Дека мажите имаат многу помалку проблеми, така да таа стапка на самоубиства нема смисла да е поголема.
Па поради тоа.Жената се грижи за многу работи.И пак мажите немаат чуство дека повредуваат некого. Немора да е брак, и врска да е во прашање. Ќе видиш девојката средена, вработена, фина све и пак мета на изневерување е. Каде се овде чуствата?
Жените со генерации наназад биле воспитувани да се посветат на својот маж (на еден маж), а тој аспект бил занемарен во воспитувањето на мажите (дека треба да се посветат на сопругата).... занемарен јер мажи отсекогаш биле повластени во системот, па неретко и не морало да се устручаваат... затоа останува во женската потсвест до ден денешен да бидат лојални на еден избраник, инаку не дека жена не би посакала сите лепотани да ги собере во харем ако ги насочи мислите натаму.
Па зарем само физичкото насилство ќе го потенцираме? Зборуваме и психичко насилство. Ништо помалку не е важно. Темата е за мажите и нивните чувства и зошто така реагираат. Какво и да е насилство не е оправдано. Разликата е во тоа како мажите а како жените ги искажуваат своите чувства и зошто кај мажите постојат потешкотии кога станува збор за споделување/искажување на емоции.
За сите врсти на насилство мислев. И да, пак се они многу поретко жртви и на тоа. Ја не сум чула некој да го силувала девојка, а спотивни примери многу. Не сум чула некој да го искршила од ќотек, а спротивни знам. Не сум чула ни за болно љубоморни девојки. Имало, ама многу малку. А од спротивната страна, многу. Па зашто толку при случаи со семејно насилство се потенцира дека жените се жртви најчесто и фокусот е на нив да им се помогне?
Да. Тогаш од каде толкава стапка на машки самоубиства на глобално ниво? Значи глобално, не поединечни примери што ги знаеме околу нас. Зашто мора да имаат некој проблем, никој не се самоубива оти така му прднало. Ама гледаме дека проблеми немаат, барем не толку Значи некој лаже тука.
Не е битен квантитетот на проблеми, туку интензитетот и начинот на кој го доживуваш. Ваљда доктори треба да се позанимаваат со ова прашање.
Донекаде си во право и сега кога се мали им велиме многу девојќи ќе имаш и слично. Но по ова заклучиваме дека со васпитните мерки од најрани години се креираат мажи кои немаат чувства спрема женскиот пол. Повеќе како предмет кој ако одговара добро со сексот и ја прифаќаат од неговата околината ,ќе го земат . Ако најдат по интересна во меѓувреме зошто не со двете. Ако се повредени се поради егото што им е нарушено.
Вајлд неќам да ти чепкам вака ама сети се што си доживеала ти, што маж ти до денес па ќе ме сфатиш. Не мора ништо да пишуваш кој што му се десило, ама само сети се. И од личен пример можам да кажам ама не би.