
    На Tanjamm и lalamala им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.
    Ако почнам да ги бројам ќе речете бубаче којзнае колку мажи имала, а нема врска хахаха :lol: :lol:
    Да ви кажам право имам забележано дека нашите мажиња се разликуваат од мажињата во други земји.
    Нашите незнаат во глобата што сакаат, не им е доволна само една жена, или е само за секс или за другарство со бенефиции. Имам забележено според однесувањето на машкото спрема некоја другарка, тој си седнал на кафе со другарката и и кажува, абе знаеш женсками за ништо не ја бива, не знае да се облече,абе проста е, глупа е, другарката си се смешка мисли има шанси кај него, а тој абе знаеш години се во прашање неможам ај прв сум и ќе ја користам бла бла бла....за мене ова е многу просто
    мислам простотија невидена
    . Може да биде просто машко, неиживеано. Одиш во дискотека дотерана од глава до пети си се дотерала за себе си не за други, доаѓа машко во костим и фрла два три поглед првин на телото после на лицето и толку. Девојката се загрејува во цел клуб го бара а тој си се лапа со друга. Сјајно, воопшто не ми се иживеани нашиве машки. А за разлика од кај нас Србите пак знаат што сакаат и на кого се ориентираат,гледаат душа ретко кој тело. Нашите се искомплексирани, не виделе што е добар задник,гради и се перчат како да не виделе женско тело, а дома со мајка им спијат. Постојат и оние машки типични мачо машки кои се прават моќни, кажат нешто и ќе речат "јас сум човек од збор" и ги снемува. Уствари тој е човок од збор да го снема. Таквите машки ми се дефинитивно одвратни ми се повраќа, нив ги царуваат
    провинцијалките
    девојките кои се воспитани на селски начин. Да се разбереме девојките од село имаат поголеми гради и се понафурани се прават п*чки, а градскиве нашиве се ептен слаби и многу пребираат. Постојат машки кои се усродечуваат на тоа девојката да е плава за да се вози во скап автомобил, а таа скапи штикли купила а утре леб нема да јаде, таквите машки ми се продадени души. И има ли машко за нас 90% се набилдани,спортски,класични и пред се мажи за забава, а останатите 10% се зафатени и секогаш во комбинација со машко лепотанче женско грда и обратно, но тоа не е важно важна е душата.
     
    На eliesaab, Tanjamm и lalamala им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ех ех ех сега, ја промашивте работата. Нели требаше вака? Јас да ви кажам.
    Најдобрите мажи од Македонија се од Малешевијата :!:
    Ако не се имаат досега отселени сите до еден по Италија :^) :D
    Учени, оти кој не е денес во мк, ем така јаки, од мало знае што е секира, да те дигне со една рака од шала, а еден ден нема идено во теретана. Маж :!:
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Мажите во Македонија ,типични балканци со модерни сфаќања :P .Љубомора на нивоу :D ,хигена като кад :D а за манири пфф само за по ресторани се со певаљки -се отвараат како булки после неколку чашки испиени А БЕ ИМА ли по искрени од Македонците ај признајте ! 8) ...
    Шала на страна еве иако сум машко ке пишам само мое мислење што незначи дека сум во право нити пак ке кажам нешто за да им се допаднам на другите што ке прочитаат.
    Мажите во Македонија ! Зависно од која гледна точка се гледа тоа но се унакзаени до немај каде што генерациски трпат последици од политиката (добро сега и за жените се подразбира ова ) но сфатете колку опаѓа егото на еден Маж типичен балканец кога нема мн финансии ,кога нема можност и избор за работа .Со тоа веке е приморан да прави работи што не се достојни,оние похрабрите ризикуваат ( не криминал ) странство и сл па успеваат на некој начин другите тонат во своите филмови .Мажите во Македонија се чувствителни (знам дека ке ме нападнте за ова ) но знам по себеси дека кога некој/а ти е драг/а и мил/а едноставно се приврзуваме за нив ( во споредба со европските мажи ).Немаме култура и манири од немарнот тоа е факт ! Сите сме исти за ова прашање !Незнаеме кога каде со кого ... се ни е исто :D .Мажите во Македонија се лидери во домакинствата поради менталитетот да доминираат (со мерка се разбира ).Никогаш нема да се помират со тоа жена-та да прави што сака (признале или не ) едноставно не доликува за некој работи мора да се стават на кантар .Мажите во Македонија се НЕРАБОТНИЦИ во вистинска смисла на зборот ,гледаат да фатат 1та кривина или општо да не започнат нешто.Тотално изгубени како мали деца кога станува збор за работа и пари ...Его преголемо што не приоѓаат ни на девојка освен ако не мислат дека доминираат над неа ( физички ,финансиски или на др начин
    плачипичка типови :D
    .А оние што се добри се зафатени НЕЛИ :P ма нееее само треба да се потрудите да направите луѓе од нив ,зошто самите не се свесни колку вредат 8) :rofl:
     
    На Tanjamm и Eli23 им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Јас прво сакам да кажам за физичкиот изглед, во склоп на членката погоре со коментарот. :lol:
    Вистината е дека се запуштаат, по бракот особено. Ретко е да се види згоден маж.
    Друго, морам како посебна сорта да ги издвојам ценетите ни скопјани. Значи, јас си правам една генерализација од сопствено искуство. Сите се научени со гзот да не мрднат, се е тато носи, мама меси, умислени се до немајкаде, мислам извини дечко ако си ти толку на нивоУ.
    Еден па дури и ми префрли еднаш за тоа што ме развозувал наоколу, демек како он ме развозувал, па јас после требало да си бидам мирна и да го слушам се што ќе ми каже. :emo: После си барав дечко без кола. :rofl:
    Јас ова погорново можам да го заклучам и од брат ми, он е исти, се чудам само која ќе го земе мака да си мачи. Другарите исто, научени се на легачката. Ама за ова не е никој друг крив освен родителите.
    Дечките дојдени од страна се многу понезависни, сами живееле, па не чекаат се од жената. Мада, нели си има исклучоци.
    И гевгеличаните се добри момци, барем другари што сум имала и по некој од таму на патот што ми налетал. :rofl:
     
    На Gerbera и imelda им се допаѓа ова.
  9. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    Просто кажано-мажите во Мк до 30 сакаат да пројдат се шупливо што носи штикла и минич на -30 С ,а да земе 18 годишна невина на негови 32. Тадааам !
     
    На paloma111, Eli23, babyblond и 2 други им се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.315
    Пол:
    Женски
    Digy,мало сутра невина шо ќе земат 8) .A иначе не сакаат невини изгледа за угледот пред мамичка и комшиите шо ќе кажат |( .E таков беше мојот бивши горд до небеса оти ми бил прв а јас кутрата не ни мислев што му значи и дали му значи,на почетокот :D ,а мајка му бетер по горда од него за оваа работа мислиш во муслиманска куќа бев еб*го :^) ,жаде со чаршафот втор дел :wasntme: .Mакедонските мажи ич не ми чинат а додуша никогаш не сум била со чист Mакедонец се нешто де руско де словенско де француско потекло :rofl:
     
    На DigY му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.477
    нашиве се бетер од муслимани,веруј. прв па мисли арен ке е цел живот :D тоа ти е, мушки памет.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Да почнам јас пишувам за Жените во Македонија ќе ме банираат од темава....

    Ама ако убаво е да се знае што се мисли во глобала за мажите во мкд.
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Малку да се извишат за мои стандарди и јас би била пресреќна :D . Реално, не се за фрлање, си имаме квалитетни примероци. Италијаните на пример се доста пониски од нашиве мажи и троа лигави. Ако мислите дека нашиве се пуштаат на се, треба нив во акција да ги видите, тестостерон пука под загелосаната коса.

    Тоа што им треба на нашиве мажи е добра лекција за водење домаќинство. Проста споредба: колку мажи гледате на пазар или во супермаркет во споредба со жени чија улога не е само да изиграваат такси-служба? Маж што пегла исто така ми е урбан мит, другар ми на пример не знаеше машина за алишта како да си пушти кога неговите беа на одмор. Сортирање па да не зборам или пак потемелно чистење пред да се вратат неговите.

    Работливост, водење грижа за изглед, култура се многу индивидуални работи, тешко е да се генерализира, а дополнително, ретко кој има исто сфаќање за овие работи. За некои девојки работливост е способност да побара пари од мама и тато, така да можеме до утре да дискутираме на таа тема.

    Имам правено муабет со девојки од странство кои запознале Македонци и сите имаа многу позитивен став за нив, фини се, не навалуваат многу, знаат да направат муабет, згодни и шармантни. ;)
     
    На Eli23 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Сите се различни, зависи од домашно воспитување и од пријателите околу нив. ММ и неговите пријатели не се типични Балканци, некои од нив имаат долги врски, а некои се во брак, се одржани, интелектуалци и ја почитуваат жената т.е девојкта. Пред да се омажам морам да кажам дека наидував на скопски „фраерчиња„ на кои им е битно само провод и долго време бев во потрага по асален, едноставно немаше, или се необразовани, или пијаници, наркомани, или женкари. Откако го запознав маж ми сфатив дека јас сум излегувала на погрешни места и сум се дружела со погрешни луѓе. Има и добри момци, поретко, но има секако
     
  15. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Мажи? Кои мажи?
    А, оние шо се шетаат со ташна во рака и девојка под рака?
    Тоа незнам што се, но сигурно не би биле мажи...
     
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас не знам како да одговорам. Значи немам некој посебен збор како да ги опишам.
    До сега едино машко кое знае како треба со женско е дечко ми. Со мене е супер, за се,ми помага, ме гали мази, размазува, не ми забранува, не ми префла, ме заштитува...Но не ми иде и за се нешто по газот. Коа е со машко друштво не ме интересира каков е, освен ако не ме изневерува. Значи дали збореле за женски или гледале некој ич не ми чуе.
    Но, оние предходно што сум ги имала, кој од кој. Едниот неможеше да поднесе што се запишав на факс, најде друга, и таа ја остави-иста причина.
    Друг, љубоморен што некогаш сум отишла некаде со друштво. Да немам машки другари, а он порничи снимал. ЦЦЦЦ.... Да не зборам, не смеам да иам омилена песна, на некој ме потсетувала...
    Трет, МАЖ У КУЌА кој знае само да вика ќути, а по можност жената само дома да седи, буквално никаде да не оди...Зошто??? Така требало да биде.
    Е сеа да не зборам за оние кои демек се фраери, па нешо ми се у филм па вртат девојчиња-ветрушки. Или пак има девојка, а пред неа збори види ја оваа добра е-па ако е добра иди со неа, што си ја избрал твојава ако сакаш другачија. И да ти е таа некоја згодна, пред девојка ти ќе ќутиш, а на само во машко друштво е друго да си кажеш.
    Или пак некои кои мислат дека сите девојки паѓаат на добра кола и пари.
    Муабетот иде некако овака: "јас имам бмв"- и? "па дали сакаш да излезеш со мене?"- абе ај!!
    Премногу се самоуверени, жената повеќе ја гледаат како нужна работа, нешто што мораат да го имаат во животот за да опстанат-па ете да се рече зеле некоја.
    Има многу за зборење. Ама толку сеа за сеа.
     
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не треба сите да ги ставаме во ист кош. На пример дека од Битола биле најдобри, од Штип биле најлоши, од Охрид биле најубави, од Берово најгрди... Има најразлични мажи, сите Кавадарчани не се исти за сите да добијат еден епитет. Навистина е погрешно да се прават вакви поделби. Ете на пример, за Скопјани најчесто се мисли дека се арогантни и кремци, но јас познавам некои Скопјани кои не се такви, кои се баш добри и фини. Во Струга има голем број наркомани, што не значи дека таму нема маж кој е стабилен. Во Кичево има мажи сељаци, има и такви кои се навистина фини и вистински џентлмени. Од Берово сите биле невоспитани и безобразни? Епа не, има и културни луѓе. И со физичкиот изглед е исто. Има секакви варирања.
     
  18. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Не може да се генерализира дека мажите од одреден град се најдобри или најлоши, напротив секаде има и од едните, и од другите. Се’ зависи од карактерот, воспитувањето, средината во која се движи/ел, искуството, едукацијата и многу други фактори.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5, Aleksandra9999 и 2 други им се допаѓа ова.