Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите и чувствата

Дискусија во 'Сингл' започната од Summerbaby, 19 јануари 2021.

  1. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А само со плачење ли се искажува чувства?
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    9.260
    Пол:
    Женски
    А као женско ако почне да плаче неочекувано, нема да ја гледаат попреку. Божем девојките не се воздржуваат ако им дошло до плачење на јавно место. И девојчиња кога ќе се расплачат, другарчињата им пеат “мало бебе завиткано во ќебе“. Така барем беше во време на моето детство.
     
    На faye и Tan4ence им се допаѓа ова.
  3. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    12.758
    Пол:
    Машки
    Текстов според мене е генерализирање за тоа какви се мажите, а пак какви се жените.

    Сметам дека речиси невозможно е, освен доколку постојат некакви психички растројства, едно човечко суштество да не развие чувтсва кон еве да речеме индивидуа од спротивниот/истиот пол или пак кон било која блиска личност другар, другарка, родители, браќа, сестри и сл. На припадниците на машкиот пол уште од најмала возраст им се наметнуваат низа на улоги: да бидат храбри, силни, да не плачат(како шо беше споменато неколку пати), да не се однесуваат "така", туку да се однесуваат "вака", да немаат вакви манири, да имаат онакви... сето ова го обликува мажот како суштество шо нема да прикажува емоции.
    Впрочем многу ми е чудно, како многу од вас се изненадени од тоа шо мажите ги кријат чуствата, кога нашето конзервативно општество е токму главната причина за оваа ситуација. Истовремено, кога еден маж ќе биде ладен, суров и бесчуствителен веднаш во предна слика доаѓа егото и сите изведенки околу него, па колку е големо, колку е недостижно и сл.

    Според мене, мора да прекини задавањето на улоги помеѓу половите. Мажот пред се, исто како и жената е човечко суштетсво, може да плачи, да сака искрено, да простува, да биде грижлив, да биде внимателен... Не гледам причина зошто еден маж шо плачи е помалку маж од некој шо во себе ги потиснува емоциите и глуми дека нешто не го засегнало.

    @Tan4ence те молам, ако немаш конструктивен аргумент не се прави "на тошо". Еве тргни од едно едноставно пребарување на гугл и reddit во однос на самоубиствата кај мажите. Кажи ми како еден човек со клиничка депресија трезвено ќе расуди како да постапи понатаму, "да се избори" и да си помогне самиот, да не чека од други...? Да не почнувам за причините шо потенцијално доведуваат до тоа самоубиство, замисли, слични се, ако не и идентични со тие кај жените: сексуално злоупотребување, семејно насилство, мобинг, прекин на врска, финансиски проблеми, осаменост, невработеност и шо уште не.
     
    На astrophile, cresa-jagoda, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    А како знаат жените во депресија да побараат помош?
    Работата е зашто се потенцира машката депресија?
     
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.094
    Допаѓања:
    55.837
    Пол:
    Женски
    Бидејќи темава е конкретно за мажите. Жените главно имаат повеќе храброст да одат на психолог/психијатар од мажите, баш заради то што мажите се учени да потискаат чувства.
    Инаку депресијата не бира пол, кај секого е еднакво битно да се излечи.
     
    На IRBBB, Anie93, raww и 2 други им се допаѓа ова.
  6. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    А оти ти се замараш толку со овие теми кога за тебе мажите се толку небитни?
     
    На astrophile му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Зашто збориме многу пати дека они ретко се жртви на насилство во секаква форма, а тука излегоа како повеќе да страдаат...
    Ме интересираше само од каде ова несогласување на тие статистики.
     
  8. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Општо земено сакав да кажам дека по склона е да попушта кога љубовта е во прашање.Премиживаат многу работи немора да е изневерување.Еве друг посоодведете пример.Жена ако сака некого премижува мислења од други (што е и во ред многу пати) а маж и да му се допаѓа,или ја сака некоја ако другари или родител не ја одобрува веднаш паѓа во вода.И те прави да се замислиш колку се релативни нивните чуства. И безброј други ситуации ... Не е до солзите туку дали повеќе чуствата им доаѓат од егото.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Исто чувствуваат и мажите и жените.
    Само различно се однесуваат, заради наметнатите полови улоги.
     
    На IRBBB, Ena05, astrophile и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Чоек, како успеваш да ги извртиш сите теми?

    Во контекст на темата спомнаа дека затоа е застапен поголем број на самоубиства од жените. Затоа што се учат да не се жалат, да не делуваат слабо.
    Не бараат помош баш затоа што ќе изгледаат слабо.
     
    На IRBBB, astrophile и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Се убедуваш сама или друг убедуваш? Кој рекол дека се ретко?
    На крај што е важна бројката, и едните и другите можат да се жртви.
    Проблемот е што воспитувањата на мажите, почнувајќи од најмала возраст се такви што придонесуваат да прикриваат емоции, ,,маж е не смее да цимоли како жена". А тоа може полошо да резултира, бидејќи се потиснува во себе.
    Сфатила ти или не, и мажите се жртви на насилства, психички, физички. И исти чувства имаат. Како ги интерпретираат е разликата. Зошто е така, кажав погоре.
     
    На DraganFem, astrophile, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Зарем не сме рекле мноогу пати дека жените се многу почести жртви на насилство, силување итн итн?
     
  13. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.789
    Зошто тогаш се по сколни на изневерување?Се замислуваш спрема кого имаат чуства? Партнерката или останатите или за сите . Еве јас немам одговор и конкретно мислење па ме интересираат ваши искуства и мислења.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.227
    Допаѓања:
    13.095
    Пол:
    Женски
    И мажите како и нас жените имаат чувства. Само "општеството" не им дозволува да си ги покажат, т.е ние сме едноставно таков менталитет што одма имаме предрасуди. Во глобала е вака. Од тоа "биди маж, не плачи" некои си упропастуваат цели животи понатака и доцна сфаќаат.

    Често мажите се служат со тоа "па види се ти каква си" дека женско (па и да станува збор за поемоционална личност), нели нормално понежниот пол под дифолт им е земен ко послаб (од пуста идеологија дека они се мажи) што до некаде и самите се ставаат во таква позиција во која и што се наоѓаат. Ако заплачат пред другите тоа е исто ко женско да плаче.
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.073
    Допаѓања:
    12.816
    Жените сепак се поемотивни. Од многу машки сум чула дека можат да имаат секс со било која, без емоции, не им е гајле, додека мал е бројот на жени кои ги знам кои би легнале со било кој само за секс.
     
    На Summerbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Не знам за друг ама бројката ништо не сменува. Дали се 100 жени жртви и 20 мажи жртви или обратно, нема разлика. Сите се во ист кош, што сменува полот. Сите се жртви на насилство, луѓе жртви на насилство, за жал.
     
    На astrophile, cresa-jagoda и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Се.
    Затоа што за мажите гневот е 'нормална' реакција, а за жените плачењето.

    И не затоа што различно чувствуваме, туку како што реков, затоа што од мажи се очекува едно однесување, а од жени друго.
     
    На astrophile му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Викаш не менува?
    Тебе ти е повеќе страв да шеташ низ темна уличка навечер или на дечко ти/брат ти/другар ти..сеедно?
     
  19. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.815
    Допаѓања:
    17.598
    Пол:
    Женски
    Во Македонија, би рекла најчесто ради финансиски причини.
    Ако се во брак, знаат дека жената е потешко да ги остави. Пошто често нема кај да одат.

    Полесно губат интерес кон сопругите, под изговор дека се депресивни, се запуштиле. А тоа пак е ради нив, зошто научени се само да се излежаваат по дома, додека жената ја брка целата работа.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Има врска полот.
    'Абе машки се тие деца. 'Нормално' е да се тепаат'
    'Ти девојче си, не треба да се тепаш'

    Па муабетите кога ќе си возрасен:
    'Маж е тој, треба да го слушаш'
    'Ти си жена, треба да се потчиниш на мажот'

    Значи, мажите во општеството треба да се доминантни и агресивни, да не плачат и да не покажуваат чувства, оти тоа е 'женска' особина.

    Откако ќе се родиме не учат на очекувањата поврзани со нашиот пол, кои немаат благе везе ни со физиологија, ни со анатомија, ни со ништо вродено.

    Сето тоа е научено однесување.