Мислам дека доживуваат ама многу поретко. И сама го имаш пишано тоа, да не ти барам сега такви мислења.
Зошто секогаш кога некој има став прашувате што му се има случено. Секој искажува мислење.Дали од околина дали од тоа што доживеал на себе и слично.Кога имате искуства лични моментални искуства немате ли се запашано во врска со ова прашање.
Не мислам дека доживуваат помалку,него машките ги учат од мали ти си машко не треба да плачеш,треба да си јак,да не покажуваш емоции,и тоа толку им е врежано во потсвеста што за нив е нормално да не плачат.Затоа моите синови се учени кога им се плаче да се исплачат,кога се тажни да споделат,зошто тоа се нормални емоции.
Доживуваат, други видови на трауми, не нужно поради насилство. На школо, на факултет, на работа, со пријатели, со семејство, со финансии, со болести... Точно е дека грото насилство се случува од мажите и и тоа, исто се должи на начинот на кои сме општествено поделени по пол.
Ете, тоа е тоа Сите родители треба ова да до практикуваат. Исто и за насилството: Не е тепањето само за машки, ама не за женски, туку тепањето не е за никого во ред.
Доживуваат ист "број" на проблеми само не кажуваат, не бараат помош, не се жалат заради тој менталитет дека машко треба да стисне заби и да издржи. Проблемите што ги наброја се потипични за жена, да, ама постојат проблеми кои се потипични за мажи. Не може цел свет, сите држави да лажат, стапката на самоубиства кај мажи е поголема секаде.
Да. Ти сама себе. Утре ако имаш машко дете како ќе го воспитуваш. Да е однадвор мажиште, а внатрешно да се распаѓа емоционално. Или, не. Мажите се нешто натприродно. Нив ништо не им се дешава.
Не дека е лесно,и јас наидувам на отпор кај мм ама донекаде ми е сфатливо зошто така било и со него кога бил мал.Големиот ми е доста емотивен и со него пристапувам поинаку.Знае доста често да искажува емоции,постојано да ми кажува колку ме сака,знае да се расплаче на филм,или да се расплаче зошто ние ќе сме остареле,што ќе правел он.Маж ми знаел понекогаш да му каже лигле,што ме извадило од контакт.Од петни жили се борам да го променам тоа.Знае да ми рече зошто така се бакнуваш со децата(кога ќе дојделе да ме бакнат во уста)Ама сметам дека со чести разговори ќе успеам да им влијаам на тоа да научат дека никој од нив не очекува да се совршени,кога ќе бидат повредени отворено да зборуваат,им кажувам дека и радоста и тагата,па и лутината е нормална емоција.Мора да појдеме од нас,нешто да се промени.Ако нашите родители не го практикувале тоа,а нас не ни се допаѓа,зошто да не го промениме.Сите ние да почнеме нештата да ги менуваме преку децата.
Целосно се согласувам со тебе и се надевам на што поголем број такви родители како тебе Да чуваат емоции во себе. Да пукаат по шавови...
Не никогаш не сум се запрашала ова, затоа што е ептен детско размислување да мислиш дека мажите немаат чувства. Нормално е да си повредена од некој маж од х причини, ама тоа не го прави безчувствителен.
А на што го базираш тврдењето дека некаде има грешка? Егзистенцијална криза на пример, нешто за кое што ниедна досега не се пожалила на форумов.
Добро до некаде хормоните играат улога кој ќе биде поемотивен, дали мажите или жените. Ама дали исто така голем дел од однесувањата се научени? Да. Тоа што поретко на мажите им се дозволува отворено да зборуваат за проблемите, за грижите и ако е потребно да посетат психолог или психијатар е само научено однесување. Плус, факт е дека и мажите имаат негативни емоции, не може човечко суштество да е бесчувствително, се разликува само нивната експресија, ама не значи дека не постојат. Ако некој постојано ги притиска проблемите се појавуваат и физички симптоми а и плус надразливост и истурање лутина врз недолжни луѓе. Зошто има повеќе самоубиства, па ако живееме на иста планета и сме сведоци на истиот свет не треба да разглобуваме многу што како. @asdas ако никоја на форум не се пожалила од егзистенцијална криза не значи дека ни една жена не доживува.
Ама ко да не се разбираме. Им се вели да не плачат океј. Ама ако сакаш да плачеш имаш некој проблем што те тера да плачеш или искажеш емоции. А каков проблем имаат за да плачат, тоа е прашањето? За да се жалиш и плачеш, треба некој првичен проблем да имаш, пред тоа што ти рекле да не плачеш.
Исти проблеми како и жените, освен дека немаат болни менструации... Од инает вака збориш ил стварно не знаеш?
Ама како какви проблеми. Му раскинала девојката а бил смртно заљубен во неа. Болест во потесна фамилија или на самиот себе Неуспех на факултет Неуспешен брак Борба со стерилитет Не ја платил сметката за струја Милион проблеми